КАФЕ ПАУЗА

Tag: карактеристика

  • Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите

    Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите

    Сигурни сме дека доколку во овој момент ве прашаме што барате кај еден маж, вие без размислување првото нешто што би го кажале е некој кој може да ве насмее… Токму тоа и го покажало едно ново истражување, чии резултати укажуваат на фактот дека мажите кои имаат дарба за раскажување приказни се многу повеќе посакувани од останатите. Од друга страна пак, изгледа мажите воопшто не се воодушевени од жена со оваа способност.rnrnМажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатитеrnrnИстражувачите од Универзитетот во Северна Каролина и Универзитетот во Бафало, дошле до овој заклучок по серија студии кои вклучувале стотици мажи и жени, студенти. Во една од овие студии, студентите читале описи за мажи и жени, каде што во дел од нив била истакната способноста за раскажување одлични приказни. Резултатите покажале дека жените ги сметале за попривлечни мажите кои се добри раскажувачи на приказни и повеќе ги одбирале за долгогодишни партнери, отколку оние чии портфолија воопшто не ја вклучувало оваа способност. Мажите, пак, не ја оценувале привлечноста на жените според нивната способност за раскажување приказни.rnrnОваа студија е само уште една од многуте кои ни покажуваат дека постојат нефизички карактеристики кои ги прават мажите поатрактивни за жените, како свесноста за своите емоции и алтруизмот. Во некои случаи, овие атрибути добиваат и поголема вредност од самиот изглед на мажите. Но, она што е најинтересно е дека жените не кажуваат гласно дека ги бараат овие работи од своите партнери, а често се случува и воопшто да не го знаат тоа сè додека не го добијат. Што мислите вие, дали способноста за раскажување приказни би можела да влијае врз вашиот избор на партнер?

  • Постои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна…

    Постои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна…

    Кога станува збор за врски и однос, мажите и жените имаат слични или исти желби. Но, кога станува збор за привлечност, постои една машка особина на која ниту една жена не може да одолее. Според истражувањето кое било објавено во магазинот „Evolutionary Psychology“, неколку од вечните дилеми за привлечноста помеѓу мажите и жените конечно станале јасни.rnrnПостои една особина кај секој маж која не може да остави ниту една жена рамнодушна...rnrnПрвиот дел од тестирањето бил спроведен на 50 млади личности кои требале да набљудуваат профили (фотографии и кратки видео снимки) на 100 непознати личности и врз основа на нив да одлучат кои им се најпривлечни. Резултатите дале прилично јасни одговори – оние кои најмногу се смееле и биле духовити привлекле најголемо внимание. Другиот дел од истражувањето вклучувало 200 мажи и жени, сингл, на возраст од 20 до 30 години. Секоја од жените требало да помине 10 минути со секој од мажите вклучени во тестирањето и потоа да одлучат кој од нив им бил најсимпатичен и кои особини најмногу им се допаѓале кај него. Иако одговорите биле многу различни, експертите заклучиле дека оние мажи кои се труделе да бидат духовити добиле најпозитивни критики од жените. Исто така, истражувањето не било поврзано со духовитоста и интелигенцијата.rnrnИако во оваа приказна факторот како физичка привлечност игра огромна улога, сепак заклучокот бил многу едноставен. Кога мажот се обидува да биде духовит, а жената на неговиот обид реагира со искрена насмевка, големи се шансите дека таа ќе посака и подобро да го запознае. Ако и двајцата пријатно се смеат, голема е шансата дека нивниот однос ќе се развие во нешто повеќе.

  • Чудноста е нормална: Еве зошто треба да ги прифатите вашите апсурдности!

    Чудноста е нормална: Еве зошто треба да ги прифатите вашите апсурдности!

    Да се биде чуден е привилегија во денешно време, но голем дел од луѓето не го сфаќаат тоа. Чудноста е можеби најголемата човечка дарба затоа што таа нѐ чини различни. Социјалниот притисок да се совпаднеме во која било група нѐ комформира и ограничува, но многу се ретки луѓето кои се спремни да се ослободат од комформистичките пранги. Не се плашете да се одвоите од другите, тоа ве прави уникатни, а уникатноста треба да се слави, не да се крие. Кога ќе ја прифатите својата чудност тогаш ќе престанете да се осудувате себеси и ќе бидете среќни.rnrn0-chudnosta-e-normalna-eve-zoshto-treba-da-gi-prifatite-vashite-apsurdnosti-kafepauza.mkrn

    1. Не постои нормално

    rnШто е всушност „нормално“? Тоа е концепт кој го поставува социјалната средина како некаков вид репер за прифатливо однесување. Сите сме чудни – што значи никој не е чуден. Карактерот е една голема палета од однесувања – некои луѓе се гласни, некои тивки. Некои се креативни, други се аналитични. Нема правилно и нормално, постои само природно. Сепак, она што на некому му е природно на друг не му е. Не грижете се да се совпаднете во социјалниот репер, грижете се да бидете природни.rn

    2. Она што сметате дека е чудно кај вас е всушност вашата моќ

    rnСите имаме различни карактери кои ни го даваат идентитетот што го имаме. Она што нѐ прави различни всушност е нашата скриена моќ. Можеби изгледа чудно, но можеби едноставно не сте научиле како да ја користите таа моќ. Наместо да го поминувате животот криејќи се и совпаѓајќи се во масите трудете се да се одвоите. Користете ја вашата чудност и ќе ја пронајдете вашата тајна моќ.rn

    3. Чудноста полесно се памети

    rnАко лесно се вклопувате во социјалната хиерархија, тогаш вие сте просечни и давате просечни резултати. Никој не би платил за да види нешто просечно и очекувано. Луѓето ги сакаат неочекуваните работи кои им го заробуваат погледот на еден или друг начин. Она што ви дава карактеристика на чудна личност е токму тоа што ве прави да бидете интересни затоа што вие сте нешто што другите не се. Луѓето ги помнат чудните нешта, не секојдневните.rn

    4. Светот има потреба од поголема автентичност

    rnЛуѓето се гладни и во потрага по нови идеи и нова оригиналност. Чудноста е барана затоа што е реална и искрена. Кога ќе започнете да се прифаќате со вашите чудности тогаш на луѓето околу вас им давате дозвола да го направат истото. Сите сакаме да бидеме автентични, но се плашиме да бидеме први. Искреноста им е значајна на другите луѓе. Можеби тие нема да ви го кажат тоа, но длабоко во себе го мислат. Сакаме да бидете искрени, сакаме да бидете чудни.rnrn1-chudnosta-e-normalna-eve-zoshto-treba-da-gi-prifatite-vashite-apsurdnosti-kafepauza.mkrn

    5. Целата уметност се базира врз чудни идеи

    rnСите креативни достигнувања досега – без разлика дали во музиката, во сликарството, во бизнисот или науката по дефиниција се различни и бараат нов начин на размислување – дотогаш сметан за чуден. Ова е креативната бенефиција од чудноста. Прифаќањето на чудноста ви отвора нови хоризонти и нови перспективи. Иновацијата не се случува во комфор зоната. Иновацијата се случува кога отпадниците го предизвикуваат светот со чудни идеи.rn

    6. Опирањето ве прави темни

    rnФакт е дека се чувствуваме подобро кога можеме искрено да се изразиме, па дури и да ги изразиме нашите апсурдности. Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да го прифаќаат или нема да го разберат нашиот карактер и сето тоа е во ред, но кога ги криеме нашите уникатни карактеристики и ѝ се противиме на нашата природна чудност се чувствуваме лошо. Нашиот карактер станува темен. Исто како црната дупка која се појавува како недостаток на светлина, така и одбивањето на нашата внатрешна светлина нѐ чини темни и резултира со обратна проекција на сопственото „јас“. Чудноста е дел од вас и во ред е да ја оставите да блеска.rn

    7. Кога ќе се издвоите ќе ги најдете луѓето слични на вас

    rnМногу луѓе се плашат да излезат од социјалните граници затоа што не сакаат да бидат осудувани и да останат сами. Спротивно на вашето размислување, ако се истакнете од масите нема да бидете сами. Баш напротив, ќе најдете луѓе слични на вас. Голем број од луѓето не ги пронаоѓаат ваквите луѓе затоа што се плашат да го пуштат она што предобро го знаат и да се впуштат во авантура кон непознатото. Кога ќе ја прифатите својата чудност и кога ќе стоите зад она во што верувате, тогаш ќе ги најдете оние кои го направиле истото пред вас и ќе им служите како инспирација на оние кои треба допрва да го направат тоа.rn

    8. Секоја нова идеја на почетокот е чудна

    rnДури и најдобрите идеи на почетокот се чудни. Новата идеја е како биолошка мутација – на почетокот нема смисла, но потоа наоѓа цел и примена. Идеите се средство со кое општеството еволуира и се движи напред. Кога Хенри Форд го претставил првиот автомобил, тоа изгледало чудно и дури непотребно. Во една прилика рекол „Ако ги прашував луѓето што сакаат, ќе ми одговореа побрзи коњи.“ Наместо тоа, Форд ризикувал со дотогаш непозната идеја. Изгледало чудно, но денес автомобилите се дел од нашето секојдневие.rnrnrn

    9. Ако се криете на крај можете да зажалите

    rnФакт е дека секој се труди да се спротивстави на социјалниот притисок на свој начин. Никој не се осврнува на животот мислејќи „Посакувам да бев како другите.“ Ако го поминете животот сакајќи да бидете како другите, наместо да бидете најдобрата верзија од себеси, големи се шансите дека ќе зажалите за тоа. На крајот, да го живеете вашиот вистински живот најискрено и најреално е единственото значајно нешто.rn

    10. Светот ќе ви се покори кога ќе станете вашата вистинска верзија

    rnЛичната перцепција е многу моќно нешто. Кога се гледате како способни, тогаш и луѓето околу вас ве гледаат така. Кога ја поседувате вашата чудност и ја прокламирате како ваша силна страна, никој не може да ви суди. Изборот е ваш. Дали ќе се фокусирате да се вклопите во социјалната хиерархија или ќе ги свиткате границите на светот за тој да се совпадне со вас?

  • Зошто луѓето ве сакаат: Кои се најдобрите страни на хороскопските знаци?

    Зошто луѓето ве сакаат: Кои се најдобрите страни на хороскопските знаци?

    Секој хороскопски знак има одредени карактеристики со кои ги освојува луѓето. Откријте кои се вашите и зошто луѓето обожаваат да бидат во ваше присуство…rnrnЗошто луѓето ве сакаат: Кои се најдобрите страни на хороскопските знаци?rn

    Овен – детски поглед кон светот

    rnПрипадниците на овој знак се истакнуваат по искреното, детско и помалку наивно гледиште кон светот. Поради тоа тие се радуваат и на некои ситници како да се најголемото нешто кое постои. Нивниот пристап е спонтан и директен, предизвикувајќи да изгледаат како никогаш во животот да не се разочарале.rn

    Бик – суптилно великодушен

    rnПрипадниците на овој знак имаат голема шармантност и секогаш се подготвени да прават убави работи за другите, без притоа да бараат ништо за возврат. Тие можат да бидат многу великодушни, а тоа можете да го забележите уште на првата средба со нив. Вие веднаш ќе сфатите дека тие не прават ништо од корист, туку поради својата добра природа.rn

    Близнаци – предизвикуваат да се чувствувате посебно

    rnПрипадниците на овој знак се шармантни за многу нешта, но она што дефинитивно зрачи од нивниот карактер е лојалноста. Луѓето кои им се блиски можат секогаш да се потпрат на нив, знаејќи дека тие секогаш ќе ја имаат нивната поддршка.rn

    Рак – шармира со нежност и внимание

    rnПрипадниците на овој знак можат да бидат многу непријатни и незаинтересирани кон оние кои не им се допаѓаат на прв впечаток, но тие повеќе од кој било друг знак знаат кога и како да ја изразат својата нежност, внимание и љубов. Токму таа нивна топла страна е она што луѓето го сметаат за најшармантно кај нив.rn

    Лав – заразна позитивна енергија

    rnВо добро расположение, припадниците на овој знак се најпосакуваното друштво кое човекот може да го има. Тие освојуваат со насмевки, шеги, но најмногу со позитивниот став, како и со надежта да отфрлат каков било песимизам.rn

    Девица – вистинска грижа за другите

    rnПрипадниците на овој знак се оние типови луѓе кои навистина ги интересира што другите мислат, како нешто доживуваат или како се чувствуваат. Токму затоа и во разговорот лесно стануваат интимни со соговорникот, правејќи другите да го ценат нивниот интерес.rn

    Вага – чувство на стабилност

    rnПрипадниците на овој знак се често основата во меѓучовечките односи, а со тоа овозможуваат и огромна поддршка на другите. Без разлика колку е хаотична ситуацијата во нивниот живот, тие секогаш делуваат стабилно, мирно и самоуверено.rn

    Скорпија – освојува со проникливост

    rnПрипадниците на овој знак можат да бидат шармантни на различни начини, но повеќето луѓе ќе се сложат дека ги издвојува начинот на кој ја искажуваат нивната одлична интуиција. Тие се исклучително проникливи, делуваат мудро и искусно.rn

    Стрелец – борец за правда

    rnПрипадниците на овој знак се одликуваат со лојалност и неизмерна поддршка на оние кои ги сакаат или кои им се блиски. Дури и ако вчера сте запознале Стрелец, тој денес без сомнение ќе стои на ваша страна и ќе ве брани од оние кои вам ви нанеле неправда.rn

    Јарец – освојува со грижа

    rnНаспроти нивниот озбилен изглед, припадниците на овој знак уште во првите реченици ќе ви откријат колку тие навистина се грижат за вас.rn

    Водолија – забавува со хумор

    rnПрипадниците на овој знак се вистински шармери. Не е возможно да не ја забележите нивната способност дури и во најлошите ситуации да се пошегуваат и да ги насмеат сите околу нив. Главниот темел на нивниот шарм е малку изобличената смисла за хумор.rn

    Риби – шармираат со суптилност

    rnПовеќе од кој било друг зрак во Зодијакот, Рибите се одликуваат со суптилност и спонтаност, па токму затоа и сите се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Основата на нивниот шарм се состои од опуштената атмосфера која ја создаваат со својата присутност, смирени изјави и лежерен став.

  • Кои се вашите најдобри квалитети?

    Кои се вашите најдобри квалитети?

    „Што сакам да постигнам во животот?“ „Кои се моите амбиции?“ „Кој е мојот пат до успехот и среќата?“ Ова се прашања кои секој од нас си ги поставува во некоја точка од животот. Ретки се оние кои ги имаат дефинирано своите соништа уште од деца и успеваат да ги реализираат горе-долу според планираното. Повеќето луѓе се неодлучни и се префрлуваат од една на друга амбиција, обидувајќи се да дојдат до она во кое најмногу ќе се пронајдат себеси.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rnrnСе прашувате како да откриете која е вистинската причина за вашето постоење на планетава Земја? Можеби советиве кои следуваат ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Почнете веднаш да работите на себе

    rnКако за почеток, започнете разговор со следната личност која ќе ја сретнете денес и раскажете и за вашиот најдобар период од животот. Тоа не треба да биде скромен муабет, во кој вие ќе ги потценувате вашите квалитети и ќе ги осудувате вашите постапки од минатото, туку треба да говорите за оние денови кога вие вистински сте „блескале“ и сте се чувствувале фантастично.rnrnИ покрај тоа што зборувањето убави работи за себеси ги прекршува општествените табуа, истражувањата покажуваат дека препознавањето и правилната употреба на вашите најдобри особини, води кон повеќе моменти на среќа, помалку депресивни чувства и чувство на поголема поврзаност со останатиот дел од светот. Дефинирањето на вашите потенцијали воедно ќе ве направат и поупорни, поиздржливи и понасочени кон остварување на животните цели.rn

    2. Обрнете внимание на она што другите го кажуваат за вас

    rnДобар начин да откриете кои се вашите сили, е да обрнувате внимание на комплиментите кои ги добивате од другите луѓе. Вашите блиски можеби ви велат: „Јас никогаш не би можел/а да бидам толку храбар/храбра како тебе“ или „И се восхитувам на твојата способност за опростување“. Добрите зборови упатени кон вас од страна на искрените луѓе во вашиот живот кои добро ве познаваат, можат да бидат репер за вистинските квалитети во вашиот карактер.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    3. Кои нешта се креатори на вашата енергија?

    rnКои активности го поттикнуваат вашиот ентузијазам? Кои задачи, обврски, задолженија сметате дека не ви создаваат притисок и чувство на замор, туку напротив ви ги „полнат батериите“ и ве прават да се чувствувате задоволно на крајот од денот? Кога еднаш ќе успеете да идентификувате неколку силни страни на вашиот карактер, оние кои вистински ве опишуваат како личност, ќе можете да работите на нивно развивање и да почнете да го живеете животот со вашиот целосен потенцијал.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    4. Употребувајте ги вашите сили во разумни количини

    rnСè што е претерано не може да биде добро. Да се биде амбициозен е одлична работа, но да се биде преамбициозен, најчесто резултира со контра ефект. Така на пример, ако се трудите да бидете премногу креативни, постојано ќе се трудите да смислувате нови брилијантни идеи, без да потрошите доволно време на реализирање на старите, а нема да можете ниту да го процените нивниот ефект врз вашиот (не)успех. Понекогаш помалото вложување на себеси во некоја работа и користењето на вашите најдобри квалитети без да си вршите премногу притисок и контрола врз вашите постапки, може да биде исто толку моќно оружје, како и амбициозното следење на вашиот пат кон успехот. Клучот за среќата, е во имањето баланс во сè.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    5. Правилен избор на вашата „најсилна страна“

    rnМожеби имате добра смисла за хумор, брзо ги опростувате грешките на другите или имате способност за забележување детали, но имајте на ум дека вашите најдобри карактеристики можат да бидат и погрешно употребени во зависност од ситуацијата. Кога се соочуваме со некој проблем, пробуваме да ја одбереме најдобрата можна солуција на истиот, потпирајќи се на нашите сопствени сили и инстинкти. Но, форсирањето и напрегањето на нашите најдобри особини да дојдат до израз, може да доведе до донесување погрешен заклучок во врска со изборот на тактиката.rnrnНаместо тоа, кога се соочувате со проблем, запрашајте се која ваша силна карактеристика може навистина да помогне за да дојдете до негово решавање. Оставете самата ситуација да одреди што е потребно да направите за да ви олесни. Во некои случаи, најсоодветните сили кои што треба да ги ставите во акција, всушност не се оние кои ве отсликуваат вас како личност. Во ваквите ситуации, најдобриот клуч за вашата хармонија, можат да бидат советите од други луѓе или вашата желба за соработка со оној со кој имате проблем и обид за омекнување на истиот.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    6. Ставете ги вашите слабости на вистинското место

    rnМногу е нормално да сметате дека за да се подобрите себеси како личност, потребно е да ги сведете вашите слабости на минимум, но додека размислувате земете ја предвид следнава метафора: „Едрилицата има само една мала пукнатина и тоа е нејзината мана“. Тоа значи дека е многу важно да обрнувате особено внимание на вашите недостатоци, ако не сакате вашиот брод да потоне. Но дури и ако ја истурите насобраната вода во едрилицата или ја закрпите дупката, вашите постапки нема да го туркаат бродот напред. За таа цел ви се потребни едрата. Фокусирањето на отстранување на вашите слабости може да ви помогне да го спречите неуспехот, но успехот е базиран на енергичноста, волјата и благовременото бирање на моментот за спроведување на вашето најдобро „јас“ во акција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.