КАФЕ ПАУЗА

Tag: канцер

  • Секоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајници

    Секоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајници

    Ракот на јајници тешко се открива пред да направи непоправлива штета во организмот, поради тоа што во тој дел од телото има доволно простор за нетипичните ткива да растат, а воопшто да не се почувствува никаков симптом. Исто така, ткивото на јајниците е меко и сунѓересто, па поради тоа лесно може да биде зафатено од карцином кој ќе направи трајни оштетувања. Пред сè, никогаш не испуштајте ги редовните прегледи кај матичниот гинеколог. Исто така, имајте ги следните симптоми на ум и ако се соменевате во кој било од нив веднаш обратете се кај вашиот гинеколог за да може навреме да се реагира.rnrnСекоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајнициrnrn1. Подуеност – Овој симптом е чест при ПМС, месечен циклус или по богат оброк. Но, доколку се појавува и надвор од наведените ситуации, консултирајте лекар, гастроинтестинолог пред сè, но посетете го и вашиот гинеколог.rnrn2. Грчеви во матката – Често ги припишуваме на ПМС, овулација и месечен циклус и тешко е да се претпостави дека можеби се предизвикани од нешто друго. Но, може да се случи и туморите да предизвикуваат грчеви, речиси идентични на оние пред започнување на месечниот циклус.rnrn3. Болка во грбот – Доколку болката се наоѓа во долниот дел од грбот, не треба да ја игнорираме. Секогаш постои можноста лошо да сме седеле или неудобно да сме спиеле, но ако болката трае, треба да се посети лекар.rnrnСекоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајнициrnrn4. Отежнато дишење – За жал, овој симптом се појавува во третата и четвртата фаза на туморите, кога веќе притискаат на другите органи. Доколку често губите воздух и чувствувате досега непознат притисок во телото, веднаш одете на лекар.rnrn5. Се чувствувате сити, а не сте јаделе – Ракот на јајниците брзо се шири во абдоменот, создавајќи течност која притиска на дигестивниот систем и предизвикува лажно чувство на ситост.rnrn6. Изненадно крварење – Доколку краварите меѓу два циклуса или ако сте во менопауза, закажете гинеколошки преглед. Ракот на јајниците е познат по тоа што го зголемува лачењето на естроген, па може да се случат нетипични крвавења.rnrnСите наведени симптоми можат да укажуваат и на други заболувања, но секако, не смеат да се игнорираат. Овој текст е со информативен карактер и не е наменет за самодијагностицирање. Неопходно е редовно да го следите здравјето на репродуктивниот систем, без разлика на возраста и да се држите до препораките на вашиот гинеколог.rnrnПрочитајте и кои се 6-те работи поради кои вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди.

  • Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го заштитува телото од тешки болести

    Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го заштитува телото од тешки болести

    Редовното консумирање на овој пијалак го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, рак на грлото и го намалува ризикот од појава на дијабетес. Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободни радикали. Тие се особено важни за нашиот имунолошки систем и сосема е јасно дека треба да ги внесуваме во што поголема количина. Колку појак имунитет имаме, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии, но и на потешките заболувања, како што е ракот.rnrn(1) Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го чисти телото од тешки болестиrnrnИстражувањата покажуваат дека во кафето се наоѓаат голем број антиоксиданси. Сепак, лоши вести се што научниците и натаму бараат начин да ги изолираат од кафето и да ги искористат на најдобриот начин. Исто така, познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од организмот. Тоа се наоѓа на списокот со продукти кои се борат против ракот. Различни студии го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од добивање рак на црниот дроб, дојките, простатата, меланом…rnrn(2) Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го чисти телото од тешки болестиrnrnСпоред некои истражувања, мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно имаат 60% помал ризик да заболат од најсмртоносната форма на карцином – рак на простата и 20% помал ризик за заболување од која било форма на карцином на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.rnrnЕдна студија направена од Универзитетот во Јута, покажува дека консумацијата на кафе го намалува ризикот за заболување од Алцхајмерова болест, рак на вратот и го намалува ризикот од појава на дијабетес.rnrnНо, не заборавајте: На секоја шолја кафе, би требало да испиете најмалку четири чаши вода.

  • 4 кратки и лесни совети за чистење на вашиот несесер во лето

    4 кратки и лесни совети за чистење на вашиот несесер во лето

    Несесерот како и женската чанта е преполн со непотребни работи или производи на кои им поминал рокот. Исто така, иако звучи чудно, но дали знаете дека голем број од состојките кои се корисни во зима можат да станат многу проблематични во лето? Па затоа, време е да се ослободите од непотребните производи и да направите место за нови! Еве како да го направите тоа.rnrn0-4-kratki-i-lesni-soveti-kako-da-go-ischistite-vashiot-neseser-vo-leto-kafepauza.mkrnrn1. Фрлете ги сите производи кои содржат алфа хидроксилна киселина, ретиноинска киселина или екстракти од цитрусни овошја. Овие продукти можеби ја подмладуваат оштетената кожа во зима, но во лето нивната корисност се става под знак прашалник.rnrn2. Никако не користете креми за сончање постари од 6 месеци. Тие можат да акумулираат отровни метаболити наречени нитросамини кои предизвикуваат стрес и стареење на кожата.rnrn3. Заменете ги грубите тонери со освежувачки лосиони и води. Тонерите имаат моќ да ѝ ги одземат есенцијалните маснотии на кожата и да ги променат нејзините природни заштитни и лековити својства. За време на летото особено мора да внимаваме затоа што без разлика на зголеменоста на влажноста во воздухот, кожата брзо се суши и потребна ѝ e постојана хидратација.rnrnКолку е похидрирана кожата – толку е подобро заштитена од надворешните влијанија и ултравиолетовите зраци. Затоа за да ја зачувате, заштитите и зајакнете кожата, заменете го тонерот со понежна алтернатива.rnrn4. Внимавајте на течните пудри. Течните пудри содржат хемикалии кои се најзагрижувачки, а во нив спаѓаат: PEG (полиетилен гликол), PPG (полипропилен гликол), ретинил ацетат, алуминиа (алуминиум оксид), парабен и пропилен гликол. Освен тоа што се идентификувани како канцерогени тие создаваат проблеми со ендокриниот систем, нивната акумулација во телото исто така се поврзува со мозокот, нервниот, репродуктивниот и имунолошкиот систем.rnrnИзбегнувањето на пудри кои ги содржат овие состојки е одлична идеја во текот на целата година, но во лето треба многу повеќе да внимаваме затоа што летните услови значат и поголемо апсорбирање во кожата – што значи дека е од есенцијална важност да внимаваме што редиме на нашето лице.

  • Лошите страни на темните газирани пијалаци

    Лошите страни на темните газирани пијалаци

    Кола-пијалаците имаат доста добар вкус, но тука завршуваат сите нивни добри страни. Оние лошите се побројни.rnrnЛошите страни на темните газирани пијалациrn

      rn011

    • Содржат фосфорна киселина. Таа ги ослабува коските и ги нагризува забите.
    • rn011

    • Прекумерната употреба на вештачките засладувачи се причина за да сакате уште повеќе.
    • rn011

    • Содржат вештачка боја на карамела. Таа нема вкус и е канцерогена.
    • rn011

    • Во диеталните Кола-пијалаци се среќава канцерогениот формалдехид. Не се додава при производството, но кога се вари аспартамот, состојка која ја има во неа, тој ослободува метанол, кој понатаму се претвора во формалдехид.
    • rn011

    • Засладени се со високофруктозен сируп од пченка којшто прво ќе ви го покачи холестеролот, триглицеридите и процентот на масти во телото, па уште и ќе ве направи гладни.
    • rn011

    • Кога натриум бензоатот влегува во телото може да биде разложен на бензен. Тој, пак, кога е изложен на сонце станува канцероген.
    • rn011

    • На крај, прехранбените бои можат да ја намалат работата на мозокот, да предизвикаат проблеми со концентрацијата и хиперактивност.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Гостински пост: М-р А. Митов dr.medrnrnПоследниве денови светот слушна за 4 метил имидазол, супстанцијата заради која Кока-кола и Пепси објавија дека ќе ја променат формулата на производство.Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?Сепак, научниците се запознаени со оваа супстанција малку поодамна:rn

      rn011

    • Во 1956 година е докажано дека животните изложени на високи дози 4 метил имидазол добиваат конвулзивни напади, немир, пенење од устата и парализа.
    • rn011

    • Во 1969, 1986 и 1987 други научни студии ја покажале истата конвулзивна активност на 4 метил имидазолот  со генерализирани грчеви на телото.
    • rn011

    • Во 1993 исти ефекти биле утврдени и кај кози и глувци. Со тоа невролошките несакани ефекти на 4 метил имидазолот биле потврдени кај поголем број животински видови.
    • rn011

    • Во 2006 година било испитувано евентуалното мутагено дејство на супстанцијата кај бактериски видови и експериментите дале негативни резултати.
    • rn011

    • Во 2008, Националната програма за токсикологија во САД објави резултати според кои јасно се покажало дека 4 метил имидазол предизвикува рак кај глувци и стаорци.
    • rn

    rnНе очекувајте слични студии кои ќе покажат канцерогеност на 4 метил имидазол кај луѓе од една едноставна причина: никој не би дозволил таков експеримент со потенцијално канцерогена супстанција бидејќи таквата студија би била неетичка.rnrnЗошто воопшто се користи таа супстанција? 4 метил имидазолот всушност ја дава „бојата на карамела“ на Кока-кола, Пепси и други производи. Нема никаква нутритивна или презервативна вредност и се додава исклучиво заради козметички причини. Во почетокот на ‘90-тите, Пепси и Кока-кола создале безбојни „диетални“ верзии на своите производи, бистри и проѕирни како вода, но со ист вкус како и нивните вообичаени пијалаци. Таквите производи веројатно не се продавале добро („вода“ со вкус на Кока-кола или Пепси), па набргу се напуштени. Значи, тие пијалаци може да се произведат и без оваа боја, а со потполно ист вкус.rnrnКога се во прашање токсични супстанции веројатно ќе помислите која е дозволената дневна доза која не би имала никакви ефекти. Меѓутоа, ова правило не важи за канцерогените супстанции – за нив практично нема дозволен праг или теоретски се поставуваат извонредно ниски дози како максимално дозволени дневни дози со цел да се заштити популацијата. Дозволената дневна доза за 4 метил имидазол, според државата Калифорнија, само во една лименка од Кока-кола или Пепси е надмината за 5 пати!rnrnСепак, државата Калифорнија не ја забранува употребата на 4 метил имидазолот, туку ги обврзува производителите да стават јасна налепница на амбалажата која вели: „Производот може да предизвика рак“. Кока-кола и Пепси за да ја избегнат оваа обврска ќе ја сменат формулата, но само во Калифорнија! Компаниите планираат истата промена да ја направат и во останатите држави од САД за неколку години, но не и во Европа. Можеме да претпоставиме што ќе се случи со пијалаците произведени во Македонија.rnrnПостојат многу начини на кои индустријата се обидува да ја релативизира целата ситуација.rnrnПрво, тврдат дека не е точно дека 4 метил имидазолот е канцероген. Сепак, ако тоа не беше така, замислете какви тужби ќе беа покренати во САД против оние кои ги „клеветат“ нивните производи за наводно предизвикување рак! Ако не е точно, едноставно зошто не ги тужат?rnrnВторо, се обидуваат да направат забуна околу самата супстанција, па наместо со цело име 4 метил имидазол, ја нарекуваат „4 МЕИ“, „карамела“ или „карамелно обојување“. Да, 4 метил имидазолот е боја и се користи за да се добие изглед на карамела, но тој нема никаква врска со природната карамела. 4 метил имидазолот не е природна супстанција и не се добива во природата. 4 метил имидазолот не е карамела. 4 метил имидазолот е боја.rnrnТрето, велат дека супстанцијата не ја употребуваат само тие и дека ја има и во други прехранбени производи. Манипулацијата овде е јасна:  „еве, насекаде го има 4 метил имидазолот, сите го користат, па ништо не е страшно“. Точно е дека го има и во други храни, вештачки додаден. Затоа би требало, не само на Кока-кола и Пепси да пишува „Содржи супстанција која предизвикува рак!“. Таа налепница треба да стои на сите такви производи, или уште подобро, употребата на 4 метил имидазолот треба да се забрани целосно во храната, а не да се тешиме со тоа дека многу го има. И други штетни супстанции се присутни насекаде и многу луѓе ги користат, но тоа не ги прави помалку опасни. Таквите супстанции со право се забрануваат.rnrnКако лекар, не можам да го опишам мојот првичен шок кога дознав какви сè супстанции се користат во процесите на производство на храна, супстанции за кои е повеќе од јасно дека предизвикуваат болести и дека се смртоносни. Кај споменативе пијалаци 4 метил имидазолот е само еден дел од приказната. Можеби многу поопасен е фактот дека во една чаша Кока-кола има 10 лажички шеќер. Или пак, фактот дека овие пијалаци изобилуваат со фосфати и дека предизвикуваат остеопороза и ослабување на коските. Впрочем листата на потенцијално опасни супстанции во тие пијалаци е долга: аспартам, содиум бензоат, БПА… Нема една здравствена (или здраворазумна) причина која би оправдала консумација на таков пијалак.rnrnСекој од нас е одговорен за личното здравје. Можеби некој очекува дека сопствениците на огромните компании или законодавците ќе се грижат повеќе за неговото здравје и здравјето на неговите деца отколку тој самиот. Јас не. Не очекувам дека некој ќе признае дека неговите пијалаци предизвикуваат рак. Светов е таков каков што е, и единствено ни преостанува самите да се заштитиме сè додека не дојдат некои подобри времиња и не завладее етиката во бизнисот. Нашата генерација најверојатно нема да го дочека тој ден.rnrnАвторот е доктор по медицина и има две магистратури за влијанијата на животната средина врз здравјето, стекнати на Кембриџ и Харвард.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.