КАФЕ ПАУЗА

Tag: кафе со пена

  • Кофеинска уметност: Слатки животинки, предмети и ликови од поп културата исцртани на кафе

    Кофеинска уметност: Слатки животинки, предмети и ликови од поп културата исцртани на кафе

    Кога работите во некое кафуле, тогаш вообичаено правите и некакви цртежи на кафето, како на пример, цветови и срценца. Но, што ако можете да нацртате и слатки животинчиња и ликови од поп културата? Погледнете ги овие интересни цртежи на кафе од Мелани, или уште позната како Melaquino кои ќе ве натераат да не го испиете кафето само за да можете подолго време да ги гледате.rnrnКофеинска уметност: Слатки животинки, предмети и ликови од поп културата исцртани на кафеrnrnМелани црта веќе 4 години и без сомнение ја усовршила својата работа. Вели дека за да се добие вистинскиот контраст и да се истакнат дури и најмалите детали, потребни се најдобрите видови еспресо и пена. Таа користи лажички за да манипулира со формата на пената во кафето и ги исцртува деталите со чоколадо. Секој пијалак го подготвува од 3 до 5 минути и вели дека омилениот дел ѝ се реакциите од муштериите.rn

    „Редовно ме посетуваат многу луѓе кои веќе стануваат редовни муштерии и тоа ме тера да правам што поразлични и подобри дизајни“, вели таа.

    rn

  • Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?Шолја за совршено кафе по своја меркаMyCuppa е навидум обична шолја за кафе, која е посебна штом ја погледнете на внатрешните ѕидови. Таму се наоѓа палета со неколку нијанси кои ќе ви помогнат да ја одредите вашата во зависност од тоа како најмногу го сакате вашето кафе. Вообичаено би било да мерите со лажичка, па веројатно и попрактично, но ова е дефинитивно уникатен начин да се постигне целта – совршено приготвено кафе според свој вкус.Шолја за совршено кафе по своја меркаОдличен подарок за љубителите на добро кафе. Ја има во две варијанти, за љубители на чај и за кафе-уживатели. Чини 20 долари, а ја има на Амазон.Шолја за совршено кафе по своја меркаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете млечна пена без еспресо машина

    Направете млечна пена без еспресо машина

    Сите ја сакаме онаа млечна пена, која лебди и се топи при првата голтка од нашето утринско и попладневно кафе. Кафе лате, макијато, капучино – изборот е ваш. Да се купи еспресо машина или машина за правење кафе е навистина голема инвестиција, па затоа погледнете како да направите млечна пена, во домашни услови употребувајќи само една тегличка и микробрановата печка.rnrnЗемете една мала тегличка и наполнете ја со млеко скоро до половина.rnrnНаправете млечна пена без еспресо машинаrnrnПотоа, затворете ја со капакот и протресете ја тегличката енергично околу 30 секунди  додека млекото не го зголеми волуменот, двојно. rnrnНаправете млечна пена без еспресо машинаrnrnИзвадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди.rnrnНаправете млечна пена без еспресо машинаrnrnМлечната пена е готова.rnrnНаправете млечна пена без еспресо машинаrnrnСтавете млеко во вашето кафе и со лажица претурете ја млечната пена на врвот од шолјата.rnrnНаправете млечна пена без еспресо машина
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.