Сигурно никогаш не сте помислиле дека погрешно ја користите технологијата. Овие факти и видеото кое следува после нив ќе ве разубедат.rnrn
rn
1. Јутјуб
rnПогрешно: Премотување на видеото со помош на тач падот на лаптопот. Може и така, но…rnrnПравилно: Истото полесно ќе го направите и со стрелките или копчињата со боевите.rn
2. Далечинскиот управувач од автомобилот
rnПогрешно: Го отклучувате автомобилот покажувајќи го далечинското кон него.rnrnПравилно: Насочете го далечинското кон главата и искористете ја како антена.rn
3. Мотање на каблите
rnПогрешно: Како и да ги мотате, пак ви се заплеткуваат.rnrnПравилно: Замотајте ги јамките обратно како во видеото подолу.rn
4. Тестирање на батериите
rnПогрешно: Ги ставате во уредот и проверувате дали тој работи со нив.rnrnПравилно: Пуштете ги од мала височина вертикално на рамна подлога. Полните батерии ќе стојат, празните не.rn
5. Затворање на апликациите на ајпад
rnПогрешно: Преку копчето Home кое ве враќа на почетниот екран.rnrnПравилно: Не е баш лесно, но подобро е да ги затворите користејќи четири прсти како во видеото.rn
6. Селфи со ајфон
rnПогрешно: Држејќи го телефонот со рацете.rnrnПравилно: Фотографирајте се со помош на копчето на слушалките.rnrnСето ова убаво е претставено во следното видео.rnrn

Ниман се шегува дека само еден телефонски повик е доволен за да му предизвика проблем, бидејќи кога разговара на фиксниот апарат, речиси секогаш несвесно игра со жицата и ја претвора во клопче.
Но, вистинскиот хаос е под работното биро, вели тој. Таму се испреплетуваат преку 30 различни кабли, кои не знаете ниту каде почнуваат, ниту каде завршуваат.
Ужасно е чувството кога треба да замените некој од нив. Ако сакате да извлечете еден, за да поврзете друг, е тогаш нервозата кулминира. Во тој момент немате ни трошка милост за кабелот и го повлекувате агресивно, со што неизбежно го уништувате. Еве еден предлог на Ниман, како да го избегнете ова и сите завршетоци на каблите да ви бидат на видик. Ова нема да ви го реши проблемот, но ќе го ублажи.
Далеку од решение сте и ако помислите на продолжените кабли, со неколку приклучоци. Дизајнерите прават сè поголеми и поголеми адаптери, така што, на кабел со шест приклучоци, вие може да приклучите само три апарати. Ова уметникот го споредува со невнимателните луѓе, кои предизвикуваат нервози и турканици во метроата.
Овој проблем Ниман го увидел и кај музичарите. Па и за нивната мака одлучил да раскаже преку едно од уметничките дела.
Ваквиот хаос би можел да се надмине со безжичната технологија, но и тука Ниман гледа проблем. Се шегува дека ако предметот не му е приклучен во струја, тогаш лесно ќе го изгуби.
Да се надеваме дека идните генерации нема да се соочуваат со овој проблем.
rnrn