КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јупитер

  • Секситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 април

    Секситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 април

    Астролошките предвидувања откриваат дека на 10 април нè чека еден од најпозитивните аспекти – секситилот на Венера (планетата на љубовта) и Јупитер (планетата на радоста).rnrnСекситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 априлrnrnЕнергијата на оваа планетарна врска ќе се чувствува неколку дена, а секситилот на Јупитер и Венера ни носи период на забава, страсна искри и магична љубов. Ќе почувствувате внатрешна среќа и добро расположение што лесно ќе ги споделите со другите.rnrnПокрај тоа што е фантастичен за напредок во љубовта, во романтичната поврзаност и во обновувањето на интимноста, овој транзит може да ви донесе и поволна ситуација во областа на финансиите. Можен е ненадеен прилив на пари или решение за стар долг.rnrnСега е време да ги покажете харизмата и шармот. Се чувствувате одлично, што особено се одразува на вашата самодоверба.rnrnЌе добивате и ќе давате многубројни комплименти, а вашата привлечна енергија ќе влијае позитивно на вашиот љубовен живот. Се чувствувате привлечно и подготвени сте да надминете некои стари блокади.rnrnОние што се во врска ќе ја разбудат фантазијата, својата и на партнерот. Ако сте слободни, ова е одличен период за нови познанства и љубов која може да се претвори во нешто величествено.rnrnЌе имате потреба од промени и авантури, па можно да патувате и да учите за други култури, но и да ги надминете личните граници излегувајќи од удобната зона.rnrnСите ваши интеракции на полето на кариерата ќе ви донесат добри резултати и задоволство, а единственото нешто на кое треба да обрнете внимание во овој период е да не претерувате во хедонизмот и уживањето, особено кога станува збор за јадење и пиење.rnrnИскористете го овој период на уживање и живејте максимално во убавината на сегашниот момент.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат среќа и ќе бидат многу успешни во април.

  • Конјункција на Јупитер и Плутон: Следните денови ќе донесат големи промени

    Конјункција на Јупитер и Плутон: Следните денови ќе донесат големи промени

    Конјункцијата на две планети значи дека тие во одреден момент ќе се најдат на исто ниво и таа ќе започне овој месец, односно од 4 до 7 април помеѓу планетите Јупитер и Плутон. Она што го прави овој настан особено важен од астролошки аспект е тоа што се случува многу ретко – на секои 13 години, а оваа година конјункцијата на Јупитер и Плутон ќе се случи во 3 наврати. Затоа, не е ни чудо што 2020 година е многу драматична година и претставува значајна пресвртница, како на лично така и на глобално ниво.rnrnКонјункција на Јупитер и Плутон: Следните денови ќе донесат големи промениrnrnЈупитер и Плутон оваа година трипати ќе се најдат во позиција на израмнување: на 4 април, на 30 јуни и на 12 ноември, што симболично го претставува почетокот, средината и крајот на циклусот, кој треба да означува значајни промени што треба да донесат важна пресвртница, како на лично така и на глобално ниво. Она што е сигурно е дека ова енергетско влијание веќе се чувствува од крајот на март и е многу важно да го препознаете.rnrnЈупитер е владетел на небото, Плутон на подземјето, на моќта и на смртта. Меѓутоа, кога овие 2 планети се сретнуваат, се создава посебна енергија која носи промени. Плутон укажува на смрт, уништување и исчезнување, но уништувањето означува и нов почеток – создавање нови темели, па во таа смисла, присуството на Јупитер e многу важно. Јупитер значи изобилство и богатство и на некој начин, оваа планета обезбедува основа за нов почеток, за просперитет и за успех.rnrnНо, како ќе се одвиваат работите зависи од вас. Спојувањето на Јупитер и Плутон носи голема сила и потенцијал, но оваа моќ може да се искористи на различни начини. Важно е да ги оставите настрана алчноста и амбицијата и да согледате како да ја искористите можноста за нов почеток.rnrnИсто така, со оглед на тоа што промените се глобални, може да се чувствувате беспомошно и како вие да не управувате со кормилото, но тие нешта се случуваат надвор од вашата контрола. Во тој случај, важно е да разберете дека, иако не можете да влијаете на овие промени, можете да се влијаете на себеси во рамките на тие промени.rnrnПрочитајте какво влијание ќе има полната месечина на овој ден врз животот на секој хороскопски знак.

  • Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

    Филм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)

    Акција во некој далечен универзум

    rnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)Режија: Анди и Лана ВачовскиrnrnУлоги: Мила Кунис, Ченинг Тејтум, Еди РедмејнrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 февруари 2015rnrnЖанр: научна фантастика, акцијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЈупитер Џонс е девојка која е родена во момент кога ѕвездите на небото биле така распоредени што ѝ се предвидувало светла иднина. Тоа не изгледа така на почетокот на филмот кога работи како хигиеничарка, но работите стануваат појасни кога при еден обид да ја убијат таа ќе го запознае Каин, воин од друга планета кој е пратен на Земјата по неа. Тој ќе ѝ го спаси животот и ќе ѝ објасни дека нашата планета е само плантажа која на луѓето од некоја друга планета им служи за производство на серум на младоста кој овозможува живот долг илјадници години.rnrnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)rnrnВо понатамошниот сплет на настаните таа дознава и дека е генетска реинкарнација на сега веќе мртвата кралица на таа планета и затоа тројцата наследници посакуваат да ја видат мртва. Бизнисот кој го имаат на Земјата едноставно е преголем за да остават некоја анонимна девојка да раководи со сите тие капацитети за правење пари. Единствена надеж за спас ѝ е, се разбира, силниот Каин.rnrnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)rnrnОна што најмногу може да ве фасцинира во овој филм се визуелните ефекти. Иако тоа веќе не е некоја новост, филмаџиите постојано успеваат да ги поместат границите напред, а овој филм е еден од тие моменти. Но, тешко е да се одлучи што е она кое разочарува. Иако сè на сè филмот е добар, на крајот останува чувство дека нешто недостасува.rnrnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)rnrnПриказната е доста едноставна, но имало извонредни филмови со едноставни сценарија. Веројатно ликовите не се такви карактери кои би можеле од тоа да направат нешто повеќе. Мила Кунис во улогата на Јупитер Џонс е наивна чистачка која одеднаш е на пат да стане кралица, Каин (Ченинг Тејтум) е бестрашниот воин кој се бори со својата човечка страна додека ја заштитува, а и другите ликови не се помалку стереотипни. Никој не е толку впечатлив како оние од минатите филмови на дуото Вачовски и можеби затоа очекувавме многу, а добивме само нормална доза.rnrnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)rnrnВо секој случај, ова е филм кој ви препорачуваме да го гледате. Ако имате можност отидете во кино затоа што оние неверојатни ефекти се уште подобри во 3Д техника. Лесен е, едноставен и пружа одлична двочасовна забава.rnrnФилм: Јупитер во подем (Jupiter Ascending)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

    Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

    Задолжителен филм за искрените љубители на научна фантастика

    rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)Режија: Себастијан КордероrnrnУлоги: Шарлто Копли, Михаел Никвист, Анамарија МаринкаrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 јуни 2013rnrnЖанр: научно-фантастичен трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТешко дека досега сте слушнале за овој филм, уште потешко е да се очекува дека сте го изгледале. Ваквиот тип научно-фантастични трилери едноставно не го добиваат заслуженото внимание поради тоа што содржат алтернативни елементи и тивко им го отстапуваат своето место на надуените блокбастери кои на разни површни начини го покриваат недостатокот на квалитетна содржина. А оние од типот на „Извештај за Европа“ и тоа како вреди да се изгледаат.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnВо него нема ниту акција нашминкана со бројни визуелни ефекти, ниту клише приказна, ниту во главните улоги се маж и жена кои потајно копнеат еден по друг. Тоа е нискобуџетен филм кој наликува на документарците за мисиите на НАСА, наоружан е со главно анонимни актери, неколку спектакуларни вселенски пејзажи и многу наука. Токму последното е она што му дава тежина и го прави занимлив.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnГо раскажува измисленото прво патување на астронаути на Европа, сателитот на Јупитер за кој се верува дека може да содржи ресурси за живот. Ја следи мисијата од почеток до крај, одблизу прикажувајќи го секојдневието на астронаутите таму длабоко во вселената. Ликовите се многу реални. Не се херои туку личат на нормални луѓе кои отишле таму да си ја завршат работата за која се пратени. Но, тоа не го прави дејствието здодевно, туку напротив, совршено ја доловува нивната страст да го истражуваат непознатото и да стигнат таму каде што никој друг порано не бил.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnЌе се соочат со многу препреки во нивното патување. По само шест месеци ќе ја загубат можноста да контактираат со Земјата, ќе се соочуваат и со други дефекти и разни опасности по животот. Токму тие моменти даваат слика за нивната посветеност во извршувањето на мисијата. Не им е толку важен сопствениот живот колку што копнеат да откријат дали на Европа има можност за живот.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrn„Извештај за Европа“ ја става науката во прв план. Тоа го прави задолжителен за сите оние кои уживаат да читаат и да слушаат за истражувањата на вселената, но веројатно не и за оние кои бараат некаква акција во замислени светови некаде далеку од Земјата. Ова е по малку бавен филм во кој најмногу ќе уживаат оние кои сакаат бегство во вселената, кое истовремено изгледа реалистично.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Значењето на планетата Јупитер во наталната карта

    Значењето на планетата Јупитер во наталната карта

    Се вели дека планетата Јупитер ги претставува сите убави и благородни нешта во нечиј живот. Во астрологијата, тоа е планетата на изобилието. Јупитер со себе носи знаење, благодарност, надеж, чест, мудрост, филозофија, среќа, оптимизам.rnrnВо хороскопот владее со знакот стрелец и во наталната карта ни открива како ја изразуваме нашата дарежливост и толеранција. Ни покажува како им веруваме на другите луѓе и каде ја наоѓаме својата мудрост и разбирање. За да го дознаете ова, најпрвин дознајте ја положбата на Јупитер во наталнатата карта, а потоа прочитајте ги карактеристиките кои вам ви одговараат.Значењето на планетата Јупитер во наталната картаЈупитер во 1 куќа: Весели, љубезни и полни со оптимизам и самодоверба. Веруваат во моќта на позитивното мислење. Се водат според строги принципи и поседуваат високи морални вредности.rnrnЈупитер во 2 куќа: Навистина снаодливи личности. Имаат среќа со парите и останатите материјални добра. Ги сакаат задоволствата на животот и нивното високо мислење за себе честопати им носи успех.rnrnЈупитер во 3 куќа: Визионери. Бескрајно љубопитни луѓе кои уживаат во остварувањето на нови контакти и во споделувањето идеи со останатите. Можат да ја видат големата слика и токму затоа многумина им се обраќаат за совет.rnrnЈупитер во 4 куќа: Овие луѓе имаат силна интуиција, особено на професионално ниво. Веднаш се зближуваат со останатите, но имаат и силна почит за семејството и најблиските. За нив среќата е во нивниот дом.rnrnЈупитер во 5 куќа: Дарежливи, топли, разиграни, особено  во емотивниот живот. Уживаат во сите креативни зафати, во забавата, децата и рекреацијата. Би биле идеални учители, полни со трпение и љубов.rnrnЈупитер во 6 куќа: Имаат високи стандарди и сметаат дека останатите треба секогаш да бидат третирани со почит и разбирање. Постојано им помагаат на помалку среќните од нив. Најголемо задоволство им претставува работата и односите со луѓето.rnrnЈупитер во 7 куќа: Негувањето на партнерствата е многу важно за нив. Ги бидува за преговарање и посредување во конфликти. Ги вреднуваат луѓето и врските. Понекогаш го користат шармот за полесно да дојдат до саканата цел.rnrnЈупитер во 8 куќа: Овие луѓе се способни да допрат до с’ржта на проблемот и интуитивно да знаат каде лежи одговорот. Многу сакаат да разрешуваат мистерии и да решаваат сложени загатки. За нив не постојат табу-теми.rnrnЈупитер во 9 куќа: Секогаш гладни за знаење и мудрост. Природни филозофи кои уживаат да ги споделуваат своите мислења. Ја ценат слободата на изразување. Успехот доаѓа од патувања, образование, учење.rnrnЈупитер во 10 куќа: Среќни луѓе кога станува збор за кариерата. Природно за нив е да се издвојуваат од останатите. Етични, зрели и снаодливи. Ги ценат своите достигнувања и преземаат контрола врз својот живот.rnrnЈупитер во 11 куќа: Социјалниот живот им значи многу и уживаат во дружба со пријателите. Најмногу успеваат како членови на некој тим или организација. Имаат влијателни познаници кои можат да им помогнат. Ги ценат луѓето и личната слобода.rnrnЈупитер во 12 куќа: Оваа положба на Јупитер го означува ангелот чувар во астрологијата. Ова се луѓе со вродена верба во силите на Универзумот. Најпријатно се чувствуваат кога се сами. Дарежливи се и љубезни.rnrnТоа беа некои од значењата на Јупитер, погледнати низ неговата положба во дванаесетте куќи на Зодијакот. Се надеваме дека се пронајдовте и дека уживавте во читањето.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски доживувања во 2012

    Астрономски доживувања во 2012

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОваа година ќе имате причина често да гледате во небото и да се воодушевувате од небесната глетка. Доколку сте во можност, не заборавајте ги овие датуми и периоди од годината и уживајте во природните феномени на небесните тела во 2012.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јануари: метеорски дожд „Квадрантиди“

    rnВечерва метеорскиот дожд „Квадрантиди“ го достигнува својот врв во североисточна Америка. Тој е меѓу најсилните метеорски дождови. Зависно од каде набљудувате, за еден час можат да се видат до 100 метеори. Најдобрите шанси да се ужива во оваа глетка се во 3 часот наутро, кога небото ќе биде најтемно. Тогаш најубаво ќе можат да се видат сино обоените метеори. Квадрантиди е единствениот метеор кој носи име по непостоечко соѕвездие. Созѕвездието по кое бил именуван не постои од 1922 година.Астрономски доживувања во 2012rn

    Од 20 февруари до 12 март: појавата на Меркур

    rnВо февруари и март, најскриената планета Меркур ќе може да се види со голо око. Планетата во овие дваесетина дена ќе се движи далеку од сјајот на Сонцето, заради кој во останатиот период од годината, таа е практично невидлива. Најдобра за набљудување ќе биде 20 минути по зајдисонце или пред изгрејсонце. Појавата на оваа планета ќе биде надополнета со сјајните Венера и Јупитер, кои исто така, ќе бидат видливи на западната страна од небото, во истиот период. На 5 март планетата ќе биде најдалеку од Сонцето и највидлива. За да ја набљудувате, доволен ќе ви биде само еден обичен двоглед. Во останатиот период од годината, Меркур не може да се набљудува, бидејќи е преблиску до Сонцето во однос на нашата планета.Астрономски доживувања во 2012rn

    3 март: Марс во опозиција

    rnНа 3 март, таканаречената црвена планета ќе биде најблиску до Земјата, односно ќе биде оддалечена 100.744.934 километри и комплетно ќе биде осветлена од Сонцето. Ова е одличен ден за набљудување и фотографирање на Марс. Во ова астрономско доживување ќе можете да уживате преку целата ноќ. Во август 2003 година, Марс била уште поблиску до Земјата, односно на околу 50.000.000 километри оддалеченост.Астрономски доживувања во 2012rn

    13-14 март: заеднички настап на Венера и Јупитер

    rnВенера и Јупитер тогаш ќе бидат најблиску една до друга или на околу 3 степени оддалеченост. Двете најсветли планети, по залезот на Сонцето ќе направат преубава небесна глетка, во која ќе уживате со голо око. После овој датум тие ќе почнат полека да се разделуваат. На 25 и 26 март небесната сцена ќе ја надополни месечевата светлина, со што глетката ќе стане уште поубава.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 и 6 мај: метеорски дожд „Аквариди“ и полна месечина

    rnВо овие два дена ќе се случи метеорскиот рој „Аквариди“. Тоа е слаб метеорски дожд, со максимум 10 метеори на час. На 6 мај очекувајте ја и најголемата полна месечина во 2012 година. Таа уште толку ќе ја намали видливоста на метеорите, но оние најсјајните кои ќе дојдат од правец на соѕвездието Водолија, сепак, ќе можат да се видат. Веднаш по полноќ, свртете се кон исток и набљудувајте ја оваа несекојдневна појава.Астрономски доживувања во 2012rn

    20 мај: Ануларна соларна еклипса

    rnНа овој датум ќе може да се види затемнувањето на Сонцето. Патеката ќе започне од источна Кина, преку јужна и централна Јапонија, Тихиот Океан, Западна Америка. Делумно, затемнувањето ќе може да се види и во Источна Азија и Северна Америка. Дискот на Месечината ќе биде помал, со што околу неа ќе се појави огнен сончев прстен.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јуни: делумно затемнување на Месечината и полна Месечина

    rnВо 12:12 часот, ќе се појави полна Месечина, а ќе следи и нејзино делумно затемнување, кое ќе биде видливо во Азија, Америка, Австралија и на Тихиот океан.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 јуни: транзит на Венера преку Сонцето

    rnОва е еден од најретките астрономски настани, поретки дури и од враќањето на Халеевата комета, која се појавува на секои 76 години. Досега биле забележани само 6 транзити на Венера. Овој транзит ќе биде целосно видлив во голем дел од Источна Азија, Алјаска и Источна Австралија. Во текот на изгрејсонцето, тој ќе може да се види и во Источна Африка, Западна Азија и низ цела Европа, што значи и кај нас. Делумно ќе можат да го погледнат и во добар дел од САД, за време на зајдисонцето. Следниот транзит на планетата треба да се случи дури во 2117 година. Кога Венера е во транзит низ сончевиот диск, на неа се појавува мала црна дамка од Сонцето, но доволно голема да се види со голо око. Потенцијалните набљудувачи, за да ја видат силуетата на Венера, ќе треба да преземат посебни мерки на претпазливост, исто како и за затемнувањето на Сонцето.Астрономски доживувања во 2012rn

    12 и 13 август: метеорски рој „Персеиди“

    rnПерсеидите се меѓу поголемите метеорски дождови. Нивниот максимум е 90 метеори на час. Месечината во овој период ќе биде високо на небото, па на набљудувачите ќе им предизвика мала непријатност, со тоа што ќе им ја намали видливоста. Но, тоа сепак, ќе биде незначително. Затоа, свртете го погледот кон североисток, застанете на некоја темна локација, далеку од населените осветлени места и уживајте во метеорскиот дожд. Помали метеорски дождови од овој вид ќе може да се забележат и во периодот од 23 јули до 12 август.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 ноември: целосно затемнување на Сонцето

    rn

    Но, ова ќе биде видливо само на Јужниот Пацифик и во делови од Северна Австралија. Практично целата патека е над вода. Делумно ќе можат да го набљудуваат во источна Австралија и Нов зеланд. Првото комплетно затемнување на Сонцето е регистрирано во јули 2010 година. На овој датум во 23.08 часот ќе се појави и млада месечина.Астрономски доживувања во 2012

    rnrn

    3 декември: Јупитер во опозиција

    rnНа 3 декември најголемата планета Јупитер ќе биде во опозиција, односно најблиску до Земјата. Ќе биде во целост осветлена од страна на Сонцето и ќе може да се набљудува со голо око. Слободно изберете локација и со себе понесете фотоапарат.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 и 14 декември: метеорски дожд „Близнаци“

    rnТој ќе биде најинтересниот метеорски дожд годинава. Неговиот максимум е 120 метеори на час. Вечерта на 13 декември, ќе започне да доаѓа од над источниот хоризонт, од правецот на соѕвездието „Близнаци“ и ќе паѓа цела ноќ. Но, најдобро е да се набљудува по полноќ. Ќе има млада месечина, односно небото ќе биде темно, а метеорскиот дожд поволен за набљудување. Мал број метеори ќе бидат видливи и една недела пред 13-ти, како и пет дена после 14 декември.Астрономски доживувања во 2012rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.