КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јапонка

  • Плетен зеленчук

    Плетен зеленчук

    Автор: БојанаrnrnЉубителите на плетените ракотворби сигурно ќе бидат воодушевени од делата на оваа талентирана Јапонка. Јунг Јунг е родена во 1970 година. Таа вели дека уште како дете сакала да црта и да слика, но првпат започнала да се дружи со иглите за плетење на 11-годишна возраст.rnrnПо дипломирањето на Универзитетот за уметност Мусасино во Токио и по работата на различни работни места, одлучува професионално да се занимава со изработка на плетени модни додатоци. Во 2002 година влегува во светот на модата и започнува да работи за јапонскиот дизајнер Ери, сè до 2006 година кога одлучува да ја продолжи кариерата самостојно. Во 2008 година ја објавува нејзината книга „Плетени растенија“ (Ito-ami-plants).rnrnПлетен зеленчукrnrnВо продолжение се неколку од нејзините феноменални дела. Повеќе за нејзината работа може да видите на нејзиниот веб-сајт.rnrnПлетен зеленчукrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разиграна абецеда

    Разиграна абецеда

    Графичката дизајнерка и илустраторка Тиен-Мин Лијао изработила интересна анимација за промоција на абецедата. Таа на нејзините раце нацртала линии со мастило, кои кога гестикулира се претвораат во јасни букви. Ова е нејзин личен типографски експеримент, преку кој ги истражува односите помеѓу големите и малите букви. Со лесни и едноставни движења на рацете, тие се трансформираат од едни во други. За дечињата кои одбиваат да го научат писмото, можеби решението лежи токму во концептот на младата дизајнерка.Разиграна абецедаРазиграна абецеда
    rn

    „Направив 26 комбинации, кои со мастило ги нацртав на моите раце. Секоја комбинација значи некоја голема и мала буква, на пример А и а. Исто така, создадов и италик стил и некои нови фонтови“, вели Лијао.

    rnРазиграна абецедаРазиграна абецедаРазиграна абецедаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.