Тригодишната Карина Чикитова живее со мајка ѝ на Сибир и еден ден пред нејзиниот четврти роденден, таа посакала да го посети татко ѝ кој живеел во соседното село. Честопати одела сама, бидејќи не било многу далеку. Кога стигнала во селото, татко ѝ не бил таму, па решила да го побара.rnrnrnrnМеѓутоа, таа се изгубила во сибирските шуми. Ниту еден човек не се осмелува да отиде сам и невооружен во тие шуми, бидејќи се полни со волци и мечки. Замислете си тогаш колкави се шансите за едно мало и беспомошно девојче да преживее само во опасните шуми? Девојчето било потполно само, единствено нејзиното верно куче одело по неа.rnrnrnrnРодителите на Карина полуделе од грижа кога дознале дека нивната мала ќеркичка исчезнала. Навечер температурите паѓале под нулата и многу луѓе тргнале во потрага по девојчето, но не успеале да го најдат.rnrnrnrnПо 12 дена, нејзиното куче се вратило во селото. Локалните жители го очекувале најлошото. Помислиле дека девојчето умрело во шумата. Но, кучето тргнало повторно назад и селаните одлучиле да го следат. Кога пристигнале на едно место во шумата не можеле да им поверуваат на очите.rnrnrnrnПоради херојскиот подвиг на кучето, тоа и Карина добиле споменик. Оваа случка е само уште еден доказ за тоа дека кучињата навистина се најдобриот пријател на човекот: Лојални и пожртвувани до самиот крај.rnrnrnrnПогледнете го и видеото за да дознаете повеќе за оваа неверојатна приказна…rnrn
Поголемиот дел од пешаците само поминуваат покрај употребените, скршените и напуштените нешта по улиците на Њујорк. Но, не и графичкиот дизајнер Јунџин Ли. Како што се движи низ градот, таа наоѓа паметни начини да им даде личност на голем број од овие мали и неживи предмети кои се дел од нејзината серија фотографии наречена „Little Lost Project“.rnrnПомош! Се изгубив.rnrnАртистката создава мали хартиени знаци со кои креира глас за отфрлените нешта и пренесува пораки како „Помош! Се изгубив.“ Кутрите мали објекти кои ги држат овие знаци на тротоарите го привлекуваат вниманието на пешаците и во нив создаваат чувство на тага. Ли објаснува:rnrn
„Губењето на вашиот мобилен телефон со сигурност може да ви го уништи денот, но што се случува кога ќе го изгубите вашиот омилен балсам за усни кој секогаш се наоѓал во вашиот џеб? Можеби ќе се изнервирате, но веднаш можете да си купите нов. Но, дали некогаш сте се запрашале каде се овие мали изгубени предмети и што прават тие во овој момент?“
rnПомош! Се изгубив.rnrnЕднаш многу одамна, бев нечиј сладок балсам за усни…rnrnОпаковката од бонбони на улица е ѓубре, но како би го нарекле полното пакување со бонбони на улица?rnrnЌе ти недостигам еден ден.rnrnНие запалките сме како автобуси – доаѓаме за да си одиме.rnrnСакав да бидам покрај тебе додека не престанеш да кашлаш.rnrnДојдов дури од Париз… Нема да бидам дома за ле Божиќ.rnrnАко ме изгубиш мене, ќе ги изгубиш сите хартии.rnrnБи помислиле дека „пар ракавици“ би требало да се заедно засекогаш… Јас сум бескорисна сега. Јас сум сè уште корисна!rnrnБев изгубена и одбиена 3 пати. Ова ми е 4-от пат. Животот ми е возбудлив. Вредам 1 долар и сепак успеав да ти паднам и да ме изгубиш.rnrnrnrn
Доколку сè уште се прашувате зошто уметноста е толку значајна категорија за човекот, присетете се колку пати досега, нечие уметничко дело успеало да допре до дното на вашето срце и да ги разбуди емоциите кои мислевте дека одамна ги имате закопано. 24-годишниот илустратор и цртач Берк Озтурк сака да работи на мрачни и меланхолични теми, како што се смртта и изгубената љубов.rnrn„Невклопено дете“rnrnТој почнал да црта уште додека бил мало дете, а сега работи како илустратор на детски книги. Прекрасното во неговите цртежи е нивната едноставност, спакувана во длабока емоционална рана, која тешко зараснува. Ќе ве оставиме да уживате во вашите заборавени чувства гледајќи ги неговите фантастични илустрации, кои имаат и многу моќни наслови.rnrn„Бакнеж од водени бои“rnrn„Расцепкани спомени“rnrn„Смрт и живот“rnrn„Татко и син“rnrn„Слоообоооодаааа“rnrn„Во заборав“rnrn„Слобода на мислење“rnrn„Палчето Том“rnrn„Ми недостасуваш Лион“rnrn„Се сеќавам на секој бакнеж“rnrn„Последната прегратка“rnrn„Св. Валентин“rnrn„Курт и Ејми“rnrn„Љубовници на гробишта“