КАФЕ ПАУЗА

Tag: испитување

  • 7 испитувања на крвта што треба да ги правите еднаш годишно

    7 испитувања на крвта што треба да ги правите еднаш годишно

    Ако навистина се грижите за вашето здравје, тестирајте сe и одете на систематски прегледи редовно, дури и ако не постојат алармантни симптоми. Тестовите на крвта и специјалните тестови може да ви помогнат да идентификувате одредени потенцијални заболувања.rnrn7 испитувања на крвта што треба да ги правите еднаш годишноrn

    1. Шеќер во крвта

    rnЗголеменото ниво на шеќер во крвта служи како сигнал дека телото или не произведува доволно инсулин или не го користи правилно. Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да укаже на развој на дијабетес и предијабетес. Важно е да го проверувате нивото на шеќер во крвта на гладно барем еднаш годишно, а почесто ако имате хипертензија.rn

    2. Липиден панел

    rnЛипидниот панел ќе ја покаже содржината на холестерол и триглицериди со цел да имате претстава за ризикот од развој на срцеви заболувања. Важно е да се тестирате еднаш годишно.rn

    3. Тироиден стимулирачки хормон (TSH) и Т4

    rnТироидната жлезда произведува хормони кои се одговорни за метаболизмот. Недостатокот на активност на тироидната жлезда (хипотироидизам) или хиперактивноста на тироидната жлезда (хипертироидизам) почесто се дијагностицираат кај жените. Тестовите за ТСХ и Т4 ќе го покажат нивото на хормони со цел да се открие како функционира тироидната жлезда. Симптоми на дисфункција на тироидната жлезда се: замор, зголемен апетит, чувствителност на настинки, мускулна слабост, кршлива коса и нокти, проблеми со телесната тежина.rn

    4. Витамин Д (25-хидроксивитамин Д)

    rnВитаминот Д е важен за цврстината на коските и другите телесни функции, а постарите луѓе обично страдаат од недостаток на овој витамин.rn

    5. Железо, витамин Б12, магнезиум

    rnОвие супстанции и минерали се многу важни за нормалното функционирање на организмот, па затоа е корисно систематски да се следи нивната содржина.rn

    6. Биохемиски тест на крвта

    rnОвој тест вклучува голем број индикатори: статус на електролити и хидратација, функција на бубрезите, црниот дроб и крвните клетки. Овие индикатори треба да се следат поради акутна или хронична инфекција, анемија и коагулација на крвта.rn

    7. Маркери на воспаление: ЦРП и хомоцистеин

    rnЦ-реактивниот протеин укажува на степенот на воспаление во телото. Дури и малото зголемување на вредноста на ЦРП е поврзано со ризик од срцеви болести и депресија. Високото ниво може да укаже на физичка траума, емоционален или оксидативен стрес, интоксикација, алергии. Зголеменото ниво на хомоцистеин (аминокиселина) укажува на веројатноста за мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања, способност за отстранување на токсините од телото и создавање невротрансмитери.rnrnОткријте дали страдате од синдром на карантински мозок.

  • Модели на приврзување кај возрасните

    Модели на приврзување кај возрасните

    Системот на приврзување работи на многу едноставен начин. Ако сè е во ред (безбедно) тогаш не ни чувствувате како тој работи. Но, кога работите излегуваат од границите, системот на приврзување се активира и се појавуваат одредени однесувања кои ве доближуваат до личноста која би можела добро да се грижи за вас. Близината создава или обновува сигурна основа, чувство за безбедност и удобност од кои одредена личност откако ќе ја пронајде може да започне со истражување на светот околу неа.Модели на приврзување кај возраснитеИнтервјуто за приврзување кај возрасните (Adult Attachment Interview) е основна метода за проценување на ставот кон вашиот партнер. Според оваа метода описот на личноста се проценува преку 2 примарни димензии. Првата димензија е доследноста, а втората димензија е способноста да се рефлектираат мотивите од другите. Доследноста поконкретно се однесува на одговори кои овозможуваат чисти и убедливи описи, кои се веродостојни, концизни, целосни и се презентирани на чист и уреден начин.rnrnВо понатамошното испитување се следат уште 4 димензии како:rn

      rn011

    • Квалитет – да се биде искрен и да се има докази кои ќе го поддржуваат кажаното.
    • rn011

    • Квантитет – да се биде концизен и целосен. Дадените информации мора да ги содржат потребните податоци, но ништо повеќе од тоа.
    • rn011

    • Важност – способноста за издвојување само релевантни информации.
    • rn011

    • Начин на однесување – јасни/нејасни изразувања, јасно искажување на мислите/двосмисленост…
    • rn

    rnПо интервјуто можете да дознаете во која од наредниве категории припаѓате:rn
    rn

    Безбедност

    rnЛичностите со безбеден модел на приврзување имаат способност многу реално да ги гледаат другите околу нив. Тие ги ценат врските, емоциите и обврските. За време на интервјуто целосно соработуваат со психологот и нивните одговори се доследни, концизни и јасни. Приврзувањето за нив има големо значење, но истовремено тие и објективно ги гледаат сите настани/врски.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Негирање

    rnЛичностите со негирачки модели на приврзување имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека не треба да им поставуваат многу барања на оние кои се грижат за нив кога станува збор за нивните потреби. Овие личности ги отфрлаат сите искуства и врски во кои има можност за поврзување. Нивните одговори често се премногу општи и неспецифични. Тие исто така немаат конкретни примери и докази кои можат да го поддржат нивниот став и честопати при навраќање на одредено прашање знаат да дадат контрадикторни одговори.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Преокупираност

    rnЛичностите со преокупирачки модел на приврзување исто така имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека единствениот начин да го привлечат вниманието на оној кој се грижи за нив е да имаат премногу барања и очекувања. Нивните одговори многу често не се доследни. Овие личности се преокупирани со претходните врски и искуства. Тие во разговорот изгледаат многу нервозно, пасивно или исплашено. Употребуваат долги реченици, граматички испреплетени и со многу простор (испуштајќи гласови како „ааа“ или „хмм“) помеѓу мислите. Исто така внесуваат многу непотребни детали при обидот да го поддржат својот став.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Неорганизираност

    rnЛичностите со неорганизиран модел на приврзување немаат јасно видливи причини за нивното нереално гледање на останатите. Како деца најверојатно имале родители кои биле на некој начин застрашувачки. Во голем број од случаите тие доживеале хронично запоставување во врска која би можело да ја објасни значајната дисфункција во нивната способност да формираат емоционално значајна врска. Голем број од оние кои имаат некаков вид психолошко нарушување го поседуваат овој модел на приврзување. Исто така нивните врски се бурни, непостојани и понекогаш насилни.Модели на приврзување кај возраснитеШто мислите, кој е вашиот модел на приврзување? Препознавте ли некои од дадените однесувања?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Русокоси Швеѓани се разбудиле зелени

    Русокоси Швеѓани се разбудиле зелени

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnРусите коси, веѓи и бради на голем број Швеѓани од градот Андерслов, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата, наеднаш им позеленеле. Тие веднаш го вклучиле алармот и првото што им паднало на ум е да го испитаат нивото на бакар во водата, познат по зелениот ефект кој може да го предизвика врз косата и кожата.Русокоси Швеѓани се разбудиле зелениПрвичните испитувањата покажале дека нема зголемено присуство на овој метал. Тоа страшно ги збунило експерите кои ги вршеле испитувањата. Одлучиле да се впуштат во нови подлабоки анализи, со кои сепак, утврдиле дека причина за позеленувањето е бакарот, но не го пронашле во водата, туку во цевките низ кои таа поминува. Цевките не биле соодветно заштитени, па загреаната вода која подолго се задржувала во нив, ги одлепувала бакарните честички од ѕидовите, кои за десет пати го надмининувале дозволеното количество.rnrnОткако ќе се избањаат со ваквата вода, од русокоси станувале зелени. Овој проблем не го зафатил целиот град, туку само поновите објекти во кои живеат околу  1.700 лица. На експертите не им преостанало ништо друго, освен да ги посоветуваат овие граѓани, косата и лицето да ги мијат со ладна вода или пак, да се преселат во старите станбени згради во кои нема ваков проблем.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.