Ова чувство му е познато на секој студент. Научивте како никогаш досега, ги направивте сите вежби дури по 2 пати, стигнавте на факултет порано, речиси и да не спиевте целата недела, но барем сте подготвени. И покрај ова, зад вашиот самоуверен изглед, вие всушност тонете.rnrn
rnrnИако разговарате со колегите пред почетокот на испитот, вашиот ум не е со нив. Веќе сте седнати на клупата и анксиозноста ве преплавува, иако се подготвивте најдобро што можевте. Ако се препознавате во ова, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од анксиозноста пред испитите.rn
Не пристигнувајте многу рано
rnВеројатно одите порано пред испитот отколку што е потребно, а ова не е добра идеја. Тогаш разговорот со колегите сигурно ќе биде за тестот, и кога некој ќе ви рече: „Не го научи тој дел?! Професорот кажа дека ќе го има!“, сигурно анксиозноста ќе се засили. Најдобро е да стигнете 5 до 10 минути пред почетокот и да не разговарате со никој за испитот. Ако ваквите разговори ви предизвикуваат стрес, избегнувајте ги.rn
Наспијте се
rnБидејќи сакате најдобро да го искористите времето, најверојатно ќе учите до доцна во ноќта пред испитот. Ако сте работеле напорно и сте научиле сè што е потребно, нема потреба од останување до доцна. Кога не сте одморени, нормално е анксиозноста да биде посилна. Исто така, ќе имате проблем со концентрацијата. Па, наместо да учите до доцна, обидете се да имате редовен распоред за спиење.rn
Не повторувајте на денот на испитот
rnАко дотогаш не сте научиле, повторувањето на денот на испитот нема да ви помогне. Ако пак сте доволно спремни, со повторувањето на денот на испитот нема да научите ништо повеќе, само ќе мислите дека сте испуштиле некои важни теми. Најдобро е да се опуштите и да бидете одморени за испитот, а кога ќе дојде време за него да дадете сè од себе.rn
Хранете се здраво
rnНе заборавајте на добриот појадок. Многу луѓе забораваат да јадат кога се анксиозни, но на вашиот мозок му е потребна храна за да функционира нормално. Морате да јадете нешто пред испитот бидејќи со тоа ќе си ја зголемите енергијата и ќе ја намалите анксиозноста.rn
Не мислете на резултатите од испитот
rnПред и за време на испитот не мислете на резултатите. Останете фокусирани на сегашноста. Не мислете на оценката, на вработувањето ниту пак на мислењето на вашите родители. Сè што е важно сега сте вие и испитот. Вие сте подготвени и можете да положите. Резултатот од еден испит нема да ви ја одреди судбината. Ако сакате да успеете, со напорна работа секако дека ќе ја постигнете целта. И запомнете, не постои неуспех, или ќе успеете или ќе научите нешто ново.rnrnПогледнете и како да постигнете повисоки резултати на испитите.


rn
rnrnЕ добро, супер, да не драматизираме многу, не дека сме биле ослободени од некој логор, иако можеби по малку така се чувствуваш. И сега што? Ти останува нервозно да се логираш на секој половина час и да чекаш резултати. Некогаш па, потсвесно посакуваш да ги нема. Денот ти е убав, зошто да си дозволиш да ти го расипат? Зошто, ете на пример, баш денес да се разочараш? И така сè до наредната сесија…rnrnАма сè е тоа психа. Тоа ти е како, не учам сега, сè уште е рано, сè ќе заборавам до испитот. Па си ја вртиш познатата, од понеделник ќе почнам да учам, таман една недела пред испит. Па доаѓа понеделник, тебе ти текнува дека собата не ти е средена и дека всушност треба да си направиш шопинг листа, за да знаеш точно што треба да си купиш. Нели, да си имаш претстава до каде стоиш со работите, за после на мира да си учиш. Леле на какви сè глупости ти истекнува кога имаш важни обврски. А шопинг листите, е тие се чудо. Значи никогаш, ама баш никогаш не остануваш стриктно до напишаната листа. Сè нешто ќе ти истекне. Или па, ќе има попуст, специјална акција, па и тоа на што никогаш не си помислил, сега очајно ти треба како да животот ти зависи од него. Сеедно, си го купуваш, еднаш се живее….rnrnОсвен шопинг листа, си правиш и must do листа. Всушност, не разбирам, зошто некои луѓе се против must do? Ок, по малку е застарен методот, сега можеш да си напишеш планер или роковник во телефон, и го правиш тоа, само што се чувствуваш подобро кога истото ти е напишано на лист хартија. И так, залепено на огледало, и ај сега да те видам не забележи го! Неодамна, во книга во која авторот советува како навремено да си ги извршиме обврските, доживеав вистинско откровение (добро, не до толку, само сакам да преувеличувам). Патем, книгата се вика Getting Things Done: The Art of Stress – Free Productivity, во случај да сакате да си ја прочитате. Во ред се must do листите, навиката сама по себе не е лоша. Она што е погрешно е начинот на кој ги правиме. На пример, нема да напишеш само она што треба да го завршиш, туку ќе го напишеш и начинот на кој истото би било направено. Па така, наместо Проектот да ти биде готов до петок, со три извичници на крај, пишуваш: собери материјали, договори се за консултација со професорката, напиши драфт и сл. Супер, сега знаеме како правилно да ги составуваме. Ама пак има проблем, во многу случаеви пак се јавува она познатото ОД ПОНЕДЕЛНИК. Е веќе, аман! А во понеделник наутро, обично изгледаме вака:
Понеделник е нешто како магичен ден. Ден кога сите обврски ќе бидат извршени. Нов почеток, нова работна седмица. Демек, оние кои многу често своите обврски ги одлагаат за понеделник, биле неодговорни, речиси никогаш не ги исполнувале… Како да не! Па јас не кажав точно на кој понеделник мислам!rnrnОд понеделник најчесто се започнува и диета, нешто како од понеделник има да се хранам здраво. Мижи да те мамам. Мојот прв, и до сега единствен обид за диета, (кој бил резултат на тинејџерски хормони), резултирал со јадење повеќе од половина кутија карамели. Видете, во средина имаа лешници, а јас сум само човек, обичен смртник кој не може да одолее на божественото, така што, give me a break.rnrnА вие која обврска си ја закажавте за „од утре“?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rnrn