Доколку размислувате за промена на местото на живеење, сигурно ќе ве интересираат овие 16 причини тоа да биде некоја од нордиските земји. Данска, Норвешка, Шведска, Финска и Исланд располагаат со нешта со кои малку земји можат да се пофалат.rnrn
rn
1. Прекрасна природа
rnСеверот на Европа располага со неверојатна природа. Секој пејзаж е толку живописен што изгледа како да не е на оваа планета. Некои научно-фантастични филмови чии дејства се случуваат на други планети се снимаат на Исланд, а покрај тоа тука се и норвешките фјордови, финските езера, поларната светлина…rn
2. Најсреќните луѓе на светот
rnПостојат некои мерења за тоа колку се среќни луѓето од разни делови на светот, а нордијците доминираат овде. Сите пет се во најдобрите десет. Причините кои носат толку среќа како последица се стандардот на живеење, должината на животот, правото да се направи слободен избор во многу сфери на животот и државната поддршка за населението.rn
3. Луѓето јадат често и обилно
rnЛуѓето во овие земји јадат доста обилно. Храната која ја консумираат е здрава и квалитетна, а и можат да си ја дозволат поради високиот животен стандард. И покрај тоа воопшто не се дебели поради тоа што многу се физички активни. Многу ги користат велосипедите, а покрај тоа кај нив популарни се некои исцрпувачки спортови како хокеј на мраз или скијање. Друг фактор е тоа што поради студената клима им е потребна повеќе храна.rn
4. Парламентот е полн со жени
rnНордиските земји ја имаат можеби најеманципираната женска популација на светот. Тие немаат квоти за пополнување на Парламентот со жени, туку тие сами се изборуваат за своите мандати. Тоа се должи на нивната активна вклученост на пазарот на трудот, одвоеноста на државата од црквата и развојот на системот на социјална благосостојба. Инаку околу 40% од пратениците припаѓаат на понежниот пол.rnrn
rn
5. Речиси и нема корупција
rnСпоред индексот на Transparency International за корупција, Данска е најмалку корумпирана земја во светот, а и Финска, Норвешка и Шведска се исто така меѓу првите пет. Колку за споредба, Македонија е на 64-то место.rn
6. И татковците земаат долго породилно отсуство
rnТамошните власти и работодавци знаат дека на детето и на мајката потребно им е и таткото да биде во нивна близина непосредно по породувањето. Норвешка е првата земја во светот која го вовела ваквото правило во 1977 година. Денеска, обата родители заедно имаат право на 47 недели породилно отсуство, од кои 14 се загарантирани за таткото. Во Финска таткото има право на најмалку 54 денови отсуство, а во Шведска тој број е 60. Овие денови можат да се искористат додека детето не наполни осум години.rn
7. Бејби боксот во Финска
rnФинците имаат една прекрасна традиција поврзана со идните мајки која веќе е озаконета. Секоја бремена жена од државата добива кутија полна со работи кои му се неопходни на малото бебе за да преживее, како облека, кремови и слични работи. Иако според стандардот тоа таму секој може да си го дозволи, државата ја продолжува оваа традиција на покажување внимание за мајките.rn
8. Извонреден образовен систем
rnНордиските земји ги имаат најдобрите образовни системи во светот. Тие не ги тераат децата да повторуваат по наставникот, туку им даваат време да се пронајдат себеси во системот, да истражуваат, иновираат и фантазираат. Овие земји секогаш се првите во светот кои ги имплементираат најновите научни откритија од областа на образованието и тоа добро им се исплати. Повеќе за образовниот систем во Финска прочитајте на овој линк.rnrn
rn
9. Новинарите се слободни
rnСите пет нордиски земји се на врвот на листата по новинарски слободи на „Репортери без граници“. Според оваа организација, овие земји имаат добри закони кои успеале да се претворат и во култура на однесување. Пак за споредба, Македонија е на 123-то место.rn
10. Либерално општество
rnКако што веќе споменавме, нордиските земји важат за доста либерални, пред сè поради еманципацијата на жените и одбивањето на влијанието на црквата. Тоа се огледа и преку фактот што тие се меѓу првите во светот кои ги легализирале партнерствата на хомосексуалните двојки. Првата воопшто во светот била Данска со 1989 година. Нордиските земји се меѓу првите кои ја легализирале и проституцијата.rn
11. Казнувањето
rnОвие земји, особено Норвешка и Шведска, секогаш се првите во светот кои воведуваат револуционерни методи на казнување. Тие се доста полабави со санкционирањето на погрешното однесување и не се фокусирани кон одмазда на сторителот, туку кон негова рехабилитација. Кога некој оди во затвор во некоја од овие земји, тој ја губи само својата слобода, а не и својата безбедност и можност да биде здрав и да одржува лична хигиена. Затоа тие имаат помали казни и сè помала стапка на криминал и прекршоци.rn
12. Рециклирањето е религија
rnНордиските земји си го рециклираат сето ѓубре кое го создаваат и го претвораат во енергија или во нови производи. Како прво, тие не ги фрлаат отпадоците насекаде туку ги селектираат, а втор важен фактор е тоа што таму тоа е доходовен бизнис. Шведска, на пример, не само што успева да го рециклира сиот свој отпад, туку и увезува по 800.000 тони отпад годишно од други европски земји со цел да го преработи во нешто друго.rnrn
rn
13. Музика
rnНа нивната музичка сцена има од сè по нешто. Имаат доста развиена рок и метал сцена, вклучувајќи бендови како ХИМ и Најтвиш, необични пејачки како Бјорк, па сè до славни мејнстрим диџеи како Авичи. Меѓу другото, заразени се со Евровизија.rn
14. Филмови
rnЖителите на овие земји се привилегирани и можат во нивните кина да гледаат некои од нивните за нас непознати, но прекрасни филмови. Нивната филмска продукција располага со емоционални драми и крими трилери кои се поразлични од холивудските и имаат некој специфичен шмек кој ги прави посебни.rn
15. Кампувањето е слободно и бесплатно
rnЗа разлика од повеќето земји во светот, во нордиските земји можете да поставите шатор каде што ќе посакате и полицијата нема да ви прави проблем заради тоа. Дозволено е да правите што сакате во шумите сè додека тоа го правите одговорно.rn
16. Дедо Мраз живее во нивниот крај
rnНеговото село се наоѓа на крајниот север, во Лапонија. Кој не верува може да го посети и да се увери.

rnrnИсланд е релативно млада држава, и од геолошки и од историски аспект. Нејзиното насилно геолошко издигнување настанало поради својата позиција на Средно-Атлантскиот гребен, кој се наоѓа врз точката на одделување помеѓу Евроазиските и Северно Американските тектонски плочи. Се верува дека Исланд се формирал пред само 16-18 милиони години. Погледнете ги наредниве фотографии кои ќе ве мотивираат барем еднаш да ја посетите оваа магична земја…rnrn




































rnrnСветлината и сенките, вртливите формации и живите бои во композициите се всушност реки, глечери и јата со птици кои се само мал дел од целосната вулканска сцена. Привлечните сцени ја замаглуваат линијата помеѓу пејзажните фотографии и апстрактните цртежи и токму поради тоа мора да се потрудите за да најдете смисла во нив.rnrn
rnrn
Најновото тајмлапс видео доаѓа од корејскиот видеограф кој се нарекува со уметничко име Ејприлгарден. Тој ги опфатил повеќето кадри од бајковитиот и изолиран остров поради кои секој би пливал до таму и ги споил во ова одлично HD уживање.rn
Прекрасниот спа-центар со својата природна убавина, секојдневно привлекува туристи од целиот свет. Со неверојатните глетки кои го одземаат здивот, „Сината лагуна“ е вистински рај на земјата.
Спа-центарот се наоѓа на полуостровот Рејкјавик во јужно-западниот дел на Исланд, блиску до главниот град на Исланд, Рејкјавик. „Сината лагуна“ е единственото место во светот каде длабокиот морски гребен излегува на брегот. Температурата во огромното насобрано водно пространство, се движи од околу 37 до 39 степени Целзиусови.
Самата вода содржи многу активни состојки кои помагаат гостите подобро да се релаксираат, како што се силициум диоксид, соли и сино-зелени алги. Воедно, белата силиконска кал помага во омекнување и екфолијација на кожата.
Покрај тоа што спа-центарот им овозможува на гостите целосна релаксација, водата уште се користи и за произведување на електрична струја.
Преку овие фотографии, можете барем за момент да се опуштите и да ја осетите магијата на „Blue Lagoon“.








rnrn
Брилијантните ледени ѕидови неодамна се срушија врз еден друг фотограф, што значи дека можеле да го убијат г. Трејнсон во секој момент.
Шуплините во ледникот се формираат како резултат на реакцијата помеѓу стопената вода и ледената плоча и тие постојано се движат и ја менуваат формата на пештерата.
Ватнајокул е голем 3.100 километри квадратни и покрива 8% од површината на Исланд. Неговата просечна дебелина изнесува 400 метри, а под неговата површина има седум активни вулкани, вклучително и вулакнот Гримшвот кој еруптирал во 1996, 1998 и 2004 година.
Триесет и деветгодишниот г. Трејнсон, кој покрај тоа што се занимава со фотографија, работи и како машински инженер вели:rnrn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn