КАФЕ ПАУЗА

Tag: искра

  • Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

    Научно докажани знаци дека сте лудо заљубени

    Веќе некое време сте заедно и сметате дека не може да биде посовршено од што веќе е. Но, дали сте навистина заљубени во него/неа? Научниците откриле дека кога мозокот е заљубен изгледа многу поразлично од тогаш кога чувствува само страст, или пак кога личноста веќе подолго време е во сериозна врска. Студиите кои биле водени од Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс и една од водечките експерти на биолошката основа на љубовта, откриле дека „заљубениот“ мозок поминува низ уникатна фаза која трае одреден период. Таа исто така забележала дека постојат 13 знаци кои укажуваат на неа.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnОвој пат е посебно – Кога сте заљубени, почнувате да размислувате дека вашиот/вашата љубен/а е посебен/посебна. Ова верување се појавува во исто време со неможноста да чувствувате романтична страст кон никој друг. Фишер и колегите веруваат дека овие резултати се појавуваат поради покаченото ниво на централен допамин – хемикалија поврзана со вниманието и фокусот во вашиот мозок.rnrnТој/таа е совршен/а – Оние кои се навистина „лудо“ заљубени имаат тенденција да се концентрираат само на позитивните квалитети на својот партнер и притоа ги занемаруваат негативните. Тие исто така се фокусираат на тривијални настани и предмети кои ги потсетуваат на нивниот/нивната љубен/а и постојано мечтаат за нивните посебни моменти и спомени. И за ова фокусирано внимание се смета дека е „крив“ централниот допамин, како и покачувањето на централниот норепинефрин, хемикалија која е поврзана со зголемување на меморијата во близина на нов стимул.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnЈас сум хаос – Како што е добро познато, заљубувањето води кон емоционална и физиолошка нестабилност. Возбудата, еуфоријата, зголемената енергија, несоницата, губитокот на апетитот, треперењето, забрзаниот пулс и забрзаното дишење брзо предизвикуваат појава на анксиозност, паника и чувство на очај кога вашата врска ќе наиде дури и на најмал проблем. Овие промени во расположението се многу слични како оние кај зависниците од дрога. Истражувањата покажале дека кога на заљубена личност ќе ѝ се покаже фотографија од својот партнер, се активира истиот дел од мозокот што се активира и кај зависниците во моментот кога земаат „доза“. Почетокот на љубовта, според научниците е еден вид зависност.rnrnНадминувањето на пречката нè направи поблиски – Поминувањето низ нешто ново со друга личност најчесто ја зголемува романтичната привлечност помеѓу нив. Централниот допамин може да е виновен и за оваа реакција, бидејќи научниците покажале дека кога наградата доаѓа со задоцнување, невроните кои продуцираат допамин во мозокот стануваат многу попродуктивни.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnПостојано мислам на него/неа – Луѓето кои се заљубени изјавиле дека во просек поминуваат повеќе од 85% од времето додека се будни мислејќи на нивниот „љубовен објект“. Овие наметливи мисли, како еден вид опсесивно однесување, можат да резултираат од намаленото ниво на централен серотонин во мозокот, предизвикувајќи ситуација која и порано била поврзувана со опсесивното однесување.rnrnПосакувам да можевме да бидеме заедно цело време – Заљубените луѓе постојано покажуваат знаци на емоционална зависност од нивната врска, вклучувајќи ги и состојбите како посесивност, љубомора, страв од одбивање и анксиозност при разделување.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnСе надевам дека ќе останеме засекогаш заедно – Тие исто така тежнеат за емоционална поврзаност со нивниот партнер, барајќи начини да се приближат до него/неа повеќе и постојано мечтаат за нивната заедничка иднина.rnrnДали ќе му/ѝ се допадне оваа облека? – Заљубувањето се одликува со тенденцијата да ги реорганизирате вашите дневни приоритети и/или да ги промените својот стил на облекување, манири, навики или вредности само за да станете подобри за вашиот партнер.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnЌе направам сè за него/неа – Луѓето кои се заљубени чувствуваат силно чувство на емпатија кон нивниот партнер, сметајќи дека неговата/нејзината болка е и нивна. Тие исто така се подготвени да жртвуваат сè за личноста која ја сакаат.rnrnНе се работи само за секс – И покрај тоа што желбата за сексуална поврзаност е многу важна за оние кои се заљубени, потребата за емоционална поврзаност им е многу поважна. Студиите покажале дека 64% од заљубените (од двата пола) не се сложувале со изреката, „Сексот е најважниот дел од врската со мојот партнер“.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrnМоже ли нашата врска да биде сериозна? – Оние кои се лудо заљубени често чувствуваат и сексуална желба кон својот партнер, но им се појавуваат и други силни емоции поради кои не сакаат да го „делат“ со други личности. Посесивноста и љубомората скоро инстантно се појавува доколку партнерот не се согласува со нивното мислење на оваа тема.rnrnСе чувствувам како да сум надвор од контрола – Фишер и нејзините колеги откриле дека луѓето кои велеле дека се заљубени често признавале дека нивната страст е автоматска и неконтролирана.rnrnНаучно докажани знаци дека сте лудо заљубениrnrn„Искрата исчезна“ – На жалост, заљубеноста не трае засекогаш. Тоа е привремена состојба која или се претвора во долгогодишна, взаемна врска која психолозите ја нарекуваат посветеност, или исчезнува и „заљубените“ продолжуваат со својот живот на различни страни. Доколку има физички или социјални препреки кои ги спречуваат партнерите да се гледаат редовно – како на пример, врска на далечина – тогаш оваа „љубовна фаза“ трае подолго отколку во нормалните ситуации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    На љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.rnrnАстрологијата и одржувањето свежина во вашата врскаrn

    Воздушни знаци

    rnБлизнаците, вагата и водолијата обожаваат да комуницираат, така што ритуал кој вклучува разговарање, пишување или било што кое се состои од зборови, ќе им биде добредојдено на овие знаци. Тие сакаат постојано да бидат ментално стимулирани, бидејќи во спротивно им станува веднаш здодевно. Затоа, испланирајте некоја активност која ќе му го одржува умот активен на вашиот љубен/а.rnrnИдеи за активности: Соберете се друштво и играјте „брза географија“, „вистина или предизвик“, „каладонт“, „асоцијации“ или некоја друга интересна друштвена игра, како кога бевте тинејџери. Не заборавајте, дека воздушните знаци секогаш ќе останат деца во душа, па токму поради тоа, ваквиот тип забава секогаш ќе им биде интересен. Отидете на театарска претстава, во кино, на промоција на добра книга, посетете изложба…Купете инспиративна проза или поезија, прочитајте ја двајцата и потоа разменете ги вашите импресии и чувства кои ги побудила кај вас.rn

    Огнени знаци

    rnОвенот, лавот и стрелецот сакаат акција и движење и се чувствуваат навистина лошо кога седат и не прават ништо. И покрај тоа што огнените знаци не сакаат да прават една иста работа цело време, ако еднаш неделно резервирате време за некаков тип забава, тоа добро ќе им дојде, сè додека активноста е возбудлива и стимулативна.rnrnИдеи за активности: Скокајте банџи, учете нов јазик, возете се со скутер на вода, качувајте се по карпи, запишете се на часови по танцување кои ви се непознати на двајцата. Барем еден ден од седмицата, закажете состанок, секојпат на различна дестинација. Правете сè што ќе ви го покачи адреналинот и ќе внесе возбуда во вашите животи.rn

    Водни знаци

    rnРакот, скорпијата и рибите имаат потреба постојано да бидат поврзани со партнерот на емотивна основа, па затоа изберете активност која ќе ви даде можност да се поврзете на интимен начин. Тргнувањето на мислите од секојдневието и откривањето и копањето по емоционалната длабочина на својот партнер, им овозможува на водните знаци да се чувствуваат дека вложуваат во нивната врска. Доколку сакате вашиот партнер да се чувствува задоволно, ќе треба да ја развивате вашата имагинација, а артистичките активности ќе ви помогнат да ги отворите очите во таа смисла.rnrnИдеи за активности: Гледајте почесто филмови со вашиот партнер кои имаат голема длабочина и ќе влијаат врз развојот на вашите чувства. Одете заедно на часови по уметност (пеење, свирење инструмент, глума, цртање) каде што ќе можете да го споделите вашето креативно истражување. Споделувајте ги соништата кои ги паметите и оставиле силен впечаток врз вас.rn

    Земјени знаци

    rnБикот, девицата и јарецот се практични знаци и сакаат да видат корисни резултати добиени од нивниот вложен напор. Тие попрво би правеле со вас нешто што е корисно, отколку премногу забавно. Обидете се со некои активности, кои ќе бидат интересни, но истовремено ќе овозможат да постигнете некаква цел.rnrnИдеи за активности: Вклучете се во волонтерска еколошка акција заедно. Заседете цвеќиња во дворот и разубавувајте ја вашата градина. Обојте ги ѕидовите во друга боја и преуредете го мебелот. Бидејќи земјените знаци се познати по трошењето пари и слабоста кон храната, смислете интересен распоред кој ќе морате да го почитувате за да остварите некаква цел. На пример: „Ако редовно ја посетуваме салата за вежбање цело лето, ќе се почестиме со нова облека, која тогаш ќе ни стои многу подобро отколку сега“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.