КАФЕ ПАУЗА

Tag: интензитет

  • Кармичка врска – дали можете да ја препознаете и дали сте биле во таква врска?

    Кармичка врска – дали можете да ја препознаете и дали сте биле во таква врска?

    Ако некогаш сте почувствувале чудно чувство на дежаву што не можете да го објасните кога сте со некоја личност, можно е да сте во кармичка врска. Кармичката врска е дефинирана како врска што открива проблеми од друг живот. Верувањето кои стои зад кармичките врски е дека „тие ја одржуваат поврзаноста на душите од минатиот живот со сфаќање дека сè уште има некои недовршени работи во овој живот“.rnrnКармичка врска – дали можете да ја препознаете и дали сте биле во таква врска?rn

    Позадина

    rnИдејата за кармички врски потекнува од хиндуизмот и будизмот. Најчесто зборот „карма“ се толкува негативно, но кармичкиот однос не е негативен, позитивен, романтичен или платонски, туку станува збор за нерешени прашања од минатиот живот. Тие проблеми се разликуваат во зависност од личноста. Ако се прашувате дали во моментов сте во кармичка врска или сте ја имале во минатото или сакате да знаете како изгледа, прочитајте го подеталниот опис на кармичките односи.rn

    Што е тоа кармичка врска?

    rnКармичката врска во суштина служи како огледало. Ова значи дека може да биде и добро и лошо, во зависност од тоа што треба да научите од таа врска. Додека верувате дека партнерот со кој сте во кармичка врска е вашата сродна душа, веројатно ќе треба заедно да се соочите со некои предизвици за да може да ја сметате врската за кармичка. Во кармичките врски не цветаат секогаш рози. Наместо тоа, овие односи ги откриваат сите ваши слабости (трауми или проблеми што треба да ги решите за да станете подобра верзија од себе), како и вашите позитивни страни.rn

    Како може да знаете дали сте во кармичка врска?

    rnВо ваква врска, веројатно ќе имате многу силни чувства еден кон друг. Ќе се чувствувате како да ја познавате таа личност цел живот и покрај тоа што неодамна сте ја запознале. Можно е да доживеете дежаву заедно, да имате емоционални спомени или однос што изгледа како да ја предодредува вашата моментална врска. Исто така, можно е да се појават тешкотии кои изгледаат како да произлегуваат од ништо, како и да доживеете ментална и емоционална болка при помислата дека вашиот партнер ќе замине.rn

    Дали ве плаши дежаву?

    rnОд друга страна, ако чувствувате силна поврзаност со партнерот, но на негативен начин, тоа исто така може да биде знак дека сте во кармичка врска.rnrnАпсолутно можете да почувствувате целосна паника и омраза кон некој што не ви направил ништо. Ако тоа е многу силна реакција и можете да утврдите дека не е резултат на траума од овој живот, можеби станува збор за кармичка врска.rnrnДруг знак за кармичка врска е интензитетот. Кога сте во кармичка врска, таа веројатно се состои од еуфоричен напредок што ги надминува сите претходни врски.rn

    Како се разликува кармичката врска од кој било друг вид интензивна врска?

    rnНајголемата разлика помеѓу кармичката врска и која било друга интензивна врска е чувството на немоќ. Кога сте во кармичка врска, може да се чувствувате како вашиот партнер да е буквално дел од вашата душа, што може да ги отежни работите. Ако вашето тело или душа чувствува дека друга личност е дел од вас, вашето внатрешно самоодржување ќе го направи одвојувањето од неа речиси невозможно.rnrnИако прекинувањето на кармичката врска може да биде тешко, постои мотивирачки фактор, а тоа е дека вашата душа се обидува да ја научи лекцијата од минатиот живот.rnrnАко сте имале интензивни врски во минатото, споредете ги со врската за која мислите дека е кармичка и видете дали се разликуваат. Во повеќето некармички врски, но сепак интензивни врски, ќе останете заедно заради егото, гордоста, потребата и поврзаноста, додека кај кармичките врски тоа е многу подлабоко.rnrnПрочитајте кои 10 знаци укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска.

  • Чувствителни и погрешно разбрани: Дознајте дали имате неверојатно интензивен карактер

    Чувствителни и погрешно разбрани: Дознајте дали имате неверојатно интензивен карактер

    Не е лесно да се биде неверојатно интензивна личност. Таквите поединци најчесто се погрешно разбрани од страна на другите луѓе. Доколку сметате дека припаѓате во групата на интензивни луѓе, нормално е тоа што речиси сите ве нервираат. Најчесто, останатите луѓе сметаат дека интензивниот карактер е нешто што може да се промени, но тоа е далеку од вистината. Емоционалниот интензитет може да биде позитивна особина, доколку се насочи во вистинскиот правец. Ако сакате да дознаете дали сте интензивна личност, прочитајте ги следниве 8 знаци што ќе ви го потврдат сомнежот…rnrnЧувствителни и погрешно разбрани: Дознајте дали имате неверојатно интензивен карактерrn

    1. Имате потреба од значајни разговори

    rnМногу ве разлутуваат бесмислените разговори. Вие имате потреба да разговарате за работите што навистина ви значат и да остварувате длабоки врски со луѓето околу вас. Немате време за површност.rn

    2. Отворено ги искажувате вашите емоции

    rnПремногу брзо им се отворате на луѓето и тие веднаш можат да препознаат кога нешто ви пречи. Вие сте многу директни и отворено го кажувате вашето мислење.rn

    3. Многу сте грижливи

    rnВие сте многу страсни за повеќето работи и подготвени сте да дадете сѐ од себе кога нешто ви значи. Проблемот е во тоа што или имате силни чувства кон нешто или немате никакви чувства. Не постои сива зона за вас, или е црно или е бело. Меѓутоа, кога сакате да постигнете нешто со сето ваше срце, ќе се борите до самиот крај.rn

    4. Искрени сте

    rnНавистина го мислите сето тоа што го велите и правите. Без разлика дали станува збор за нешто позитивно или негативно, секогаш ја кажувате вистина.rn

    5. Луѓето ве сметаат за напорни

    rnПоради вашите интензивни емоции, луѓето имаат погрешно мислење за вас дека сте напорни и опсесивни. Не сте опсесивни, само што ги чувствувате работите многу поинтензивно од останатите луѓе.rn

    6. Лесно се поврзувате со измислени ликови

    rnКога гледате филм или читате книга, вашите омилени ликови се претвораат во вистински луѓе. Вие навистина се поврзувате со нив на такво ниво што повеќето луѓе не би можеле да го разберат.rn

    7. Убедливо зборувате

    rnНикогаш не кажувате работи што не ги мислите. Секој збор што излегува од вашата уста е внимателно испланиран и обмислен.rn

    8. Имате чести промени на расположението

    rnВашите емоции ве движат напред, но тие многу често се менуваат. Ова може да биде позитивна или негативна работа.rnrnИнтензивните личности чувствуваат работи што повеќето луѓе не можат ни да си ги замислат. Сѐ е во ред со вас. Иако понекогаш треба да го контролирате емоционалниот интензитет, сепак можете да извлечете значајни придобивки од таквиот уникатен карактер.rnrnПрочитајте ги и 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.

  • Како стравот го окупира вашиот живот? Еве 3 начини да се осободите од него!

    Како стравот го окупира вашиот живот? Еве 3 начини да се осободите од него!

    Колку пати сте пропуштиле некоја животна прилика бидејќи сте биле уплашени? А уште колку прилики планирате да пропуштите за да сфатите дека стравот не ве води никаде, освен надолу?rnrn(1)-kako-stravot-go-okupira-vashiot-zhivot-i-3-nachini-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mkrnrnСтравот го претставува она нешто кое сметате дека може да ве повреди или некако да ви наштети. Тоа значи дека кога ќе дојдете во ситуација која има основа да се развие во нешто што ќе ве повреди, вашиот мозок потсвесно развива теории и ги детектира предупредувачките знаци кои кај вас се манифестираат како стрес, потење, тешко или забрзано дишење и сл. Во зависност од тоа за што станува збор, стравот може да биде постојан и на пониско ниво или интензивен и на повисоко ниво.rnrnАнксиозноста е тип секојдневен, постојан страв кој повеќе се манифестира како свесност за потенцијална опасност отколку како одговор на таа опасност. Како функционира? Мозокот ослободува хормони за стрес кои прават збрка во вашите приоритети, па наместо да се концентрирате на една работа, во глава ви се врти сѐ и сешто. Ова во ситуации на вистинска опасност знае да биде многу корисно, но при оние секојдневни проблеми (на пр. проблеми во врската, рокови на работа и сл.) знае да направи голема штета.rnrnСтравот на повисоко ниво е многу интензивен и со пократко времетраење. Кога се соочувате со него, настанува пренасочување на целата ваша енергија кон стравот, па приоритет во тие моменти ви станува да преживеете. Со други зборови, целата ваша енергија се насочува кон оние вештини за опстанок, како на пр. изострен вид и мускулатура, бидејќи вашиот мозок мисли дека ќе биде потребно да преживеете во некоја ситуација. Во овие моменти, сетилните дразби одат директно во емоционалниот и инстинктивен центар на вашиот мозок, па наместо да размислувате рационално и логично, вие станувате брзи, конкретни, реактивни и носите одлуки базирани на вашите чувства. Овој тип страв може да има огромни и трајни ефекти врз вас.rnrn(2)-kako-stravot-go-okupira-vashiot-zhivot-i-3-nachini-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mkrnrnСо оглед на тоа дека стравот може сериозно да ви наштети доколку не е правилно насочен, следниве три тактики можат да ви помогнат вие да ја преземете контролата врз него.rn

    1. Препознајте го стравот правејќи редовни самопроверки

    rnЗапрашајте се како се чувствувате, што мислите, дали по вашето тело има видливи знаци на стрес (на пр. брзо срцебиење, стегнати рамена и сл.), а потоа поставете си го прашањето зошто е тоа така. Со наоѓање на изворот на стравот, може да се натерате себеси постепено да се соочувате со него што ќе ви дозволи да увидите дали навистина претставува некаква животна закана.rn

    2. Намалете го стравот оставајќи си доволно простор

    rnОва е многу помошен процес бидејќи ви дозволува да го намалите интензитетот на страв така што ќе поставувате бафери во секојдневните опасни ситуации со кои се соочувате. Така на пр., доколку сте анксиозни, тогаш крајните рокови ве доведуваат до работ на тоа чувство. Ова може да го решите така што ќе си поставите свој, пократок краен рок, па дури и да не успеете да завршите до вашиот рок, ќе добиете уште некој ден плус да ја сработите задачата.rn

    3. Соочете се со стравот во контролирани услови

    rnЕдинствен начин да се ослободите себеси од неоснованиот страв е да се соочите со него. Иако во овој момент ве плаши дури и самата помисла на тоа, она што ќе ве смири е дека тоа може да биде процес кој ќе трае толку време колку што ви е вам потребно. Одредете го својот страв и замислете кој би можел да биде првиот чекор кон соочување со него. Тоа треба да биде мал чекор со кој не ни мора да се соочите сами. Одлучете кога и во кои услови ќе го направите тоа и иако на почетокот најверојатно ќе се смрзнете, полека, полека ќе се доведете себеси до состојба да го гледате тој поттикнувач на стравот како мала опасност.rnrnСтравот може многу лесно да стане начин на живот. Нема ни да забележите, а тој веќе ќе ги има окупирано вашите мисли, вашите постапки и сѐ што претставувате. Да, вистина е дека стравот значи дека имате што да изгубите, но истиот момент кога ќе дозволите тој да ве надвладее, е тогаш веќе секако имате изгубено.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

    Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

    Зарем не би било супер да можевме да согоруваме калории и да топиме масти со само 4-минутно вежбање на ден? Всушност, тоа е можно.rnrnБрз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?rnrnНаспроти верувањето, долготрајните кардио вежби не се најдобриот начин за топење на мастите. Ако навистина сакате да постигнете резултати, подобар начин е со кратки интензивни тренинзи, кои можат да траат и само 4 минути. Ова е одлична вест за сите кои немаат време за регуларни тренинзи заради густиот распоред на обврски. Па, издвојте само 4 минути од вашето време и дознајте ги придобивките од метаболичниот тренинг.rn

    Што е метаболичен тренинг?

    rnМетаболичниот тренинг се однесува на вежбање со висок интензитет во структурирани периоди и пократки периоди за одмор во наизменичен циклус. Овие тренинзи претставуваат мешавина од тренингот со дигање тежини и кардио тренингот во една интегрирана сесија. Резултатот е тренинг кој ќе ве одржува во суперфит форма, ќе ви го забрза метаболизмот и ќе му овозможува на вашето тело да согорува масти дури до 48 часа по вежбањето.rn

    Резултати кои се постигнуваат со минути, не со часови

    rnПостојат различни видови метаболични тренинзи, но најпознатиот е Табата-тренингот според името на јапонски доктор кој го измислил концептот. Овој тренинг се заснова на 20 секунди вежбање, по кои следуваат 10 секунди одмор, во 8 серии. Ова е еднакво на 4 минути.rnrnНо, ова не е така лесно. Иако потребното време за вежбање е многу мало, треба да вежбате двојно посилно одошто би вложувале при регуларен тренинг во теретана. Ако завршите со избраниот сет вежби за одреденото време со леснотија, значи дека не сте вежбале правилно. Ако треба некако да се опише интензитетот на вежбање, би рекле дека последните две сесии треба да ви изгледа невозможно да ги завршите. Табата-тренингот се заснова на вежбање со максимален капацитет во кратки експлозивни сесии, што води до подобра фитнес форма и стимулирање на основниот метаболичен ритам, што пак го забрзува топењето на мастите.rnrnБрз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?rnrnВо едно контролирано научно истражување на д-р Табата биле вклучени две групи кои вежбале по 5 дена во неделата, вкупно 6 недели. Едната група вежбала по еден час со среден до висок интензитет на вежбање, додека другата група вежбала интензивен тренинг од само 4 минути на ден. Кај втората група било забележано значително зголемување на аеробниот и анаеробниот степен на фитнес што недостасувало кај групата што вежбала по еден час.rnrnЗначи, постојат докази дека со ваков тренинг можеме да си ја подобриме нашата фитнес-состојба, но што е со останатите придобивки?rnrnД-р Табата исто така го истражувал и продолженото дејство на овој вид тренинг и докажал дека со негово практикување се трошат дополнителни 150 калории во следните 12 часа по вежбањето, што значи дека се трошат калории дури и кога се одмарате.rnrnДруга добра вест е подобрувањето на сензитивноста на инсулин што е значаен фактор за нашето целокупно здравје и добростостојба. Тоа може да биде причина за намалување на здравствените проблеми како дијабетесот, високиот холестерол и високиот крвен притисок.rn

    Дали да се префрлите на метаболичен тренинг?

    rnВо истражувањето на д-р Табата, оние учесници кои вежбале по 4 минути интензивен тренинг изјавиле дека повеќе имаат желба да продолжат да ја практикуваат оваа форма на вежбање. Ова, во комбинација со истакнатите придобивки, дава одлична основа за напуштање на традиционалниот начин на вежбање и почнување со нов метаболичен начин кој ќе ве направи фит и здрави.rnrnНема потреба да набавувате специјална опрема, но на пример следниот пак кога ќе појдете во теретана, изберете вежби што ќе ги направите во Табата-циклус. Набрзо ќе почнете да уживате во придобивките. Со гаранција!rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Сите сме свесни дека возењето велосипед е одличен метод за слабеење и одржување на телото, но најновите истражувања докажале уште еден бенефит од овој вид вежбање. Имено, се докажало дека не се важни само поминатите километри, туку и интензитетот со кој возите.rnrnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnИстражувањето е направено на велосипедисти од Данска, а покажало дека мажите кои возат брзо и со јак интензитет живеат 5,3 години подолго, додека пак мажите кои возат со нормална брзина живеат за скоро 3 години подолго од оние кои возат бавно. За женските велосипедисти истражувањата покажале дека оние кои возат брзо живеат скоро 4 години подолго од оние кои возат бавно, а оние кои возат нормално 2,2 години повеќе од нив.rnrnОва истражување го спровел професорот Питер Шнор од Европскиот совет за кардиологија, кој го споредувал здравјето на велосипедистите со нивните резултати од возењето. Велосипедизмот се покажал како спорт кој ја намалува смртната стапка во целина, најизразено намалувајќи ги коронарните срцеви заболувања. Според најновите препораки, најмалку 30 минути физичка активност секој ден, го намалува ризикот од срцеви проблеми. Брзите велосипедисти кои поминуваат не повеќе од еден час на ден на својот велосипед, имаат најголеми шанси да избегнат какви било смртни заболувања.rn
    rn

    „Овие истражувања покажуваат дека секојдневната физичка активност треба да е енергична, зависно од индивидуалната перцепција колкав интензитет е доволен. – вели професорот“

    rnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnДобиените резултати биле презентирани на конгресот на Европската заедница за кардиологија одржан во Париз, а во истражувањето биле земени предвид и други фактори за велосипедистите, како што е пушачката навика, телесната тежина, консумирањето алкохол и медикаменти и крвниот притисок. Најдраматично сознание било намалувањето за 82% на ризикот за срцев удар кај двата пола, доколку секојдневно возат барем 30 минути со брзо темпо. Ризикот за смртни заболувања бил намален за повеќе од 50% за брзите велосипедисти кои возат од 30 до 60 минути дневно, додека оние кои возат со нормална брзина ризикот го намалуваат за 33%.rnrnСпоред Шнор невозможно е да определите колку време е потребно за да се помине одреден пат, кој ќе треба да се извози со брзо темпо.rn
    rn

    „Ние не очекуваме 80-годишен човек да вози како 20-годишен. Важно е вие самите да си го процените максималниот интензитет, кој малку ќе ве остава без здив.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.