Урбанизмот и природата не одат заедно, барем не додека не се појават некои интелигентни и супер креативни графити уметници кои овие две нешта можат да ги спојат онаму каде што никој друг не може да го стори тоа.rnrn
rnrn
Tag: интелигентно
-

Улична уметност која ги спојува урбаното и природата
-

Мудри цитати од Елен Деџенерис
Комедијантката Елен Деџенерис е мудра и забавна жена, која честопати ги споделува нејзините размислувања со светот, а тие потврдуваат колку е таа неверојатно инспиративна личност. Има уникатен поглед кон животот на кој треба да се огледаат многу луѓе. Без разлика што и да се случува во вашиот живот во моментов, цитативе од Елен ќе ве инспирираат да постанете подобра личност и да го живеете животот на најдобриот можен начин.rnrn
rnrn rn„Повеќето комедии се базирани на исмевање на туѓа сметка. Јас мислам дека тоа е форма на насилство во голема мера. Затоа, јас сакам да бидам пример за тоа дека можеш да бидеш и смешен и љубезен и да ги засмеваш луѓето, без да повредиш нечии чувства.“
rn
„Доколку ги уништуваме нашите дрвја и ја уништуваме нашата околина и ги повредуваме животните и се повредуваме меѓусебно, тогаш мора да постои некоја многу моќна енергија која се бори против тоа. Мислам дека ни е потребно повеќе љубов во светов. Потребно ни е повеќе љубезност, повеќе сочувство, повеќе радост, повеќе смеа. Јас дефинитивно сакам да придонесам за тоа.“
rn
„Едноставно, приближете му се некому на улица и кажете му ‘ти си шуга’ и избегајте.“
rn
„Понекогаш не можеш да се погледнеш себеси убаво, додека не се видиш низ очите на другите.“
rn
„Научив да бидам сочувствителна како резултат на тоа што сум била дискриминирана. Сето лошо што ми се има случено во животот, ме научи на сочувство.“
rn
„Токму предизвиците и пречките ни даваат длабочина и нè прават интересни. Дали се забавни додека се случуваат? Не. Но тие се она што нè прави уникатни. И ова го знам со сигурност… така мислам.“
rn
“Додека работев како стенд ап комичар, мислев дека сум сигурна дека успех е да им се допаѓам на сите. Така станав личноста која мислев дека луѓето сакаат да бидам. Велев да кога сакав да кажам не, па дури облеков и неколку фустани.“
rn
„Многу луѓе преферираат да живеат во драма, бидејќи така им е удобно. Така на пример некои луѓе остануваат во лош брак или лоша љубовна врска. Во суштина, полесно им е да останат, бидејќи знаат што да очекуваат секој ден, наместо да почнат вистински да живеат и да не знаат што да очекуваат.“
rn
„Одолговлекувањето не е проблемот, туку решението. Затоа, одолговлекувајте сега, не одложувајте.“
rn
„Единствената работа којашто ме плаши повеќе од вонземјаните, е помислата дека тие воопшто не ни постојат. Не може ние да сме најдобрата креација којашто постои. Се молам да не сме сè што постои. Доколку е така, во голема неволја сме.“
rn
„Имам навистина ужасно памтење и кој и да ми се приближи ми вика ‘Не можам да верувам дека не се сеќаваш на мене!’, а јас си викам ‘Ох тато, извини!’“
rn
„Јас вака гледам на работите… Ако ти се потребни двете раце за нешто што го правиш, тогаш најверојатно и твојот мозок треба да биде фокусиран на тоа.“ (коментар во врска со возењето и мобилните телефони)
rn
„Стварно, така ме нарече? Елен ДеГенерикот? Тоа го слушам уште од четврто одделение. Во тој случај, среќна сум што сум му дала занимација.“
rn
„Добриот видовит човек би го кренал телефонот пред да заѕвони. Секако, постои можност да нема никој на другата страна. Еднаш таа ми рече ‘На здравје’ и јас и реков ‘Не кивнав’. Ме погледна длабоко во очи и ми рече ‘Ќе кивнеш, некогаш. И по ѓаволите, таа имаше право. Два дена подоцна јас кивнав.“
rn
„Јас сум кума (анг. godmother). Тоа е одлична работа да бидеш – кума. Таа нагалено ме нарекува господ (анг. god). Тоа е толку слатко. Јас ја научив на тоа.“
rn
„На почетокот немало ништо. Господ рекол ‘Нека има светлина!’ и имало светлина. Сè уште немало ништо, но можело да се види многу подобро.“
rn
„Мојата баба почна да шета по 8 километри дневно кога имаше 60 години. Таа сега има 97 и немаме поим каде по ѓаволите се наоѓа.“
rn
„Животот е краток. Доколку не ми верувате мене, прашајте пеперутка. Нивниот просечен животен век е од 5 до 14 дена.“
rn
„Доколку сакате да ја тестирате козметиката, зошто тоа го правите на сиротите животни кои не направиле ништо лошо? Треба да се тестира на затвореници кои се осудени за убиство или за силување. Така, наместо да шприцаат парфем во очите на зајачето за да видат дали предизвикува иритации, треба да прснат во очите на психопатот Чарлс Менсон и да го прашаат дали тоа болело.“
rn
„Немојте да давате совет. Ќе ви се врати назад еден ден и ќе ве касне во задникот. Не прифаќајте ничиј совет. Мојот совет до вас е да бидете искрени кон себе и сè друго ќе биде во ред.“
rn
За да не го уништиме ефектот на овој цитат од Елен за лошите претпоставки кои ние луѓето честопати ги правиме, го оставаме оригинално, на англиски јазик: “You should never assume. You know what happens when you assume. You make an ass out of you and me because that’s how it’s spelled”.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн
Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.rnrnПрочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.rnrn
rn„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“
rnЛуѓето не се раѓаат талентирани. Љубопитноста е она што постојано не бутка напорно да работиме во некоја насока во животот. Тоа значи дека следењето на љубопитноста е тајната на човековиот успех.rn
„Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“
rnСо упорност желката успеала да го победи зајакот. Дали сте доволно трпеливи и истрајни по патот кој ќе ве одведе до посакуваната дестинација? Се вели дека целата вредност на поштенската марка се состои во нејзината способност да остане залепена на нешто, додека тоа нешто не пристигне на вистинското место. Бидете како поштенската марка, завршете го патувањето кое сте го започнале.rn
„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“
rnСекој кој пробал да седи на две столчиња, завршил на подот. Секој може да постигне многу, но не сè. Научете да бидете присутни онаму каде што сте во моментот. Дадете сè од себе за да го направите како што треба, она што во моментот ве окупира. Фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува вашиот успех или неуспех.rnrn
rn„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“
rnДали секојдневно ја користите вашата имагинација? Ајнштајн рекол дека таа е многу побитна од знаењето. Вашата имагинација е генералната проба на настаните кои ќе ви се случат во иднина. Ајнштајн сакал да каже дека вистинската мерка за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност и треба постојано да работите на нејзино разработување.rn
„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“
rnАко вашето срце ви вели дека треба некако да постапите, тогаш немате причина зошто да стравувате дека тоа ќе биде погрешен чекор. Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот.rn
„Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“
rnЕдинствениот начин правилно да ја адресирате вашата иднина, е да бидете што е можно поприсутни во сегашноста. Не можете во моментов да го промените минатото ниту иднината, па затоа е од голема важност целосно да се посветите на она што се случува сега. Сегашноста е единственото време кое е важно и единственото време кое е реално.rnrn
rn„Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“
rnНе трошете си го времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако доволно вредите, ќе го привлечете успехот кон вас. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате и искористете ги на начин, кој ќе им биде од голема корист на другите луѓе. Ако сте доволно вредни, успехот сам ќе ве пронајде.rn
„Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“
rnНе можете постојано да правите една иста работа и да очекувате таа да роди различен резултат. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, морате и себеси да се промените, односно да го промените начинот на кој размислувате и постапувате.rnrn
rn„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“
rnЗнаењето произлегува од искуството. Можете да умеете да дискутирате на некоја тема, зашто имате познавање за истата, но таа дискусија ќе ви овозможи само филозофски да ја сфатите проблематиката, а за вистински да знаете за што говорите, морате да зборите од искуството. Која е лекцијата која Ајнштајн сакал да ја пренесе? Стекнете искуство! Не трошете го залудно вашето време затскривајќи се зад разни шпекулации. Излезете и направете го тоа што сакате да го направите и ќе се стекнете со бесценето знаење.rn
„Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“
rnПостојат две нешта кои треба да ги направите за да бидете успешни и задоволни од себе. Прво, научете ги правилата на играта која ја играте. Не звучи како многу возбудлива работа, но е витална за вашиот успех. Второ, морате да се посветите на играта подобро од сите други. Ако ги направите овие две работи, успехот е ваш.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























