КАФЕ ПАУЗА

Tag: инцест

  • Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубов

    Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубов

    „Хамлет“ е најдолгата Шекспирова драма и една од најмоќните трагедии некогаш напишани. Базирана врз легендата за Амлет, оваа драма е најпопуларно дело на англискиот поет и драматург Вилијам Шекспир. Кога зборуваме за „Хамлет“, мислиме на врвно достигнување во литературата. Хамлет со векови ги фасцинира публиката и читателите.rnrnЛикот на Хамлет е најпознатиот и најанализираниот лик од Шекспировите драми. Познат како екстремно разочаран и меланхоличен, Хамлет е полн со омраза кон неговиот чичко Клавдиј. На ваквата негова состојба влијаат многу емоционални фактори, како смртта на неговиот татко и бракот кој неговата мајка го склопува со Клавдиј. Хамлет станува опседнат со идејата за смрт и одмазда, но неговата меланхолична состојба придонесува тој постојано да одложува преземање акција. Неговото познато „да се биде или не“, е само дел од неговите меланхолични говори, во кој е опседнат со идејата за самоубиство. Иако сака да му стави крај на своето страдање, тој нема да посегне по својот живот, плашејќи се дека доколку го направи тоа, ќе биде проколнат на вечно страдање во пеколот.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовОвој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши балансот на телесните течности во човековото тело, тоа ќе резултира со болест од емоционална природа. Во тој период и други писатели се осврнале кон креирање меланхолични ликови, како Џон Вебстер во драмата „Војвотката од Малфи“.rnrnЕдна од познатите теории за ликот на Хамлет, е дека тој имал Едипов комплекс, односно дека кон својата мајка не чувствувал само љубов и почит, туку и сексуална желба. Многу постапки на овој лик нè тераат да веруваме дека Хамлет чувствува сексуална привлечност кон мајка си, и ја гледа повеќе како жена отколку како своја мајка. Некои литературни критичари го објаснуваат ова тврдење, изнесувајќи аргументи дека Хамлетовата опседнатост со смртта на Клавдиј, не е само поради одмазда на смртта на стариот крал Хамлет, туку и поради спасување на кралицата Гертруда од тој срамен брак.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовХамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.Меланхоличниот лик на Хамлет – убиство, одмазда, трагична љубовЈасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn

    rnСте ја прочитале ли трагедијата за Хамлет? Како вие го разбирате ликот на Хамлет?rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните секс-соништа и нивното значење

    Најчудните секс-соништа и нивното значење

    Сексуалните соништа, особено оние кои вклучуваат интимни активности со личност со која никогаш, ама баш никогаш не би имале односи, знаат да бидат прилично вознемирувачки, меѓутоа од нив морате да ја извлечете подлабоката порака. Ваквите сонови многу ретко имаат некаква поврзаност со сексот, туку причината која стои зад нив е воглавно ваша потреба од обединување, спојување на различните, спротивставени делови од самите себе.rnrnНајчудните секс-соништа и нивното значењеrn

    Секс со бившиот/та

    rnНе, ваквиот сон не значи дека сакате повторно да бидете со таа личност. Доколку имате сексуален однос со личност со која во минатото сте биле во врска, тоа најверојатно значи дека сѐ уште размислувате околу некои неразјаснети чувства. Доколку сте со нова личност, таквиот сон може да биде знак за некои ваши стравови во однос на врската или пак повторно преживување на чувствата кои сте ги имале за бившиот/та. Обрнете внимание на природата на сексуалното искуство и како сте се чувствувале додека сте го правеле тоа во сонот, за да увидите какви емоции имате спрема бившиот партнер. Доколку не сте во нова врска, можеби вие и бившиот партнер имате некоја незавршена работа, која ви го поматува умот.rn

    Инцестуозен секс

    rnИнцестуозните сексуални соништа најмногу вознемируваат и многу е тешко да се ослободите од нив после будењето. Сонувањето дека имате секс со некој член од вашето семејство може да значи неколку работи: сексот со родител може да е поврзано со тоа дека станувате возрасна, зрела личност или дека и самите ќе станете родители. Сексот со кој било член на семејството, може да означува ваша потреба да бидете прифатени, некое длабоко опростување, копнеж за блискост или решавање на недоразбирање.rn

    Хомосексуален сон

    rnДоколку во јавето не сте хомосексуално ориентирани, а сонувате дека имате секс со личност од истиот пол, станува збор за вашата самодоверба. Во зависност од тоа како сонот ќе заврши, воглавно станува збор за ваша желба да ги прифатите оние делови од вашето тело или карактеристики кои не си ги сакате. Доколку сонувате хомосексуален сон со некој ваш пријател, тоа може да симболизира некои несогласувања помеѓу вас, несигурност околу самото тоа пријателство или околу некој талент кој таа личност го поседува, а вие посакувате да го имавте. Така што доколку ова ви се случило, не грижете се, не значи дека сакате да спиете со вашиот најдобар пријател/ка.rn

    Секс со позната личност

    rnИако можеби повеќето жени навистина би сакале да спијат со Дејвид Бекам, а мажите со Анџелина Џоли, ваквиот чин во сонот има сосема поинакво значење. Можеби сакате да добиете повеќе внимание, да стекнете слава, богатство, признание или да го зајакнете статусот во вашето друштво.rn

    Секс со странец

    rnПсихологот Карл Јанг има развиено теорија дека секој маж и секоја жена имаат својот анимус. Анимус ја претставува машката енергија на жените, а анима е женската енергија која ја имаат мажите. Сонувањето секс со странец од спротивниот пол, има некаква врска со вашиот анимус/анима. Станува збор за рамнотежа, за спојување на машкиот и женскиот аспект од вас. Доколку сексот со странецот во сонот не е трауматичен, може да биде знак на личен раст и развој.rn

    Силување

    rnОвие сонови се прилично вообичаени. Силувањето значи повредување, наметнување и закана за вашето битие и самодоверба. Можеби во јавето некој ви ја погазува гордоста и ве присилува на работи кои под нормални околности не би ги прифатиле. Од друга страна, може и да значи дека сте принудени да работите работа спрема која чувствувате силна аверзија. Друго значење на овој сон, е дека сте во врска со личност која не ви покажува доволно почит.rn

    Изневерувачки секс

    rnДоколку сонувате дека го изневерувате вашиот партнер, нема потреба да паничите. Станува збор за некои тешкотии и несигурности кои е сосема природно да се појават во секоја врска. Ако во сонот вие сте личноста којашто изневерува, веројатно се чувствувате виновни во врска со нешто. Доколку во сонот гледате дека вие сте изневерени, тоа е знак дека се чувствувате премногу несигурно.rn

    Секс со пријател/ка на партнерот

    rnДоколку сте сонувале ваков сон, сигурно кога сте се разбудиле сте се чувствувале многу виновно. Немојте да бидете премногу самокритични, бидејќи ваквиот сон најверојатно значи само дека ве привлекува некоја особина којашто ја има оваа личност и сакате да ја имате и вие, или сакате да ја пронајдете во вашиот партнер.rn

    Чудни гениталии

    rnЧетири дојки, два пениса, пенис и вагина заедно, опашка која ви расте од задникот. Што се случува? Доколку во сонот нешто чудно се случува со вашите гениталии, тоа има некаква врска со вашата сексуалност или креативност. Во зависност од деформацијата, вие можеби ја испитувате вашата сексуалност или сексуалната желба. Запрашајте се дали чувствувате вина или срам поради вашиот сексуален живот или го немате во доволни количества? Можеби созревате, растете и се менувате како личност. Доколку сте жена која сонува дека има машки гениталии или пак сте маж кој сонува дека има женски гениталии, можеби станува збор за развој на вашиот анимус или анима. Доколку пак сонувате дека имате и машки и женски полови органи, тоа може да е знак на хармонија помеѓу машката и женската страна од вашиот карактер.rn

    Секс во тројка

    rnДоколку сонувате дека имате секс во тројка, тоа не значи дека вие имате „валкани“ мисли, туку дека чувствувате потреба од поголема поддршка или дека нешто ви недостасува во животот. Доколку во тројката доминираат жени, тоа значи дека имате недостаток од некаков емоционален елемент во вашиот живот. Доколку во сексот доминираат мажи, тоа значи дека имате потреба од физичко внимание. Во секој случај, ваквиот сон може да е знак дека треба да побарате поголема поддршка од вашето семејство или од пријателите.

  • Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Логиката по која се толкуваат соништата е исто толку чудна колку и самите тие. Доколку некогаш сте сонувале некој од овие сексуални соништа, тогаш сами проценете дали толкувачите имале право при нивното толкување.rnrnЧудни сексуални соништа и нивното значењеrnrn1. Доминација во сексот – сакате да се поврзете со бога или да се издигнете спиритуалноrnrn2. Некој се соблекува гол пред вас – сочувствувате со таа личност. Всушност сакате подобро да ја запознаете и разберете таа личност и сакате да ви биде пријатно со неа.rnrn3. Кастрација – ви фали креативност.rnrn4. Оргија – премногу сте оптоварени. Расчистете го вашиот календар.rnrn5. Ерекција – се чувствувате моќни и енергични. Искористете го тоа чувство и започнете некој нов проект.rnrn6. Носите појас на невиност – премногу сте заштитнички настроени. Опуштете се малку…rnrn7. Презервативи – има неколку можни варијанти:rn

      rn011

    • запакуван – треба да почнете да ги оставате луѓето да си го искажат сопственото мислење
    • rn011

    • (за жени) машко носи кондом – се чувствувате емотивно заштитени
    • rn011

    • отворен – сексуално сте фрустрирани
    • rn

    rn8. Инцест – не значи дека ве привлекува некој член од фамилијата, туку дека му простувате за некоја кавгаrnrn9. Мастурбација – себични стеrnrnrn10. Имате односи со личност од истиот пол – не значи дека сте геј, туку дека се прифаќате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Срам (Shame)

    Срам (Shame)

    Филм за зависноста од секс, за неприродните односи, за срамот кој ти го обликува живототrnrnrnСрам (Shame) Режија: Стив МекквинrnrnУлоги: Мајкл Фесбендер, Кери МулиганrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 септември 2011rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnИако најчесто филмовите се конструирани така што кристално јасно ни се објаснува приказната, повремено налетуваме на парче кое ù остава еден дел на нашата имагинација. Не до толку големо за комплетно да се исфрустрираме и да се загубиме во спојувањето на коцките, туку ни го дава целото јаболко, а едноставно фали семката. Е, тука на ред е гледачот кој треба уште малку да ја надополни сторијата за да премине преку финиш-линија. Таков е „Срам“ на Стив Мекквин, кој беше прикажан минатиот петок во киното „Фросина“ во Скопје во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“. rnrnЦелото дејство се врти околу еден неискажан момент, причината за срамот и за тоа зошто еден брат и сестра се такви какви што се, психички оштетени личности. Режисерот Мекквин секако дава насоки за можното решение, но не ти го нуди на чинија. Така што, на тебе ти останува да го одговориш последното прашање.rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Брендон (Мајкл Фесбендер) живее сам во Њујорк и покрај тоа што однадвор изгледа сосема прибрано, тој е секс-зависник. Неговиот живот е исполнет со завршување на секојдневните обврски и мастурбирање пред компјутер, под туш, во тоалетот на работа како и постојани контакти со проститутки, стриптизети, секс-контакти на интернет и што ли уште не.rnrnНеговите пријателски контакти се сосема ограничени и иако додека е во локалниот бар изгледа како кој било човек, неговиот поглед на моменти прави да те полазат морници. Комплетно болното, осаменичко секојдневие на Брендон го нарушува неговата сестра Сиси (Кери Мулиган) која нема каде да престојува, па доаѓа во неговиот стан.Срам (Shame) Тие се целосно различни луѓе. Брендон е ладен и недостапен, додека Сиси трага по нежност и таму каде што треба и каде што не треба. Сепак, она што боде очи во нивниот однос не е тоа, туку неприродноста. Отпрво потребно ти е време да сфатиш дека тие се роднински поврзани, а не пар со некакво љубовно минато, сегашност или иднина.rnrnАко јас треба да ја надополнам приказната би рекла дека токму тоа е стегата меѓу нив, сизифовиот камен кој при секој, дури и минимален обид да го подобрат својот однос, повторно ги враќа назад. Дури и би се осудила да кажам дека имало некоја инцестуозна епизода која придонела Сиси да има самоубиствени моменти, а Брендон постојано да се врти кон бесмислениот секс наместо да си дозволи блискост со некого. Но дали е така?Срам (Shame) Глума: Фесбендер и Мулиган се целосно убедливи играјќи ги Брендон и Сиси. Секој од нив е на свој начин одличен во својата улога. Сепак, можеби и еден од негативните аспекти на главниот машки лик во „Срам“ е преголемата сличност со оној на Кристијан Бејл во „Американски психо“. Ако ги тргнеме убиствата настрана, Патрик во многу аспекти потсетува на Брендон.Срам (Shame)Музика: Музиката има голем удел во приказната во „Срам“, како и во комплетната атмосфера. Од класика до диско на која ти доаѓа да цупкаш. Сепак, иако е доволно нагласена за да ја забележиш, не пречи воопшто во филмскиот тек. Но, и поради доминантно присуство на музиката, „Срам“ по малку наликува на „Американски психо“.rnrnШто се однесува до кинематографијата, во најголем дел се судруваме со ладниот и суров Њујорк.Срам (Shame) Кога и како да го гледате: Вистинското прашање е: „Дали ќе успеете наскоро да го гледате „Срам“? Филмот сè уште има фестивалски премиери, па така дојде и во Скопје. А, публиката во кино „Фросина“ беше предупредена да не се обидува да направи пиратска снимка, што значи не може да се најде ниту за симнување.rnrnТака што се надевам дека наскоро ќе се најде или на интернет или уште подобро во кино салите во земјава, па ќе можете да го погледнете. Инаку ова е возрасен филм и треба да се проследи навечер. Пожелно е да не го гледаат лица под 18 години зашто секс и голи сцени има во изобилство.Срам (Shame)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Песјак (Dogtooth)

    Песјак (Dogtooth)

    Филм за изолацијата и за извртениот поглед кон светот, за тоа што се случува кога твоите родители поради сопствени психози, од тебе ќе направат лабораториско глувче, а од твојот живот експеримент кој тргнал на лошоrnrnПесјак (Dogtooth)Режија: Јоргос ЛантимосrnrnИграат: Христос Пасалис, Агелика Папулија, Мари ЦониrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: грчкиrnrnПремиера: 11 ноември 2009rnrnЖанр: драмаrnrnНагради: номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивалrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnИсликај во главата модерна морбидна приказна. Толку надвор од реалноста што ти ја смрзнува крвта во вените, но сепак толку блиска што може да се случува на некој километар од тебе. Од оние за кои читаш во црна хроника и кои ги коментираш со одвратност. Приказни со инцест, со луѓе (најчесто деца) уништени од своите родители или најблиски, од оние „а ла Јозеф Фрицл“ приказни од кои ти се повраќа. Е тоа е „Песјак“. Толку далеку од чоколадно бонбонче, засладено и нежно, а сепак нешто не те остава да не го „голтнеш“ до крај. Добро, некој можеби ќе го поврати, на некој ќе му биде сеедно, друг пак ќе го чувствува лошиот вкус уште долго време, но… секој од нас гледа со различни нерви и ниво на толеранција.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Две сестри и брат се тргнати од целиот свет и затворени на имот надвор од градот под константна контрола од своите родители. Така било отсекогаш. Овие „деца“ (во реалноста се нешто постари тинејџери) се социјално ретардирани личности кои кога не можат да спијат влегуваат во креветот на мама и тато, кои послушно стојат зад ѕидините на својот двор, па не се ни обидуваат да побегнат. Зошто? Затоа што мама и тато ја кажуваат вистината и надвор е злото, а тука се сигурни. „Децата“ зборуваат на јазик прочистен од термини кои се сметаат за валкани како зомби или пак ку*ва. Дури родителите им креираат и јазик сосема надвор од реалноста, така што за нив море значи столче, а автопат е силен ветер.Песјак (Dogtooth)Целата оваа морбидна семејна идила ја нарушува Кристина, чуварка во фирмата каде што работи таткото. Тој повремено ја носи девојката во куќата со цел да има секс со синот, за да го прочисти од неговите машки нагони. Но, сето тоа се менува кога Кристина решава сексуално да си поигра со една од ќерките. Тука ланците почнуваат да се кинат. „Песјак” е снимен за да биде извртена рефлексија во огледалото на сето она што на овој свет е сметано за нормално. Она што те тера да повратиш во овој филм е направено без помпа, додека најприродната работа како водењето љубов помеѓу маж и жена, во „Песјак” е морничава.rnrnЕдна од главните причини за горчливиот вкус по филмот е и феноменалното портретирање на инфантилните сестри. Агелика Папулија ја игра постарата сестра кај која веќе почнува по малку да се појавува бунт којшто е повеќе пасивен, но во таа мирна и болна атмосфера секако е забележлив. Таа повеќе се бунтува против себеси отколку кон оние вистински виновници и сé уште немо ги прифаќа шлаканиците. Но, до кога? Покрај неа е Мари Цони, помладата сестра, која пак е дете заробено во тело на возрасен човек, таа го бара тато кога и е потребен и послушно ги исполнува сите наредби. Песјак (Dogtooth)Кинематографија: Атмосферата во „Песјак” е како во психијатриска клиника – светла, бела, но се чини како секој гледач на очите да има тенка глазура предизвикана од некој силен седатив. Во голем број од сцените, трите „деца“ се во бела облека како и ментално болните пациенти. Најголем дел од филмот се одвива зад ѕидовите на нивниот двор, односно во нивното морбидно мало семејно јадро. Сепак, доминантна страна на „Песјак” воопшто не се кадрите, иако одлично се вклопени, и тоа нема да ви остави толкав впечаток откако ќе го видите она што се случува пред камерата.Песјак (Dogtooth)Кога и како да го гледате: Секако овој филм пожелно е да го гледаат лица над 18 години. Покрај сé кажано, самите проценете дали вие сте погодна публика за овој филм. Бидете подготвени дека нема секогаш да биде пријатно. Запаметете – сепак ова е извртената страна на реалноста. За останатото одлучете по слободен избор. И без тоа, не знам дали ќе ви текне да пробате од пуканките и кока-колата.Песјак (Dogtooth)rnrn