Дали сте импулсивни по природа? Дали честопати кажувате нешто без размислување, а потоа се каете?rnrn
rnrnИмпулсивноста, тенденцијата да се делува на непосредни импулси и желби без да се размисли за потенцијалните последици, е основен аспект на човековото однесување. Без разлика дали се работи за спонтано купување, импулсивна одлука или ненадеен емоционален излив, луѓето покажуваат различни степени на импулсивност во секојдневниот живот.rnrnПодготвени сте да откриете колку сте импулсивни? Тогаш направете го овој тест! Доволно е да ја погледнете сликата и да одговорите на прашањето што прво ви паднало во очи.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Свеќа” active=”false”]rnrnАко сте виделе свеќа, тогаш сте импулсивна личност. Да се биде импулсивен човек значи да се биде и возбудлив и опасен во исто време. Додека спонтаноста може да донесе возбуда за живот, прекумерната импулсивност може да доведе до непромислено однесување што ја става во опасност вашата благосостојба.rnЕдна од најочигледните последици на импулсивноста се непромислените одлуки за купување. Често се каете што спонтано трошите на работи што навистина не ви се потребни. Овие избрзани купувања може да доведат до недостиг на готовина и да станат пречка за вашите долгорочни финансиски цели.rnrnПокрај тоа, вашата импулсивна природа може да ве турне во авантури, а тоа да доведе до опасни ситуации. Во вашиот личен живот, импулсивноста често води до напнатост во врската. Импулсивните одлуки во врската можат да доведат до конфликт, недоверба и емоционални превирања.rnrnЧесто постапувате пред да размислите. Ваквото однесување може да има контраефект затоа што понекогаш зборовите „излегуваат од вашата уста“ побрзо од вашите мисли и на крајот ги повредувате луѓето за кои се грижите. Секако, важно е да се биде отворен и искрен во секојдневниот живот. Но, тоа не значи дека треба да кажете сè без да размислувате за вашите зборови. Затоа, научете да ја контролирате вашата импулсивност, а токму оваа контрола ќе има најголемо влијание и може да доведе до промени во иднина.rnrnНема сомнеж дека на почетокот ќе имате некои тешкотии. Сепак, со голема упорност, можете да ја постигнете вашата цел. Обидете се да размислите за ситуациите низ кои поминувате и, пред сè, сфатете дека секој гест и збор има последици.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лице” active=”false”]rnrnАко вашиот избор падна на лицето вие не сте многу импулсивна личност. Вие сте од оние луѓе кои одвојуваат време да размислат пред да кажат или направат нешто. Кога животот ќе излезе од контрола, а околностите ве вознемируваат, останувате максимално смирени. Знаете како да ги контролирате своите емоции и не дозволувате тие да ве совладаат. Кога ќе наидете на некакво вознемирувачко искуство, правите длабока анализа заснована на факти и барате начини да го решите проблемот. Ако другите претпочитаат да се жалат, вие сте попрагматични.rnrnИмате емоции. Како и сите други, понекогаш се лутите, вознемирувате или тагувате. Но, знаете како да се справите со тие поплаки. Секако, има ситуации кога веќе немате сила, па „експлодирате“ од емоциите и мислите кои ве обземаат. Но, тоа се случува многу ретко, бидејќи сте стекнале способност да останете смирени. Тоа е затоа што се обидувате да останете непристрасни. Се познавате себеси подобро од кој било, затоа ако некој се обиде да ве навреди, тоа нема да влијае на вас, бидејќи знаете колку вредите.rnrnДругите бараат помош од вас кога ќе се појават тешки прашања. Знаат дека сте способни дипломатски да ја анализирате ситуацијата. Продолжете да дејствувате во овој правец!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете колку сте емотивни.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Tag: импулсивност
-

Колку сте импулсивни? Дознајте со помош на овој тест!
-

Која е темната страна на вашиот хороскопски знак? Еве на што треба да внимавате во 2022 година
Секој од нас има своја темна страна која иако се обидуваме да ја скриеме, сепак одвреме-навреме излегува на површина. Тоа може лошо да се одрази врз нас самите како и врз луѓето во нашето непосредно опкружување. Во продолжение прочитајте ја темната страна за секој од хороскопските знаци и како во 2022 година може да ги потиснете импулсите и да бидете подобри кон себе и кон другите.rnrn
rnОвен
rnСо вас управува силен, натпреварувачки дух. Сакате секогаш да бидете први, дури и ако тоа значи дека треба да направите погрешна работа. Од друга страна, ако некој не ви обраќа внимание, вие тоа го сметате како лична навреда и почнувате да ја мразите личноста поради тоа. Во 2022 година обидете се да научите како да работите во тим.rn
Бик
rnПретставниците на овој знак важат за најголеми материјалисти, но и големи перфекционисти. Жените родени во овој знак поминуваат многу време пред огледало и сметаат дека е сосема нормално да трошат огромна сума пари на облека и козметика. Наш совет би бил да се фокусирате на заштеда и помалку трошење.rn
Близнаци
rnЧестопати знаете да ги критикувате другите и не сфаќате дека понекогаш вашите груби коментари можат да повредат некого. Ако сакате да бидете во блиски односи со семејството и пријателите во 2022 година, бидете повоздржани и потолерантни.rn
Рак
rnЗа вас е општопознато дека на работите гледате негативно и песимистички. Покрај тоа, вие сте и многу чувствителни – дури и најмалиот проблем може да ве извади од рамнотежа. Ако сакате мирна 2022 година, обидете се да го погледнете светот од поинаков агол. Знаете дека секогаш можете да сметате на пријателите.rn
Лав
rnВие сте шармантни и грижливи по природа, но честопати љубовта ја насочувате кон себе. Желни сте за внимание и ќе дадете сè од себе за да се истакнете. Верувате дека светот се врти околу вас. Во 2022 година треба да им посветите повеќе внимание на оние што ги сакате и да им помогнете, доколку е потребно.rn
Девица
rnОчекувате другите да го прават она што вие го сакате, а ако тоа не се случи, веднаш се лутите. Доколку туѓото мислење не се совпаѓа со вашето, тогаш го сметате за погрешно. Покажувате самодоверба која се граничи со ароганција, иако внатре во себе и не сте толку самоуверени. Доколку не почнете да ги земате предвид мислењата на другите луѓе и не ја прифатите помошта од пријателите, тогаш сами ќе ги решавате сопствените проблеми.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

6 непристојни хороскопски знаци: Што на ум, тоа на друм, без пардон
Дали учтивоста е застарена особина што не оди заедно со одликите на овој модерен свет во кој живееме, па претерано пристојните луѓе делуваат неискрено и како „актери“? Проверете кои знаци, сепак, ништо не ги допира и отворено го кажуваат тоа што го мислат.rnrn
rn1. Јарец
rnЈарецот не е непристоен, туку амбициозен, насочен и фокусиран, Тој честопати е толку зафатен со својата работа и кариера што дури не ни размислуваат за пристојност. Недостигот на време е вистинската причина поради која Јарецот нема да ви ја задржи вратата при поминување или да ви испрати долга и емотивна порака, но знајте дека неговите намери се добри и дека тој е секогаш до вас кога ви треба помош.rn
2. Овен
rnОвните се премногу нетрпеливи и импулсивни за да бидат љубезни. Честопати, тие кажуваат нешто пред дури и да размислат за тоа. Тие не можат да се воздржат затоа што немаат доволно самоконтрола – што е главната причина зошто делуваат невнимателно или дури и грубо. Исто како и Јарецот, Овенот има „многу работа“ и не може да почека некој да одлучи што му треба – затоа сака да соработува со луѓе кои делуваат, а не кои мислат затоа што мислителите тој дури и не ги разбира.rn
3. Водолија
rnВодолијата понекогаш може да делува како замислена и далечна, а ако може да избере, повеќе би сакала да не учествува во туѓи драми и проблеми. Овој знак може да биде исклучително непредвидлив и ако не сака да се заморува со нешто може тоа да покаже на малку груб начин. Водолиите постојано размислуваат како да решат некои проблеми, така што им се случува едноставно да немаат енергија за да водат сметка дали се „доволно пристојни“ во одредена ситуација.rn
4. Лав
rnНа Лавовите им се случуваат многу нешта во животот, па тој треба да избере со што да се занимава и кои се неговите приоритети – а учтивоста не е на врвот од тој список. Поради премногу обврски, Лавовите не можат да си дозволат да трошат време, па затоа треба да ја „дозираат“ енергија и да вложат онолку колку што е потребно – затоа што ако се посветат на повеќе од едно поле, тие нема да постигнат ништо.rn
5. Девица
rnДевиците не размислуваат премногу за учтивост и убаво однесување, а по природа се директни, па понекогаш тоа се толкува како непристојност. Тие не сакаат да повредат никого, но може да се „уловат“ во нивните празни ветувања, така што дури може и да не знаат што ветиле. Понекогаш заради нивниот перфекционизам, тие сакаат да направат сè што треба и тоа што е можно поскоро, а тоа може да делува како да не им посветуваат доволно време на другите. Меѓутоа, ако им пристапите пристојно, Девиците ќе дадат сè од себе за да го поправат впечатокот.rnrnМожеби сакате да прочитате и како хороскопските знаци се уништуваат себеси, а не се ни свесни за тоа.
-

10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак
Овенот е еден од најимпулсивните и најтврдоглавите хороскопски знаци. Бестрашни, спонтани и енергични, на оние личности кои се родени во овој знак ништо не може да им застане на патот. Токму поради таа нивна импулсивност и по малку див карактер, многумина имаат потешкотии да ги разберат. Затоа, во продолжение прочитајте ги 10-те вистини за Овенот кои ќе ви помогнат полесно да ја сфатите неговата суштина.rnrn
rnrn1. За Овенот не постои фразата „Мора прво да научите да ползите, пред да знаете како да одите“. Овенот прво дејствува, а потоа мисли. Тој нема време прво да ползи, а потоа да оди бидејќи животот поминува толку брзо, а Овенот сака да искуси сѐ. Ползењето му се чини досадно и бавно, а одењето и трчањето се за него многу подобра опција. Овенот е енергичен и брз од моментот кога ќе се разбуди.rnrn2. За Овенот да го заврши тоа што ќе го започне е монументален успех. Овните започнуваат многу работи и понекогаш не стигнуваат сите да ги завршат. Тие едноставно имаат толку многу идеи, што не можат во целост да се посветат само на една. Затоа се фокусираат на сите и чекаат да видат каде тоа ќе ги одведе, а неизвесноста дополнително ги возбудува.rnrn3. Овенот во сѐ гледа натпревар. Тие имаат силен натпреварувачки дух и победата им е многу важна. Да се биде втор за Овенот значи да се биде последен, па затоа и поразот не го прифаќаат толку добро. Тие ќе дадат сѐ од себе за да победат и да ја остварат целта.rnrn4. Овенот не знае што значи реченицата: „Немој да разговараш со непознати“. Ако некоја непозната личност го привлече вниманието на Овенот, тој веднаш ќе ѝ пријде и ќе започне разговор со неа. Тој обожава да запознава нови луѓе и на тој начин да го проширува својот видик. На Овенот му е потребен широк круг пријатели и познаници бидејќи кога повремено ќе се „засити“ од еден пријател, мора да побара друг. Тие шират познанства и пријателства со луѓе од најразлични карактери, бидејќи се сложуваат со сите.rnrn5. Овенот секогаш ќе го каже своето искрено мислење. Овенот не знае да го држи јазикот зад забите, но во тоа тој не гледа никаков проблем. Неговиот стил не е да ги заобиколува и разубавува нештата, тој искрено ќе каже како стојат работите и ако некој тоа не може да го прифати, тогаш тоа е негов проблем. Со својата искреност, Овенот не сака ниту да повреди некого, ниту да биде дрзок, но често луѓето не можат да го разберат неговиот силен карактер и остар јазик. Меѓутоа, Овенот нема да се менува поради другите луѓе, тој ќе чека во неговиот живот да дојдат личности кои ќе го прифатат онаков каков што е. И тоа е сосема во ред.rnrn6. Овенот може во моментот да го промени мислењето. Поради неговата импулсивност, Овенот често знае да го промени своето мислење во секунда. Таков е во сите аспекти на животот, па дури и во љубовта – во еден момент се чини како да се заљубува во некој/а, а веќе во друг момент му се допаѓа некој/а нов/а. Овенот смета дека животот дава толку многу шанси и штета е нешто да се пропушти.rnrn7. Овенот има огромно срце, иако тоа некои не го гледаат. Под нивната гласна и доминантна природа, во Овенот се крие едно големо срце кое лесно може да се скрши. Луѓето често мислат дека е невозможно да се повреди Овенот, но тоа е така затоа што овој горд хороскопски знак знае добро да ги сокрие своите чувства и емоции. Овните силно ги сакаат семејството и пријателите и ќе ги штитат до самиот крај.rnrn8. Овенот никогаш не одбива ново искуство. За Овенот не постојат граници, ништо не е забрането ниту претерано. Овенот ќе ја проба секоја храна, ќе патува каде и да му се даде можност, ќе разговара со што повеќе личности и ќе биде во врска со најразлични луѓе. За Овенот не постои ништо што тој не може да го направи, неговиот ум признава само дека сѐ е возможно.rnrn9. Овенот секогаш ќе делува самоуверено, дури и кога не се чувствува така. Кога се чувствува несигурно, Овенот тоа никому нема да го открие. Во секој момент ќе одржува репутација на горд, искрен и отворен знак бидејќи тоа се квалитети кои другите му ги припишуваат и на кои им се восхитуваат. Овните знаат дека самодовербата ќе ги однесе далеку во животот и секогаш се трудат да делуваат самоуверено дури и кога се исплашени и несигурни.rnrn10. Овенот е склон да се префрла од една љубовна врска во друга. И Овенот во тоа не гледа никаков проблем. Тој едноставно сака да го испита теренот пред да одлучи да остане со некој или не. Доколку ги завлекува работите, другата личност може да биде повредена. Овенот бара длабока, предана врска и своето срце нема да го даде на кој било. -

Која е разликата помеѓу емоциите и желбите?
Исто како што формалниот предмет на верувањето е вистината, така и формалниот предмет на емоциите е евалвацијата. И верувањата и емоциите се стремат да бидат оправдани според реалноста. Поконкретно, тие целат во рефлектирањето на важноста или значењето на нивниот предмет за субјектот. Желбите, од друга страна, се стремат да ја променат реалноста за таа да дојде во согласност со нив. Така, додека емоциите и верувањата се движат во насока „умот кон светот“, желбите се движат во обратен правец – „светот кон умот“. Значи, емоциите ја рефлектираат реалноста, а желбите ја пременуваат.rnrn
rnrnЕмоциите во себе често ги вклучуваат и желбите. На пример, ако сме лути на некој, тоа е така затоа што посакуваме таа личност да покаже поголема почит кон нас или ако сме исплашени од некоја смртоносна змија, тоа е така затоа што посакуваме да останеме живи. Емоциите исто така можат и да предизвикаат различни желби. На пример, да ѝ се развикаме на личноста на која ѝ сме лути или да посакаме да ја убиеме змијата користејќи ја само нашата храброст.rnrnНо, треба да се забележи дека првите желби, кои се вмешани во емоциите, се разликуваат од вторите желби кои се предизвикани од емоциите по тоа што се поапстрактни, поопшти или поскриени и посклони кон диспозициите. Иако желбите можат да бидат предизвикани од емоциите, сепак за тоа нема потреба и тие доаѓаат во многу различни форми: Желби, нагони, потреби, импулси, пориви, посакувања, копнежи.rnrnЖелбите често не можат да бидат исполнети, бидејќи понекогаш се нереални, како на пример мислата: „Камо да можеа да запрат да зборуваат“. Нагоните ги предизвикува телото. Потребите се нагони кои станале итни и потребни. Импулсите се непланирани, ненадејни желби кои се поврзуваат со некое дејство. Поривите се импулси на кои тешко можеме да одолееме, како на пример опсесивно компулсивното нарушување. Копнежот е силна и скриена желба, понекогаш непријатна или исполнета со тага, за нешто недостапно или нешто што тешко може да се достигне.rnrnТака, некои желби се чисто физиолошки или биолошки, но дури и овие, независно од тоа дали се задоволени или не, можат да предизвикаат различни чувства. Важно е да знае што се појавило прво, желбата или емоцијата, и да не се рационализираат нашите основни желби како поблагородни емоции, што многу често се случува во романтичната љубов и други слични животни ситуации. Затоа често не можат да се разликуваат. Желбите родени од емоциите и емоциите родени од желбите можат да имаат и своја приказна и не треба да се гледаат како помалку вистински или секундарни.rnrnВо овој момент, вие ги читате овие зборови бидејќи, од која и да било причина или причини, сте формирале желба да ги прочитате и тоа ве мотивирало така и да направите. И „мотивација“ и „емоција“ се зборови кои потекнуваат од латинскиот израз „movere“ што во буквален превод значи „се движи“. Луѓето кои доживеале мозочна повреда и кои немаат капацитет за емоции имаат потешкотии позитивно да одлучат и да имаат желби бидејќи тие немаат основа да изберат помеѓу две натпреварувачки опции. Затоа, филозофот Дејвид Хуме забележува дека еден човек не може да разликува „е“ од „треба да биде“, односно не може да ги разликува моралните заклучоци од голите факти и по продолжение сите морални заклучоци се засновани во емоциите. -

Астрологијата ни ги открива 3-те најагресивни хороскопски знаци
Сите хороскопски знаци имаат свои посебни карактеристики кои ја одликуваат нивната природа. Некои од нив можат да бидат посмирени, додека други немаат многу трпение и не умеат да ја контролираат својата импулсивност. Во продолжение прочитајте за 3-те хороскопски знаци на кои импулсивноста и динамичноста им се главни особини.rnrn
rnОвен
rnОвните се на врвот на оваа листа бидејќи нивниот владетел е Марс или богот на војната. Тие неретко знаат да изгубат контрола и за да се смират им е потребно повеќе време и напор. Најчесто размислуваат во таа насока која гарантира успех најпрвин за нив, а потоа за другите. Меѓутоа, иако се потешки за соработка и понекогаш не сакаат да ги признаат своите грешки, сепак Овните никогаш не се откажуваат и токму поради нивната силна огнена волја, моќ и блага ароганција се секогаш успешни во кое и да било поле на животот со кое одлучиле да се занимаваат.rn
Лав
rnНа сите ни е позната поговорката „Не го вознемирувајте лавот додека спие“. Лавовите не се толку агресивни кога не се предизвикани. Ним не им многу грижа за тоа што се случува околу нив, но затоа не сакаат кога некој ги вознемирува без причина. Доколку некој се обиде да ги симне од нивниот трон, тогаш ќе се најде во канџи од кои нема да може лесно да избега. Лавовите генерално не ги сакаат расправиите и не се мешаат во нив, но знаат да бидат многу незгодни кога некој ги провоцира и ги става нивните ставови под знак прашалник. Тие се многу вешти, способни и самоуверени и можат лесно да се ослободат од секоја пречка која ќе им застане на патот.rn
Стрелец
rnСтрелците секогаш ја погодуваат целта и ако некој се обиде да ги спречи во нивниот успех, тогаш знаат да бидат многу агресивни. Стрелците имаат високо мислење за себе и често тоа е добро оправдано. Тие се темпераментни, силни, страсни и посветени, но не умеат добро да тактизираат, па затоа понекогаш не можат да се согласат на компромисите и заедничките решенија. Но, нивната цел им е секогаш јасна и видлива и ќе направат сѐ за да ја исполнат, а ако се осмелите да ги исфрлите од ритам, тогаш целата негативна енергија ќе ја насочат кон вас.
-

Корисни информации за левата и десната страна на мозокот – која страна ја користите вие и како тоа се одразува на вас?
Постојат безброј истражувања и научни трудови за функционирањето на мозокот, но голем акцент се става на теоријата која тргнува од тврдењето дека луѓето или ја употребуваат левата, или десната хемисфера. Би се изненадиле колку тоа влијае буквално на сè – како учите нови работи, како склопувате пријателства, како го минувате вашето слободно време, која професија сте ја одбрале и сл.rnrn
rnrnВашето однесување, вашиот начин на живот и вашите интереси, лесно би можеле да се објаснат според тоа која половина на мозокот ја користите повеќе. Ајде подетално да ги анализираме оние кои ја употребуваат левата и оние кои ја употребуваат десната хемисфера, како и сите оние нешта кои влијаат на нив. Имајте на ум дека сепак ова се генерализации, кои не се секогаш 100% точни, но поголемиот дел од нив важат и сигурни сме дека ќе се пронајдете во нив.rnrnНајпрво, доколку никогаш не сте направиле тест и не знаете која половина од мозокот повеќе ја користите, кликнете тука.rnКарактеристики на двете групи:
rn
rn rn
rn rn Лева страна
rn
rn
rn Десна страна
rn
rn
rn
rn Ретко кога сонуваат будни или лутаат со мислите. Тие се постојано тука, критички настроени, добро организирани и ориентирани кон остварување на сопствените цели rn
Филозофски настроени, добри во односите со другите луѓе, неретко се непредвидливи, избувливи и водени од емоциите, и по малку неорганизирани и дезориентирани rn
rn
rn Читаат во седната положба rn
Читаат лежејќи rn
rn
rn Сакаат цврсто да ги следат своите планови и to-do листи rn
Импулсивни и спонтани, некогаш губат осет за време rn
rn
rn Чувствата не влијаат на одлуките кои ги носат rn
Се потпираат на своите чувства и емоции, како и на интуицијата rn
rn
rn Одлични се во математички пресметки и фасцинирани се од науката rn
Уметнички души, сакаат емоциите да ги искажуваат преку пишаниот збор, спортисти, и слободното време го минуваат слушајќи музика rn
rn
rn Следат правила, прописи и насоки. rn
Се потпираат на својата интуиција, сакаат сами да ги поставуваат правилата и да откриваат нови нешта rn
rn
rn Сакаат реалистички приказни rn
Сакаат да читаат фикција и мистични приказни rn
rn
rn Преферираат смирена музика rn
Можат да учат додека в позадина има музика и не им пречи ако таа е гласна rn
rn
rn Сакаат кучиња rn
Сакаат мачки rn
rn
rn
rn
rnrnПрофесорите кои се наклонети кон левата хемисфера преферираат чиста и мирна училница, сакаат да им даваат задачи на учениците и да ги поттикнат на индивидуална работа. Предаваат според лекцијата и програмата, даваат теоретски информации и отвораат дискусии.rnrn Оние кои ја користат десната хемисфера, пак, во своето предавање ставаат акцент на визуелизацијата, сакаат да користат дополнителни материјали и да ги предаваат лекциите на оригинален, свој начин. Ставаат акцент на работа во групи, и сакаат раздвижена и „жива“ училница.rnrnУчениците кои ја користат левата половина сакаат да учат сами во тивка просторија. Секогаш се потпираат на дадените инструкции, сакаат факти и точни бројки, и неретко инкорпорираат разни научни истражувања во својот труд, дури и кога тоа не е задолжително. Сакаат да ги следат правилата.rnrnЗа разлика од нив, оние кои се наклонети кон десната хемисфера, сакаат да ги создаваат правилата. На ученик кој ја користи левата хемисфера му се даваат чекорите по кои треба да се води за да стигне до целта, додека на оној кој ја користи десната, му се објаснува самата цел за тој сам да најде начин да стигне до неа.rnРазлични стилови на учење
rn
rn rn
rn rn Лева страна
rn
rn
rn Десна страна
rn
rn
rn
rn Размислуваат линеарно – нив им се потребни деловите за да ја склопат целата сложувалка. Информациите ги процесираат чекор по чекор. Тоа им помага да имаат концизен план. rn
Размислуваат холистички – ја гледаат целата слика а не деталите. Информацијата ја процесираат почнувајќи од решението односно одговорот, а не од начините да се стигне до целта. rn
rn
rn Големи реалисти, ги сакаат картите отворени на маса – работите се такви какви што ги гледаш. rn
Не бараат решенија од страна, туку тргнуваат она кое тие мислат дека е решение. Одговорите на разни животни прашања и одлуки ги наоѓаат во себе. rn
rn
rn Лесно учат симболи – паметат зборови, знаци и математички симболи. rn
Се фокусираат на конкретното – сакаат да го видат и почувствуваат она за што им се зборува. rn
rn
rn
rn
rnСовети за оние кои се наклонети кон левата страна:
rn
- rn011
- Иако имате постојана потреба да ги држите нештата под контрола, сепак корисно е да научите да работите во група. За да ви биде полесно може да се пријавите да бидете лидер на групата, или одговорен за одредена област.
- Кога веќе сакате да организирате, искористете ги вашите организациски способности. Бидете секогаш добро организирани, и барајте работа за која е потребен добар организатор. Така и вие ќе бидете исполнети и ќе чувствувате дека конците се во вашите раце.
- Потрудете се да не влегувате во расправии толку често или пак да ги поправате другите кога зборуваат. Луѓето можат да добијат мислење за вас дека сте снобови или недружељубиви. Секој си има право на мислење и избор. Некогаш е подобро да ги премолчите вашите забелешки.
- Кога треба да работите на некаков проект, одберете го оној кој од вас бара факти и точни бројки и информации. Вие не сакате зборување од памет или измислување нови правци, така што подобро е да волонтирате за проект или задача кој/а бара темелна работа и следење на инструкциите.
- Работете сами кога имате можност бидејќи гужвата лесно ве деконцентрира и иритира.
- Доколку може да одберете кај кој професор ќе слушате предавања, одбегнете ги креативците и оние кои сакаат да зборуваат слободно и општо. Тоа лесно ќе ве демотивира.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Совети за оние кои се наклонети кон десната страна:
rn
- rn011
- Запомнете дека ваш приоритет не е само да започнете одреден проект туку и да го завршите. Вие сте креативни и вашиот мозок постојано смислува нови начини и нови идеи, но кое фајде ако не одите до крај туку веднаш почнувате со новото кое ви дошло на памет?
- Искористете ја вашата јака страна – креативното пишување. Одбирајте предмети на факултет, или проекти на работа кои од вас бараат креативно изразување. Тоа ќе ве направи задоволни и вас како и вашиот професор/работодавец.
- Створете навика да правите планови. Можеби и мали, и не толку темелни, но корисно е да знаете кон каде се движите. Едноставна листа со задачи во текот на работната недела е добра промена.
- Да, за вас постојат толку можности и толку нешта кои би требало и сакате да ги направите. Но стиснете пауза, не може да добиете сè одеднаш. Доста фантазиравте, сега фатете се за конкретен проект.
- Одбегнувајте професори кои премногу се осврнуваат на теорија и кои од вас бараат прецизни факти и информации бидејќи вие сакате слободно да ги процесирате информациите. Така ќе го одбегнете чувството дека сте заглавиле во шема која воопшто не ви оди во прилог.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Тест: Каква личност сте и како другите гледаат на вас?
Направете го овој интересен и забавен тест кој го открива вашиот карактер, како и перцепцијата што другите ја имаат за вас. Земете лист и пенкало и почнуваме!rnrn
rn1. Најголем потенцијал за работа имате:
rnа) наутроrnrnб) напладне и во рана вечерrnrnв) доцна навечерrn
2. Вообичаено чекорите:
rnа) прилично брзо со големи чекориrnrnб) прилично брзо со кратки чекориrnrnв) не толку брзо, со крената главаrnrnг) не толку брзо, со спуштена главаrnrnд) многу бавноrn
3. Кога зборувате со други, вие:
rnа) стоите со скрстени рацеrnrnб) дланките ви се споениrnrnв) една или двете раце ви е/се на колковите или во џебrnrnг) ја допирате или поттурнувате личноста со која зборуватеrnrnд) го допирате увото, брадата или косатаrn
4. Кога се опуштате, вашата положба на седење е:
rnа) свиткани колена и нозете поставени една до другаrnrnб) прекрстени нозеrnrnв) исправени нозе, протегнати нанапредrnrnг) седите на едната нога која е свиткана под васrn
5. Кога гледате/слушате нешто што навистина ве забавува, вие реагирате така што:
rnа) ќе дадете голема насмевкаrnrnб) кратко ќе се насмевнетеrnrnв) тивко ќе се поднасмеетеrnrnг) ќе ги искривите усните во скромна насмевкаrn
6. Кога одите на забава или некоја слична пригода, вие:
rnа) се трудите да бидете впечатливи така што сите ќе забележат дека сте пристигналеrnrnб) тивко влегувате, барајќи познато лицеrnrnв) влегувате речиси незабележливоrn
7. Кога напорно работите и се обидувате да се концентрирате и некој ве прекинува, вие:
rnа) го прифаќате прекинувањетоrnrnб) навистина сте иритираниrnrnв) постигнувате некаков баланс меѓу горенаведените реакцииrn
8. Кои од наведените бои најмногу ви се допаѓаат?
rnа) црвена или портокаловаrnrnб) црнаrnrnв) жолта или светлосинаrnrnг) зеленаrnrnд) темносина или виолетоваrnrnѓ) белаrnrnе) кафеава или сиваrn
9. Кога ќе си легнете да спиете, во каква положба се поставувате?
rnа) испружени, легнати на грбrnrnб) испружени, легнати на стомакrnrnв) на една страна, малку скупчениrnrnг) со главата сте легнати врз едната ракаrnrnд) со главата под покривкатаrn
10. Често сонувате дека:
rnа) паѓатеrnrnб) се боритеrnrnв) барате некој/нештоrnrnг) лебдите или летатеrnrnд) обично не сонувате (не ги памтите соништата)rnrnѓ) секогаш сонувате пријатни соништаrn
Поени за секој од понудените одговори на прашањата:
rn1. а) 2 б) 4 в) 6rnrn2. а) 6 б) 4 в) 7 г)2 д) 1rnrn3. а) 4 б) 2 в) 5 г) 7 д) 6rnrn4. а) 4 б) 6 в) 2 г) 1rnrn5. а) 6 б) 4 в) 3 г) 5 д) 2rnrn6. а) 6 б) 4 в) 2rnrn7. а) 6 б) 2 в) 4rnrn8. а) 6 б) 7 в) 5 г) 4 д) 3 ѓ) 2 е) 1rnrn9. а) 7 б) 6 в) 4 г) 2 д) 1rnrn10. а) 4 б) 2 в) 3 г) 5 д) 6 ѓ) 1rnrnСоберете ги поените за да го дознаете својот резултат.rn
Над 60 поени
rnДругите ве гледаат како некој со кој треба внимателно да се однесуваат. Оставате впечаток на надмоќна личност која се фокусира само на себе. Некои може да ви се восхитуваат и да посакуваат да бидат како вас, но вистината е дека не секогаш ви веруваат и одбегнуваат да бидат длабоко инволвирани со вас.rn
51 – 60 поени
rnВе гледаат како возбудлива и импулсивна личност, која сака промени и не стои во место. Вие сте вистински лидер. Не ви претставува проблем брзо да донесете каква било одлука иако не секогаш таа одлука е правилна. Оставате впечаток на авантуристички настроена личност која би пробала што било. Сакате да преземате ризици и да се впуштате во авантури. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво поради возбудливоста со која зрачите.rn
41 – 50 поени
rnВе гледаат како енергични, шармантни, забавни, интересни и практични. Обожувате да бидете во центар на внимание, но се трудите да не бидете наметливи. Ве гледаат како љубезни, внимателни и полни со разбирање. Вие сте секогаш тука да поттикнете нечие добро расположение и да помогнете.rn
31 – 40 поени
rnОставате впечаток на чувствителна, внимателна и практична личност. Вие сте талентирани, паметни, надарени, но сепак скромни. Не склопувате лесно нови пријателства, но бескрајно сте верни и лојални кон постоечките. Оние кои го разбираат вашиот карактер знаат дека навистина е тешко да се стекне вашата доверба, но последиците се големи доколку таа доверба се изневери.rn
21 – 30 поени
rnТрудољубиви и зафатени личности. Ве гледаат како внимателни и претпазливи личности кои претерано размислуваат за сè и бавно донесуваат одлуки. Навистина би било изненадувачки доколку направите нешто импулсивно. Толку сте претпазливи што ви е тешко да се одлучите дури и за наједноставните работи во животот. Не преземате често ризици, туку играте на сигурно.rn
Под 21 поен
rnЛуѓето ве гледаат како срамежлива личност која тешко се справува во социјалните збиднувања и е доста анксиозна при комуникација. Дозволувате другите да донесуваат одлуки наместо вас. Често се грижите за проблеми кои воопшто и не постојат. Некои мислат дека сте здодевни личности, но оние кои добро ве познаваат знаат дека не сте.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што откриваат детските цртежи?
Дел од психолозите и педагозите советуваат, родителите да обрнат поголемо внимание на цртежите на нивните деца. Иако не треба да се генерализира, бидејќи секое дете е посебно, сепак, следните укажувања можеби ќе ви помогнат да откриете што се случува во моментот со вашето дете…rnrn
rn- rn011
- Жолтата, портокаловата, зелената и сината боја, децата ја користат за да прикажат среќни моменти, а кафеавата, црвената и црната за тажни.
- Децата кои користат топли бои се најчесто импулсивни, енергични и пријателски настроени кон другите. Ладните бои пак, се карактеристични за мирните и нежни деца, кои се емотивно воздржани и многу често играат сами.
- Доколку цртежот е на левата страна од листот, тоа значи дека детето е повеќе приврзано за мајката, а ако е на десната тоа е понаклонето кон таткото. Среќно и задоволно дете е она кое црта на средина на листот.
- Недостатокот на боја во цртежите може да значи проблем во социјализацијата на детето, а претераната употреба на одредени бои, може да биде индикатор за пречки и нарушувања во неговиот развој.
- Премногу црвена боја во цртежите води кон заклучок дека детето е раздразливо. Доколку пак, одбива да ја користи, тоа може да биде аларм дека детето е под стрес. Треба да се открие причината за стресот и да се создаде мирна атмосфера за одмор за детето.
- Зелената боја покажува емоционална стабилност, но ако е пренагласена може да значи несигурност. Таквите деца треба да се охрабруваат и да им се овозможи поголема слобода.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Премногу кафена боја користат децата во чии семејства се бара висока хигиена.
- Доминантната црна боја пак, е знак за депресија, страв и несигурност, кои детето не може само да ги надмине, па затоа му е потребна голема поддршка и помош од родителите.
- Тенки и испрекинати линии цртаат срамежливите и несигурни деца. Тие ги кријат своите цртежи и обично цртаат премногу мали фигури во аглите на хартијата. На овие деца им е потребно големо внимание, љубов и пофалби.
- Долгите, прави и темни линии се карактеристични за агресивните, каприциозни и самоуверени деца.
- Емоционално стабилните деца никогаш не повторуваат фигури во своите цртежи, додека пак, децата кои не можат да се прилагодат на новонастанати ситуации, ги копираат своите цртежи. Со тоа сакаат да избегнат соочување со проблеми, кои ги носи новата ситуација. Повторувањето детали и ликови може да значи и недоволна ментална зрелост на детето.
- Детето кое е емотивно приврзано за своите родители и тие му се премногу важни, нивните фигури ги црта големи и блиску до себе. Во неговите цртежи членовите на семејството се држат за раце. Посебно внимание во цртежите треба да се обрне на нозете од родителите. Доколку ги црта боси, без стапала или без нозе, тоа може да значи дека нема доверба во нив.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Астрологијата и трпеливоста
На секој од нас во одредени ситуации, поради очигледни или нејасни причини, ни се случува да го изгубиме трпението и да кажеме работи со кои ќе го навредиме нашиот соговорник. Знаеме дека кажаните зборови не можат да се повлечат назад и дека личноста на која сме и се обратиле нема брзо да ги заборави и да ни прости. Можеби сте биле во право за сè што сте кажале, но нервозното избувнување за сето она кое ви се собирало подолго време, не е паметно, ниту вистинско решение на вашиот проблем.rnrnАко вака се однесувате дома ќе имате неслога во семејството, потоа можеби ќе им се „истурите“ на пријателите, па на крај на вашиот шеф поради што ќе останете без работа. Некои хороскопски знаци се подобри од други, во однос на проценката кога е исклучително важно да ја „држат устата затворена“.rnrn
rnrnНајбрутално искрени знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се стрелец, водолија, овен и до извесен степен близнаци. Стрелецот и овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.rnrnВодолијата ја цени искреноста и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината, дури и по цена на нејзе самата. Близнаците исто така се склони да избрборат повеќе работи одошто е потребно и да се каат за тоа порано или подоцна.rnrnДевицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.rnrnСкорпиите се внимателни и промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и имаат тенденција луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро. Можеби не звучи чувствително, но скорпиите уживаат во тоа.rnrnБикот, вагата и рибите преферираат да останат смирени и мили секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите „остри“ мисли кои ги имаат. Но ако доволно го иритирате бикот, тој ќе „експлодира“ и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара, кој ќе биде тешко да се врати на претходното ниво.rnrn
rnrnЛавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.rnrnЈарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.rnrnРакот и рибите не сакаат „бурни“ ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. Како и на сите други луѓе, така и на овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им смета, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.