КАФЕ ПАУЗА

Tag: икони

  • Интернет прелистувачите како тренди модели

    Интернет прелистувачите како тренди модели

    Фотографката Викторија Пашута која живее и работи во Калифорнија, ги искористила иконите на светски познатите интернет прелистувачи и ги претворила во тренди модели.rnИнтернет прелистувачите како тренди моделиТаа внимавала на стилот и деталите на иконите при креирањето на овој проект и навистина успеала умешно да ги претстави. Кој интернет прелистувач најмногу ви се допаѓа? 🙂 Интернет прелистувачите како тренди модели Интернет прелистувачите како тренди модели Интернет прелистувачите како тренди модели Интернет прелистувачите како тренди модели
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 највлијателни модни икони

    9 највлијателни модни икони

    Автор : Мандевска БојанаrnrnСекој од нас секојдневно одвојува барем по неколку минути за својот изглед. Средениот изглед, надополнет со одредени додатоци и прошаран со соодветни чевли и чанти, се грижа речиси на секоја дама. Би излажале доколку би рекле дека не се чувствуваме убаво кога сме средени дотерани од глава до пети. Грижата за својот изглед е важна етапа од патот кон изградба на сопствен стил. За некои дами изградбата на сопствен стил и не е баш лесен. Желбата „слепо“ да се следат модните хитови и да се облече парче од секоја нова модна сезона, е во контрадикција со изградбата и негувањето на сопствен стил.9 највлијателни модни икониДодека едните неуспешно се борат и потпаѓаат под влијанието и притисоците на модните трендови, постојат и такви кои и пркосат на модата и со својот изглед и стил се изградуваат себе си во модни икони. Вродениот сензибилитет искажан преку соодветните парчиња облека се главната причина за изградба на сопствен препознатлив стил. Утврдувањето на тоа што најдобро прилега на физичкиот изглед, карактер, темперамент и правилниот начин на нивно носење им помогнало на одредени дами на „невин“ начин себеси да се изградат во модни икони. Нивното појавување и функционирање пред пошироката јавност никогаш не останало незабележано, туку напротив привлекло многу погледи и создало многу модни следбеници.rnrn

    Одри Хепберн

    rnНејзиниот избор бил удобност во секое парче облека и елеганција наместо сексапил. Кога ќе се спомене името на Одри, прва слика која ви излага пред очи сигурно е девојката со добро држење во црн фустан и големи очила. Со нејзината појава во филмот „Појадок кај Тифани“, направи малиот црн фустан да биде задолжително парче облека за секоја жена. Свој белег остави и со појавата и носењето на црни капри панталони, балетанки и куси мантили.9 највлијателни модни икониrn

    Принцезата Дијана

    rnТаа е одличен пример за тоа како една жена може да се трансформира од обична срамежлива девојка, во модна икона. Нејзините први јавни појавувања се обележани со недостаток на стил и срамежливо движење. Но, нејзиното созревање е причината за нејзината голема преобразба и постанувањето модна икона. Свој белег остави со дизајнирани фустани со јаки бои, интересни наметки, панталони и костими.9 највлијателни модни икониrn

    Дајана Рос

    rnТаа е обележјето на 70-тите години и симболот на диско ерата. Таа се смета и за кралица на музиката, благодарејќи на нејзината работа во еден од највлијателните бендови во 60-тите години, „The Supremes“. Но, моден успех доживува една деценија подоцна. Препознатлива е по турбаните, додатоците со реси, долгите и лелеави фустани како и по крзното.9 највлијателни модни икониrn

    Бети Пејџ

    rnДа не се појавеше таа, денес можеби немаше да постојат ни следбеничките на нејзиниот стил: Дита Вон Тисе, Кети Пери, Кристина Агилера и многу други. Црвените усни, кадриците, истакнатиот струк, градниците, кусите тесни шорцеви, црните корсети и тесните здолништа, се карактеристиките на овој стил. Истакнувањето на сексуалноста на жената е главен атрибут на овој моден стил.9 највлијателни модни икониrn

    Грејс Кели

    rn

    Таа е позната како девојката со вроден стил полн со елегантност и лице од кое зрачи невиност. Ракавици, бисерни обетки и ѓердани и свилени марами се парчињата со кои таа го обележала својот стил.9 највлијателни модни икони

    rnrn

    Мерлин Монро

    rnРусокосата бомба ќе остане вечен симбол на сензуалноста. За неа беа карактеристични тесни фустани, фармерки со изразито висок струк, капри панталони и широки џемпери, околувратник на фустаните и секако високи потпетици.rn

    9 највлијателни модни икони

    rnrn

    Брижит Бардо

    rnСимпатичната Французинка се прослави како девојка со впечатлив стил. Таа се прослави со деколтираните џемпери и бели маички, исечените фармерки, балетанките, црните качкети, како и со интересните бикини и кратки шорцеви.9 највлијателни модни икониrn

    Мадона

    rnЖената која уште од првото свое јавно појавување привлече внимание на себе и кое го задржува во целиот свој работен век. Ексцентричен лик кој постојано ги краде туѓите погледи. Тешко е да се одвојат парчиња кои би го опишале нејзиниот стил, бидејќи таа е лик кој постојано се менува.9 највлијателни модни икониrn

    Кејт Мидлтон

    rnТаа е најактуелната модна икона. Примерна, уредна, скромна, но со одредена доза на елеганција. Вака најдобро би можело да се опише стилот на најновата модна икона. Нејзината секојдневна облека е разновидна. Најчесто носи фустанчиња, вообичаено со цветен или морнарски дезен, пантолони и нежни не многу впечатливи додатоци. Но, кога станува збор за јавните кралски појавувања, костумите и фустаните се парчињата кои таа ги одбира. За одредени пригоди нејзиниот стајлинг е дополнет со интересно дизајнирани капи.9 највлијателни модни икони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната… Со него се будите, благодарение на него ја задржувате енергијата во текот на денот… очигледно, вие сте вистински љубители на кафето. Еве една кафе-позадина која претставува убаво освежување за вашиот десктоп, додека истовремено е знак на вашата љубов кон вашиот омилен пијалак. Ќе им се допадне и на сите кои ја сакаат љубовта и го сакаат кафето, како и на оние кои сакаат чист простор за многу икони. Важно е дека срцето е во средината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————–

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25

    Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #25
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Густо еспресо на едната страна, чиста кафена подлога за вашите икони на другата… Љубителите на кафето и на боите на кафето сигурно ќе уживаат во оваа десктоп-позадина. Ќе ви овозможи уредност и естетика на работната површина.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×680) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Изберете ја вашата омилена шолја за кафе. Не занемарувајте ја ниту бојата, ниту обликот. Наполнете ја со тазе сварено кафе, поставете нова позадина и ослободете се од непотребните икони од вашиот десктоп.rnrnЗавршете ја годината со чисти мисли и без задачи кои ви висат во воздух за во 2011. Просторот од левата страна на позадината е голем и чист. Потрудете се таков да остане што подолго и во следната година.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #7

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #7

    Доколку сакате едноставна позадина, со скоро еднобојна површина од која мистично и изненадувачки ќе ѕирка некој кафе мотив, можеби ќе ви се допадне оваа. Имате доволно простор да ги чувате вашите икони видливи на десктопот, а сепак кафето неизбежно и овој пат ќе биде дел од него.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и доколку ви одговараат димензиите, преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #7

  • Уредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус

    Уредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус

    Доколку сакате да го освежите изгледот на вашиот десктоп, „веб-сајтот FreeIconsDownload“ може да биде вистинската дестинација за таа цел. Сајтот е многу едноставен, а за користењето на неговите услуги нема потреба од регистрирање.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусМногуте различни икони се достапни во повеќе формати и се компатибилни со оперативните системи Виндоус, Мекинтош и Линукс. Иконите се распоредени по сетови, а истите лесно се прелистуваат бидејќи уредно се сместени во соодветни категории.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкусИсто така, на сајтот можете да најдете десктоп позадини и дизајнерски елементи, но и совети, туторијали и софтвери за изработка на свои икони. Ова може да биде добар начин на вашиот компјутер да му дадете уникатен и автентичен изглед.rnУредете го вашиот десктоп со бесплатни икони по ваш вкус