Очите се огледало на душата, а тоа важи и кога е во прашање сексуалната ориентација. Тие и телото со своите неконтролирани реакции секогаш ја покажуваат вистината. Во овие модерни времиња не е секогаш едноставно да заклучиме дали личноста која ни се допаѓа е геј или стрејт.rnrnrnrnСпоред психолозите, доволно е само еден поглед во неговите/нејзините очи во точниот момент за да ја откриете нивната сексуална ориентација. Зениците се шират при возбуда – тестирано преку покажување еротски фотографии, а се еден од оние делови на телото што не можеме свесно да ги контролираме.rnrnВо покерот, изразот „poker face“ означува ладно лице, без емоции. Но, она што е интересно е што дури и најдобрите играчи ги кријат очите затоа што знаат дека без разлика на „ледената фасада“ дека тие можат многу брзо и лесно да ги издадат.rnrnЗначи сѐ што е потребно за да прочитате некој е да се фокусирате на неговите зеници додека ве гледа или да следите дали тие се шират или мируваат при разговор.rnrnКога нашата свест е заинтригирана, зениците природно се шират и тоа е нормална последица на будењето на автономниот нервен систем кој е задолжен за контрола на несвесните работи како дишењето. На пример, ако момчето со кое разговара некоја девојка, ги рашири зениците гледајќи во нејзиното богато деколте, можете да бидете сигурни дека тој е хетеро. Од друга страна пак, ако тоа му се случи при поглед на згодно тело на спасител на плажа, тогаш тој е хомосексуалец.rnrnПсихолозите кажуваат дека препознавањето на припадниците на иста сексуална ориентација на овој начин е безгрешно и дека токму во тоа лежи тајната на вечната мистерија – како хомосексуалците ги „намирисуваат“ геј луѓето и знаат на кого опуштено можат да му се додворуваат.
Кристофер Рајан, коавторот на книгата „Sex at Dawn“ во својот говор на TED навлегува подлабоко во стандардната нарација на еволуцијата на човековата сексуалност – мажите им овозможуваат на жените добра и услуги во замена за нивната сексуална верност. Според овој модел, Рајан истакнува дека војната помеѓу половите е вградена во нашата ДНК.rnrnrnrnСпоред нивното истражување, Рајан и Џета откриле неколку фасцинантни заклучоци за човековата сексуалност. Рајан објаснува дека нашите сексуални шеми се произлезени од земјоделските модели кои сочинуваат само 5% од човековата историја. За останатите 95% човековата сексуалност успеала да најде начин како да ги овозможи и одржи комплексните социјални системи и мрежи кои нашите предци многу добро ги познавале.rn
„Мојата надеж е дека поточното ажурирано разбирање на човековата сексуалност ќе може да ни помогне во постигнувањето на поголема толеранција кон нас самите, кон другите околу нас како и поголема почит кон неконвенционалните врски како бракот со ист пол или полигамијата и дека со тоа ќе можеме да ја тргнеме настрана идејата дека мажите имаат некое внатрешно инстинктивно право да го надгледуваат и контролираат сексуалното однесување на жените. И дека конечно ќе сфатиме дека не само оние кои се хомосексуалци треба ‘да излезат од плакарот’. Сите ние имаме наши плакари од кои треба да излеземе,“ вели Рајан.
rnrn
1. Дали бисексуалноста е сексуална ориентација, нешто коешто е моментално или е дел од сексуалната флуидност на која сите ние сме изложени?
rnИстражување:Во една студија од 2008 година, Лиса М. Дајмонд од Универзитетот во Јута ги презентирала резултатите од истражување кое траело една декада и во кое биле проценувани жени кои се идентификувале како лезбејки, бисексуалки и сексуално неопределени. 5 пати во текот на студијата, овие жени детално го објаснувале својот сексуален идентитет, привлечноста, однесувањето и нивните социјални и фамилијарни врски.rnrnРезултати:Според откритијата, бисексуалноста не е транзитивна фаза во која жените ја присвојуваат својата хомосексуална идентификација или пак, експериментална фаза на хетеросексуалците. Нејзините резултати покажале дека бисексуалноста најдобро може да биде објаснета како стабилна шема на привлечност од страна на двата пола која има специфичен баланс, но може да варира според интерперсоналните и ситуациските фактори.rn
2. Што доаѓа прво – сексуалната желба или возбудата?
rnИстражување: Во студија која била спроведена во 2004 година и објаснета во статија во списанието Њујорк Тајмс, Стефани Бот и Марк Спиерг од Универзитетот во Амстердам ги истражувале физичките реакции на сексуални фотографии кои им биле покажувани на испитаниците.rnrnРезултати: Истражувањето укажува на тоа дека ние реагираме физички на визуелно стимулирачки извори уште пред нашиот мозок да се вклучи. Со други зборови, сексуалната желба не ѝ претходи на возбудата, туку се случува токму обратното. И честопати ние не сме ни свесни кога ова ни се случува.rn
3. Дали мажите и жените реагираат различно на сексуални фотографии?
rnИстражување: Истата статија од Њујорк Тајмс објаснува и за една студија спроведена од Универзитетот Емори каде што било следено движењето на очите и активноста на мозокот кај група испитаници кои гледале сексуално експлицитни фотографии.rnrnРезултати:Мажите и жените немаат исти реакции, но сепак нивните реакции не се баш онакви какви што би очекувале. Мажите гледале во лицата на фотографиите многу повеќе од жените и сите многу побрзо „прелетувале“ преку оние фотографии кои покажувале само гениталии. Активноста на мозокот била зависна од полот.rn
4. Дали географијата влијае врз формите на телата кои ги идеализираме и кои нѐ привлекуваат?
rnИстражување:Постојат многу истражувања кои се однесуваат на ефектите од културата и медиумите за физичките стандарди кои ги поставуваме. Но, со проектот „International Body“ се спровела анкета на 7.434 луѓе ширум светот со цел да се истражи дали постојат разлики во факторите кои ги мотивираат нашите идеали за совршената форма на тело.rnrnРезултати:Истражувачите откриле дека во местата каде што има низок социоекономски статус имало тенденција да се вреднуваат жените со повисока телесна тежина, додека пак во местата со повисок социоекономски статус имало тенденција кон жените со пониска телесна тежина. И секако, ефектите на медиумите никогаш не треба да се потценуваат. Резултатите исто така покажале дека незадоволството со телото и желбата за пониска телесна тежина е многу почеста во областите каде што медиумите се поразвиени.rn
5. Дали мажите и жените имаат различни сексуални нагони?
rnИстражување:Неодамнешна студија објавена во списанието Њујорк Тајмс, објаснува за „мета-анализата“ на повеќе од 800 студии за нашите сексуални навики кои биле спроведувани во период од околу 15 години.rnrnРезултати: Истражувачите од Универзитетот во Висконсин откриле дека доказите за вродената нееднаквост во сексуалната мотивација се дискутабилни. Студијата сугерира дека многу статистичко-еволутивни психолози докажале дека вродените нееднаквости, како бројот на сексуалните партнери или степенот на мастурбирање, најчесто се под влијание на културата. Сите научници знаат дека постои нееднаквост во сексуалните желби, особено кога една врска трае одредено време. Кај жените сексуалните желби навистина се намалуваат, но најчесто како резултати на моногамијата.rnrn rnrn
Понекогаш луѓето донесуваат пребрзи заклучоци кои се базирани на многу малку информации. И секако, тоа може да доведе еден екстроверт да изгледа како интроверт или пак, обидот за пријателство да биде помешан со флертување. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои оставате погрешен впечаток на луѓето околу вас поради кој можете да бидете целосно погрешно сфатени.rnrnrn
Срамежливиот екстроверт
rnКога некоја личност е срамежлива, луѓето често претпоставуваат дека таа е и интровертна. И покрај тоа што најчесто срамежливоста оди рака под рака со интроверзијата, може да се случи и спротивното. Понекогаш, некои луѓе кои се чувствуваат анксиозно помеѓу непознати обожаваат да бидат во близина на своите најблиски, додека интровертите го доживуваат кое било дружење со луѓе како исцрпувачко. Како и останатите срамежливи луѓе, срамежливите екстроверти се погрешно сфатени како ладни, повлечени и надмени. Тие најчесто се понегативно осудувани доколку се привлечни, вели Берни Кардучи, психолог на Универзитетот во Индијана.rnrnСовет:Соочете се со грешните перцепции на луѓето за вас така што ќе им кажете, „Доколку ви изгледам непријателски, тоа не е затоа што не ми се допаѓате, туку затоа што сум срамежлив/а.“ Или пак, „Многу добро си поминувам кога сум во ваше друштво.“ Доколку не можете да го кажете ова во 4 очи, обидете се преку мејл.rn
Веселиот интроверт
rnКога луѓето се доживуваат како живи, разиграни и весели, одма се претпоставува дека се екстроверти. Но, некои од овие енергични личности понекогаш имаат очајна потреба за време само за себе. Поседувањето добри социјални вештини не значи и желба за постојана опкруженост со голем број луѓе. „Овие нешта често се појавуваат истовремено,“ вели Санџај Сривастава, психолог на Универзитетот во Орегон. „Но, не секогаш се во совршена корелација.“rnrnСовет:Како и останатите интроверти, така и овие личности имаат потреба да поминуваат одредено време сами со себе. Обидете се да им објасните на луѓето за оваа ваша потреба така што ќе им кажете, „Би сакал/а, но имам потреба од време за себе. Може да презакажеме за наредниот викенд?“rn
Ненадејното флертување
rnНекои луѓе се природно кокетни и токму поради тоа не сфаќаат дека испраќаат погрешни сигнали. Нивното однесување е сфатено како знак дека сакаат нешто повеќе од пријателство, а во нивните мисли тие веруваат дека едноставно оставаат впечаток на дружељубиви личности.rnrnСовет:Намалете со допирите и долгите погледи. Доколку почувствувате дека вашиот соговорник почнува погрешно да ве сфаќа, слободно кажете му дека имате партнер или дека сте заинтересирани за друга личност.rn
Женствениот хетеросексуалец
rnСамо затоа што мажот е слабичок, се облекува убаво и има потенок глас, тоа не значи дека е хомосексуалец. Многу женствени мажи се хетеросексуални, како што и многу мажествени мажи се хомосексуалци.rnrnСовет: Доколку сте заинтересирани за одредена девојка, почнете да ѝ давате знаци кои тешко можат погрешно да се сфатат – бидете поагресивни со говорот на телото како долгото гледање во очи, ѓаволестата насмевка и повремените допири. Можете дури и да кажете нешто како, „Тоа ме потсетува на нешто смешно што мојата бивша девојка еднаш ми го кажа.“ Таа веднаш ќе сфати.rnrn
Ејми Дикинсон пишува колумни за Вашингтон Пост во кои дава совети за проблемите за кои ѝ се обраќаат нејзините читатели. Неодамна таа добила писмо од мајка која била загрижена дека нејзиниот 17-годишен син нема да престане да биде геј и дека се плаши од потсмевот што ќе го добие од црквата во којашто оди. Дополнително, таа смета дека тоа е само инатење од негова страна за да ѝ врати на мајка си што го заборавала неговиот роденден во последните 3 години. Во своја одбрана таа додала дека има густ работен распоред.rnrnЕјми Дикинсонrnrn rnНејзиниот одговор следува во целост:rnrnДРАГА ИЗНЕВЕРЕНА: Можеш да му одржиш важна лекција на твојот син, така што ќе ја смениш својата сексуалност и ќе му покажеш колку е тоа лесно. Обиди се да биде така околу една година. Престани да си хетеросексуална за да му покажеш на синот дека сексуалната ориентација на една личност е прашање на избор – избор кој го диктира родителот, двајцата родители, црквата и притисокот од општеството.rnrnПретпоставувам дека мојот предлог ќе предизвика реакција кај тебе и би рекла дека твојата сексуалност е во основата на она што си. Истото важи и за твојот син. Тој има право да биде прифатен од своите родители токму таков каков што е.rnrnКога ќе го заборавиш роденденот на твоето дете, исто како да го негираш како личност. Исто како да велиш дека си го заборавила неговото постоење на овој свет. Тоа е многу тажно за него.rnrnДа го тераш син ти да ја промени својата сексуалност е погрешно. Ако не можеш да научиш да го прифатиш, можеби е најбезбедно за него да си замине на друго место.rnrnГрупа која може да ти помогне тебе и на твоето семејство за да научите како да живеете со ова е Pflag.org. Оваа организација е основана за родители, семејства, пријатели и блиски на ЛГБТ-луѓе и им има помогнато на неброени семејства да го пребродат предизвикот. Те молам, обрати се до нивното локално членство.rnrn rnrn
Сексуалните соништа, особено оние кои вклучуваат интимни активности со личност со која никогаш, ама баш никогаш не би имале односи, знаат да бидат прилично вознемирувачки, меѓутоа од нив морате да ја извлечете подлабоката порака. Ваквите сонови многу ретко имаат некаква поврзаност со сексот, туку причината која стои зад нив е воглавно ваша потреба од обединување, спојување на различните, спротивставени делови од самите себе.rnrnrn
Секс со бившиот/та
rnНе, ваквиот сон не значи дека сакате повторно да бидете со таа личност. Доколку имате сексуален однос со личност со која во минатото сте биле во врска, тоа најверојатно значи дека сѐ уште размислувате околу некои неразјаснети чувства. Доколку сте со нова личност, таквиот сон може да биде знак за некои ваши стравови во однос на врската или пак повторно преживување на чувствата кои сте ги имале за бившиот/та. Обрнете внимание на природата на сексуалното искуство и како сте се чувствувале додека сте го правеле тоа во сонот, за да увидите какви емоции имате спрема бившиот партнер. Доколку не сте во нова врска, можеби вие и бившиот партнер имате некоја незавршена работа, која ви го поматува умот.rn
Инцестуозен секс
rnИнцестуозните сексуални соништа најмногу вознемируваат и многу е тешко да се ослободите од нив после будењето. Сонувањето дека имате секс со некој член од вашето семејство може да значи неколку работи: сексот со родител може да е поврзано со тоа дека станувате возрасна, зрела личност или дека и самите ќе станете родители. Сексот со кој било член на семејството, може да означува ваша потреба да бидете прифатени, некое длабоко опростување, копнеж за блискост или решавање на недоразбирање.rn
Хомосексуален сон
rnДоколку во јавето не сте хомосексуално ориентирани, а сонувате дека имате секс со личност од истиот пол, станува збор за вашата самодоверба. Во зависност од тоа како сонот ќе заврши, воглавно станува збор за ваша желба да ги прифатите оние делови од вашето тело или карактеристики кои не си ги сакате. Доколку сонувате хомосексуален сон со некој ваш пријател, тоа може да симболизира некои несогласувања помеѓу вас, несигурност околу самото тоа пријателство или околу некој талент кој таа личност го поседува, а вие посакувате да го имавте. Така што доколку ова ви се случило, не грижете се, не значи дека сакате да спиете со вашиот најдобар пријател/ка.rn
Секс со позната личност
rnИако можеби повеќето жени навистина би сакале да спијат со Дејвид Бекам, а мажите со Анџелина Џоли, ваквиот чин во сонот има сосема поинакво значење. Можеби сакате да добиете повеќе внимание, да стекнете слава, богатство, признание или да го зајакнете статусот во вашето друштво.rn
Секс со странец
rnПсихологот Карл Јанг има развиено теорија дека секој маж и секоја жена имаат својот анимус. Анимус ја претставува машката енергија на жените, а анима е женската енергија која ја имаат мажите. Сонувањето секс со странец од спротивниот пол, има некаква врска со вашиот анимус/анима. Станува збор за рамнотежа, за спојување на машкиот и женскиот аспект од вас. Доколку сексот со странецот во сонот не е трауматичен, може да биде знак на личен раст и развој.rn
Силување
rnОвие сонови се прилично вообичаени. Силувањето значи повредување, наметнување и закана за вашето битие и самодоверба. Можеби во јавето некој ви ја погазува гордоста и ве присилува на работи кои под нормални околности не би ги прифатиле. Од друга страна, може и да значи дека сте принудени да работите работа спрема која чувствувате силна аверзија. Друго значење на овој сон, е дека сте во врска со личност која не ви покажува доволно почит.rn
Изневерувачки секс
rnДоколку сонувате дека го изневерувате вашиот партнер, нема потреба да паничите. Станува збор за некои тешкотии и несигурности кои е сосема природно да се појават во секоја врска. Ако во сонот вие сте личноста којашто изневерува, веројатно се чувствувате виновни во врска со нешто. Доколку во сонот гледате дека вие сте изневерени, тоа е знак дека се чувствувате премногу несигурно.rn
Секс со пријател/ка на партнерот
rnДоколку сте сонувале ваков сон, сигурно кога сте се разбудиле сте се чувствувале многу виновно. Немојте да бидете премногу самокритични, бидејќи ваквиот сон најверојатно значи само дека ве привлекува некоја особина којашто ја има оваа личност и сакате да ја имате и вие, или сакате да ја пронајдете во вашиот партнер.rn
Чудни гениталии
rnЧетири дојки, два пениса, пенис и вагина заедно, опашка која ви расте од задникот. Што се случува? Доколку во сонот нешто чудно се случува со вашите гениталии, тоа има некаква врска со вашата сексуалност или креативност. Во зависност од деформацијата, вие можеби ја испитувате вашата сексуалност или сексуалната желба. Запрашајте се дали чувствувате вина или срам поради вашиот сексуален живот или го немате во доволни количества? Можеби созревате, растете и се менувате како личност. Доколку сте жена која сонува дека има машки гениталии или пак сте маж кој сонува дека има женски гениталии, можеби станува збор за развој на вашиот анимус или анима. Доколку пак сонувате дека имате и машки и женски полови органи, тоа може да е знак на хармонија помеѓу машката и женската страна од вашиот карактер.rn
Секс во тројка
rnДоколку сонувате дека имате секс во тројка, тоа не значи дека вие имате „валкани“ мисли, туку дека чувствувате потреба од поголема поддршка или дека нешто ви недостасува во животот. Доколку во тројката доминираат жени, тоа значи дека имате недостаток од некаков емоционален елемент во вашиот живот. Доколку во сексот доминираат мажи, тоа значи дека имате потреба од физичко внимание. Во секој случај, ваквиот сон може да е знак дека треба да побарате поголема поддршка од вашето семејство или од пријателите.
rnГлавни ликови:Ед Онил, Софија Вергара, Џули Боуен, Тај Барел, Џеси Тајлер Фергусон, Ерик Стоунстрит, Рико Родригез…rnrnЖанр: комедија, мокументарецrnrnВреметраење: 22 мин.rnrnПремиера: 23 септември 2009rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 2rnrnСледна епизода: 17 ноември 2010rnrnНаша оценка: 9rnrn„Модерна фамилија“ е серија, која ќе ви ги долови современите семејства и семејните односи, преку едно фамилијарно дрво сочинето од 11 членови. Станува збор за три семејства, од кои првото е традиционално, второто е геј пар плус посвоено бебе, а третото е стар маж, преженет со млада Колумбијка, која има син од претходниот брак. Различните карактери, разликата во генерации и шармантната глума, креираат една живописна комедија во која не постојат никакви предрасуди, а нејзин главен мотив е љубовта од секаков тип.rnrnrnrnЏеј е постар маж оженет со многу помлада Колумбијка, Глорија, која доаѓа во пакет со нејзиниот 11-годишен син Мени од претходниот брак, кој веќе верува во вистинска љубов и во моќта на поезијата. Помагањето на Глорија околу воспитувањето на Мени, е втора шанса на Џеј да се докаже како татко, бидејќи малку ја зафркнал работата првиот пат.rn
Џеј и вели на Глорија: „Јас морам да остарам, но ти не мораш да се здебелиш.“
rnrnrnНеговата ќерка Клер е презафатена мајка, која се труди правилно да ја воспита својата ќерка тинејџерка и да ги спречи останатите две помали деца да се убијат меѓусебно.rn
Клер: „Ако Хејли никогаш не се разбуди на некоја плажа во Флорида полугола, тогаш јас добро сум ја завршила мојата работа.“
rnОд голема помош не е ни нејзиниот откачен маж Фил, кој себеси се смета за најкул татко на планетата.rn
Фил и вели на Клер: „Тоа не беше ни малку порно. Тоа беше само топлес девојка на трактор. Знаеш како го викаат тоа во Европа? Реклама за житарици.“
rnНајневообичаениот член на семејството е синот на Џеј, Мичел, кој заедно со неговиот геј-партнер Камерон, посвои бебе од Виетнам.rnrnrn
Интересни податоци:
rn
rn011
Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој ја глуми улогата на хомосексуалецот Мичел, е хомосексуалец и во вистинскиот живот. Неговиот татко во серијата, постојано се преправа дека заборавил дека син му е хомосексуалец, па Мичел мора постојано да го потсетува. Истото му се случувало и со неговиот вистински татко.
rn
rn
rn011
Фил во текот на целата сезона повторува дека ќе ја поправи скршената скала, но во последната епизода таа се уште не е поправена.
rn
rnrn
rn011
Нолан Гоулд, кој ја глуми улогата на глупавото дете Лук, всушност има многу висок коефициент на интелигенција.
rn
rn
rn011
Улогата на ќерката на Кем и Мичел, Лили, ја глумат две различни бебиња. Бебињата се близначиња, од кои едното е машко, а другото женско.
rn
rnКога и како да ја гледате: Оваа серија можете да ја гледате кога било, без разлика на вашето моментално расположение, бидејќи на крајот сигурно ќе бидете ведри и насмеани. Измислена серија за одлична забава и гледање во друштво. Направете многу пуканки, купете неколку пијалаци, викнете ги вашите пријатели и поминете една пријатна вечер низ смеа.rnrnrnrnСлични серии: „Оженет со деца“, „Како ќе каже Џим“, „Сите го сакаат Рејмонд“, „Полна куќа“rnrnrnrnГледајте ја серијата онлајн:http://modern-family-online.tk