Целта во оваа интересна игра е да фатите што е можно повеќе буриња со пиво, кои паѓаат од небото и да ги складирате во багажникот од фамилијарниот автомобил на Симпсонови. Треба да внимавате на бурињата кои горат и експлодираат кога ќе паднат на земјата.rn
Можете да одберете со кого ќе ја играте играта помеѓу Хомер, Барт, Лиса и Марџ. Секој од нив има свој специфичен начин за пренесување на пивото. Движете се на стрелките.rn
Tag: Хомер
-

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот
Џекс Пиксело е илустратор кој симпатичните цртани ликови Хомер Симпсон, Супер Марио, Стиви Грифин и Џесика Ребит ги претворил во „вистински“ луѓе, со помош на Фотошоп. Цртаните ликови му се најголема инспирација, па затоа решил токму нив да ги обработува и да ги претвори од цртани во „живи“ ликови.rnrnЗа да ги создаде овие мутирани дела, Пиксело се служел со цртите на лицето на познати актери и магично ги имплементирал во илустрациите. Така на пример, ќелавата глава на Хомер Симпсон во најголем дел е конструирана според главата на Џон Лок од ТВ серијата „Изгубени“.rnrnНекои можеби ќе помислат дека Хомер на сликата изгледа постаро, но Пиксело објаснува дека тој имал триесетина години кога цртаната серија прв пат започнала да се емитува, а тоа е пред 20 години.rnrnЏесика Ребит е познат лик од цртаниот филм Роџер Ребит, а Пиксело за обработката на нејзиното лице, се служел со цртите на лицето на Анџелина Џоли. Обидете се да препознаете чии црти се искористени за лицето на Стиви Грифин од цртаниот филм „Фамилијарно момче“ и несекојдневниот водоводџија Супер Марио.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
