Нема некој кој не ги знае и не ги бодри успешните македонски спортисти, но на спортските полиња има и за нас помалку познати атлети кои настапуваат за други земји иако имаат македонски корени. Покрај веќе познатите Ед Јовановски и Кевин Кузманов, ова се уште неколкумина од нив.rnrn
Стивен Стамкос
rnСтивен Стамкос е еден од најдобрите канадски хокеисти и воопшто еден од најдобрите во НХЛ лигата. Роден е во 1990 година, а има потекло од Егејска Македонија и од Шкотска. Драфтуван е како прв пик во 2008 година. Во 2010 и 2012 година заврши како најдобар стрелец во лигата, а учества и на Ол Стар натпреварите. Редовно игра и за канадскиот национален тим, со кој има освоено еден сребрен медал на светско првенство.
rn
Жозе Теодор
rnЖозе Теодор е голманот на хокејскиот тим Флорида Пантерс. Кариерата ја започнал во 1995 година, во меѓувреме променувајќи уште неколку клубови, а има и неколку настапи како резервен голман на националниот тим на Канада. Неговиот татко Тед Теодор е Македонец, а мајка му има потекло од Шпанија.
rn
Петра Цетковска
rnПетра Цетковска е професионална тенисерка која настапува за Чешка. Родена е во Простејов, Чешка, но нејзините родители Петр и Алена имаат македонско потекло. Највисокиот нејзин пласман на светската ВТА листа досега е на 25-тото место.
rn
Јован Кировски
rnЈован Кировски е фудбалер и тренер роден во Калифорнија во 1976 година како син на македонски иселеници. На 17 години влегол во академијата на Манчестер Јунајтед каде што тренирал во младинските категории заедно со браќата Невил, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Пол Сколс итн, но не настапил за овој клуб поради проблеми со работната дозвола. Потоа играл за повеќе клубови, меѓу кои Борусија Дортмунд, тим со кој во 1997 година ја освоил Европската Лига на Шампиони. Настапувал уште за Спортинг Лисабон и Бирмингем, пред да се врати во МЛС лигата. Денес е асистент-тренер во Лос Анџелес Галакси, клубот за кој игра Дејвид Бекам.
rn
Семејството Нанчоф
rnСпортското семејство Нанчоф, кое потекнува од Ресен, дало дури тројца спортисти за САД. Браќата Џорџ и Луис играле за повеќе тимови во НАСЛ (тогашното најсилно натпреварување на САД и Канада, денес МЛС), а имаат и по 10 настапи и по еден гол за репрезентацијата на САД во 1979 и 1980 година пред да продолжат со професионално играње фудбал се до пензионирање. На сликата подолу е синот на Џорџ, Мајкл Нанчоф, кој денеска игра во МЛС лигата за Ванкувер Вајткепс.
rn
Мајк Врабел
rnМајк Врабел е поранешен играч во американски фудбал. Професионалната кариера ја започнал во Питсбург Стилерс, продолжил во Њу Ингланд Патриотс, а се пензионирал во Канзас Сити Чифс во 2011 година. Роден е во Акрон, Охајо во 1975 година, од родители со корени од Македонија.
rn
Питер Даикос
rnПитер Даикос денес е пензиониран играч на австралиски фудбал (aussi rules – варијанта на рагби). Важи за еден од најдобрите играчи што некогаш го играл овој спорт, поради што го добил прекарот Македонскиот Марвел. Инаку, тој е син на двајца Македонци кои од егејското село Баница емигрирале во Австралија.
rn
Томи Ајван
rnТоми Ајван починал на 88-годишна возраст во 1999 година, но сè уште останува веројатно најуспешниот тренер и генерален спортски менаџер со македонски корени. Во далечните 1950, 1952 и 1954 година со Детроит Ред Вингс освоил три шампионски титули во професионалната хокејска НХЛ лига. Потоа се нафатил на нови предизвици како генерален менаџер на Чикаго Блек Хокс. Тие во тој момент биле еден од најслабите тимови во лигата, но тој од нив успеал да направи шампиони во 1961 година.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnВерувале или не, Македонец го предводел Советскиот Сојуз по смртта на Јозеф Сталин, во периодот од март до септември, 1953 година, а истиот човек потоа станал премиер и оваа функција ја извршувал до март 1955 година. Неговото име е
rnrnМожеби едно од најактуелните и најпознати имиња на оваа листа, токму поради фактот што пред неколку дена го купи НБА тимот
rnrn