Навистина не размислуваме колку сме среќни сè додека не дознаеме нешто за хирургијата во Викторијанската ера. За високата стапка на смртност во овој период се пишувало во весниците и во медицинските списанија, а дури и најздравите луѓе ретко излегувале живи од операционата сала. Па, погледнете ги овие „хорор“ факти од хирургијата во овој период.rn
1. Хлороформот се сметал за практичен анестетик
rn
rnrnДенес помислата за операција без анестезија е ужасна, но ова било реалност во минатото. Во 1847-ма година во Британија се дознало за хлороформот и се користел редовно во текот на следните 50 години. Шкотскиот лекар сер Џејмс Симпсон сфатил дека може да му најде практична примена. Тој измислил маска која ја потопувал со хлороформ и ја ставал на лицето на пациентот. По само неколку минути подготвување, започнувала операцијата. Со текот на времето се намалила употребата на оваа хемикалија како анестетик.rn
2. За запирање на крвавењето се користело загреано железо
rn
rnrnКога во овој период некој имал обилно крвавење од рана, тоа се решавало со загреано железо. Очигледно, овој метод не бил воопшто пријатен. Научното списание „Филозофски трансакции на кралското општество“ имало напишано текст за оваа процедура во 1670-тите, па дури и го опишале целото искуство како „забавно“ за пациентот.rn
3. Многу од операциите резултирале со смрт
rn
rnrnОперациите во Викторијанската ера биле смртоносни, но не поради хирурзите. Всушност, постоел голем ризик од појава на инфекција по завршувањето на операцијата. Наводно хирурзите никогаш не ги чистеле инструментите, ниту пак ги миеле нивните раце. Покрај тоа самите операциони маси ретко биле чистени. Хирурзите всушност верувале дека лошиот мирис од раната бил знак за зараснување наместо за бактериска инфекција, па стапката на смртност била објаснувана како „треска во одделението“. Дури откако хирургот Џосеф Листер предложил операциите да се изведуваат во стерилна околина, инфекциите почнале да се намалуваат.rn
4. Берберите биле регрутирани како хирурзи во време на војна
rn
rnrnЗа време на војните берберите имале повеќе работа отколку само пострижување – тие биле регрутирани како хирурзи и од нив се очекувало да оперираат на ранетите војници. И покрај тоа што немале никакво знаење, ниту тренинг, тие морале да вадат заби, да пуштаат крв и да изведуваат најосновни хируршки зафати.rn
5. За вадење крв се користеле пијавици
rn
rnrnСрцето пумпа 5 литри крв низ телото за само една минута, а големото губење крв може да води до шок, па дури и смрт. За среќа, нашето тело има механизам за згрутчување на крвта со цел да се спречи ова. Но во Викторијанската ера древното пуштање крв сè уште било во употреба. Хирурзите користеле живи пијавици кои ја цицале крвта од пациентите. Овој „лек“ бил опасен бидејќи предизвикувал анемија, но лекарите го занемарувале тој факт илјадници години наназад.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rnrnВеројатно не сте ни знаеле дека ова е возможно, но дланката на еден човек била спасена благодарение на оваа чудна процедура. Пред неколку години, еден човек во Кина ја изгубил дланката од фабричко сечило. Делот кој бил отсечен бил премногу оштетен за веднаш да се зашие за остатокот од раката, па хирурзите ја „закачиле“ дланката на неговата нога додека да заздрави. Поврзувајќи ја со крвни садови тие успеале да го одржат ткивото во живот.rn
rnrnТрансплантацијата на срце не е ништо ново, голема е веројатноста и да познавате некој што минал низ таква процедура. Но во случајот на Тајсон Смит, новото срце било ставено веднаш до старото. Срцето на Смит било во толку очајна состојба, што новиот орган не би работел при нормална трансплантација. Па, хирурзите одлучиле да го постават новото срце од десната страна на старото. Денес функционираат и двете срца на Смит.rn
rnrnВо 2006 година, едно момче по име Џорџ Ашман било родено со многу голем белег кој го покривал неговото чело. Додека некои белези се лесни за отстранување, овој на Ашман бил направен од абнормални крвни садови и бил тежок за отстранување. Но докторите нашле решение. Тие ставиле мали вреќи од двете страни на неговото чело. Тие се полнеле со течности и ја рашириле кожата, па лекарите по некое време можеле да го отстранат белегот. За жал, ова значело дека Џорџ 4 месеци живеел со инпланти кои наликувале на рогови. Денес Џорџ е во ред и има само мал белег од операцијата.rn
rnrnЗа жена која сака еден ден да стане мајка, недостатокот на матка може да биде пречка. Но 26-годишната Линдзи не дозволила лошата генетика да ја спречи. Таа била првата жена во САД која добила матка од починат донатор. Но, Линдзи морала постојано да прима лекарства за телото да не ја исфрли матката. Поради ова, таа решила да има деца, па потоа да го отстрани органот. За жал, трансплантацијата не била успешна и матката била отстранета пред Линдзи да успее да забремени.rn
rnrnОва не е чуден хорор филм, ова е процедура која за чудо ѝ го спасила животот на една млада девојка. Џејми Хилтон паднала на камења од височина од 3,5 метри. Била однесена во болница каде што лекарите отстраниле дел од нејзиниот череп за да му направат простор на мозокот да отече. Па каде го сместиле извадениот дел? Во стомакот, се разбира! Стомакот им дава на коските стерилна средина богата со хранливи материи. Хилтон 42 дена живеела со огромна коскена маса во стомакот и без четвртина од черепот.rn
rnrnХирурзите им го враќаат видот на слепите луѓе на најчудните начини – една од овие процедури е со користење еден од нивните заби. Шерон Тортон ја имала оваа операција во 2009 година бидејќи површината на нејзините очи била оштетена поради ретко нарушување, а ова ја направило слепа. Хирурзите отстраниле еден од нејзините заби и користејќи го забното ткиво направиле нова корнеа за окото. Тие исто така земале дел од образот на Шерон за да направат ткиво кое ќе стои околу зеницата. Уште првиот ден по операцијата, Шерон можела да ги види своите раце, небото и облаците.rn


rn