КАФЕ ПАУЗА

Tag: Хималаи

  • Хималајски рецепти за долговечност

    Хималајски рецепти за долговечност

    Зошто во последните неколку години сè поголем број луѓе од Хималаите живеат над 100 години? Како може да изгледаат и да се чувствуваат здраво? Како ги избегнуваат болките и болестите? Продолжете со читање за да ги откриете нивните тајни.rnrnХималајски рецепти за долговечностrn

    1. Многу спијат

    rnЛуѓето од Хималаите знаат колку е важно секоја вечер да спијат онолку колку што му е потребно на телото. Тие навистина знаат да се опуштат. Квалитетниот сон е важен за умот и телото. Спиењето го намалува нивото на хормонот на стрес кој инаку може да го зголеми ризикот од многу болести. Па, секоја вечер спиете барем по 7 часа.rn

    2. Јадат калинки

    rnКалинката има многу здравствени придобивки, а најважната е што го подобрува здравјето на срцето. Истражувањата покажале дека калинките содржат супстанци кои ги подобруваат работата и здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Чистиот сок од калинка е трипати покорисен за срцето од зелениот чај.rn

    3. Јадат гоџи бобинки

    rnГоџи бобинките се една од главните причини за долговечноста на овие луѓе. Овие неверојатни бобинки се одличен извор на витамин Ц. Можете да консумирате чист сок од гоџи бобинки или да јадете по неколку зрна од овој плод дневно. Можете да ги јадете и свежи и суви.rn

    4. Се опуштаат во природа

    rnЛуѓето од Хималаите живеат во хармонија со природата и знаат како да ја искористат за намалување на стресот и ослободување од анксиозноста и депресијата. Многумина од нив користат и есенцијални масла. Најчесто употребуваат масло од сандалово дрво кое смирува, го намалува стресот и го подобрува расположението.rn

    5. Јадат кардамом

    rnАко имате проблеми со празнењето и страдате од гасови и подуеност, почнете да употребувате кардамом. Можете да додавате по 1 лажичка во чај или кафе. Пијте го најмалку 10 минути пред оброкот. Некои истражувања покажале дека кардамомот може да ве ослободи од масните наслаги околу органите и со тоа да ве заштити од срцеви болести и мозочен удар.

  • Викенд книга: „Продадена“ – Патриша МекКормик

    Викенд книга: „Продадена“ – Патриша МекКормик

    Секоја година, речиси 12.000 девојчиња од Непал се продаваат од страна на нивните семејства, намерно или од незнаење и се фрлаат во светот на сексуалното ропство.

    rn

    Наша оценка: 10/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rn(1) Викенд книга: „Продадена“ - Патриша МекКормик rnrnСе проценува дека во кое било време има околу 2,5 милиони жртви на трговија со бело робје, дека секоја година се продаваат околу 1,2 милиони деца, поголемиот дел од нив во рамки на границите на нивната земја отколку надвор од неа и дека секоја година се продаваат од 600.000 до 800.000 луѓе преку интернационални граници. Секоја година, речиси 12.000 девојчиња од Непал се продаваат од страна на нивните семејства, намерно или од незнаење и се фрлаат во светот на сексуалното ропство.rnrn„Продадена“ е базирана врз истражувачката сторија на писателката Патриша МекКормик која патувала во Индија и во Непал со цел да ја раскаже приказната за Лакшими на најавтентичен можен начин. Лакшими е измислен лик, но базиран на животите на безброј жени коишто секојдневно го преживуваат пеколот на борделите во Индија.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnНепал е една од најсиромашните земји во светот, а голем дел од нејзиното население живее во мали селца под Хималаите кои се често изложени на сурови климатски услови. Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое живее во трошна колиба во едно такво малечко селце, заедно со нејзината грижлива мајка и бескорисен очув. И покрај ужасните услови, Лакшими со неверојатна топлина и љубов раскажува за она мало парче земја кое го поседуваат и обработуваат, за краставиците кои сама ги одгледува, за козата Гита која секаде се влече по неа и за мајка ѝ, жената со свиен грб и огромно срце. Секојдневните грижи на Лакшими се однесуваат на неколку важни работи: дали ќе има доволно јадење и вода во сушниот период, дали ќе заврне дожд за да не гладуваат и дали, кога ќе заврне, сламениот кров на колибата ќе издржи и ќе има каде да спијат. Истовремено, мора да се справува со коментарите на нејзиниот очув – коцкар, кој во секој момент би ја заменил за син – „девојката е како коза, добра е сè додека ти дава млеко и путер, но не вреди да плачеш за неа кога ќе дојде време да направиш чорба од неа“ – што пак во една реченица ја доловува позицијата на жената во нивното општество и начинот на кој е третирана.rnrnЛакшими раскажува дека во планините, жените го сметаат времето по работата и несреќите. Во ладните месеци, жените се качуваат високо во планината за да собираат дрва за оган. Ова е времето кога жените ги закопуваат своите деца кои умираат од треска. Во сувите месеци, жените собираат полни кошници со животински измет, од нив прават топки кои ги оставаат да се сушат на сонцето за да станат материјал за палење оган. Жените врзуваат партали врз очите на децата за да ги заштитат од прашината која ветерот ја крева од празното корито на реката. Ова е времето кога жените ги закопуваат децата кои умираат од кашлица.rnrnКога имаат бескорисен маж, жените мора да ги пратат своите деца на печалба во градот. Поголемиот дел од нив се слугинки во побогати семејство, но „печалбата“ многу често всушност значи работа во борделите во Индија. Очувот, без знаење на мајка ѝ, ја продава Лакшими за 800 рупии и ја праќа во Калкута.rnrnАвторката го поминала патот на Лакшими од селцето па до големиот град, притоа направила бројни интервјуа со жени кои ја делеле истата трагична судбина, и сето тоа е пренесено со гласот на тринаесетгодишно девојче со сета невиност и наивност, што само нејзината несвесност за ситуацијата до последниот фатален момент е повеќе од болна. Борбата на Лакшими за слобода, животот во борделот и судбините на сите жени во него е застрашувачка слика за реалната состојба на милиони луѓе во светот, секој ден. Ништо не ме згрози и растажи, дури ни најболните моменти на злоупотреба, како рамнодушноста и злобата на луѓето во чии раце се животите на овие жени и деца.rnrnДодека ја читав книгата, од првата до последната страница ме следеше сочувство, тага, бес и тотална беспомошност и бескорисност. Но, кога ја завршив, сè што можев да почувствувам беше неверојатна благодарност.rnrnПосле една недела откако ја прочитав книгата, сè уште опседната со Лакшими, повторно читав и слушав за Непал, но овој пат за трагедија од поголеми размери. Јас сум привилегирана во овој свет. И вие сте привилегирани. Кога сите ние би биле повеќе корисни, наместо само благодарни, можеби ова би бил многу подобар свет.rnrnСе надевам дека ќе ја добијат потребната помош и дека од урнатините ќе изградат подобар свет. Истовремено, се надевам дека секоја Лакшими во светов ќе ја добие правдината и шансата за нормален живот.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 17 мај 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Сензационалните Хималаи

    Сензационалните Хималаи

    Хималајскиот планински венец (името значи „дом на снегот“) се простира низ Азија и претставува дом на највисоките светски врвови, Монт Еверест и К2. Во овој планински масив влегуваат повеќе од 100 планини кои се повисоки од 7.200 метри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnГлавниот Хималајски венец се простира од запад кон исток, од долината на реката Индус до долината на реката Брахмапутра, притоа формирајќи лак долг 2.400 километри, кој во ширина варира од 400 до 150 километри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnНекои од главните светски реки извираат од Хималаите, а низ нивното течение, вкупно собрано, живеат околу 3 милијарди луѓе во 18 земји (скоро половина од светската популација). Хималаите имаат и големо влијание врз културата во Јужна Азија, бидејќи голем број од врвовите се свети во хиндуизмот, будизмот и сикизмот.rnrnСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните Хималаиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.