КАФЕ ПАУЗА

Tag: хидроген

  • Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: За 5 минути ќе почувствувате олеснување!

    Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: За 5 минути ќе почувствувате олеснување!

    Многу често се случува да почувствуваме дека ушите ни се затнати, што може да е знак дека треба да се исчистат од создадените масни наслаги, а процедурата можете и сами да ја сторите дома. Се смета дека човечките уши се орган којшто сам си се чисти. За време на џвакање, кивање, кашлање, напластените масни наслаги од нечистотијата сами се елиминираат.rnrn(1) Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: за 5 минути ќе почувствувате олеснувањеrnrnНо, понекогаш се случува наслагите, коишто се акумулирале во ушниот канал, да се претворат во „чепови“ кои ги затнуваат ушите. Во таквите случаи неопходно е да се исчистат. Наједноставното и најдостапно средство за испирање на ушите и отстранување на „чеповите“ е хидрогенот. Се препорачува да го примените веднаш, откако ќе почувствувате непријатното чувство во ушите.rnrn(2) Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: за 5 минути ќе почувствувате олеснувањеrnrnОна што треба да го сторите е следното: Користејќи пипета, капнете 4-5 капки од 3-процентен хидроген во увото. Треба да ја навалите главата, или подобро да легнете и да останете во оваа положба околу 5 минути. Ќе почувствувате карактеристично шушкање во увото, што значи дека дошло до реакција и „чепот“ почнал да омекнува. Потоа, пребришете го увото со хартиено марамче, а она што треба да се нагласи е да не користите стапчиња за уши за време на процесот, затоа што вообичаено хидрогенот самиот го совладува проблемот со отстранување на наслагите во ушите. Доколку по првиот пат не почувствувате значително олеснување, повторете ја истата постапка уште еднаш по неколку часа. Тоа може да го повторите и следниот ден.

  • Направете сами: Спреј за осветлување на косата

    Направете сами: Спреј за осветлување на косата

    Спреовите за осветлување на косата се одлични бидејќи со нив добивате природен изглед кој не чини многу. Исто така, на овој начин нема да ја оштетите косата како што би ја оштетиле при шатирање. За овој спреј, веројатно веќе ги имате сите состојки и материјали, па ако сакате посветла коса продолжете со читање.rnrnnapravete-sami-sprej-za-osvetluvanje-na-kosata-kafepauza.mkrn

    Потребно:

    rn

      rn011

    • ½ чаша вода
    • rn011

    • ¼  хидроген пероксид
    • rn011

    • ¼ лимонов сок
    • rn011

    • ½ готов силен чај од камилица
    • rn011

    • Шишенце со пумпа за прскање
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnТурете ги сите состојки во шишето и полека мешајте додека целосно не се изедначат. Испрскајте на сува коса и стилизирајте ја како што ја стилизирате секогаш. Потребни се неколку употреби додека ги забележите резултатите.  Ако чекањето не ви е силна страна, тогаш сушете ја косата со фен редовно и резултатите побрзо ќе бидат видливи.rnrnСовет плус: Ако бојата на косата ви е потемна, тогаш спрејот ќе ви ја осветли косата малку, односно ќе добиете нијанса како бринета или малку кон алова боја, но не и руса. Ако целите кон 3 нијанси посветло од нијансата на вашата коса, тогаш подобро е да одите на фризер. Како и секогаш, прво тестирајте на перче од косата пред да ја испрскате цела, за да видите како косата ќе реагира на продуктот.

  • Совети за совршен маникир

    Совети за совршен маникир

    Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. Погледнете неколку брзи и лесни совети за совршен маникир, кои веднаш можете да почнете да ги практикувате.rnrn1. Не откажувајте се од непотрошеното шишенце со лак во црвена боја. Комбинирајте две нијанси и креирајте нов лак. Земете лак од изминатата сезона или некој што одамна не го користите, претурете го во новиот, ставете малку проѕирен и протресете. Ете ви нов лак со уникатна и шик боја.rnrnСовети за совршен маникирrnrn2. Дајте им шик, младешки изглед на вашите нокти со поставување на светки или украсни токи врз неисушен лак или пак мали парченца тантела.rn

    3. За да ви стои лакот подолго време, обрнете поголемо внимание на врвовите на ноктот. Нанесете два слоја лак и потоа поминете со четкичката по работ на ноктите.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    4. Секогаш нанесувајте лак по следниов редослед: еден слој безбоен лак за основа, два слоја лак во боја, еден завршен слој безбоен лак за финиш.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    5. Наместо бели и розови тонови, кога правите француски маникир, пробајте со потемни, воочливи бои. Сина и портокалова комбинација на бои за француски маникир е одлична идеја.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    6. Ако вашите нокти се обоени со тонови на месо боја, тоа ги прави вашите раце издолжени. Одбирајте розеникави нијанси ако имате светол или среден тен, а земјени тонови доколку вашата кожа е темна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    7. Ако одите во козметички салон и не сакате да ги користите лаковите од салонот, донесете си ваш лак и побарајте со тој да ви направат маникир. Вака, дури ќе можете и да си го поправите подизлупениот лак подоцна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    8. За да го спречите кршењето и сушењето на ноктите и создавањето на кутикули околу нив, масирајте ги со масло од капсула витамин Е.

    rn

    9. Помешајте мед и шеќер и со смесата тријте ги рацете и ноктите. Така тие ќе станат меки, мазни и нежни.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    10. Осветлете ги вашите природни нокти со мало триење на ноктите со памукче натопено со хидроген. Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на жолтеникавите наслаги кои се создаваат од цигарите и од темните лакови кои ги користите.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.