КАФЕ ПАУЗА

Tag: hCG

  • Тестовите за бременост можат да ве излажат: Можеби сте бремени, а можеби и не?

    Тестовите за бременост можат да ве излажат: Можеби сте бремени, а можеби и не?

    Домашните тестови за бременост кои го откриваат присуството на бета hCG хормонот во урината може да ви дадат точен резултат, кој е всушност лажен. Хуман хорионски гонадотропин или hCG хормонот всушност е првиот показател на бременост затоа што во прашање e хормон кој го излачува постелката за време на бременоста, а во крвта може да се најде неколку дена по зачнувањето.rnrn0-testovite-za-bremenost-mozhat-da-ve-izlazhat-mozhebi-ste-bremeni-a-mozhebi-i-ne-kafepauza.mkrnrnНаодите од крвта кои го покажуваат нивото на овој хормон се готови уште истиот ден, а тие кажуваат многу повеќе од самата детекција на бременост. Во нормална бременост бета hCG брзо и правилно расте – на секој 31 час неговото ниво во крвта двојно се зголемува. Неправилниот раст може да укаже на вонматерична бременост.rnrnНо сепак, домашните тестови за утврдување на бременост кои за 5 минути покажуваат дали има бета hCG во урината можат да ве излажат. Тестовите со различни цени и од различни производители се разликуваат во осетливоста – воглавно реагираат на вредноста од 25-50 IJ/L што во превод значи дека за време на очекуваната менструација, кога вредноста на бета hCG е околу 100 IJ/L, нивната точност е 99%.rnrnМеѓутоа, ако вредноста на бета hCG е под нивото на воочливост на тестот, наодот ќе биде лажно негативен. Од друга страна, лажно позитивен резултат можат да предизвикаат крвта или протеините во мочта, некои лекови за смирување и хипнотици, како и опасната вонматерична бременост.rnrnИсто така, евентуални неправилности во работата на бубрегот можат да предизвикаат промена на составот на мочта што може да доведе до погрешен резултат на тестот. Поради сето ова, и резултатот од тестот и наодот од крвта би требало да ги проверите со посета на доктор во најкраток можен рок.