За многумина љубители на кафето важи правилото дека ако денот започне со лошо направено кафе, цел ден ќе биде за никаде. Ако и вие се чувствувате така кога ќе си го утнете утринското кафе, овие совети можат да ви помогнат и покрај тоа да имате убав ден.rnrn
rn
Горко кафе
rnПостојат неколку причини зошто кафето од машина за кафе може да биде горко: водата била врела, апаратот не бил добро исчистен или откако било направено, кафето предолго стоело на топла рингла. Во ваков случај не можете да направите ништо освен да додадете малку сол. Ова можеби ќе ви изгледа чудно, но како што видовме и порано, ова е одличен трик. Ако овој проблем се јавува и откако убаво ќе го исчистите апаратот за кафе и ќе го промените видот на кафето, малку сол можете да додавате во водата при вриењето.rn
Преслабо кафе
rnМногумина попрво би пиеле горко кафе (иако го сакаат благо) одошто преслабо, како што би рекле, вода од костен. За почеток важно е при подготовката на кафето да внимавате на температурата на водата која треба да биде 90-95 степени Целзиусови. Ако подготвувате кафе во апарат за кафе, слабо ќе излезе доколку не ставите доволно количина. Ако востановите дека кафето е слабо откако ќе го направите, можете малку да го засилите со лажичка инстант кафе. Иако ова ќе помогне за чувствувањето на интензитетот на подготвеното кафе, следниот пат запаметете колку кафе треба да ставите при подготовката. Трикот помага, но не е сосема исто.rn
Пресилно кафе
rnЗа овој проблем решението е многу едноставно – во веќе подготвеното кафе додадете врела вода за да го разблажите јакиот вкус.rn
Устоено кафе
rnГлавната причина за оној одвратен вкус што некогаш го има подготвеното кафе е што стоело предолго во садот или не било сварено на соодветна температура на водата. За да го избегнете вкусот на „старо“ кафе, најпаметно е да го мелете пред самото варење. Кога смеленото кафе стои предолго го губи вкусот.rn
Бонус совети:
rn
- rn011
- За правење кафе пожелно е да користите флаширана или прочистена, филтрирана вода.
- Исто така треба да го знаете вистинскиот размер на кафето и водата – на 200 мл вода таман се 2 лажички кафе.
- Апаратот за кафе треба да се чисти со жешка вода после секоја употреба.
- И најважно, во кафето треба да уживате веднаш, бидејќи колку повеќе седи толку повеќе губи од интензитетот и вкусот.
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Е сега, од нигде–никаде ù текнува на Кики Карамел, да нè праша какво кафе пиеме. Но не само горко, благо или средно, туку сè во детали. Го пиеш жешко, ладно, со млеко, или со некаков засладувач? Навечер, насабајле, колку кафиња дневно пиеш, во друштво или сам? Бог да чува, што треба сега ова да значи? Кики ни е една од најпаметните во друштвото, без неа дури и плаќање сметка во кафуле станува вистинска конфузија. Па си велам, за ова прашање мора да постои некаква јака психолошка основа.rnrnНи на крај памет – какво си го пиел кафето, таков си бил во сексот! Што е следно, како ги јадеш шпагетите, таква ќе ти биде иднината? Можеби ги јадеш со вшмукување или пак ги загризуваш? Не знам од каде го чула овој „психолошки“ тест, ама добар е за „бош“ муабети. А чекај, тогаш што значеше тоа дали го пиеш во друштво или сам? Направивте обичното пиење кафе да се граничи со перверзност! Сега секогаш кога ќе си направам кафе, ќе си мислам што ми се „сака“ во моментот и зошто баш такво сум го направила? Не знам дали Кики ја постави темава само за да се пошегува со нас или да ни ги открие нашите „најскриени тајни“. Што значеше ако го пијам жешко и горко? Навистина? Епа се премислив, не го сакам такво! А ако сакаш инстант кафе две во едно, си бисексуалец?! Ајде сега да те видам кажи дека кафето го пиеш со многу шлаг-пена одозгора!rnrnИ не е само ова, слободно пребарајте на Гугл, има да најдете еден куп слични тестови. Ајде сега замисли си коцка. Ја замисли? Каква е, опиши ја коцката. ОК, тоа значи дека ти си таков, таков и таков човек. Ма немој, сето тоа според коцката која си ја замислив? Експерти! А ако утре ми текне да си ја замислам поинаку? Само си ги лажеме умовите. За некој да открие каков си психички, би требало истиот тој човек да биде психијатар, со диплома, да се разбира од човековата психа, зашто секој си е различен и свој. Ама не, во нашево општество ако одиш на психијатар си „мрднат“. Во ред, тогаш седете си дома, гледајте си на кафе, и муабетете за некакви бабини деветини и суеверија, па бидете нормални! Од толкав страв да не испаднеш ненормален пред другите, твоето скриено лудило сè повеќе расте.rnrnДојде време на самопрогласените експерти, секој е тоа што сака да биде без ни малку труд. Да, јас навистина верувам дека и во нашите најобични постапки се крие некакво психолошко значење, ама погрешно го толкуваме, даваме значење на погрешни работи. Не да се сконцентрираме на тоа што можеме да направиме денес за да си го подобриме животот, ние ќе останеме цел ден дома и ќе безделничиме зашто сме сонувале лош сон. Самите сме си саботери, ние си се уназадуваме, никој друг не ни е пречка. Во 21-век, кога за толку многу работи постојат докази и научни истражувања, кога имаме одговори за многу прашања, ние го величиме суеверието.rnrnВо минатото луѓето биле суеверни бидејќи врска немале зошто врне, или од каде доаѓа грмотевицата. Епа кое е тогаш нашето објаснување, зошто сме ние суеверни? Науката докажала дека може човек да биде полубуден во фаза на заспивање и да биде парализиран, ама не, нејзината баба кажала дека во тој случај ја „газат“ сенки. Абе биди свесна додека си будна и пази како одиш по улица да не те згазне камион, тоа е лошото.rnrnТопло ве поздравувам, и ви велам внимавајте какво кафе пиете на првиот состанок, каква храна јадете и на која страна од масата се навалувате, можеби вашиот партнер потајно ви прави психоанализа. И немој попладнево да сте метеле низ дома, зашто може никој да не сака да ве земе за жена. :)rnrn
