КАФЕ ПАУЗА

Tag: големи

  • Мали лаги кои треба веднаш да престанете да ги кажувате!

    Мали лаги кои треба веднаш да престанете да ги кажувате!

    Сите ние лажеме. Тоа е факт. Како што ви е добро познато, постојат „бели“ и „црни“ лаги. Но сепак, голема или мала, лагата е лага. Најлоши од сите лаги се оние што си ги кажуваме на себе бидејќи тие всушност немаат поента. Затоа престанете да се лажете себеси (и другите) и престанете да си го кажувате она што и не е баш точно.rnrn1-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_rnrn„Утре ќе го завршам тоа!“ Не, нема. Штом го одложувате еднаш, ќе го одложите уште неколку пати. Затоа, направете го тоа веднаш или едноставно кажете дека таа прегорена сијалица ќе ја замените следниот месец. Само бидете искрени. Зарем не е полесно?rnrn„Ма, како и да е.“ Не е, како и да е. Слободно изразете ги своите емоции и кажете што ве мачи. Ако некој ве повредил, тоа е сосема во ред, не е срамно да признаете дека се чувствувате разочарано.rnrn„Само уште еден пијалак.“ Колкупати тоа „уште еден пијалак“ навистина бил само еден? Кажете убаво „сакам да се напијам“ и тоа е тоа. Каков олеснување!rnrn„Не ја видов пораката!“ О да, ја видовте. Но, не сте сакале да одговорите. Или не сте знаеле што. И тоа е во ред, нема потреба да лажете.rnrn„Те слушам!“ А куцате порака. Штом имате потреба да нагласувате на некого дека го слушате, очигледно е дека не го правите тоа. Ако ве нервира кога некој друг ви го прави тоа вам, тогаш престанете и вие така да се однесувате.rnrn3-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_rnrn„Добро сум.“ Што ти е моќта на убедувањето! Колку пати на себе (или на другите) сте кажале дека сте добро, кога всушност било спротивното? Ако навистина не се чувствувате така, тоа е залудно. Исплачете се, преспијте, изедете чоколадо од 300 грама, пратете му/ѝ порака и тогаш навистина ќе можете да се почувствувате добро.rnrn„Ќе го купам ова за да имам што да носам кога ќе ослабам. Па да, ќе послужи како мотивација!“ Подигнете ги рацете сите вие кои барем еднаш сте си го кажале ова и сте се излажале.rnrn„Знам дека може да се промени.“ Човекот може да го промени својот изглед, навики, но својот карактер и она што е тој како личност – никогаш! Не лажете се!rnrn„Не сум љубоморна/љубоморен!“ Сте. Но добро, на сите ни се случува тоа.rnrn„Јас обично не го правам ова…“ На секого му се случува да откачи малку и да направи нешто што можеби никогаш не планирал да го направи. Па добро, малку лудило не боли.rnrn„Ма, го преболев јас тоа.“ Но, дали навистина? Во ред е ако не сте го преболеле, на никого не му е грижа, тоа е само ваша работа. Ако сакате да ви биде полесно да преболите, направете нешто од она што претходно ви набројавме: плачење, чоколадо сон…rnrn2-golemi-ili-mali-lagite-se-lagi-mali-lagi-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-gi-kazhuvate-www.kafepauza.mk_

  • Мејн кун: Мачки покрај кои вашата би изгледала минијатурно

    Мејн кун: Мачки покрај кои вашата би изгледала минијатурно

    Мејн кун е една од најголемите припитомени раси мачки. Всушност, рекордот за најдолга мачка во Гинисовата книга на рекорди од 2010 го држи Стуи со измерени 123 см од врвот на носот до врвот на опашката. Машките мачки од овој вид тежат до 15,9 кг.rnrn12-mejn-kun-machki-pokraj-koi-vashata-bi-izgledala-minijaturno-kafepauza.mk18-mejn-kun-machki-pokraj-koi-vashata-bi-izgledala-minijaturno-kafepauza.mkrnrnПотеклото на мејн кун е завиено во мистерија. Иако генетски невозможно, еден мит вели дека овие мачки се добиени со вкрстување на мачки и ракуни. Друг мит е дека Марија Антоанета, кралицата на Франција, се обидела да избега за да се спаси од егзекуција заедно со нејзините омилени турски ангорки. Додека таа не успеала да стигне во САД, мачките наводно слетале на брегот на Вискасет, Мејн, каде што започнале да се размножуваат.rnrn

  • Кучиња на кои не им е јасно колку се големи

    Кучиња на кои не им е јасно колку се големи

    Сајтот „Bored Panda“ ги повикал своите читатели да испратат слики од своите огромни кучиња. Од нив може да се заклучи една работа – дека огромните домашни миленичиња се исто толку нежни во душата како и помалите од својот вид. Начинот на кој тие се галат со своите сопственици не може да сугерира на ништо друго.rnrnКучиња на кои не им е јасно колку се големиrnrn

  • И најдолгото патување започнува со еден чекор

    И најдолгото патување започнува со еден чекор

    „Правете ги тешките работи додека се лесни и големите работи додека се мали. Патувањето од илјада милји започнува со еден чекор.“ – Лао Це

    rnИ најдолгото патување започнува со еден чекор...
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ако вашите соништа не ве плашат…

    Ако вашите соништа не ве плашат…

    „Ако вашите соништа не ве плашат тогаш не се доволно големи.“

    rn

    Ако вашите соништа не ве плашат...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2880×1800)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 трикови за визуелно поголеми очи

    5 трикови за визуелно поголеми очи

    Доколку сакате визуелно да ги направите вашите очи покрупни, а погледот позаводлив, тоа можете многу лесно да го постигнете во само пет чекори.rn

    5 трикови за визуелно поголеми очи

    rn1. Задолжително навиткајте ги трепките за убаво да ги нагласите. Потоа нанесете два слоја маскара и никако не заборавајте ги долните трепки.rnrn2. За убави очи и заводлив поглед неопходно е веѓите да ви бидат уредни. Отстранете го вишокот влакна, начешлајте ги, а празнините пополнете ги со моливче или темна сенка.rnrn3. За прекривање на подочниците и темните кругови околу очите, неопходно е да нанесете коректор. Одберете розов коректор или со нијанса на праска.rnrn4. На долниот капак на окото нанесете бело моливче.rnrn5. Акцент на вашите очи ќе им даде и соодветната сенка. Доколку имате сини очи, одлучете се за сина, кафена или виолетова сенка. Доколку имате кафени очи одберете сина, кафена, зелена или беж сенка, додека доколку имате зелени очи одберете кафена, златна, виолетова или праска боја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интимни фотореалистични слики

    Интимни фотореалистични слики

    Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу фотографија и слика. Марта Пентер е психолог кој се занимава и со сликање. Таа живее во Бразил, а нејзините неверојатни фотореалистични слики ќе ви ги поместат границите на реалното. Нејзината серија на портрети „Shared Intimacy“ вклучува слики за кои дефинитивно ќе помислите дека се земени од нечиј приватен фотоалбум.rnИнтимни фотореалистични сликиТаа црта со акрилни и мрсни бои на платно. Нејзините дела најчесто се во црно-бела техника, а понекогаш знае да вметне и некоја друга боја. На прашањето зошто ги прави сликите толку големи, таа одговорила:rn. rn

    „Кога пред себе имате голема слика, таа ве тера да станете дел од неа многу побрзо, отколку кога таа би била мала.“

    rnИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиИнтимни фотореалистични сликиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.