КАФЕ ПАУЗА

Tag: глетки

  • Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

    Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

    Работата како пилот бара голема храброст, но понекогаш тие се соочуваат со доста интересни ситуации. Овде ви прикажуваме неколку необични глетки со коишто се соочиле пилотите во текот на нивното работно искуство.rnrnrn

    1. Меѓународна вселенска станица

    rn

    „Летавме на висина од 13.100 метра, а сонцето заоѓаше зад нас. Одеднаш здогледавме сјајна точка на хоризонтот директно пред нас. Почна да се движи неверојатно брзо. Го повикавме центарот и прашавме дали имаат некаква информација, затоа што навистина изгледаше како таа точка да се движи директно кон нас. Тие ни одговорија дека нема ништо таму, па ние им ја опишавме светлата точка којашто се упатуваше кон нас, а авионот позади нас го потврди истото. Од центарот нè замолија да причекаме, а потоа следуваше одговор: ‘Она што сте го виделе е вселенска станица’.“

    rn

    2. Куче и елен на пистата

    rnКога пилотите побарале извештај за тоа што се приближува на малата писта во Пенсилванија, ним им било одговорено со напомена:rn

    „Внимавајте на црното куче на пистата за слетување. Тоа брка стадо елени.“

    rn

    3. Американска подморница

    rnУште еден пилот опишал како летал преку планинскиот гребен на Хаваите, а од другата страна на гребенот имало мала надолнина каде што се наоѓало нешто огромно.rn

    „Прво помислив дека се работи за кит, а потоа сфатив дека е нешто многу поголемо. Тоа беше подморница на американската морнарица и најголемото водно возило коешто некогаш сум го видел во животот.“

    rn

    4. Комбајн како „јаде“ автомобил

    rnЕден пилот тврдел дека, додека надлетувал едно мало село, забележал како еден комбајн „јаде“ автомобил додека неколку луѓе панично трчале наоколу.rnrnrn

    5. Гулаби

    rnГулабите на неколку илјади метра височина се невообичаена глетка.rn

    6. Розово езеро

    rnКога летал од Мелбурн во Перт, еден пилот забележал розово езеро. Езерото добива розова боја поради зелените алги „Dunaliela salina“, а можно е и поради високата концентрација на морски ракчиња. Кога водата ќе стане посолена од морската, под вистинска температура и светлосни услови, алгите акумулираат пигмент бетакаротен, што на водата ѝ дава розова боја.

  • Скриена урбана геометрија на небото

    Скриена урбана геометрија на небото

    Едни од најголемите центри во светот нудат една поразлична перспектива која го одзема здивот. Ова се фотографии од урбаните геометриски фигури кои се исцртуваат на небото кога ќе ја кренете главата нагоре.rnrn

    0-Skriena-urbana-geometrija-na-neboto-kafepazua.mk
    Мелбурн, Австралија
    rnrn

  • Фасцинантни глетки од авион

    Фасцинантни глетки од авион

    Најдоброто од летањето со авион е токму глетката кога тој се оддалечува од земјата. Убаво е чувството кога сте меѓу облаците, но уште поубаво е кога меѓу нив се ѕирка шаренилото од улици, згради, куќи, полиња, планини или реки, кои пред да ни се изгубат од видикот, наликуваат на вредни уметнички дела. Некои од нас ваквите глетки ги претвораат во фотографии.rnrn

    Фасцинантни глетки од авион
    Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Сан Франциско, Калифорнија
    rnrnУживајте во уште триесетина фантастични моменти, уловени низ авионските прозорци на повеќе локации низ светот.rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Некаде над Лима, Перу
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Планината Рение во Вашингтон, САД
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Чара, Сибир
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Јута, Соединети Американски држави
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Медисон, Висконсин, САД
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Зелен ’Рт, Африка
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Езеро Пирамида, Невада
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Гвајана, Јужна Америка
    rnrn
    Фасцинантни глетки од авион
    Бајкалското Езеро во Сибир
    rnrn