КАФЕ ПАУЗА

Tag: гледање

  • Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе

    Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе

    Голем број љубители на турското кафе, честопати знаат по завршувањето со пиење да ја „свртат“ шолјата и да ја подготват за гледање. Тоа несомнено е дел од македонското секојдневие. Без разлика дали веруваме или не во „предвидувачката моќ“ на кафето, тоа продолжува да биде неизбежен дел од утринскиот разговор со нашата најблиска пријателка.rnrnЗначењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафеrnrnОбичајот да се гледа на кафе за прв пат се појавил во Отоманската империја, но оттаму со тек на време се раширил низ целиот свет. Постојат многу различни интерпретации на симболите, како и правила за тоа како треба да се одвива гледањето на кафе. Но, има и неколку општоприфатени значења на оние симболи кои најчесто се појавуваат во нашите шолји.rnrnЗначењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафеrn

    Основни правила за гледање на кафе

    rn

      rn 011

    • И покрај тоа што може да се гледа на кафе секој ден, се верува дека е најдобро тоа да биде во вторник или во петок, како и да се избегнува денот недела и деновите на верските празници. Исто така се верува и дека е подобро да се гледа претпладне отколку попладне.
    • rn 011

    • Оној кој гледа на кафе, треба тоа да го прави во својот дом.
    • rn 011

    • Не е пожелно на една личност да ѝ се гледа повеќе пати во текот на неделата.
    • rn 011

    • Никогаш не додавајте дополнителна количина кафе, вода или талог во вашата шолја пред гледањето. Исто така не ја вртете шолјата повеќе пати, со цел да имате повеќе фигури во неа. Најправилно е да ја поклопите со тацната и потоа во еден потег да ја превртите. Откако ќе го сторите тоа, почекајте барем 10 минути да се исуши талогот, пред да почнете со гледањето.
    • rn 011

    • Само на една личност ѝ е дозволено да гледа во шолјата, и истата треба сама да го заврши гледањето до крај.
    • rn 011

    • Додека некој ви гледа на кафе не е препорачливо да го прекинувате со прашања, на тој начин можете несвесно да му сугерирате одредени работи и да му го одвлечете вниманието во погрешна насока.
    • rn 011

    • По гледањето најчесто се замислува една или три желби.
    • rn 011

    • Оптимален период за гледање на кафе е од 10 до 15 минути.
    • rn 011

    • Шолјата е поделена на 5 полиња. Првото поле се однесува на личноста на која ѝ се гледа, второто поле се однесува на најблиската фамилија, третото поле се однесува на личноста со која е во емотивна врска, четвртата страна е за пријателите, познаниците, соработниците како и за работата/факултетот, додека пак петтата страна се однесува на карактерот на личноста и на нејзиниот дом и семејство.
    • rn 011

    • Редоследот на гледање во шолјата според полињата е 5, 1, 2, 3, 4. Симболите се толкуваат од лево кон десно и одоздола нагоре.
    • rn

    rnЗначењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафеrn

    Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе

    rnАнгел – Среќна случка во вашиот дом, принова, ненадеен финансиски успех, наследство.rnrnАвион – Работа со некој близок пријател која има неизвесен крај.rnrnАвтобус – Патување со друштво, екскурзија, излет, службен пат.rnrnАвтомобил – Во брзо време ќе се случи нешто важно.rnrnБик – Доколку личноста е женско, некој нападно ѝ се додворува и не знае како „да го откачи“, додека пак ако личноста на која ѝ се гледа е машко не треба да го губи времето со девојка која не е слободна.rnrnБукет – Вашиот/та сосед/ка се заљубил/а во вас. Може да претставува и трајна љубов.rnrnБрод – Во брзо време ќе одите на долго патување.rnrnБебе – Новости во домот или во вашата блиска околина.rnrnВага – Успех, тоа што сте го вложиле повеќекратно ќе ви се врати.rnrnВазна – Бидете достоинствени, не дозволувајте да ве понижуваат.rnrnВрапче – Ситна штета што ќе ви направи многу големи непријатности.rnrnГлава – Ќе запознаете многу влијателни луѓе.rnrnГуштер – Пријателот на кој сметате, нема да ви помогне.rnrnДрвја – Опкружени сте со одлични пријатели, а не сте свесни за тоа. Желбата ќе ви се исполни.rnrnДруштво – Весел провод, со многу гласна музика, алкохол и пијанство.rnrnДетелина – Ви престои среќа во љубовта.rnrnЖаба – Интриги. Вашата фамилија озборува.rnrnЖена – Доколку е во горниот дел од шолјата, среќа. Ако се наоѓа во долниот дел, претставува љубомора.rnrnЖирафа – Не бидете толку важни и вообразени.rnrnЗмија – Ќе ви наштети женска личност од вашата околина.rnrnЗмај – Разгорување на страстите со личност од вашето минато.rnrnЈато птици – Луѓето премногу се мешаат во вашите деловни планови.rnrnЈарец – Тврдоглавоста скапо ќе ве чини.rnrnКлуч – Ќе ви помогне постар господин во работата што неодамна сте ја започнале. Успешно разрешување на некој проблем.rnrnКнига – Ви треба стручен совет и помош.rnrnКоњ – Ви престојат големи љубовни авантури. Добивка, пријателство, искрена љубов, верност.rnrnКуче – Верност. Вашиот пријател има потреба од вашата помош.rnrnКафе – Во брзо време ќе ви дојдат гости.rnrnКокошка – На повидок е жестока караница.rnrnКруна – Позитивен знак, успех на сите полиња.rnrnЛав – Ќе ја здобиете довербата на некоја угледна личност. Пазете се од луѓе што многу лесно ветуваат.rnrnМачка – Кавга во фамилијата поради пари. Ќе запознаете многу интересна личност. Имате некое лажно пријателство за кое не сте свесни.rnrnМесечина – Ќе бидете излезени со ново друштво.rnrnМост – Ќе барате помош од истиот пријател кој го барал тоа од вас во минатото. Брз успех и исполнување на желба.rnrnОко – Некој веќе подолго време сака да ве види.rnrnОџак – Голема среќа во блиска иднина.rnrnПрозорец – Вашите соседи се многу љубопитни. Постојано ве набљудуваат.rnrnПрстен – Ако се наоѓа на дното претставува посветување, сериозна љубовна врска, веридба. Доколку се наоѓа од страните, внимавајте бидејќи некоја личност не е многу задоволна од вашата одлука на оваа тема.rnrnПердув – Нема причина за вашата љубомора.rnrnПчела – Пред вас е најуспешната година досега. Ќе си ги остварите сите планови.rnrnРака – Непријатности со полицијата.rnrnСлон – Огромниот труд кој го вложивте, конечно ќе ви донесе решение на проблемот.rnrnСончоглед – Премногу сте недоследни кога станува збор за љубовта.rnrnСекира – Наскоро ќе има пресврт во вашиот живот.rnrnЧасовник – Времето работи за вас.rnrnСтрела – Не ја пренесувајте понатаму веста што ќе ја слушнете.rnrnФенер – Неочекувана промена во вашиот живот која ќе ви предизвика огромно задоволство.rnrnШешир – Еден од вашите најблиски пријатели ќе се обиде да сокрие нешто од вас.rnrnЗначењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафеrn

    Значењата на броевите

    rn1 – Почеток, вест, честитка.rnrn2 – Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд.rnrn3 – Ново познанство.rnrn4 – Разговор.rnrn5 – Успех, ќе ви бараат пари на заем.rnrn6 – Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил.rnrn7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта) или обновување на стара љубовна врска којашто ќе заврши на истиот начин (ако седмицата е со црта).rnrn8 – Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат.rnrn9 – Почеток на сериозна врска, веридба, брак.rnrn10 – Ќе добиете неочекувани пари.rnrnЗначењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафеrn

    Значењата на буквите

    rnА – Почеток на нова работа.rnrnБ – Оригинална и мила личност.rnrnВ – Агресивност, победа.rnrnГ – Искреност, јасни мисли.rnrnД – Себичност.rnrnЕ – Самодоверба.rnrnЖ – Исполнување на желба.rnrnЗ – Темпераментност.rnrnЅ – Оригиналност.rnrnИ – Нови информации.rnrnЈ – Необична љубовна авантура.rnrnК – Караница со блиска личност.rnrnЛ – Истрајност, упорност.rnrnЉ – Искрена љубов, склоност кон самосожалување.rnrnМ – Природно, спонтано, нови можности.rnrnН – Благородност.rnrnО – Егоист.rnrnП – Умереност.rnrnР – Сила, Хармонија.rnrnС – Голема среќа.rnrnТ – Имате премногу предрасуди.rnrnУ – Тврдоглавост.rnrnХ – Остварување на целта.rnrnПрочитајте и: Толкување на стрелките на часовникот.

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Пронајди се, пронајди ме

    Поезија: Пронајди се, пронајди ме

    Автор: Пеперуткаrnrn1-pronajdi-se-pronajdi-me-www.kafepauza.mk_rnrnЗошто бегаш, зарем не сфаќаш?rnГледаш, но не забележуваш.rnЈас стојам пред тебе,rnа ти ме бараш.rnМе гледашrnи се уште ме бараш,rnа не веруваш дека постојам.rnМи зборуваш за мене,rnме полудуваш,rnно не ме гледаш.rnЈас сум таа што ја бараш,rnно не само таа што ја гледаш,rnтуку онаа која треба да ја откриешrnдлабоко во онаа што ја гледаш.rnНе ме разбираш,rnзашто пак само површно читаш,rnзашто забораваш,rnне размислуваш.rnСи велиш: „ Во многу гледам“.rnНо што чувствувашrnдодека гледаш?rnЗнам дека знаеш,rnно не признаваш.rnНи себеси не си веруваш,rnод страв не си дозволуваш.rnСе пронаоѓаш, знам,rnно лесно се откажуваш.rnНе затоа што не знаешrnдоволно да сакаш,rnтуку зашто си заборавилrnда сонуваш,rnда се надеваш,rnво искреност да верувашrnи од срце да се радуваш.rnСи заборавилrnбез горчина да судиш иrnбезусловно да љубиш.