КАФЕ ПАУЗА

Tag: гето

  • Недофатливите (The Intouchables)

    Недофатливите (The Intouchables)

    Филм за тешките човечки судбини, социјалните разлики и инцидентните пријателства…rnrnНедофатливите (The Intouchables)Режија: Ерик Толедано и Оливие НакашrnrnУлоги: Франсоа Клузе, Омар Си, Ана Ле НиrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: францускиrnrnПремиера: 02 ноември 2011, БелгијаrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn


    Кога хуманоста умерено ќе се нагласи, таква каква што и може да се очекува во реалноста, а хуморот ќе ве остави гладни за уште, веднаш станува јасно дека зад филмот не стои Холивуд. Се работи за европска драма, која се темели на вистинска приказна. Во нејзиниот фокус се социјалните разлики и тешки човечки судбини, но неизбежната патетика е сведена на минимум. Токму така, приказната е суптилна, во европски стил. Единствена мана е тоа што во филмот речиси и да нема никаква тензија.rnrn „Недофатливите“ стигна до заработка од 281 милион долари, девет номинации за „Цезари“ и едно признание за најдобра машка улога, на 37-то издание на француските филмски награди, кои претставуваат своевиден еквивалент на „Оскарите“. Тој е во првите три најгледани европски филмови за изминатата година. Киносалите изброија преку 20 милиони гледачи.rnrnrn


    rn

    rnПриказна: Ноќ во Париз. Во фокусот е црн автомобил кој беснее по улиците и го привлекува вниманието на полицијата. Вистински адреналински почеток за прилично мирниот остаток од дејството на филмот, во кој комичните елементи не се многу на број, но се умешно одбрани и добро спакувани. Автомобилот го управува Дрис (Омар Си), проблематично, но харизматично момче од сиромашно гето, а на совозачкото седиште е Филип (Франсоа Клузе), парализиран богат аристократ, кој останал инвалид како резултат на параглајдерството. Ќе ги спои темпераментот и зависноста од адреналин, но за сосема различни работи. На пример, и двајцата се страсни уживатели на музиката, но како што и претпоставувате, жанровите кон кои се наклонети се меѓусебно скарани. 🙂Недофатливите (The Intouchables)Дрис доаѓа од многучлено семејство, во кое тој не е единствениот проблем. Буквално по грешка станува негувател на Филип, бидејќи се пријавува за работното место, сигурен дека ќе го одбијат, само за да добие потпис со кој ќе продолжи да зема социјална парична помош. Сосем неочекувано, неговиот арогантен однос и бунтовен дух ќе му ја загарантираат работата.rnrnВо филмот, високите банкарски сметки на Филип од една страна се прикажани како практични, но небитни, како нешто што не може да ви ја даде посакуваната моќ, но од друга страна и како оружје со кое најлесно се доаѓа до решение на проблемите. Дали станува збор за баланс или за контрадикторност, оценете сами.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Кинематографија: На моменти ќе се соочите со темни, празни и безлични сцени, но на моменти ќе уживате во кадри со совршено небо, мирен океан и разиграни бои, налик разгледници од Париз. Можеби приказната е веќе продадена во Холивуд, но начинот на кој се подредени сцените и уметничкиот пристап во секоја од нив, прават впечаток дека се работи за нешто сосема поинакво. Инаку, нема долго да се дружите со тмурните моменти или барем нема силно да ги почувствувате, бидејќи повремено нив ги разбива дискретно уфрлена силна боја (најчесто црвена) или по некоја забавна реплика. Но, како и да е, ведрите сцени остануваат подолго во сеќавање. Секоја од нив е проследена со соодветна музичка поддршка. 🙂Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Улоги: Може слободно да кажеме дека Омар Си заслужено доби „Цезар“ за најдобра машка улога на француските филмски награди. За огромната популарност на филмот и неговото претворање во меѓународен хит, најверојатно придонесува и тоа што Омар е силно обожуван и ултрапопуларен кај публиката. Тој совршено се надополнува со неговиот партнер во филмот, Франсоа Клузе, кој пак е зачудувачки умерен и смирен во неговата задача. И останатите нивни колеги одлично се носат со улогите. Тие се како мали, но неопходни парчиња од мозаикот.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Кога и како да го гледате: Гледајте го навечер, со пријателите кои обожаваат малку драма и европски хумор. Чипс и пивце се добредојдени. Со оглед на тоа што трае безмалку два часа, заземете си ги вашите омилени положби за гледање филм и стиснете плеј. 🙂 Големото платно не е задолжително, бидејќи филмот не изобилува со ефекти, но, сепак, не е лошо пред да одлучите да го гледате, да проверите дали е можеби на репертоарот, на пример, во Кинотеката на Македонија.Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)Недофатливите (The Intouchables)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Навреме (In Time)

    Навреме (In Time)

    Филм за потрагата по вечен живот, во која времето е буквално париrnrnНавреме (In Time)Режија: Ендрју Николrn rnrnУлоги: Џастин Тимберлејк, Аманда Сејфрид, Силиан Марфи, Оливија Вајлд, Мeт Бомер, Џони Галецкиrn rnrnВреметраење 109 минутиrn rnrnЈазик: англискиrn rnrnПремиера: 28 октомври 2011rn rnrnЖанр: научна фантастика, трилерrn rnrnНаша оценка: 9/10rn rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    Предвидувањата за иднината некако станаа нова мода во филмската индустрија. Но, повеќето се насочени кон крајот на светот и меѓусебно си ги позајмуваат сцените. Овој футуристички трилер нуди нешто друго, нешто поинакво, далеку подобро од досадните и исфорсирани „армагедони“. Ако се прашувате каков ќе биде светот во далечната 2161 година, но не сте расположени за сериозните Биг Бенг теории и црни дупки, погледнете ја визијата на Ендрју Никол, ќе ве изненади. rnrnВо неговото последно остварување, технологијата оди напред, архитектурата се трансформира, но не и „пустите“ човечки желби. Сонот за вечната младост, за бесмртноста, е длабоко навлезен во генот и управува со човештвото. Ако пак, трката со времето е обележје на денешницата, за век и половина таа ќе стане базата на живеењето. Во куси црти, Никол ù нашол одлична примена на фразата „времето е пари“. Во 109 динамични минути, некои помалку, некои повеќе предвидливи, спакувал фино освежување за филмското платно…rnrnКино-благајните го потврдуваат успехот на „In Time“. Филмот бележи заработка од 105 милиони долари, што го става на третото место, веднаш зад „Мачорот во чизми“ (Puss in Boots) и „Паранормална активност 3“ (Paranormal Activity 3).rnrn


    rn

    rnСодржина: Секој човек на земјата во левата рака има вградено имплант за време, кој се активира на 25-годишна возраст. Тогаш, човечката раса престанува физички да старее. Во имплантот има секунди за само уште една година живот, после која, секој мора да го заработи времето (животот). Во моментот кога ќе истече и последната секунда, животот завршува. Кредитните картички и парите не постојат, сè се мери и купува со време, а општеството е поделено на временски зони. Сиромашните живеат во гето во Дејтон, каде секој ден е борба за опстанок. Таму луѓето се во безнадежна трка со времето. Богатите пак, живеат во современ и екстремно луксузен град наречен Њу Гринич и располагаат со векови.Навреме (In Time)Приказната се врти околу 28-годишниот Вил Салас (Џастин Тимберлејк), кој едвај го заработува времето. Живее со неговата мајка (Оливија Вајлд) во сиромашното гето и работи тешка физичка работа. Спиењето за луѓето во оваа временска зона е вистински луксуз. Улиците се преполни со мртви тела, кои не успеале да заработат доволно минути за да го преживеат денот. Настаните добиваат малку поинаков тек, кога Вил една вечер ќе му го спаси животот на богатиот Хенри Хамилтон (Мет Бомер), кој јавно ќе се луксузира со скапоценото време, во бар во сиромашниот Дејтон. За возврат добива многу, шанса да ја напушти временската зона и да ги смени работите… По тој пат Вил нема да чекори сам, туку во друштво на преубавата Силвија Вејс (Аманда Сејфрид).Навреме (In Time)Навреме (In Time)Глума: Џастин уште еднаш покажа дека е подобар актер, отколку пејач. 🙂 Одлично одиграно од негова страна. И неговата партнерка во филмот, младата Аманда Сејфрид очигледно знае како да ја освои сцената. Време е долгогодишните истакнати ѕвезди, кои глумат и кога не им одговара улогата, да им го отстапат просторот на младите таленти. Очигледно ги има.Навреме (In Time)Навреме (In Time)Кога и како да го гледате: Не е важно кога ќе го гледате филмот, дали денеска, утре или задутре. Сеедно е. Она што е важно е да одвоите време и да го погледнете. Ако сметате дека во последно време ниту едно филмско остварување не го заслужило вашето внимание, можеби ова е шанса да се премислите. Иако филмот е научна-фантастика, сепак не треба да очекувате премногу ефекти и да чекате да се појави на големото платно. Слободно можете да си направите домашна кино-проекција, сами или во друштво.Навреме (In Time)Навреме (In Time)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.