КАФЕ ПАУЗА

Tag: ген

  • Добар изговор или навистина постои ген за изневерување?

    Добар изговор или навистина постои ген за изневерување?

    Некои видови глодачи, за разлика од 97% од животинскиот свет, се моногамни. Нивните животи можеби се кратки, но кога ќе најдат партнер остануваат со него до крајот. Друг вид глодачи пак се парат само еднаш, со еден партнер и потоа истиот го напуштаат. Оваа голема разлика кај 2 многу слични вида е одличен начин да се декодираат генетските корени на сексуалната моногамија и неверството.rnrndobar-izgovor-ili-navistina-postoi-gen-za-izneveruvanje-kafepauza.mkrn

    Хормони и поврзување

    rnСпоред голем број истражувања, моногамните глодачи имаат повеќе рецептори во мозокот за хормонот наречен вазопресин за кој се верува дека е клучен кога станува збор за поврзување. Не само што овие глодачи имаат повеќе рецептори од другите, туку рецепторите се лоцирани поблиску до центарот за награда во мозокот.rnrnПа кога овие глодачи се парат, нивните тела произведуваат вазопресин кој пак го тера нивниот мозок да го награди парот со убави емоции. Од друга страна, мозоците на „неверните“ глодачи имаат многу помалку рецептори, па врската помеѓу поврзувањето и задоволството е многу послаба. Локацијата и чувствителноста на рецепторите за хормоните е диктирана од нашите гени. Па ова води до прашањето: Дали нашиот нагон за неверство е производ на нашите гени?rn

    Одговорот е комплициран

    rnВистинската приказна за потеклото на неверството и моногамијата е многу покомплицирана од „генот за изневерување“. Човечкото сексуално однесување е производ од безброј влијанија и интеракции, од нашите први врски со родителите, до социјалните норми во врска со сексуалноста, па и до нашите генетски предиспозиции.rn

    „Ние никогаш не сме затвореници на нашата биологија. Но ова може да објасни зошто некои луѓе имаат различна мотивација во таа област за разлика од другите“, изјавил Џастин Гарсија, биолог на Универзитетот во Индијана.

    rnВлијанието на овие генетски „мотивации“ е тешко да се одреди, но едно истражување од 2014 година понудило интересни резултати. Истражувачи ги разгледувале сексуалните навики на речиси 7.400 близнаци и роднини во Финска, и откриле дека 9,8% од мажите и 6,4% од жените имале повеќе од 1 сексуален партнер во изминатата година. Но она што е навистина интересно е тоа што идентичните близнаци (со идентични геноми) покажале исто ниво на верност, додека другите испитаници не. Ова укажува на фактот дека некои гени се доволно моќни да влијаат на сексуалното однесување. Всушност има и бројки за ова. Нашите гени се одговорни за верноста, и тоа 63% од мажите и 40% од жените. Вазопресинот не е единствениот хормон кој е поврзан со моногамијата и верноста. Окситоцинот е друг хормон кој се ослободува за време на секс и кој ги зајакнува социјалните врски.rn

    Допамин и ризично однесување

    rnОдамна е потврдено дека луѓето кои имаат послаби рецептори за допамин почесто се однесуваат ризично – дрога, алкохол, коцкање… Сето ова со цел да го почувствуваат допаминот кој нормална личност би го добила и од јадење чоколадо. Во едно истражување учествувале 181 испитаник, дел од кои имале послаби рецептори за допамин. Се открило дека луѓето со послаби рецептори имале 50% поголеми шанси да бидат неверни.rnrnДоколку сте преживеале неверство, погледнете што треба да направите.

  • Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

    Неверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаеле

    Гените на човекот ја одредуваат бојата на косата, кожата и очите кога се раѓаме. Бојата на косата е детерминирана од меланоцитните клетки, кои го произведуваат и чуваат пигментот на косата и кожата. Бојата на косата ја одредуваат два вида пигменти: еумеланин и феомеланин. Колку повеќе имате еуменалински гени, толку и потемна коса ќе имате. Тоа значи дека, ако имате малку еумеланински гени ќе имате руса коса, а ако имате многу – црна коса.rnrnВо зависност од процентуалната застапеност на секој од гените, луѓето имаат руса, кафена, црвена или црна коса. Бидејќи меланоцитните клетки умираат во текот на животниот век, вашата коса станува седа кога ќе остарете и уште побела кога ќе ја достигнете длабоката старост. Во продолжение прочитајте ги следниве ултраинтересни факти за вашата коса, кои не сте ги знаеле.rnrnНеверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаелеrnrn1. Косата на жените расте многу побавно отколку косата на мажите.rnrn2. Косата на мажите е многу погуста од косата на жените.rnrn3. Косата расте побрзо кога времето е топло.rnrn4. Потстрижувањето на косата никако не влијае на брзината на нејзиниот раст.rnrn5. Животниот век на косата е 2-7 години. Во просек, животниот век на едно влакно е пет и пол години.rnrn6. На еден просечен скалп има околу 100.000 влакна. Црвенокосите луѓе имаат околу 80.000 влакна, бринетите и црнокосите околу 100.000, а русокосите имаат најмногу влакна, односно 120.000.rnrnНеверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаелеrnrn7. 90% од влакната на главата се во раст, а 10% одмораат.rnrn8. Едно влакно е дебело 0,02-0,05 мм, што значи дека 20-50 влакна наредени едно до друго, формираат 1 милиметар.rnrn9. Луѓето имаат најтенки влакна на телото од сите примати. Нашите влакна започнале да се тенчат уште пред многу векови, бидејќи со самото тоа што стоиме исправени на две нозе, само 1/3 од од нашето тело е постојано изложено на сонце. Влакната од косата пак, остануваат во голем број, бидејќи главата е постојано изложена на сонце. Процесот на растење на косата се нарекува андоген, а неактивниот – телоген. Околу 15-20% од вашата коса во моментов се наоѓа во фазата телоген.rnrn10. Многу лекови можат да предизвикаат опаѓање на косата. Исто така, дебаланс на хормоните и ригорозни диети, можат да предизвикаат привремено опаѓање на косата.rnrn11. Влакното е многу цврсто. Можете да искинете влакно само ако употребите сила од околу 60 кг, откако прво ќе го растегнете за 70%.rnrn12. Едно влакно може да поднесе тежина од 100 грама, а целата коса на вашата глава може да издржи до неверојатни 12 тони тежина, што е еднакво на два африкански слонови.rnrn13. Во Гинисовата книга на рекорди е запишана една жена од Индија, чија коса е долга повеќе од 4 метри.rnrn14. Африканците и Европејците имаат поголема тенденција за ќелавење, отколку Азијците.rnrn15. Чешлањето на косата е помалку штетно со чешел, отколку со четка.rnrnНеверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаелеrnrn16. Доколку откинете едно влакно од вашата коса, ќе започне да расне ново од фоликулата на влакното.rnrn17. Влакната на трепките паѓаат на секои 4-6 седмици. Тие ја имаат истата функција како мустаќите кај мачките: предупредуваат дека нешто (како на пример инсект) се приближува.rnrn18. Трихотиломанија е импулс, потреба да се кубат влакна од сопствената коса. Некои луѓе дури и ги јадат влакната.rnrn19. Честото миење на косата, не предизвикува нејзино ретчење.rnrnНеверојатно интересни факти за косата кои не сте ги знаелеrnrn20. Првиот фен за коса бил всушност правосмукалка, која ја користеле за сушење коса.rnrn21. Црвената коса претставува генетска мутација. Таа расте дури после 7 генерации на луѓе со темна коса.rnrn22. Црвена коса имаат само 4% од луѓето во светот. Најголем дел од природните црвенокоси луѓе живеат во Шкотска (13%) и во Ирска (10%). Во САД, само 2% од луѓето се црвенокоси.rnrn23. 1 инч од вашата коса, може да открие многу факти за вашето однесување. Преку анализирање на вашите влакна, научниците можат да разоткријат што сте јаделе и што сте пиеле во текот на последниот месец, како и во каква околина или регион сте живееле.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Научниците велат дека можат да предвидат дали некој може да ја доживее 100-та година од својот живот и тоа со точност од 85%. Ова е возможно со помош на тестот за здраво генетичко стареење. Тие дошле до сложена формула, по проучување на ДНК кај стогодишници и ги идентификувале генетските варијации кои им овозможиле да ја достигнат оваа возраст. Откриени се серија маркери, за кои се мисли дека ги прават луѓето генетски предиспонирани за долг и здрав живот, со тоа што се одолговлекува процесот на стареење на кожата како и спречување на можноста за појава на кардиоваскуларни болести. Овие гени помагаат во разбирањето на фактот дека појавата на подолг животен век, се манифестира во повеќе генерации од истата фамилија, додека кај други луѓе тоа не е пример, иако се внимавало на начинот на живеење, пушењето цигари, пиењето алкохол и други параметри.rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОвој тест е со точност од 60-85 % во зависност од годините на испитаникот, но малку е веројатно дека може со сигурност да потврди колку точно ќе живеете. Сепак, можноста да се одберат група луѓе кои имаат голема веројатност да ја достигнат 100-та година е корисна за научниците, кои ќе можат понатака да се усовршуваат во изнаоѓање третмани кои ќе се борат против болестите кои се појавуваат во староста.rn
    rn

    „Понатамошните студии на овие генетски карактеристики, можат да доведат до подобро разбирање на генетските и биолошките основи за одложување на  болестите поврзани со стареењето и овозможување подолг опстанок.“ – вели Д-р Томас Перлс.

    rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОваа студија е започната во 2010 година на Бостонскиот универзитет и резултатите од неа биле објавени во научниот магазин „Sciencе“, но поради проблеми со подадоците, овој артикл бил повлечен. Во новиот документ, кој бил независно потврден од Универзитето Јеил, се додаени дополнителни податоци за исклучително стари луѓе, со просечна старост од 107 години. Овие луѓе, биле идеален модел за здраво стареење, бидејќи тие генерално не чуствувале потешкотии или дисфункции на организмот се до нивната 90-та година.rnrnДодека генетските фактори се само мала влијателна сила за доживување на 85-та година (20-30%), студијата сугерира дека тие би имале многу поголема улога после 85-тата година од животот. Научниците ги скенирале геномите на 801 стогодишник и ги споредиле резултатите на 914 „нормални“ испитаници. Биле откриени 216 генски варијации кои се наоѓале само кај постарата група и се верува дека тие играат улога во побавното стареење. Овие варијации може да се сместат во 26-те т.н „генски потписи“ кои биле карактеристични за 90% од испитаниците во постарата група.Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниrnТим Спектор, професор на Кралската академија во Лондон изјави:rn
    rn

    „Ова е интересна студија на ретки стогодишници. Таа укажува дека гените се многу помоќни од вашата одлука за тоа дали ќе живеете 100 години или пак 85 години. Со стотици гени кои одлучуваат за вас, личните претпоставки за тоа колку години би живееле никогаш не излегуваат точни. Големата вест е тоа дека нема еден ген кој е одговорен за стареењето, туку се буквално илјадници од нив, но сè уште не се знае како тие функционираат и како го даваат свој допринос. Кoга ќе се разјасни таа мистерија, ќе биде многу полесно во наоѓањето соодветни терапии и третмани против стареењето“.

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.