Фројд можеби грешел за речиси сè – не постојат докази кои ги поткрепуваат неговите теории. Сепак, тоа изгледа не е важно бидејќи овој човек е вграден во нашата културна потсвест. Фројдовата анализа ги бои нашите секојдневни разговори и размислувања. Овој човек бил вистински ексцентрик чија биографија е чудна колку и неговите верувања.rn
1. Тој бил вистински уживател на кокаинот
rn
rnrnФројд бил вистински зависник од кокаин, често го користел, го препорачувал и ги бранел неговите својства. Кога бил студент на медицина во Виена, тој ги истражувал ефектите кои ги има кокаинот на телото и умот, и во текот на неговиот живот објавил неколку студии за неговите здравствени придобивки. Иако самиот си бил својот омилен предмет за тестирање, во 1880-тите тој му го препорачал кокаинот на неговиот пријател и колега, кој имал болки од инфекција здобиена од аутопсијата која ја правел. Неговите симптоми се намалиле после земањето на дрогата, а Фројд бил горд на неговиот успех. Сепак, пријателот умрел во октомври, 1881 година како резултат на предозираност од кокаин. Ова го натерало Фројд да престане јавно да го препорачува. Во 1890-та година, Фројд речиси убил свој пациент додека бил под дејство на дрогата, и оттогаш престанал да го користи.rn
2. Можеби прикрил вонбрачен абортус со сестрата на неговата жена
rn
rnrnИако Фројд ја напуштил својата кариера како научник и станал доктор за да може да ја издржува неговата љубена Марта и нивните 6 деца, ова (можеби) не го спречило да има афера со нејзината сестра, Мина. Мина се преселила во домот на Фројд и Марта кога починал нејзиниот сопруг, во раните 1890-ти. Во овој период, Карл Јунг и Фројд биле пријатели, а Јунг подоцна тврдел дека Мина му ја признала аферата со Фројд. Некои луѓе сметаат дека Фројд дури и ја забременил Мина, а ова резултирало со таен абортус. Во 2006 година, бил откриен потенцијален доказ за аферата, во форма на регистрација од хотел во Шведска. Фројд и Мина се пријавиле во хотелот како брачен пар.rn
3. Неговото бегство од Германија било помогнато од нацист и принцеза
rn
rnrnВо март 1938 година, Австрија била приложена кон нацистичка Германија, а ова предизвикало бран на имигранти. Фројд ја потценил опасноста на растечкиот фашистички режим и чекал да избега од Виена сè додека не било премногу доцна. Наскоро, нацистите имале целосна контрола над имиграцијата и Фројд не можел сам да избега. За негова среќа, Мери Бонапарта, принцезата на Грција и Данска, била негов поранешен пациент и им овозможила излез на Фројд и неговото семејство. Сепак, дури и со нејзината помош Фројд не би успеал да ја напушти државата доколку не се појавил еден сочувствителен нацистички офицер. Тој студирал хемија на Универзитетот во Виена кај пријател на Фројд, и се одлучил да му помогне да избега во Лондон.rn
4. Фројд поминал еден месец барајќи пениси од јагула
rn
rnrnОва се случувало додека учел зоологија на Универзитетот во Виена. Потрагата по машките јагули била избегнувана од многу научници, но Фројд верувал дека со малку спиење и многу експериментирање тој ќе може да ги лоцира. Тој поминал 4 недели дисецирајќи јагули, од кои сите ги прогласил како „понежен пол“ бидејќи не нашол траги од фалус. Денес научниците знаат дека јагулите немаат тестиси сè додека не дојде сезона за парење.rn
5. Фројд пушел толку многу цигари, што му била потребна протеза на вилицата
rn
rnrnУште од рана возраст, па сè до неговата смрт кога имал 83 години, Фројд бил вистински уживател на цигарите. Тој пушел кога имал рак, дури и откако оваа состојба му ја „изела“ вилицата. Иако добил многу дијагнози и операции, Фројд не можел да се откаже од тутунот. Се смета дека пушел околу 20 цигари дневно. Тој го криел својот рак од блиските, но кога морал да носи протеза за да не му падне велицата, тајната излегла на виделина.rnrnПродолжува на следната страница…rn

rnrnШекспир, на прашањето што можеме да бидеме ни вели: „Можете да бидете сè“. Вие знаете кои сте моментално, но не секогаш знаете кои можете да бидете. Со доволно цврстина и решителност можете да постигнете сè што ќе си замислите. Размислувањето дека вашиот потенцијал нема граници, е одлична идеја според која може најдобро да се живее.rn
rnrnОна што Емили пробува да ни го каже преку овој цитат е моќта на човечката имагинација. Во нашиот ум ние можеме да патуваме каде било на Земјата, па и подалеку, до самиот крај на универзумот. Нашиот мозок нема граници, поголемиот број од препреките низ животот си ги создаваме самите. Доколку успеете да се препуштите на вашата имагинација, побрзо ќе пристигнувате до решенијата на секојдневните проблеми.rn
rnrnОвој цитат ни овозможува да погледнеме подлабоко во човечката желба за иновација. Монотонијата е досадна, а промените ни овозможуваат да се чувствуваме живи. Никогаш не плашете се да направите промена, бидејќи можеби токму тоа ви недостасува за да се чувствувате подобро.rn
rnrnСите ние се стремиме да го постигнеме внатрешниот потенцијал кој го имаме, без разлика дали тоа ќе ни донесе позитивни резултати. „Светлината која ја поседуваме“ е нашата уникатна способност да станеме најдобри што можеме да бидеме. Секогаш верувајте во себе!rn
rnrnПостојат многу начини на сфаќање и разбирање на светот и идејата на Хераклит е дека способноста да поминуваме добро во училиште или на факултет, не е единствената мерка за висока интелигенција. Понекогаш треба да се погледне и надвор од она што го пишува во учебниците, за да може да се разбере целосноста на предметот.rn
rnrn
rnrnФројд создал метод наречен „слободна асоцијација“ со кој пациентот ги опишува мислите и чувствата како што му доаѓаат во умот. На пример, ако терапевтот рече „сино“, сонувачот би требало да го каже првиот збор кој му доаѓа на ум. Методот бил користен за да се открие вистинската заднина на соништата. Според Фројд, постои потиснат сексуален мотив зад повеќето соништа. Сонувањето чаша за вино, ракавица, пештера или тунел ги претставуваат женските гениталии, додека соништата со змија, молив или птица ги претставуваат машките гениталии. Па така, соништата со паѓање, летање, качување или симнување по скали, сите тие претставуваат секс.rnrn
rn
rn
rnrnДа речеме дека прозорецот има поглед кон парк. Погледнете во различните бои на небото и различните видови дрвја, тревници, цвеќиња итн. Проучувајте ги клупите, спомениците, корпите за отпадоци. Каков облик имаат? Дали се чисти? Каква боја се? Забележете дали има животинчиња, птици, пеперутки низ паркот. Дали има возрасни луѓе? Пешачат или седат, џогираат или туркаат колички со бебиња? Со што си играат дечињата?rnrnОткако ќе ја проучите целата сцена, земете еден тефтер и запишете сè што сте успеале да забележите. Оваа интересна вежба на мозокот, е ефективен начин да ги забележувате деталите во вашиот буден живот и во вашите соништа.rn