КАФЕ ПАУЗА

Tag: фрапе

  • Класично грчко фрапе за оние на коишто им недостасуваат плажата и морето

    Класично грчко фрапе за оние на коишто им недостасуваат плажата и морето

    Летото делува многу далеку од оваа перспектива…

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 30 милилитри вода
    • rn 011

    • 1 супена лажица инстант кафе
    • rn 011

    • 1 кафена лажичка шеќер
    • rn 011

    • 100 милилитри незасладено кондензирано млеко
    • rn 011

    • Ледени коцки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо шејкер за коктели, додајте ја водата, па кафето, па шеќерот. Покријте го и тресете силно околу 30-тина секунди. Потоа додајте една шака ледени коцки, повторно покријте го и продолжете со уште 30 секунди тресење. Сипете го кафето во висока чаша, притоа внимавајќи пената да остане на врвот. Послужете веднаш.rnrnПробајте го и ова веганско фрапе со карамела од само 3 состојки.

  • Уживајте во овој кофеински рецепт со сладолед пред да дојде зимата

    Уживајте во овој кофеински рецепт со сладолед пред да дојде зимата

    Без разлика дали сте се разбудиле без енергија или пак, ви треба освежување по тешкиот работен ден – ова фрапе е одличен избор за вас!

    rnuzhivajte-vo-ovoj-kofeinski-recept-so-sladoled-pred-da-dojde-zimatarn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 3 топки сладолед од ванила
    • rn011

    • Ледени коцки
    • rn011

    • 60 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
    • rn011

    • 30 милилитри млеко
    • rn011

    • 2 лажици сируп со вкус на кафе
    • rn011

    • Шлаг пена
    • rn011

    • Какао во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзматете ги сладоледот, ледот, кафето, млекото и сирупот со миксер. Матете сè додека не добиете мазна површина. Префрлете ја добиената смеса во стаклена, оладена чаша и декорирајте со шлаг пена и прстофат какао во прав.rnrnПогледнете го и овој рецепт за домашен сладолед од кафе (без млечни производи!).

  • Освежувачко фрапе со ореви

    Освежувачко фрапе со ореви

    Студено кафе со шмек на јаткасти плодови кое добро ќе ве освежи наутро

    rnОсвежувачко фрапе со оревиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 7 ореви
    • rn011

    • една лажичка инстант кафе
    • rn011

    • 2 лажички чоколадни трошки
    • rn011

    • 2 топчиња сладолед од ванила
    • rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • една лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 3 лажички мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги оревите во блендер и блендирајте додека не станат ситно мелени како прав. Потоа додајте им ги и млекото, чоколадните трошки, сладоледот од ванила, екстрактот од ванила, кафето и медот и матете додека добиете еднолична и кремаста смеса. Кафето сервирајте го студено и по желба декорирано со малку шлаг и чоколадни трошки.rnrnОсвежувачко фрапе со оревиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мока фрапе со колачиња

    Мока фрапе со колачиња

    Силно кофеинско задоволство кое ќе ви ги разбуди сите сетила

    rnМока фрапе со колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 120 милилитри силно кафе (дупло посилно од она што вообичаено го пиете)
    • rn011

    • 60 милилитри безмасен јогурт од ванила
    • rn011

    • 60 милилитри чоколадно млеко
    • rn011

    • ½ лажичка шеќер
    • rn011

    • 1 лажица чоколаден сируп
    • rn011

    • 1 ½ супена лажица чоколаден чипс
    • rn011

    • 6 мали чоколадни колачиња, здробени (за најдобар вкус употребете Орео)
    • rn011

    • 10-12 ледени коцки направени од кафе
    • rn011

    • Чоколадна шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги заедно кафето, чоколадното млеко, шеќерот и чоколадниот сируп и потоа оставете ги да се оладат во фрижидер. Студената кафе-мешавина, јогуртот од ванила, чоколадниот чипс, 4 колачиња и ледените коцки сместете ги во блендер и мешајте сѐ додека не добиете мазна мешавина. Откако ќе завршите, сипете го фрапето во чаша и декорирајте со шлаг пена, чоколаден сируп и со останатите искршени чоколадни колачиња.rnrn*Овој рецепт може да се прави и со обични ледени коцки, но во тој случај наместо 120 милилитри кафе, подгответе 225 милилитри.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадно фрапе со јагоди

    Чоколадно фрапе со јагоди

    Богат вкус создаден за уживање

    rnЧоколадно фрапе со јагодиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 мл ладно инстант кафе
    • rn011

    • 1 топка сладолед од јагода
    • rn011

    • 20 мл чоколаден прелив
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn011

    • 4 коцки мраз
    • rn011

    • 1 јагода
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСладоледот од јагода, чоколадниот прелив и шеќерот ставете ги во блендер и измешајте ги за да добиете пенлива и еднолична смеса. Потоа во блендерот додадете ги кафето и мразот и мешајте додека мразот убаво не се искрши. Кафето сипете го во висока стаклена чаша, декорирајте со шлаг , малку чоколаден прелив и една цела јагода на врвот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видот на кафето ја дефинира вашата личност

    Видот на кафето ја дефинира вашата личност

    Кафето кое секојдневно го пиете, не е само пена на врвот и шеќер на дното, туку во него се крие и вашиот карактер. Видот на кафето кое најмногу ви се допаѓа, зборува многу за вас.rnrnЏуди Џејмс и Џејмс Мур, експерти за говор на телото, открија дека преферирањето на одреден вкус кафе, зборува многу за самодовербата, сексуалниот живот, и нивоата на стрес на личноста. Во нивната книга „The you code“ тие прават еден интересен осврт на оваа тема.rn

    Љубители на еспресо

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnЛуѓето кои сакаат силно еспресо кое ќе ги разбуди наутро и ќе ги освестува во текот на целиот ден, се многу вредни луѓе на кои најбитно им е сите обврски да им се завршени на време. Настојуваат да си ги остварат целите најбрзо што можат и се одлични лидери. На љубовен план тие се страсни и посветени партнери, но може да не се доволно лојални и доверливи.rn

    Љубители на филтер кафе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОние кои преферираат филтер кафе, се најчесто луѓе со поконзервативен поглед кон животот. Тие се тивки, ретко ги искажуваат своите чувства и имаат променливо расположение. „Нивниот карактер е малку поспецифичен, но потенцијално можат да бидат одлични другари, колеги или љубовни партнери“ – констатираат Џејмс и Мур.rn

    Љубители на лате

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnНежни личности, кои имаат силна потреба да бидат сакани и почитувани од страна на другите луѓе. „Ако вашиот шеф пие лате, тој најверојатно ви дава работни инструкции со милозвучен бебешки глас“ – велат Џејмс и Мур. Сакаат да оставаат впечаток на самоуверени, успешни и шармантни личности, но со самото тоа што мешаат со млекце толку силно и чисто кафе какво што е еспресото, укажува дека тие имаат незрела страна.rn

    Љубители на капучино

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnДеталите на ситуациите и наклонетоста од другите луѓе, не ги интересира оние кои уживаат во прекрасното пенливо капучино. Она што ги фасцинира е материјалниот свет. Тие уживаат во сексот и бараат партнери кои знаат да фантазираат и да ги покажуваат емоциите. Љубовник без идеи и иницијатива, може многу брзо да им досади.rn

    Љубители на инстант кафе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОвие се весели, активни луѓе, кои често се смеат и шегуваат. Тие живеат според максимата „Ако не пробам, нема да знам“. Но, овие личности не се доволно амбициозни да направат голема кариера и најчесто завршуваат работејќи некоја обична работа, за просечна плата. Се држат настрана од вообразени луѓе кои се прават нешто што не се. Во сексот не се доволно опуштени и имаат тешкотии во приврзувањето со партнерот. Не е чудно доколку слушнете дека овие луѓе носат чорапи во текот на сексуалниот однос, бидејќи целосното разголување е преголем чекор за нив.rn

    Љубители на фрапе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnЛекомислени и површни луѓе, кои сакаат да пробаат сè одеднаш, особено ако претходно тоа нешто припаѓало на некоја позната медиумска личност. Сакаат да се преставуваат себеси како модни икони и нечии идоли, но придаваат поголемо значење на стилот на однесување, отколку на некои посуштински работи. Во љубовта се исто така површни и непосветени на партнерот.rn

    Љубители на безкофеинско кафе со соино млеко

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОвие луѓе се најчесто големи екологисти, кои сакаат да филозофираат и да се прават сезнајковци. Уживаат кога вниманието е свртено кон нив, но знаат да бидат доста пребирливи и критични. Во кревет се однесуваат вештачки и стегнато со партнерот. Изборот на кафе без кофеин, зборува за тип на личност, која е вообразена и пренагласена, која го сака она што не може да го има и поради тоа често става маска на своето лице, за да се прикаже во подобро светло.rn

    Оние кои воопшто не пијат кафе

    rnСпоред Џејмс и Мур, оние луѓе кои воопшто не консумираат кафе, најверојатно се плашат од него, а истовремено и од животните предизвици. „Ако не ти се допаѓа вкусот на кафето, тогаш мора да си дете и веќе е крајно време да влезеш во светот на возрасните“ –констатираат тие. Но, не е крај на светот. Потребен е само 21 ден за да го надминете гадењето од вкусот на кафето и да почнете да живеете во реалниот свет.