КАФЕ ПАУЗА

Tag: француски

  • 9 понови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

    9 понови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

    Французите навистина знаат да направат добри филмови за вечните вредности, а најважното од сè е што го прават тоа на природен, топол начин. Речиси секој француски филм ќе ве натера да размислувате длабоко. Па ако ви е доста од холивудски филмови, дајте ѝ шанса на француската кинематографија.rn

    1. „Црна плима“ (Fleuve noir)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnФрансоа Висконти го истражува исчезнувањето на еден тинејџер. Сите изгледаат сомнително – родителите на момчето, неговата учителка и речиси секој што го познавал. Со секоја измината минута се намалуваат шансите да се најде момчето.rn

    2. „Една нација, еден крал“ (Un peuple et son roi)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnФилмот раскажува за настаните што се случиле во 1789-та година, за време на почетокот на Француската револуција.rn

    3. „Се чувствувам добро“ (I feel good)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnРоднините и пријателите на Жак постојано работат, имаат бескорисни хобија и не прават ништо друго. Наскоро тој ќе полни 50 години и не сака да го живее животот на неговите пријатели. Жак сака да се збогати што е можно побрзо, а фактот дека има само бела бањарка и пар влечки воопшто не го плаши.rn

    4. „Ветување во зората“ (La promesse de l’aube)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnФилмот е направен според автобиографијата на авторот Ромен Гари. Ова е приказна за самохрана мајка која му кажала на синот дека ќе има прекрасна иднина, и покрај тоа што минуваат низ навистина тежок период. Благодарение на цврстата верба и љубовта, нејзиниот син ги остварува неговите соништа.rn

    5. „Верен маж“ (L’Homme fidèle)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnОва е приказна за маж чиј живот секогаш е полн со радост и со разочарување. Неговата бивша девојка му се враќа, откако го оставила за неговиот најдобар пријател кој неодамна умрел.rn

    6. „Потони или пливај“ (Le grand bain)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnАко луѓето навистина сакаат да направат нешто, никако не можете да ги сопрете. Во Франција, 7 пријатели се собираат за да направат едно нешто. Сакаат зад нив да ги остават животите на возрасните и проблемите. Но, начинот на којшто сакаат да го направат ова е навистина интересен.rn

    7. „Миа и белиот лав“ (Mia et le lion blanc)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrn11-годишно девојче се сели од Лондон во Африка со нејзиното семејство. Таа расте на фарма каде што наоѓа нов пријател – мал бел лав по име Чарли. Кога лавот ќе порасне, таткото на девојчето сака да го продаде со цел да ја спаси нејзината пријателка. Но, тогаш девојчето бега од дома.rn

    8. „Полна куќа“ (Les dents, pipi et au lit)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrnАнтоан, кој е ерген што сака да се забавува, живее во прекрасен стан со неговиот пријател Том. Том планира да се сели во Лос Анџелес и пред да замине му наоѓа нов цимер. Новиот цимер е убава жена со две мали деца.rn

    9. „Реми, ничие момче“ (Rémi sans famille)

    rn9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледаrnrn10-годишниот сирак по име Реми среќава еден музичар. Заедно патуваат низ Франција во 19-тиот век, а Реми пее за да заработи пари. Момчето ужива во неговиот живот, има пријатели животни и дознава нешто повеќе за неговите родители.rnrnПогледнете и некои од највисоко рангираните филмови на IMDb.

  • Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Како да кажете „Среќен Божиќ“ на 24 различни јазици?

    Сигурно ви е познато изговарањето Sretan Božić на српско-хрватски, Feliz Navidad на шпански или Joyeux Noël на француски јазик, но дали можете да им посакате Среќен Божиќ на вашите најблиски на некој друг јазик?rnrnИнтересно е како нехристијанските општества ја интегрираат оваа честитка во нивната култура. Така на пример, нема вистински еквивалент на „Среќен Божиќ“ во јапонскиот јазик, па затоа Јапонците решиле речиси целосно да ја преземат англиската варијанта, па нивната честитка гласи Merii Kurisumasu.rnrnСлушнете како се пишува и изговара празничната честитка на 24 различни јазици и обидете се да запомните некоја, за ги изненадите блиските.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Љубов (Amour)

    Филм: Љубов (Amour)

    Филм за силата на љубовта кога ѝ се гледа крајот

    rnrnФилм: Љубов (Amour)Режија: Михаел ХанекеrnrnУлоги: Жан-Луј Трентињан, Емануел Рива, Изабел ИперrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: францускиrnrnПремиера: 20 септември 2012rnrnЖанр: драма, романсаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnНема да помине долго време додека да сфатите зошто филмот носи ваков наслов. Уште во првите неколку сцени, дури и низ баналната секојдневна рутина на двата главни лика, ќе почувствувате дека и после толку многу години тие сè уште се сакаат. Љубовта меѓу нив се чувствува додека разговараат, додека заедно уживаат во концерти, или додека Жорж џентлменски внимава на својата сопруга.rnrnФилм: Љубов (Amour)rnrnЖорж (Жан-Луј Трентињан) и Ан (Емануел Рива) се брачен пар во своите осумдесетти години од животот. И двајцата се професори по музика кои цел живот се во брак, заедно созревале, заедно остареле, а сега спокојно ги минуваат пензионерските денови. Така ќе биде сè додека едно утро Ан не доживее мал срцев удар. Таа ќе мора да оди на операција, но откако тоа ќе помине лошо, нејзината здравствена состојба постојано ќе се влошува. Јасно е дека Ан последните години од животот ќе ги помине врзана за кревет, а Жорж ќе мора да најде начин како да ѝ помогне, но и како самиот да се справи со состојбата на својата сакана сопруга.rnrnФилм: Љубов (Amour)rnrnДрамата што следува потоа е различна од онаа во останатите романтични филмови. Тие обично ги следат двата главни лика додека да бидат заедно за првпат, но завршуваат токму навреме кога можат да излезат првите проблеми меѓу нив. „Љубов“ (Amour) е филм кој започнува токму од таа точка, кога страста веќе ја нема, а љубовта која останала да живее е ставена на нејсериозниот тест дотогаш.rnrnФилм: Љубов (Amour)rnrnРежисерот Ханеке им дал извесна слобода на Жан-Луј Трентињан и Емануел Рива да ги обликуваат докрај своите ликови, а тие му вратиле со извонреден перформанс кој одлично ја одржува тензијата во филмот.rnrnФилм: Љубов (Amour)rnrnОва несомнено е еден од најдобрите филмови од 2012 година. Веќе собра еден куп награди, меѓу кои и Златна палма на Канскиот фестивал, а има и неколку номинации за Оскар. Ако решите да го гледате, не треба да очекувате површна бајка во која брзо ќе се препознаете и ќе ѝ го предвидите крајот. Бидете сконцентрирани, трпеливи, и на крај ќе добиете награда во облик на уникатно филмско емоционално возење. rnrnФилм: Љубов (Amour)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    Филм за силата на љубовта кога ѝ се гледа крајот…
  • Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

    Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЗаз е вистинско откровение на музичката сцена, која со својата харизма и талентираниот глас за неполни 2 години се стекна со милион обожаватели. Со своите песни веднаш ќе ве маѓепса и ќе посакате да ја слушате со часови, иако можеби не знаете ни еден француски збор. Преку песните, кои наликуваат на стилот на француските шансони, а изведени на еден поинаков мелодраматичен начин, Заз ви нуди единствена можност да ја запознаете француската музика од сосем поинаков агол.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикВистинското име на Заз е Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy). Родена е на 1 мај, 1980 година во Тур, Франција. Љубовта кон музиката ја покажува уште од мали години, кога со своите сестра и брат посетува часови по музика. Подоцна студира музичка теорија, а се фокусира повеќе на виолината, пијаното, гитарата и хорското пеење.rnrnОсвен музиката, се занимавала со спорт и професионално учела кунг фу. Во 1995 година посетува часови за пеење, а во 2000 година добива стипендија и се запишува во училиштето за модерна музика во Бордо, Франција.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата музичка кариера Заз ја започнува во 2001 година, пеејќи во бендот „Fifty fingers“. Подоцна пеела и во други бендови, а своите вокални способности ги усовршувала и како хорист, настапувајќи со многу пејачи како Маесо, Арт Менго, Владимир Макс. Во 2006 година се преселува во Париз.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикМногумина ја нарекуваат музичкиот феномен од парискиот Монмартр, поради тоа што заработувала токму од пеењето на улиците на Монмартр. Сепак, среќата и се насмевнува во 2007 година, кога почнува да соработува со продуцентот и текстописец Кередин Солтани. Токму Кередин се јавува како композитор и автор на најголемиот хит на Заз – „Je Veux“.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата слава Заз ја доживува во 2010 година, издавајќи го својот прв албум Zaz. Песните, на кои многу од нив се јавува како автор, се интересен спој на џез со примеси на циганската музика. Мелодични и лесно певливи се запаметуваат уште од првото слушање. Текстовите на песните се вистинското нешто по што ја препознаваат Заз. Тие се едноставни,  лесни за паметење и пренесуваат универзални пораки. Во своите песни („Je veux“, „Ni oui ni non“, „Le Long de la route“, „Trop sensible“, „Les Passants“ ) Заз не сака накит од Шанел, лимузина, ниту ја сака Ајфеловата кула. Единствено што сака е љубовта, радоста, слободата…rn

    rnНејзината песна „Je Veux“, со над 10 милиони прегледи на YouTube, е вистински мегахит. Годината во која Заз го издава својот прв албум, 2010, достигнува огромна популарност со над пола милион продадени копии, со што се сертифицира како платиниумско издание. Истата година, Заз ги освои наградите за најдобра француска пејачка во 2010, како и најдобра француска пејачка во странство во 2010 година.rn

    rnГлавна инспирација за нејзините песни се „Четирите годишни времиња“ на познатиот композитор Вивалди, како и џез музичарите како Ела Фицџералд, Енрико Масијас, Боби Мекферин и Ричард Бона. Исто така, африканските, латино и кубанските ритми имале големо влијание врз создавањето на песните. Поради бојата на гласот и стилот на песните, многумина ја нарекуваат новата Едит Пјаф.rnrnОваа година, Заз планира да одржи концерти во многу земји, како Јапонија, Канада, Германија, Хрватска, Србија, Бугарија. Во Македонија, концертот е официјално закажан за 28 мај.rn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хотелска соба декорирана со графити

    Хотелска соба декорирана со графити

    Додека повеќето од нас се навикнати да гледаат графити нацртани на напуштени згради или во метро станици, сопствениците на францускиот хотел „Au Vieux Panier“ лоциран во Марсеј, се одлучиле токму со овој вид уметност да декорираат една од хотелските соби.Хотелска соба декорирана со графитиФранцускиот графити-артист Тилт, кому му било дозволено да дизајнира една од собите, одлучил половина да ја остави бела, а другата половина да ја обои со графити. Ја нарекол „Панична соба“. Контрастот е толку силен, а изведбата толку прецизна и детаљна, што буквално изгледа како дизајнот да е отсечен од половина од собата со ножици.Хотелска соба декорирана со графитиИмено, сопствениците на хотелот секоја година им отстапуваат 6 соби на познати уметници и дизајнери, оставајќи ги целосно и слободно да се изразат, без никакво ограничување.rn
    rn

    „Концептот е 6 соби за 6 уметници, а идејата е гостите да спијат во уметничко дело. Сите соби се менуваат секоја година. Оваа година ни е трета сезона. За да ги избереме артистите, објавуваме оглас, од кој потоа ги селектираме најнеобичните и најинтересни светови, изјавува Џесика, една од вработените во хотелот.rnrn„Сакаме на уметниците да им овозможиме тридимензионален простор за работа, но од друга страна и да им овозможиме на гостите да ја видат уметноста на поинаков начин, влегувајќи во светот на артистот. Ние не наметнуваме теми, артистите имаат комплетна слобода да ја изразат својата креативност.“

    rnХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиВо периодот додека се изработуваат новите дизајни на собите, хотелот се затвора и не работи околу еден месец. Работата на Тилт траела една недела, а за престој во неа треба да платите 136 евра.Хотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиОстанатите 5 соби имаат сосема поинаква тематика. Нив можете да ги погледнете на сајтот на хотелот, но се чини, оваа на Тилт им е омилена на многумина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn