Дали обожавате гумени бонбони? Оние растегливи слатки задоволства во форма на црвчиња, мечиња и други животинчиња…rnrnЕве како да си направите во домашни услови, играјќи си со клучната состојка – желатин.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 240 мл бистар овошен сок (100%)
- 1 лажица цеден сок од лимета
- 100 грама шеќер
- 3 лажици незасладен желатин
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо сад измешајте 60 мл од овошниот сок со сокот од лимета. Пропрскајте го одозгора желатинот и оставете го така неколку минути. Не се чудете, ќе почне да „оживува“.rnrn
rnrnВо тенџерче измешајте ги остатокот од сокот со шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи шеќерот. Штом зовре смесата, тргнете го тенџерчето од огин. Оваа смеса префрлете ја во садот со другата смеса со желатин и измешајте. Оставете малку да се излади и потоа распоредете ја смесата во тавче за печење, во калапи за мраз или во модли за колачиња. Ставете ги во фрижидер да стојат 3 часа.rnrnПотоа извадете го садот од фрижидер и одлепете ги гумените бонбони. Не грижете се, нема да се скинат доколку внимавате на количината на состојките. На крајот фрлете ги во сад со шеќер за да не се лепат едни од други.rnrnЗа да си направите црвчиња, желатинската смеса од тавчето пренесете ја на даска за сечкање и со остар нож исечете ја на ленти. Други интересни форми можете да добиете ако користите модли за колачиња, а за различни вкусови едноставно експериментирајте со овошните сокови.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








rnrnrn
rnrn„
rnrnОва пенкало умее да црта во воздух, на начин што од врвот истиснува загреана пластика, која многу брзо се лади и се претвора во цврста и стабилна структура. Ова ви овозможува да градите бесконечно многу разни 3Д форми со леснотија.rnrnСо ова неверојатно пенкало можете многу едноставно да креирате разни артистички дела. Доколку сте артист или едноставно онака, од хоби сакате да создавате нешто убаво со вашите раце, ќе посакате ова пенкало веднаш да го имате!rnrn
rn






rnrn rnrn



















rnrn rnrn















rnrnМанигами е токму таква уметност која се изработува со пари. Тоа е варијанта на добро познатата традиционална јапонска уметност на превиткување на хартијата во различни форми наречена оригами. Поимот оригами доаѓа од зборовите „ору“ (превиткување) и „ками“ (хартија), а името манигами значи оригами од банкноти.rnrn
rnrnЗа разлика од вообичаените манигами-дела, примероците на јапонскиот уметник 










rnrn