КАФЕ ПАУЗА

Tag: фирма

  • Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

    Некогаш не така одамна си живеела една среќна мравка која секој ден доаѓала прва на работа. Била вредна и весела. Работата ја правела најсреќна. Си пеела весели песнички, а резултатите од нејзината работа биле одлични.rnrnПоучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразитиrnrnСлушајќи ја песната на мравката, стршленот, инаку директор на фирмата, заклучил дека мравката премногу се забавува и не работи доволно затоа што нема добар шеф кој би ја насочувал во вистинскиот правец. Затоа ја вработил бубамарата. Таа имала големо искуство со менаџирање. Првата задача на бубамарата била прецизно да го следи времето во кое мравката доаѓа и си оди од работа и да води евиденција за тоа. За таа цел, таа воспоставила систем на документација за доаѓањето и одењето од работа. Со текот на времето бројот на документи се зголемувал и поради тоа морале да вработат некого да води грижа за документите. Затоа го вработиле пајакот, кој бил одговорен за архивирање на документите и примање на телефонските повици. За тоа време мравката си работела вредно исто како и претходно.rnrnИзвештаите кои ги изготвувала бубамарата биле извонредни. Директорот стршлен бил воодушевен и наскоро почнал да бара и споредбени анализи со графикони, анализи на трендовите и на развојот итн. За да се исполнат барањата на директорот било неопходно да се вработи хрчакот, кој бил десна рака на директорот. Нему веднаш му купиле нов компјутер со печатач.rnrnСреќната и вредна мравка и понатаму работела како и претходно. Единствено што се пожалила е дека би ѝ било полесно кога би имала компјутер. Не ѝ дале. Ова било првпат мравката да се пожали и да побара нешто и директорот сфатил дека мора брзо и мудро да се реагира. Креирал ново работно место за надзор на работата на мравката и за таа цел го вработил скакулецот. Штом дошол на работа тој го сменил целиот мебел во неговата канцеларија и добил нов современ компјутер.rnrnСо тоа се зголемил бројот на компјутери и морало да се купи и инсталира мрежен сервер. Новиот шеф сфатил дека треба да се вработи негов помошник, кој инаку му бил помошник и во претходната фирма каде што работел и затоа ја вработил лебарката. За тоа време мравката била сè понесреќна и помалку продуктивна. Пак побарала компјутер и пак не го добила.rnrnНовата ситуација со мравката го збунила скакулецот и затоа тој побарал да се изработи студија за задоволството на вработените во фирмата. Тоа му го кажал и на стршленот кој имал разбирање за неговото барање и одобрил да се ангажира агенција за таа потреба. Откако скапата студија била изработена, скакулецот почнал да ги применува предложните мотивациони методи. Затоа насекаде залепил мотивациони плакати. Потоа ги одвел пајакот, бубамарата, хрчакот и лебарката на мотивациони тренинзи во скапи летувалишта, а за тоа време мравката вредно, но безволно работела. Ги читала мотивационите пораки на плакатите, но не можела да ги најде надредените кои ѝ требале. Едноставно, не биле тука или немале време за неа. Таквата ситуација продолжила и понатаму.rnrnСтршленот и понатаму добивал извештаи, но сега забележал дека фирмата веќе не е толку рентабилна како што била некогаш. Тоа многу го загрижило и решил да реагира. Го најмил молецот, кој бил најелитниот консултант кој можел да го ангажира. Негова задача била да изврши целосна анализа на работата на фирмата и да предложи мерки за таа пак да работи рентабилно. По три месеци анализа, молецот на стршленот му дал извештај во кој пишувало дека во фирмата има премногу вработени. Директорот стршлен ја прифатил анализата и веднаш ја отпуштил мравката.rnrnПоука бр. 1: Ако си вредна и весела мравка, не очекувај воодушевување затоа што нема оправдување за твојата љубов кон работата и среќата што таа ти ја носи. Другите не сакаат да го гледаат тоа и затоа не се исплати секогаш да се биде најспособниот и најдобриот работник. Ако сакаш да бидеш таков, основај своја фирма за да не мораш да работиш за стршlенот, бубамарата, пајакот, хрчакот, скакулецот, лебарката и молецот. Но имај предвид дека сепак ќе мора понекогаш да се дружиш со нив за да ја одржиш фирмата на нозе.rnrnПоука бр. 2: За жал, оваа приказна е заснована на научни истражувања кои потврдуваат дека големо мнозинство од луѓето се склони кон паразитски начин на живот.

  • Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња

    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња

    Кога во кучешкиот свет би постоеле големи компании, а стереотипите поврзани со нив би биле слични со оние на луѓето, тогаш вработените и состојбите таму би изгледале отприлика вака…rnrn

    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    директорот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    десната рака на директорот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    менаџерот од повисоко ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    десната рака на менаџерот од повисоко ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    менаџерот од пониско ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    финансискиот директор
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    секретарката
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    сопругот на секретарката
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    сезонски работник
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    новиот вработен
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    информатичарот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    курирот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    чуварот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    девојката од другиот оддел
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    обезбедувањето
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    вработените веднаш по завршувањето на работното време
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    дома после напорниот работен ден
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    ручек на сметка на фирмата
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    после ручекот на сметка на фирмата
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    во петок навечер
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    во сабота наутро
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на боледување
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на лажно боледување
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на принуден одмор
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на годишен одмор
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    5 начини вашето хоби да го претворите во бизнис

    Сите ние имаме некоја пасија во животот. Нешто што нè исполнува максимално и нè оттргнува од секојдневните случувања. За некои тоа е целосното посветување на работата, а за други – некое хоби кое на животот му дава поинаква димензија и смисла за постоењето. Прочитајте 5 начини како хобито може да ви стане работа со полно работно време:4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисrn

    Понудете бесплатни примероци или големи попусти

    rnАко во слободно време се занимавате со продавање облека, накит, готвена храна или какви било услуги, добро е да ги понудите или тестирате на пријателите. Поканете ги дома и запознајте ги со тоа што го правите, покажете им ги производите и дадете им нешто гратис или со голем попуст. Потоа, прашајте ги што мислат за производот или дадената услуга, како би можеле да ги понудат на нивните блиски и пријатели.rn.rn

    Учете од големите фирми

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисВнимателно проучете ја стратегијата на големите компании. Видете што прават за да го продадат нивниот производ. Во најдобар случај, прашајте дали некој од вработените таму би сакал да вложи малку труд и енергија за да ве научи на некои трикови и начини за подобра продажба.rn.rn

    Користете интернет

    rn4 начини како вашето хоби да го претворите во бизнисОткако ќе научите некои основни трикови и начини за подобра продажба, почнете да употребувате социјални мрежи за да го раширите вашето хоби на што е можно поголем број луѓе. LinkedIn е одлична за почеток. Ова може да го правите вие самите, но подобро е да повикате некои блиски пријатели да бидат дел од вашиот иден бизнис. Колку поголема посетеност на социјалната мрежа, толку повеќе потенцијални купувачи и поголем успех.rn.rn

    Рекламата е важна!

    rnОва е малку понапредно ниво и многу важен чекор за хобито да стане бизнис. Креирајте веб-сајт за вашиот производ, дизајнирајте лого, смислете некое добро име за фирма и почнете да се афирмирате низ светот. Твитер, фејсбук и јутјуб исто така можат многу да ви помогнат во тоа.rn.rn

    Време е за бизнис

    rnАко вашето хоби го исполнува вашиот живот и, што е уште поважно, може да ви обезбеди парични средства за период од 3 до 6 месеци со повремени трошоци, слободно прогласете го хобито за работа со полно работно време. Со среќа!