КАФЕ ПАУЗА

Tag: фантастичен

  • 26 знаци дека сте фантастичен пар

    26 знаци дека сте фантастичен пар

    Да бидете заљубени е неверојатна работа. Среќни сте и имате чувство како да лебдите над облаци бидејќи покрај себе ја имате личноста која со секој кажан збор и направен потег ве носи таму. А доколку следниве 26 знаци ве опишуваат како пар, тогаш тоа е и личноста со која треба да останете.rnrn(1)-26-znaci-deka-ste-fantastichen-par-kafepauza.mkrnrn1. Вашите карактери меѓусебно се надополнуваат, па еден во друг ги будите само најубавите и најкомотни верзии од себе.rnrn2. Ги цените и се интересирате за интересите и желбите на партнерот.rnrn3. Се согласувате како да сте најдобри другари, лесно и природно, имајќи за цел да го направите партнерот среќен.rnrn4. Убаво ви е и се забавувате дури и кога само разговарате.rnrn5. Имате слични вредности и верувања зад кои цврсто стоите.rnrn6. Уживате во истите работи, хобија и интереси и отворени сте за заедно да пробувате нови нешта.rnrn7. Иако вашите ставови не се разликуваат кога се во прашање важни животни прашања, отворени сте за дискусија кога станува збор за секојдневни разлики во мислењата.rnrn8. Способни сте да го насмеете партнерот, а и тој вас, дури и без особено да се потрудите околу тоа.rnrnHappy couple embracing and laughing on the beachrnrn9. Никогаш не сте си лути еден на друг повеќе од 1 час бидејќи што и да е проблемот, не е толку вреден за вие да останете лути подолго време.rnrn10. Си верувате еден на друг бидејќи знаете дека можете да се потпрете на партнерот за сѐ во животот.rnrn11. Не чувствувате потреба да се контролирате еден со друг.rnrn12. Функционирате добро како тим, но што е уште поважно, функционирате добро и како посебни, самостојни индивидуи.rnrn13. Секој од вас има свои цели и се поддржувате еден со друг при нивното исполнување.rnrn14. Се согласувате со пријателите и семејството на партнерот, а и тој се согласува со вашите најблиски.rnrn15. Меѓусебно иницирате чувства на сигурност и самодоверба, привлечност, независност и гордост.rnrn16. Не ви е потребно многу за да бидете среќни и исполнети. Уживате дури и кога заедно правите наједноставни и најбанални секојдневни активности.rnrn17. Ги сакате малите работи еден кај друг.rnrn18. Заедно се впуштате во нови авантури.rnrn(2)-26-znaci-deka-ste-fantastichen-par-kafepauza.mkrnrn19. Слободни сте и флексибилни еден кон друг.rnrn20. Отворени сте за компромис кога ситуацијата го бара тоа и од двајцата.rnrn21. Кога вашиот заеднички живот подлежи на некоја промена, се справувате со неа со голема стрпливост, правејќи чекор по чекор.rnrn22. Не чувате работи во себе – секогаш си кажувате еден на друг што ве мачи и ги решавате проблемите така што заедно се соочувате со нив.rnrn23. Навистина се слушате еден со друг.rnrn24. И двајцата признавате кога ќе погрешите.rnrn25. Не можете да разберете како други парови може да се караат за некои работи.rnrn26. Се почитувате еден со друг, свесни дека меѓусебното почитување е столб на секоја врска.

  • Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајн

    Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајн

    Најновиот концепт на Јагуар е инспириран од моделот E-type од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, но и покрај тоа, плени со својот современ стил и извонредна аеродинамика спакувани во овој фантастичен дизајн.Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајн„Jaguar XKX“ е дел од новата генерација електрични автомобили која се карактеризира со извонредна енергетска ефикасност. Каросеријата е покриена со слој од брановидни материјали кои под притисок, предизвикан од движењето, создаваат електрична енергија која ја полни батеријата.Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнИнтересен новитет се и страничните ретровизори, кои се собираат кон автомобилот додека тој не работи и повторно се отвораат кога возилото ќе се стави во погон, што покрај естетскиот ефект ги штити огледалата од оштетување.Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнОвој фантастичен концепт е дело на соработката помеѓу дизајнерското студио Skyrill и дизајнерот Марин Мифтиу.Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајнЈагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајн
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја Џеси Џеј

    Запознајте ја Џеси Џеј

    Џесика Елен Корниш, позната како Џеси Џеј е 23-годишна британска R&B, поп рок и соул пејачка, која полека го освои светот со нејзиниот неверојатно моќен глас и уникатна појава. Џеси Џеј плени со својата дрска, но истовремено нежна појава, ангелско-ѓаволски глас, секси рокерска облека, креативно дизајнирани нокти, интересна фризура со рамни шишки и голема самоувереност. Во врска со нејзиниот уникатен стил, таа вели: „Имав обичај да си цртам по моето лице и ја имам боено косата во 15 различни бои. Отсекогаш сум се изразувала себеси преку мојот стил.“ Самата таа има удел но нејзиниот целокупен сценски имиџ и не дозволува некој да ја натера да си ја смени фризурата.Запознајте ја Џеси ЏејИ покрај тоа што Џеси Џеј е нова пејачка на музичкото небо, таа не е тотална нова на поп сцената. Има напишано многу песни за познати музички ѕвезди, како Мајли Сајрус („Party in the USA“), за Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Крис Браун… Во нејзината биографија таа е опишана: „Помешајте малку од Ријана со Гвен Стефани и додадете ја харизмата на Пинк и ќе почнете да добивате идеја за тоа каков тип девојка е Џеси Џеј.“ Со други зборови, таа е совршен материјал за да биде вистинска музичка икона и МТВ поп-ѕвезда. Во врска со нејзиното пишување песни, Џеси вели: „Јас сум пола артист, пола терапевт“. Татко ù е социјален работник и Џеси смета дека советите кои тој ù ги дава имаат огромно влијание во нејзиното пишување психолошки текстови за песните.rnrnТаа вели дека од поодамна се обидувала да склучи договор со некоја музичка куќа, за да почне да се занимава со пеење, но никој не сакал да ја земе. „Не верувам дека не им се допаѓаше тоа што го правам, но тогаш актуелни во индустријата беа Дафи, Ејми Вајнхаус, Габриела Килми и мислам дека едноставно си ја пропуштив шансата.“ Потоа решила дека треба да отпатува за Америка и таму да си ја проба среќата. Таму успеала да склучи договор со музичката куќа Ајленд Рекордс и да стане она што е денес.rnrnЏеси има две постари сестри кои секогаш биле одлични ученички. За разлика од нив, Џеси има изјавено дека никогаш не била толку добра во нешто. Во училиште, базирајќи се на нејзиното презиме, сите очекувале дека ќе биде исто толку успешна колку нејзините сестри. „Дајте ми нешто да нацртам, да изберам облека за некого, да направам фризура, шминка, да глумам или да напишам песна, со тоа сум сосема ОК, но не нешто што е поврзано со резултати. Таа никогаш не ја базирала нејзината интелигенција на резултатите кои ги имала на тестовите. Секогаш умеела добро да пее и вели дека тоа е „нејзината ствар“. Како и да е, таа била отстранета од училишниот хор, бидејќи била премногу гласна. „Бев во хорот еден ден и некои од родителите почнаа да се бунат дека нивните деца биле вознемирени затоа што сум била премногу добра. Имав 11 години, можете да замислите? Срцето ми се скрши.“Запознајте ја Џеси ЏејЏеси имала нерамномерни отчукувања на срцето уште од 11 години и преживеала мал срцев удар на 18-годишна возраст. Како резултат на тоа, таа не пие и не пуши.rnrnЦеси Џеј е отворена хомосексуалка. Таа признала дека има излегувано и со мажи и со жени, но не гледа причина зошто треба да се крева „галама“ околу тоа. „Не се плашам да кажам дека мене ми е сосема удобно да бидам тоа што сум и да го сакам, оној кој ќе решам да го сакам“.rn.rn

    Jessie J – Nobody’s Perfect

    rn

    rn

    Преслушајте ја оваа песна и во акустична варијанта, каде може да се почувствува волшебниот глас на Џеси.rn.

    rn

    Jessie J – Who You Are

    rnПесната „Who You Are“ е најгордото музичко парче на Џеси, за кого вели дека има за цел да им даде позитивен пример на младите луѓе. Погледнете како оваа патриотка со британско знаме нацртано на ноктите, се промовира на Тајм Сквер во Њујорк. (За почеток на песната премотајте до 30-та секунда).rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Do It Like A Dude

    rnПрвиот сингл на Џеси „Do It Like a Dude“ го напишала таа, но не за себе, туку за Ријана. Во тој период популарна била „Rude Boy“ на Ријана, поради што Џеси добила инспириција да ја напише оваа песна. Но, нејзината продукција ù рекла дека песната е неверојатна и треба да ја задржи за себе и да биде нејзина деби-песна. Преслушајте ја и интересната акустична варијанта.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Acoustic Price Tag

    rn„Price Tag“ најпрво изгледа како да зборува за неприфаќање на материјализмот, но симболизмот во видео записот ù дава на песната подлабоко значење: музичката индустрија повеќе не е наменета за правење пари, туку настојува да му наметне на светот определени сфаќања, верувања и начини на однесување.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Who’s Laughing Now

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Stand Up

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Mamma Knows Best

    rnПогледнете како публиката реагира на Џеси Џеј кога таа „грми“ на сцена. :)rn

    rn

    rn

    Првиот и единствен албум на Џеси Џеј „Who You Are“ бил пуштен во продажба во февруари 2011, за кој Џеси признала дека ù биле потребни 6 години за целосно да го комплетира. Во него е вклучена и песната „Big White Room“, која ја има напишано на 10 години, во болница, кога малечко момче кое билo во истата соба со неа, починало.

    rn

    Посетете го каналот на Јутјуб на Џеси Џеј, кој има над 170.000 следачи и вкупно над 218 милиони посети на видеата.

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.