КАФЕ ПАУЗА

Tag: фабрика

  • Викенд книга: „Светот не е фабрика за исполнување желби“

    Викенд книга: „Светот не е фабрика за исполнување желби“

    Вистински зависник од читање, чита сè. Од епски дела кои се наоѓаат на секоја можна листа на „книги кои мора да ги прочиташ пред умреш“ до нутритивните состојки на картонската кутија од житариците. Зависност, нема бегање. Но, мислам дека во скоро време ќе морам да поставам некакви критериуми. Не дека жалам поради некои книги кои ги имам прочитано, едноставно ми требаат повеќе вакви дела во животот. Без претенциозност, без тенденциозност да станат новото најдобро интелектуално писание, туку оние кои рефлектираат само чиста емоција. Тоа значи дека секоја наредна книга на мојата листа, барем во некој одреден период, ќе биде споредувана токму со оваа и тоа чисто од аспект на интензитетот со која ја доживеав.rnrnvikend-kniga-svetot-ne-e-fabrika-za-ispolnuvanje-zhelbi-kafepauza.mkrnrnДа не се разбереме погрешно, нема потреба да вадите марамчиња доколку се решите да ја читате исто како што нема потреба ни машката публика да ја избегнува, затоа што ова не е таков тип „болна љубовна приказна“. Иако токму овие зборови ќе ги најдете на корицата на книгата и не може да се негира дека е навистина „болна“ и “љубовна“, верувам дека набрзо ќе сфатите дека не е целта само да ве растажи и да ве расплаче. Џон Грин се труди истото да ви го објасни уште на првата страница, кога ќе сфатите дека веројатно ова e единствената книга на светот со толку добар и изострен црн хумор, а обработува тематика за млади тинејџери болни од рак.rnrnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книгиrn

    rnrnrn


    rnrnrnХејзел Грејс е неверојатен лик. Не поради тоа што е храбра млада девојка која од својата тринаесетта година се бори со инвазивен рак кој ѝ ги разорува тироидната жлезда и белите дробови. Ниту поради фактот дека мора да живее со пластични цевчиња во нејзиниот нос поврзани со пумпа за кислород која што насекаде ја влече во мала количка. Кога би рекле дека е неверојатна само поради нејзината борба за живот, би нè нарекла цинични и површни бидејќи нема нешто што ја нервира повеќе од „привилегии кои ги добиваат болните деца од рак“. Хејзел е „брилијантен, млад читател со спореден интерес за ужасни телевизиски емисии“ како што би ја опишал нејзиниот татко и што е најважно од сè, интелигенција и луцидност кои најчесто се излеваат во форма на симпатична иронија. И не може да не ја сакате.rnrnАвгустус Вотерс е новиот пријател на Хејзел (подгответе се да бидете освоени уште на првата средба). И освен љубовта кон книгите, природната љубопитност и стилот на изразување, ја делат и истата трагична судбина на живот посветен на борба со ракот. Августус после операцијата поради која мора да му ја ампутираат ногата има 80% шанса за нормален живот без рак. Хејзел, по нејзиното „чудо“ кое што ја спасува од сигурна смрт, знае дека ќе живее додека функционира лекот, без можност дека некогаш би била вистински здрава. Што значи, знаат дека може да се изгубат еден со друг на ужасно болен начин, но знаат и дека:rn
    rn

    „На овој свет немаш шанса да избираш дали ќе бидеш повреден, но имаш шанса да одбереш кој ќе те повреди.“

    rnБидејќи состојбата на Хејзел се влошува, Августус сака да ѝ ја оствари нејзината најголема желба – да го запознае авторот на „Империјална болка“ кој живее во Амстердам и конечно да го открие крајот на книгата без крај (книгата обработува слична тематика за девојче кое е болно од рак и завршува на сред реченица, симболика за нејзината смрт).rnrnХејзел на почеток одбива да биде со Августус поради стравот дека нејзината смрт би го повредила, но патувањето од соништата ги зближува и стануваат најсимпатичниот пар што некогаш сте го запознале. Иако Амстердам не ѝ го открива крајот на приказната бидејќи дознаваат дека писателот е всушност забеган алкохоличар, открива нешто сосема друго. Нешто што ѝ ја урива метафората (овие двајца обожаваат метафори) дека нејзината смрт ќе биде како граната, ќе ја докрајчи неа, но и засекогаш ќе ги повреди тие околу неа.rn
    rn

    „И дури сега кога бев вљубена во граната, ја разбирав бесмисленоста на тоа што се обидував да ги спасам другите од моето претстојно заминување.“

    rnСветот навистина не е фабрика за остварување желби, но понекогаш добиваме шанса за нешто неверојатно и како секоја добра книга на светот, оваа нè потсетува дека не смееме да ја пропуштиме поради стравот од болка и страдање. Како што веќе споменав, книгата е чиста емоција, без непотребни филувања и филозофирања и невозможно е да не се приврзете за приказната.rnrnИнаку, книгата има и своја филмска преработка со Шејлин Вудли во главна улога (Jа гледавте во Divergent? Феноменална е!) и преслаткиот Ансел Елгорт, па сигурна сум дека е одлична.rnrnНа крајот, морам да му се заблагодарам на Џон Грин кој конечно ми разјасни зошто отсекогаш ги мразев оние клише фрази од типот „Без болка, како ќе знаеме за радост?“ во една мисла:rn
    rn

    „Ова е стара расправија од областа на Размислување за страдање и нејзината глупост и недостатокот на софистикација би можеле да бидат испитувани со векови, но нема потреба да се потенцира дека постоењето на брокулата на никој начин не го подобрува вкусот на чоколадото.“

    rnВи велам, генијален е.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 14 септември 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри

    Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри

    „Су Ами“ е семејна компанија од Виетнам, која создава прекрасни и слатки плетени животни, а некои од нив се долги само 6 мм. Малата фабрика се состои од 5 плетачи, а е именувана според прекарот на најмладиот член од семејството, чија симпатија кон разни филмски карактери и животни, ја создала идејата за започнување на овој бизнис. Малечките креации се неверојатно детално изработени, премногу се слатки и со сигурност би го израдувале секое детенце, а богами и возрасните лица. Нивната цена е прилично висока, но сигурни сме дека и нивната изработка е доста сложена. Се продаваат на сајтот Etsy.rnrnФантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри Фантастични играчки за деца долги само неколку милиметри

  • Фабриката на кошмарите и стравот

    Фабриката на кошмарите и стравот

    Дали сте свесни какви гримаси правите кога сте преплашени до смрт? „Nightmares Fear Factory“ (Фабриката на кошмарите и стравот) лоцирана крај Нијагарините водопади во Канада, го има одговорот на тоа прашање. Оваа фабрика се верува дека е опседната од дух во последниве 30 години, а вработените во оваа сегашна куќа на стравот, тврдат дека тука ќе го доживеете најстрашното животно искуство. За влегување во неа, секако треба прво да си купите билет.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотДоколку во некој момент ви е премногу страв и сакате да излезете од фабриката, можете да врескате „КОШМАРИ!“ и некој од вработените ќе дојде да ве „спаси“ и ќе ве изнесе надвор. За жал, ако викнете, ќе бидете додадени на листата на кукавици. Но, не грижете се, 100.000 луѓе веќе се наоѓаат на таа листа, така што нема да се чувствувате толку лошо, бидејќи имате со кој да се тешите.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотНа нивниот профил на Фликр, „Фабриката на кошмарите и стравот“ ги има објавено фотографиите од оние храбри души, кои решиле да го прифатат предизвикот. Погледнете го нашиот избор од 15 навистина преплашени лица. Забележувате како возрасните мажи се претвораат во малечки момчиња, кои се кријат зад нивните другарки или девојки кога ќе се преплашат?Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотИнаку, постои доста интересна легенда за оваа фабрика.rn.rn

    Во легендата станува збор за Абрахам Мортимер, кој бил сопственик на оваа фабрика за производство на ковчези. Тој секојдневно поминувал неколку часа со голема љубов, надгледувајќи ја својата фабрика. Но, во вечерните часови него честопати го задевала банда силеџии. Тие го малтретирале човекот и потоа бегале смеејќи се.rnrnЕдна судбоносна вечер, додека Абрахам се борел со насилниците, неколку ковчези паднале врз него и го столчиле до смрт. Виновните момци избегале од фабриката и никогаш не одговарале пред законот за стореното злосторство. Но, кратко после погребувањето на Абрахам, неговиот ковчег бил пронајден откопан од земјата и празен. Од тогаш, до ден денешен, легендата вели дека Абрахам чекори низ ходниците на фабриката, за да им се одмазди на сите оние кои се осудуваат да влезат непоканети во неговиот имот.

    rnФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравот За да добиете претстава како отприлика изгледа додека сте внатре, не заборавајте да го посетите официјалниот сајт на „Фабриката на кошмарите и стравот“, а ако планирате да ја посетите, задолжително понесете си екстра пар гаќички. :)rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn