КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џони Деп

  • Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

    Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

    Оскарите, годишната престижна награда која ја доделува Американската академија на филмските уметности, се најважниот момент во животот на секој актер. Но, многу од талентираните и популарни холивудските актери кои биле неколку пати номинирани за оваа награда сѐ уште не ја искусиле таа радост која доаѓа само кога ќе ја држат златната статуетка во своите раце. Во продолжение прочитајте кои од познатите актери никогаш не добиле Оскар.rnrnПознати актери кои никогаш не добиле Оскарrn

    1. Леонардо ди Каприо

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИако прв пат бил номиниран пред 20 години, а потоа скоро секоја година е редовен во трката за Оскар, сепак Леонардо никогаш не ја освоил оваа награда. Годинава тој се закити со многу признанија за неговиот перформанс во филмот „Повратник“ (The Revenant), вклучувајќи го и Златниот глобус, а ја доби и номинацијата за најдобра изведба на актер во главна улога. Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 28-ми февруари, во недела, во театарот Долби во Лос Анџелес, Калифорнија и се надеваме дека Леонардо конечно ќе излезе од оваа листа.rn

    2. Роберт Дауни Џуниор

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИако бил номиниран за најдобар актер во главна улога за филмот „Чаплин“ (Chaplin) и најдобар актер во споредна улога за „Тропска бура“ (Tropic Thunder), сепак Роберт, и покрај неговиот очигледен талент, сѐ уште не добил Оскар за неговите изведби.rn

    3. Џони Деп

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnЏони бил номиниран за оваа престижна награда дури 3 пати за неговиот перформанс во филмовите „Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит“ (Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street), „Барајќи ја Недојдија“ (Finding Neverland) и „Пирати од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ (Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl), но за жал досега не го освоил Оскарот.rn

    4. Бил Мареј

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnСлавниот комичар Бил Мареј бил номиниран за најдобар актер во главна улога во филмот „Изгубени во превод“ (Lost in Translation) и бил сигурен во својата победа, бидејќи претходно ги зел сите награди од другите слични церемонии, но наместо него, Оскарот му припаднал на Шон Пен за својата улога во филмот „Мистична река“ (Mystic River). Бил Мареј бил многу разочаран.rn

    5. Том Круз

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnПознатиот актер бил номиниран 3 пати досега и тоа во категоријата за најдобар актер, но никогаш не победил. Номинациите биле за филмовите „Роден на 4-ти јули“ (Born on the Fourth of July), „Џери Мекгваер“ (Jerry Maguire) и „Магнолија“ (Magnolia).rn

    6. Мишел Фајфер

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИ покрај бројните награди и номинации, Мишел Фајфер никогаш не освоила Оскар. Иако многупати била прогласена за актерка која одлично ги одиграла дел од најтешките филмски улоги, сепак оваа чест сѐ уште не ѝ припаднала. Филмовите за кои била номинирана се „Опасни врски“ (Dangerous Liaisons), „Фантастичните браќа Бејкер“ (The Fabulous Baker Boys) и „Љубовно поле“ (Love Field).rn

    7. Едвард Нортон

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnТалентираниот актер никогаш не добил Оскар и неговите пријатели и колеги сметаат дека тоа е една од најголемите неправди која ја направила Академијата кога станува збор за доделувањето на ова престижно филмско признание. Тој досега бил номиниран 3 пати, за својот перформанс во филмовите: „Исконски страв“ (Primal Fear), „Американска историја икс“ (American History X) и „Човекот-птица: Неочекуваната доблест на незнаењето“ (Birdman: Or The Unexpected Virtue of Ignorance).

  • Филм: Мордекаи (Mortdecai)

    Филм: Мордекаи (Mortdecai)

    Кога станува збор за украдена уметност, Мордекаи е единствениот кој може да ѝ влезе во трага!

    rnФилм: Мордекаи (Mortdecai)Режија: Дејвид КоепrnrnУлоги: Џони Деп, Гвинет Палтроу, Ијан Мекгрегор, Пол БетаниrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 јануари 2015rnrnЖанр: акција, комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЛорд Чарли Мордекаи (Џони Деп) е дилер на уметнички дела кој има прекрасна жена, Џоана (Гвинет Палтроу), лојален батлер, Џок (Пол Бетани), живее во огромна куќа исполнета со бесценета уметност и на прв поглед изгледа како да го има совршениот живот. Но, тој некако успева да се најде на работ од банкрот, па токму затоа мора во рок од само неколку денови да направи план со чија помош повторно ќе застане на нозе.rnrnФилм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)rnrnЧарли е личност која уште на прв поглед се разликува од останатите. Тој е специфичен, на некој начин дури и ексцентричен, но можеби токму поради овие карактеристики и бил успешен во своите измами. И како уникатна личност од овој вид, кој би го одиграл подобро од познатиот Џони Деп? Тој одлично се снаоѓа во својата улога и како и секогаш внесува елемент на апсурдност кој без сомнение ќе ве насмее до солзи. И покрај тоа што знаете дека не постојат никакви шанси во реалноста да сретнете личност како добриот лорд, едноставно нема да можете да останете рамнодушни на неговите „авантури“.rnrnФилм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)rnrnОд друга страна пак, се наоѓа прекрасната Џоана, која е целосна спротивност од својот сопруг. Таа е силна, приземјена, логична и прави сè што е во нејзина моќ за да го заштити својот будалест Чарли. Истото може да се каже и за Џок, кој без размислување би го дал дури и својот живот за него. Тој не само што е негов батлер, туку исто така е и негово лично обезбедување. Но, тоа што е најинтересно кај овој лик не е фактот што може да претепа цела армија со само едно рака, туку неговата способност да ја заведе секоја жена која ќе му излезе во пресрет. Токму оваа способност ќе ги доведе и до неколку неволји од кои едвај ќе се спасат.rnrnФилм: Мордекаи (Mortdecai) Филм: Мордекаи (Mortdecai)rnrnСтанува збор за лесен филм, кој се гледа во еден здив. Не можеме да кажеме дека е најдоброто дело досега на овој тим од познати актери, но дефинитивно не треба ни да се потцени. Доколку сте расположени за 107 минути смеење и безброј шеги за мустаќи, тогаш дефинитивно би требало викендов да издвоите време за Мордекаи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)

    Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)

    Правник-идеалист и откачен Индијанец во битка против одметницитеrnrnФилм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Режија: Гор ВербинскиrnrnУлоги: Џони Деп, Арми Хамер, Вилијам ФикнерrnrnВреметраење: 149 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јули 2013rnrnЖанр: акција, авантура, вестернrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnРежисерот, сценаристите и еден од главните ликови во овој филм беа заедно во „Пиратите од Карибите“ и создадоа еден од најинтересните серијали чии продолженија секогаш се очекуваат со нетрпение. Сега од Карибите се префрлија на Дивиот запад за да ја раскажат приказната за „Осамениот ренџер“, но наместо тоа ја добивме приказната за Тонто.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Главниот лик овде е Џон Рид (Арми Хамер), млад амбициозен правник кој е идеалист во поглед на примената на правото. Статусот на Осамен ренџер го добива кога сите Тексашки ренџери предводени од неговиот брат ќе бидат убиени од страна на бандата на бруталниот одметник Буч Кавендиш (Вилијам Фикнер), а тој ќе остане како единствен преживеан и единствен претставник на законот во борбата против криминалот. Преживува по желба на еден мистериозен бел коњ, реализирана од Тонто (Џони Деп), припадник на Команчите и последен ловец на злите духови вендиго. Џон веднаш се впушта во потрага по нив, но не за да го одмазди брат му, туку за да го изведе Кавендиш пред суд.rn
    rn

    Тонто: „Осум луѓе влегоа во кањонот. Јас ископав седум гроба. Коњот вели дека ти си Духот што чекори. Човекот што бил на другата страна и се вратил. Човек што воопшто не може да биде убиен“.

    rnФилм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Всушност, овој ренџер не е сосема сам, затоа што Тонто постојано му прави друштво каде и да оди, при тоа успевајќи да го украде и вниманието на гледачите. Иако во центарот на случувањата е ликот на Арми Хамер, откачениот лик на Џони Деп е најинтересниот во целиот филм. Се разбира, Џони извонредно ја игра улогата како и обично, потврдувајќи дека може да се претвори во што и да посака. Но, не се само изразите на лицето оние кои му даваат харизма на неговиот карактер, туку тој има и доста добри реплики кои на неговиот несовршен индијанско-англиски звучат многу интересно и додаваат хумор во филмот.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Тоа што режисерот и сценаристите на овој филм се исти од „Пиратите од Карибите“ дава до знаење дека не се случајни две работи: тоа што Тонто потсетува на Џек Спероу и тоа што ликовите го носат инаку не многу инвентивното дејствие. „Осамениот ренџер“ не е филм во кој ќе се прашувате дали главните јунаци на крајот ќе го фатат олошот. Ова е само еден класичен холивудски 150-минутен производ исполнет со многу акција кој гарантира добра доза забава.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични цитати за животот од познатите личности

    Одлични цитати за животот од познатите личности

    Доброто нешто за животот е што некој бил тука и пред вас. И додека другите можеби не ги поминале истите препреки и не ги доживеале истите радости како вас, нивните совети сепак би можеле да ви бидат значајни. Погледнете ги наредниве неколку мисли од познатите личности од кои можете да извлечете добри совети за животот…rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Никогаш не ограничувај се себеси поради ограничената имагинација на другите; никогаш не ограничувај ги другите поради твојата ограничена имагинација.“ – Мае Џејмисон, астронаут

    rnГолем број од цитатите имаат тенденција да се фокусираат на она како ние се чувствуваме за другите и како ние се проектираме во овој свет, но оваа мисла е одлична бидејќи ни кажува дека не сме само ние оние кои не треба да се ограничуваат, туку исто така не треба да ги ограничуваме и другите.rnrnСекој од вас има свој сопствен пат кој го следи во животот и гаснењето на туѓите свеќи нема да направи вашата да свети посветло. Ако некој има сон, секогаш обидувајте се да му бидете поддршка и да го сфаќате. Дајте им простор на луѓето да бидат оние кои навистина се.rn
    rn

    „Ако не можете да го исфрлите скелетот од вашиот плакар, најдобро би било доколку го научите да танцува.“ – Џорџ Бернард Шо

    rnДа бидеме реални, секој од нас има направено нешто во минатото на кое ни најмалку не е горд или кое нè покажува во многу лошо светло и токму поради тоа сакаме да го чуваме скриено. Но, понекогаш минатото знае на интересен начин да навлезе во нашата сегашност.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrnОва не значи дека треба да признаете буквално сè во врска со вашата историја, но сепак би требало да можете да го прифатите минатото како дел од вашето патување низ животот. Тоа е клучно за постанувањето на личноста која сте вие денес.rn
    rn

    „Доколку поминувате низ пекол, продолжете со одење.“ – Сер Винстон Черчил

    rnСедењето и жалењето за она што ви се случува нема да ви помогне да постигнете ништо. Па, ако поминувате низ тешки времиња, единственото нешто што можете да го направите е да продолжите да се движите напред, да не се откажувате и кога-тогаш ќе го видите крајот на тунелот.rn
    rn

    „Можете да направите што било, но не сè.“ – Дејвид Ален

    rnПонекогаш мислиме дека мораме да бидеме сè на сите и дека наша работа е да ги правиме сите околу нас среќни, но тоа едноставно не е можно. Истото важи и за животот, едноставно не можете да направите сè што сакате. Но, со сигурност можете да го постигнете она што сте го намислиле. Постои огромна разлика.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Па, не трае ни бањањето – затоа се препорачува секојдневно да се практикува.“ – Зиг Зиглар

    rnИнтересна, но вистинита мисла од велемајсторот за самопомош и позитивно размислување. За да се држиме до нашите цели и да го живееме животот кој го сакаме мораме секојдневно да се мотивираме.rnrnСè е во ред кога ќе започнете со вашиот проект, вие сте природно мотивирани и возбудени за идејата да напредувате во нешто ново, но ова чувство може многу брзо да избледи. Токму затоа е многу важно да ја одржувате вашата мотивација – секојдневно.rn
    rn

    „Советот е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот што посакуваме да не сме го знаеле.“ – Ерика Јонг

    rnОваа изјава е целосно вистинита, нели? Понекогаш сме во потрага по одговорот што сакаме да го слушнеме, но кој не мора да значи дека е вистинит. Ова најчесто се случува кога бараме одговори онлајн. Не можеме да престанеме сè додека не го најдеме она што ние самите сме сакале да го прочитаме.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrnИстото се случува и кога се обраќаме на нашите пријатели за совет. Понекогаш знаеме дека тие нема да ни ја кажат „голата“ вистина од страв да не нè навредат. Токму затоа понекогаш е подобро да се побара помош од некој кој не ве познава или кој е целосно надвор од ситуацијата.rn
    rn

    „Доколку го гледате она што го имате во животот, вие секогаш ќе имате повеќе. Доколку го гледате она што го немате во животот, никогаш ништо нема да ви биде доволно.“ – Опра Винфри

    rnОва е одличен совет од кралицата на личниот напредок. Кога се фокусирате на оние нешта кои ги немате, секогаш сакате многу повеќе од она што веќе го имате. Но, ако застанете и почнете да ги цените сите оние нешта кои веќе ги имате, ќе сфатите дека имате многу повеќе од доволно.rn
    rn

    „Некои луѓе го чувствуваат дождот, додека пак другите само се намокруваат.“ – Боб Марли

    rnНекои луѓе го гледаат позитивното во сè, но некои се фокусираат само на оние негативните нешта. Сè во животот има своја цел, дури и оние наизглед негативни нешта. Дури тогаш кога ќе научите да ја гледате убавината во сè околу вас, ќе можете да го смените вашиот живот на подобро.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Животот е многу интересен… На крајот, некои од вашите најголеми болки стануваат вашата најголема сила.“ – Дру Баримур

    rnУчиме толку многу во животот и некои од тие нешта кои ни биле најболни стануваат нашите најголеми лекции и извор на најголемата сила во нас.rn
    rn

    „Доколку постои каква било порака што можам да ја извлечам од мојата работа, тоа е дека е многу ОК да бидете различни, дека е добро да се биде различен и дека треба да се запрашуваме себеси пред да одлучиме да осудиме некој кој изгледа различно, се однесува различно, говори различно и е различна боја од нас.“ – Џони Деп

    rnСветот е место кое брзо се менува и како што се поврзуваме и физички и електронски преку интернетот, така ние неизбежно стапуваме во контакт со луѓе и култури кои се поразлични од нас. Но, многу е важно да не ги судите луѓето само поради тоа што се различни од вас. Секој од нас би требало да ги слави разликите, а не да ги исмејува.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Почитувајте го вашиот труд, ценете се себеси. Самопочитувањето води до самодисциплина. Кога ги имате овие 2 работи под вашиот каиш, тоа е вистинска моќ.“ – Клинт Иствуд

    rnОваа мисла кажува толку многу работи со толку малку зборови. Кога се почитувате себеси вие станувате многу помоќни. И кога ќе го достигнете тоа, нема цел која нема да можете да ја постигнете.rn
    rn

    „Оној момент кога ништо не учите, јас мислам дека вие сте мртви.“ – Џек Николсон

    rnМногу е важно да продолжите со учење, без разлика на тоа колку сте стари. Тоа не само што го одржува вашиот мозок, туку и ве одржува заинтересирани за нештата. Никој од нас не може да знае сè, секогаш постои уште нешто што може да се научи и што е прекрасно да се знае.rnrnОдлични цитати за животот од познатите личностиrnrn rn

    „Многу луѓе се откажуваат непосредно пред да успеат. Никогаш не знаете кога следната пречка ќе биде и последна.“ – Чак Норис

    rnГолем дел од луѓето се откажуваат точно пред последната препрека до нивната цел. Пораката од овој цитат е да продолжите да одите, бидејќи можеби сте многу поблиску до целта отколку што мислите. И секако, совет од Чак Норис не може да биде погрешен, нели? :)rn
    rn

    „Не постои каење во животот. Само лекции.“ – Џенифер Анинстон

    rnЖивотот е една серија од лекции, некои поголеми, некои помали, но сепак лекции. Нема потреба да се каете, дури и за оние нешта кои не излегле онака како што сте планирале. Сè тоа е дел од нашето искуство.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Славните личности во улога на фотографи

    Славните личности во улога на фотографи

    Славните личности секојдневно се мета на неуморните папараци, кои секогаш на крај успеваат да ги фотографираат во интересни ситуации. Но, во ова издание улогите се сменети и познатите се тие кои што ја имаат контролата врз фотоапаратот. На вас оставаме да одлучите колку добро им прилега ваквата професија.rnrn

    Бред Пит
    rnrn
    Шон Конери
    rnrn
    Мик Џегер
    rnrn
    Џеки Кенеди
    rnrn
    Грејс Кели го фотографира Френк Синатра
    rnrn
    Мет Дејмон и Бен Афлек
    rnrn
    Едвард Нортон
    rnrn
    Џони Деп
    rnrn
    Хит Леџер
    rnrn
    Пол Макартни
    rnrn
    Мајкл Сера
    rnrn
    Џејмс Франко
    rnrn
    Мадона
    rnrn
    Анџелина Џоли
    rnrn
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Дајен Кругер
    rnrn
    Кејт Мос
    rnrn
    Мерлин Монро

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најзгодните момци на филмското платно

    Најзгодните момци на филмското платно

    Дали ви се допаѓаат црни или плави дечки, сеедно. Кога станува збор за овие актери вкусовите најчесто се поклопуваат. Овие момци крадат воздишки со секое нивно појавување на сцената. Ова е една мала галерија, би рекле тесен избор на згодни момци од филмското платно, направен специјално за дамите. Уживајте и слободно надополнете ја листава со некој по ваш избор.rnrn

    Најзгодните момци на филмското платно
    Бен Афлек
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џони Деп
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Ештон Кучер
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Ченинг Тејтум
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Антонио Бандерас
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Бред Пит
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Овен Вилсон
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Метју Меконахи
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Вил Смит
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Вин Дизел
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џенсен Еклс
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Мет Ле Бланк
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џејмс Дентон
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Мајкл Ијали
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џејсон Стејтам
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Џеси Меткалф
    rnrn
    Најзгодните момци на филмското платно
    Брус Вилис

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите холивудски фаци и нивните дублери

    Познатите холивудски фаци и нивните дублери

    Немојте да бидете во „грч“ кога вашиот омилен холивудски актер го гледате во некоја опасна филмска сцена. Слободно здивнете, бидејќи таа задача им е доверена на нивните дублери. 🙂 Погледнете неколку фотографии направени за време на снимањата.rnrn

    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Бред Пит
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Анџелина Џоли
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Џони Деп
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Жерард Батлер
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Том Круз и Камерон Дијаз
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Том Круз
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Даниел Крег
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Роберт Патинсон
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Ума Турман
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Шарлиз Терон
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Џон Траволта
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Натали Портман
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Патрик Демпси
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Сара Џесика Паркер
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Ен Хатавеј
    rnrn
    Познатите холивудски фаци и нивните дублери
    Николас Кејџ

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат

    Во личноста на Џони Деп се крие многу повеќе отколку само убаво лице и актерски способности. Тој е страстен за животот, за љубовта и за своето семејство. Преку неговите зборови светот може да разбере каков е и што го мотивира низ животот како татко, сопруг, актер и пред сѐ, како личност. Работите кои тој ги кажува се брилијантни и ќе ве натераат длабоко да размислите. Прочитајте ги 10-те негови најинтересни изјави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    1.Сите сме оштетени на некој начин. Никој не е совршен. Мислам дека сите сме на некој начин по малку луди. Буквално секој од нас.“

    rnДеп има одлична поента со оваа своја мисла. Никој од нас не е совршен. Сите знаеме да ја оплескаме работата. Дури и оние луѓе кои најмногу ги почитуваме и сметаме дека се безгрешни човечки битија, исто така не се совршени. Ова е многу важно да се запамети.rn
    rn

    2.Животот е прилично добар, а зошто не би бил? На крајот на краиштата, јас сум пират.“

    rnЗошто еден пират да не може да е задоволен од својот живот? Секој од нас може да биде среќен, доколку навистина верува дека, земено во целина, животот е убав. Неверојатен е начинот на кој Џони се соживува со улогата на Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“. Тој едноставно се забавува со сѐ што прави.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    3.Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можеш само да се надеваш дека кога таа ќе настапи, ќе се чувствуваш дека си го кажал сето она кое си сакал да го кажеш. Никој не сака да си замине на сред реченица.“

    rnОва е навистина длабока, тешка, но сепак и забавна реченица. Тоа е Џони Деп – интелигентен, сериозен, а сепак многу духовит.rn
    rn

    4.Ако сакаш две личности истовремено, одбери ја втората, бидејќи ако навистина си ја сакал првата, немало да се заљубиш во втората.“

    rnИ повторно тој е во право. Ако некогаш сте биле изневерени, овој цитат на Деп можеби ќе ви отвори стара рана, но сепак ве советува дека ако вашиот партнер решил паралелно да биде со некој друг, никогаш не ве сакал доволно за да бидете единствените во неговото/нејзиното срце.rn
    rn

    5.Постојат 4 битни прашања кои треба да си ги поставиме во животот: „Што е свето? Од што е создадена човечката душа? За што е вредно да се живее и за што е вредно да се умре? Одговорот на сите прашања е ист – само љубовта.“

    rnОва е еден од најслатките и најромантични цитати на Џони Деп. Прекрасен е неговиот начин на размислување, дека нашите души се креирани од љубовта и поради тоа се свети. Кој не би се согласил дека вреди да се живее и да се умре само за љубовта?!rn
    rn

    6.Единствените суштества кои можат да почувствуваат и пренесат чиста љубов, се кучињата и бебињата.“

    rnАко некогаш сте имале куче или сте држеле в раце новороденче, тогаш ја сфаќате оваа мисла на Џони Деп. Бебињата и кучињата го имаат оној опоен љубовен поглед во нивните очиња; тие се толку невини и чисти во душата. Погледот кон нивните очиња, е навистина нешто што не може да се опише, туку само да се доживее.rn
    rn

    7.Кога децата полнат една година, тоа е како да се шеташ со минијатурна пијаница. Мораш да ги држиш покрај себе. Тие се удираат во предмети. Се смеат и плачат. Уринираат. Блујат.“

    rnНавистина смешна реченица. Има ли нешто позабавно од гледање на едногодишно детенце како се тркала наоколу и се сопнува како некоја стара пијаница. Размислете за момент – ова е навистина многу соодветен опис на луѓето во првата година од својот живот.rnrn10 цитати од Џони Џеп кои ќе ве замислат
    rn

    8.Една стара жена во хотелски ресторан во Лондон, ја праша мојата ќерка што работи нејзиниот татко. Таа одговори: „Тој е пират.“ Бев многу горд на нејзиниот одговор.“

    rnКолку се само децата невини, искрени и слатки. Исто така, прекрасно е и тоа што Деп го обожавал одговорот на неговата ќерка.rn
    rn

    9. Не можете да ја испланирате длабочината на љубовта која ќе ја имате кон вашите деца. Постанувањето татко за мене не беше свесна одлука. Тоа беше дел од прекрасното патување на кое бев. Тоа беше судбина, к’смет. Целата математика конечно профункционира.“

    rnНавистина е прекрасно да се слушне, дека Џони Деп бил толку возбуден и трогнат кога постанал татко, без разлика на тоа дали е холивудска ѕвезда или не. Имањето свое дете навистина го менува животот, но реткост е да чуете некој татко да зборува за татковството на ваков мил и интелигентен начин.rn
    rn

    10.Ако воопшто можам да извлечам некаква порака од мојата работа, е дека на крајот на краиштата, ОК е да се биде различен, добро е да се биде различен и треба да се преиспитаме себеси пред да дадеме суд за некого дека изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има различна боја.“

    rnБаш убава порака испраќа Џони до светот. Сите ние треба меѓусебно да си ги прифатиме разликите, да не се оптоваруваме со површни работи, туку да го прославуваме човештвото со добрина и љубов. Ова е една од најдобрите изјави на Деп, бидејќи испраќа една длабока порака за толеранција и меѓусебно прифаќање на различните.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.