КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џим Морисон

  • 5 нешта што не сте ги знаеле за Џим Морисон

    5 нешта што не сте ги знаеле за Џим Морисон

    Поетот и текстописец, најпознат како пејач на рок групата The Doors, Џим Морисон, успеал да направи многу во 27 години живот. Погледнете пет факти што можеби не сте ги знаеле за него и неговиот живот.rn

    1. Имал коефициент на интелигенција од 149

    rn5 нешта што не сте ги знаеле за Џим МорисонrnrnМорисон бил страсен читател уште од рана возраст, а омилени за читање му биле филозофијата, поезијата, па дури и книги за демонологија од 16-тиот век. Неговите музички способности не им биле познати на соучениците во средно. Морисон дипломирал на Универзитетот UCLA во насока театарска уметност.rn

    2. Ван Морисон го научил на сè што знае

    rn5 нешта што не сте ги знаеле за Џим МорисонrnrnДодека бил на факултет, Џим го запознал Реј Манзарек, колега и клавијатурист, со кој го оформил бендот што подоцна ќе стане познат како The Doors. Името доаѓа од книга на Олдос Хаксли „Вратите на перцепцијата“ (The Doors of Perception). Другите членови биле гитаристот Роби Кригер и тапанарот Џон Денсмор. Во книгата на Денсмор „Јавачи на бурата“ (Riders on the Storm), тој пишувал за времето кога биле предгрупа на бендот на Ван Морисон во 1966-та година и како Морисон научил неколку работи.rn

    „Џим Морисон учеше брзо од Ван – неговата непромисленост, начинот на кој ја импровизира поезијата на рок ритам, дури и неговата навика за клекнување.“

    rn

    3. Добил забрана од шоуто на Ед Саливан

    rn5 нешта што не сте ги знаеле за Џим МорисонrnrnНе било потребно долго за славата да затропа на неговата врата. Во 1967-ма година, The Doors имале хит број еден и најавено појавување во едно од најголемите шоуа на американската телевизија во тоа време – шоуто на Ед Саливан. Неколку минути пред почетокот, продуцентот го замолил бендот да замени неколку стиха од песната „Light my Fire“. Бендот се согласил со промената, но откако продуцентот заминал Морисон изјавил дека нема да променат ни збор.rnrnИ се случило токму тоа. Ед Саливан бил гневен по перформансот на бендот и наместо да се ракува со нив, веднаш побарал реклами. Продуцентот им кажал дека Саливан ги сакал за уште шест емисии, но соработката прекинала тогаш.rn

    4. „Riders on the Storm“ била инспирирана од сериски убиец

    rn5 нешта што не сте ги знаеле за Џим МорисонrnrnПоследниот албум на Doors, „L.A. Woman“, го натерал нивниот долгогодишен продуцент да даде отказ и го нарекол половина завршениот материјал „коктел музика“. И покрај тоа, овој албум содржи некои од најголемите класици на бендот како „Love Her Madly“ и „Riders on the Storm“. Иако многу од втората песна е инспирирано од врската на Морисон со Памела Курсон, најпознатата строфа потекнува од сценарио што Морисон го напишал за вистински сериски убиец – Били Кук кој убил шест луѓе додека планинарел во Калифорнија.rn

    5. Toj e првиот член на „Клубот 27“

    rn5 нешта што не сте ги знаеле за Џим МорисонrnrnМорисон умрел од предозирање со дрога во 1971-ва година во Париз на 27-годишна возраст. Ова се случило само една година по смртта на легендарните Џими Хендрикс и Џенис Џоплин, кои исто умреле на 27 години. Морисон бил закопан на гробиштата Pere Lachaise во Париз, каде што се наоѓаат гробовите на познати личности како Едит Пиаф, Колет и Оскар Вајлд.rnrnГробот на Морисон со години бил вандализиран од ревносни фанови кои пишувале графити, оставале гуми за џвакање и краделе. Истовремено постоел мит дека Морисон ја лажирал неговата смрт. Дури и во 2016-та година се појави клип на Јутјуб од човек кој тврди дека разговарал со Морисон кој наводно живеел во Њујорк.rnrnПогледнете и како би изгледале најпознатите музички ѕвезди доколку беа живи и денес.

  • Музички стихови: Кога си туѓинец – Д’ Дорс (People Are Strange – The Doors)

    Музички стихови: Кога си туѓинец – Д’ Дорс (People Are Strange – The Doors)

    „Кога си туѓинец“ (People Are Strange) е една од најпознатите песни на Д’ Дорс поради извонредната музика, но секако и поради брилијантниот текст. Многумина сметаат дека во неа Џим Морисон пее за отуѓеноста на оние луѓе кои на светот гледаат од страна, додека неговиот колега од бендот, тапанарот Џим Денсмор, смета дека се работи за неговата сопствена ранливост. Не е лесно да се сфати поет како Морисон, но како и да ги сфатите овие стихови тие секогаш делуваат како добро да доловуваат дел од реалноста.rnrnМузички стихови: Кога си туѓинец – Д’ Дорс (People Are Strange – The Doors)rnrnЛуѓето ти се туѓи кога ти си туѓинецrnrnЛицата им се грди кога си самrnrnЖените ти изгледаат развратни кога не те посакуваатrnrnУлиците ти се нерамни кога си на днотоrnrn rnrnКога си туѓинецrnrnЛица ти излегуваат на дождотrnrnКога си туѓинецrnrnНикој не ти го памети иметоrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrn rnrnЛуѓето ти се туѓи кога ти си туѓинецrnrnЛицата им се грди кога си самrnrnЖените ти изгледаат развратни кога не те посакуваатrnrnУлиците ти се нерамни кога си на днотоrnrn rnrnКога си туѓинецrnrnЛица ти излегуваат на дождотrnrnКога си туѓинецrnrnНикој не ти го памети иметоrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrn rnrnКога си туѓинецrnrnЛицата излегуваат на дождотrnrnКога си туѓинецrnrnНикој не ти го памети иметоrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrnКога си туѓинецrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисон

    Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисон

    Прочитајте една од многуте необјавени поеми на Кралот на гуштерите, Џим Морисон. Почетокот на овој ракопис е украсен со „Окото кое гледа постојано“, симбол од египетската митологија, кој харизматичниот фронтмен на „The Doors“ го користел како заштитен знак.Необјавени рачно напишани стихови од Џим Морисонrn

    rn

    Да им се плукнам на остатоцитеrnод урнатините на една империја,

    rn

    Да им се плукнам на прашинатarnи ужасната кралица,

    rn

    Да ù се плукнам на женскатаrnпред портите на градоначалникот,

    rn

    Да им се плукнам на сите ваши жени.rnГи третирав истите со почит,

    rn

    пред вашите воини да се врататrnод царството.

    rn

    rnПоследниот стих е пречкртан од страна на Морисон, а тој пред него е премногу експлицитен за да го напишеме овде.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога славните глумат историски личности

    Кога славните глумат историски личности

    Можете ли да ја замислите Линдзи Лохан во улогата на Елизабет Тејлор или Ештон Кучер во улогата на Стив Џобс? А дали знаевте дека ликот на Боб Дилан ќе го толкува актерката Кејт Бланшет?rnrn

    Кога славните глумат историски личности
    Џулијан Мур како Сара Пејлин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Вал Килмер како Џим Морисон
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Леонардо ди Каприо како Едгар Хувер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мишел Вилијамс како Мерлин Монро
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Роберт Дауни Џуниор како Чарли Чаплин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Гери Олдман како Сид Вишос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Хилари Свонк како Амелија Ерхарт
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Виго Мортенсен како Зигмунд Фројд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Џулија Чајлд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Даниел де Луис и Бенџамин Вокер како Абрахам Линколн
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Џаред Лето како Марк Дејвид Чепман
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Андре 3000 како Џими Хендрикс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Маргарет Тачер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ештон Кучер како Стив Џобс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Филип Симор Хофман како Труман Капоте
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Чарлиз Терон како Ејлин Ворнос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Дензел Вашингтон како Малколм Икс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Кејт Бланшет како Боб Дилан
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Винилни плочи со портрети на музички легенди

    Винилни плочи со портрети на музички легенди

    Автор: Маја ВладимироваrnrnТалентираниот дизајнер и илустратор од Мадрид,  Алехандро де Антонио Фернандез е креатор на неверојатната колекција на портрети илустрирани на винилни плочи. Неговата колекција е дел од проектот UNCO MA, чија главна идеја е да се дизајнираат продукти со помош на неконвенционални материјали. Инспириран од винилните плочи, тој на нив ги илустрирал ликовите на дел од најголемите музички имиња, и притоа направил фантастичен спој на музиката и дизајнот. Во следнава листа се прикажани дванаесет портрети на легендарни музичари, како што се Боб Марли, Џим Морисон, Мајкл Џексон…rnrn

    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Боб Марли
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Пол Макартни, Битлси
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Џим Морисон, Дорс
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Џон Ленон, Битлси
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Џими Хендрикс
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Мик Џегер, Ролинг Стоунс
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Слеш, Ганс енд роузис
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Боно Вокс, Ју ту
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Роберт Смит, Кјур
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Боб Дилан
    rnrn
    Винилни плочи со портрети на музички легенди
    Ноториус Биг

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.