КАФЕ ПАУЗА

Tag: џез

  • Плејлиста на неделата: Жените и џезот

    Плејлиста на неделата: Жените и џезот

    Уште во 30-тите, 40-тите, 50-тите и 50-тите години, џезот беше еден од најпознатите жанрови на музиката.rnrnСепак, и покрај раната популарност на џезот со големи имиња како Нет Кинг Кол, Френк Синатра, Дин Мартин, Луис Армстронг и Дјук Елингтон, жените одамна не се препознаваат во жанрот во кој преовладуваат мажите. За да им се оддаде признание на жените кои веќе долго време се оставени во сенка, еве една плејлиста од историски хитови кои ќе ве расположат.rnrnrnrnЕве уште една есенска плејлиста која ќе ве расположи.

  • Неверојатна винтиџ преработка на песната „Radioactive“ која нема да можете да ја извадите од глава

    Неверојатна винтиџ преработка на песната „Radioactive“ која нема да можете да ја извадите од глава

    Благодарение на Јутјуб, сè почесто имаме можност да видиме креативни и прекрасни преработки на дел од најголемите музички хитови низ историјата. Ова видео е токму една ваква преработка, која е толку добра што откако еднаш ќе ја слушнете, едноставно никогаш повеќе нема да можете да ја извадите од глава.rnrnНеверојатна винтиџ преработка на песната „Radioactive“ која нема да можете да ја извадите од главаrnrn„PostmodernJukebox“ се познати по своите винтиџ преработки, но овој пат можеме да кажеме дека тие целосно се надминаа. Погледнете го ова видео и подгответе се за најдобра верзија од оваа песна досега. Со исклучок на оригиналот, секако.rnrn

  • Македонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок

    Македонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок

    Групата „Скопски метеж“ се состои од двајца членови, gog0 и s.u.k.93, како што се претставуваат Горан Матески и Глигорије Глигоров, а постои околу 4 години. Тие неодамна го објавија својот прв видезапис за песната Духот на градот заедно со Тања Б.rnrnrnrnНивната музика е многу уникатна мешавина од хип хоп, блуз, џез и алтернативен рок. Тие досега имаат реализирано бројни настапи и еден албум, а веќе работат на нов и на снимање уште 3 видеоспотови.rnrnМакедонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „На пат“ – Џек Керуак

    Книга: „На пат“ – Џек Керуак

    Феноменална новела на Џек Керуак за едно необично патешествие, за луѓето со нескротлива енергија и боемски живот каков што можат да имаат само писателите.rnrnНаслов на оригиналот: On the road – Jack Keruacrnrn(1) На пат - Џек КеруакЏек Керуак е американски писател и поет (1922-1969) чија новела „На пат“ е прогласена за една од 100-те најдобри книги на 20-тиот век. Роден е во Ловел, Масачусетс, град познат по невработеноста и бедата во тој период, но во стабилно семејство кое му овозможило нормално детство. Невиноста во тие безгрижни години е нарушена кога неговиот брат умира од треска, и неговото семејство се повлекува посветувајќи се на религијата. Во неговите книги често може да се забележи влијанието на тој период особено мисите во црква кои очигледно станале важен дел од секојдневието на неговото семејство. Во меѓувреме финансиската состојба драстично се влошува, неговиот татко станува алкохоличар и ја губи работата, па Џек морал сам да го издржува семејството. Бил одличен фудбалер кој во слободно време се посветувал на читањето, но сепак својата иднина ја гледал во спортската кариера. Добил фудбалска стипендија за на колеџот Колумбија и се преселил во Њујорк каде за првпат ја почувствувал вистинската слобода и „екстатичната радост на постоењето“.rnrnТокму во овој период Керуак се вљубува во џез музиката и многумина сметаат дека тука започнува неговата страст кон „бит генерацијата“ (beat generation), патувањата и боемскиот живот. Фудбалската кариера трае кратко благодарение на повредата со која се стекнува уште во првата сезона, па Керуак како вистински боем го напушта факултетот и бесцелно талка низ животот. Всушност, помеѓу ситните работи на бензински станици и разните луѓе кои ги запознава, ова е времето кога Керуак сериозно започнува да се занимава со пишување и времето кога ги запознава Ален Гинсберг и Вилијам Бороус кои подоцна ќе станат негова главна инспирација. Овие тројца пријатели се практично основачи на „бит генерацијата“ – млади, изгубени и несопирливи духови кои ќе станат вистински претставници на своето време. Останатото е историја.На пат - Џек Керуакrn

    Синопсис

    rnВо 1947 година нескротливиот и луд Дин Моријарти кој штотуку бил отпуштен од поправен дом во Њујорк се запознава со Сал Парадајс и неговата група пријатели кои многу брзо го прифаќаат во својот мал круг на интелектуалци. Сал е воодушевен од Дин, неговите погледи кон животот и неговата храброст да замине и без скршена пара да го прошета светот. Инспириран од хаотичната енергија на неговиот нов пријател и делумно поради писателската блокада со која се соочува, Сал се решава да тргне на пат кон Денвер, патување кое нуди фантастична, уникатна приказна која може да ја пренесе само човек со неверојатно животно искуство. Преку деновите поминати по суровите патишта, до конечната средба во Денвер, лудите ноќи, девојките, алкохолот, дрогата и секако „сиот тој џез“, па сè до сончевата Калифорнија за повторно да се вратат на патиштата, оваа книга е неверојатен спој од авантура, драма и историја.rnrnКнигата е базирана на патувањата на Сал Парадајз (алтер его на Џек Керуак) заедно со неговите пријатели – нескротливите Дин Моријарти и Карло Маркс. Низ четирите дела лудо возење, Керуак кристално ја доловува филозофијата на неговата генерација и време.„ На пат“ е книга за млади момци кои упорно ја бараат смислата на своето постоење, неретко наоѓајќи ја на најнеочекуваните и нетипични места, за потоа повторно да бидат фрлени на прашливиот пат.rn
    rn

    „Кога се разбудив сонцето веќе беше зацрвенето, и тоа беше еден исклучителен миг во мојот живот, најчудниот момент од сите, кога не знаев кој сум – бев далеку од дома, проколнат и уморен од патот, во евтина хотелска соба каква што никогаш не бев видел, слушајќи го шуштежот на пареата однадвор и чкрипењето на старата хотелска дрвенарија, и чекорите одозгора и сите тажни звуци, и гледав немо во високиот напукнат таван и тие петнаесетина чудни секунди навистина не знаев кој сум. Не бев уплашен, бев едноставно некој друг, некој странец а целиот мој живот беше проколнат живот, живот на дух.“

    rnНа пат - Џек КеруакrnrnБонус инфо: Постои филмска адаптација на книгата, со Сем Рајли, Гарет Хедлунд и Кристен Стјуарт во главните улоги.rn
    rn

    Лична критика

    rnКнигата е парче историја, толку важна, уникатна, непроценлива и богата што практично остава без здив и простор за каква било критика. Ги одбележува доцните 40-ти години во Америка и ретко која друга книга би ви овозможила таков „времеплов“ и би ви создала носталгија за време за кое имате само блага идеја како изгледало. На моменти посакував да сум таму и тогаш, слободна и непредвидлива како Дин Моријарти додека веќе во наредниот миг се чувствував размазено затоа што знаев дека никогаш не би го преживеала патот на Сал Парадајз.rnrnЏек Керуак има прекрасен стил на пишување, див и романтичен, прост и високо интелектуален истовремено, баш како и луѓето кои ги овековечува во својата новела. Се потсетив на мојот омилен Холден Колфилд и како ме тераше да се чувствувам во тие бунтовни тинејџерски години кога беше мој идол. Сал Парадајз го направи истото за мене сега, и бескрајно сум среќна што повторно се фатив себеси изгубена во друго време, со необично друштво и феноменална музика. За крај, мојата омилена:rn
    rn

    „… зашто единствените вистински луѓе за мене се лудаците, оние кои се доволно луди да живеат, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, желни за сè во исто време, оние кои никогаш не зеваат ниту кажуваат општи места, туку горат, горат, горат како спектакуларна огнометна ракета што експлодира налик пајак преку ѕвездите, а во средината може да се види татнежот на сината централна светлина, кога човек мора да каже.. Аууу!“


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Што слушаш – тоа и си! Многумина млади својот идентитет го градат врз основа на музиката која ја слушаат, токму затоа на другите луѓе музиката може многу да им открие за нивниот карактер. Доколку некој ви го открие својот музички вкус, природно е врз основа на тој податок вие да изградите некој претпоставен став за тој човек, неговите вредности, неговото друштво и неговите навики.rnrnДали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?rnrn rn

    „Музиката е моќно средство за друштвени експресии, која може да ги појача стереотипите и предрасудите“ – вели психологот и водачот на истражувањето за музичките вкусови, Џејсон Рентфроу од Универзитетот Кембриџ.

    rnРезултатите од ова истражување покажале дека љубителите на класична музика, луѓето ги доживуваат како тивки, неатрактивни и досадни. За разлика од нив, љубителите на рокот се сметаат за емоционално нестабилни и бунтовници по природа, како и за многу неодговорни луѓе. Обожавателите на попот повеќето луѓе ги процениле за по малку смотани, оние на рапот за спортски духови и за агресивни луѓе, а покорниците на електронската музика за невротични ликови. Најдобро прошле обожавателите на џезот, бидејќи нив луѓето ги сметаат за вешти, мирољубиви, либерални, љубезни и отворени по природа.rn
    rn

    „На луѓето не можеме на лице место да им направиме психолошка анализа преку прашања, за да изградиме слика за нивната личност. Ова истражување покажува дека, иако нашите претпоставки не мора да бидат точни, си создаваме слика за некој човек според одговорот на прашањето ‘Каква музика слушаш?’“ – заклучува Рентфроу.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

    Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЗаз е вистинско откровение на музичката сцена, која со својата харизма и талентираниот глас за неполни 2 години се стекна со милион обожаватели. Со своите песни веднаш ќе ве маѓепса и ќе посакате да ја слушате со часови, иако можеби не знаете ни еден француски збор. Преку песните, кои наликуваат на стилот на француските шансони, а изведени на еден поинаков мелодраматичен начин, Заз ви нуди единствена можност да ја запознаете француската музика од сосем поинаков агол.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикВистинското име на Заз е Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy). Родена е на 1 мај, 1980 година во Тур, Франција. Љубовта кон музиката ја покажува уште од мали години, кога со своите сестра и брат посетува часови по музика. Подоцна студира музичка теорија, а се фокусира повеќе на виолината, пијаното, гитарата и хорското пеење.rnrnОсвен музиката, се занимавала со спорт и професионално учела кунг фу. Во 1995 година посетува часови за пеење, а во 2000 година добива стипендија и се запишува во училиштето за модерна музика во Бордо, Франција.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата музичка кариера Заз ја започнува во 2001 година, пеејќи во бендот „Fifty fingers“. Подоцна пеела и во други бендови, а своите вокални способности ги усовршувала и како хорист, настапувајќи со многу пејачи како Маесо, Арт Менго, Владимир Макс. Во 2006 година се преселува во Париз.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикМногумина ја нарекуваат музичкиот феномен од парискиот Монмартр, поради тоа што заработувала токму од пеењето на улиците на Монмартр. Сепак, среќата и се насмевнува во 2007 година, кога почнува да соработува со продуцентот и текстописец Кередин Солтани. Токму Кередин се јавува како композитор и автор на најголемиот хит на Заз – „Je Veux“.Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазикСвојата слава Заз ја доживува во 2010 година, издавајќи го својот прв албум Zaz. Песните, на кои многу од нив се јавува како автор, се интересен спој на џез со примеси на циганската музика. Мелодични и лесно певливи се запаметуваат уште од првото слушање. Текстовите на песните се вистинското нешто по што ја препознаваат Заз. Тие се едноставни,  лесни за паметење и пренесуваат универзални пораки. Во своите песни („Je veux“, „Ni oui ni non“, „Le Long de la route“, „Trop sensible“, „Les Passants“ ) Заз не сака накит од Шанел, лимузина, ниту ја сака Ајфеловата кула. Единствено што сака е љубовта, радоста, слободата…rn

    rnНејзината песна „Je Veux“, со над 10 милиони прегледи на YouTube, е вистински мегахит. Годината во која Заз го издава својот прв албум, 2010, достигнува огромна популарност со над пола милион продадени копии, со што се сертифицира како платиниумско издание. Истата година, Заз ги освои наградите за најдобра француска пејачка во 2010, како и најдобра француска пејачка во странство во 2010 година.rn

    rnГлавна инспирација за нејзините песни се „Четирите годишни времиња“ на познатиот композитор Вивалди, како и џез музичарите како Ела Фицџералд, Енрико Масијас, Боби Мекферин и Ричард Бона. Исто така, африканските, латино и кубанските ритми имале големо влијание врз создавањето на песните. Поради бојата на гласот и стилот на песните, многумина ја нарекуваат новата Едит Пјаф.rnrnОваа година, Заз планира да одржи концерти во многу земји, како Јапонија, Канада, Германија, Хрватска, Србија, Бугарија. Во Македонија, концертот е официјално закажан за 28 мај.rn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

    Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnЗаборавете на обичната и досадна роденденска честитка. Кога баба Маргарет и дедо Боб му посакуваат роденден на својот внук, тие тоа го прават со стил. Неповторливото дуо оваа година се одлучи за џез песна наречена „Блуз за 18 годишниот роденден“. И покрај тоа што има неколку необични стихови како „ти си сега маж… каква пица ќе одбереш“, сепак песната е многу интересна и само после едно слушање веднаш ќе ја засакате. Дедо добро се снаоѓа со клавирот и изненадува со неговиот неверојатен глас, додека пак баба… па, таа танцува одлично.rnНезаборавна роденденска честитка од баба и дедо НелсонСекако песната нема да биде целосна доколку нема некаков вид мудар совет. „Размислувај повеќе за тоа што ќе го правиш, а помалку за тоа што нема да го правиш“, пее дедо Боб. Како што доаѓа крајот на видеото, има многу интересен коментар од баба Маргарет. Таа вели: Ох, ова ќе биде лошо.“ И покрај тоа што Џош бил малку засрамен од оваа уникатна роденденска честитка, баба и дедо Нелсон за кратко време станаа голем хит на Јутјуб и си го пронајдоа своето место во срцата на сите оние кои ги гледаа. Дедо Боб дефинитивно беше во право за една работа, роденденот на Џош се појави на вестите.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.