КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џеси Џеј

  • И познатите прават смешни гримаси

    И познатите прават смешни гримаси

    Зад совршената маска од насмеано и совршено негувано лице којашто познатите мораат да ја носат секаде со себе, сепак зад неа тие се само луѓе, со човечки емоции, реакции и гримаси. Папараците ги уловиле на дело најсмешните фаци коишто ги направиле познатите пред камерите, кои со сигурност ќе ве расположат.rnrn

    Рајан Гослинг
    Рајан Гослинг
    rnrn
    Меган Фокс
    Меган Фокс
    rnrn
    Ема Стоун
    Ема Стоун
    rnrn
    Џорџ Клуни
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Адел
    Адел
    rnrn
    Кети Пери
    Кети Пери
    rnrn
    Никол Кидман
    Никол Кидман
    rnrn
    Аманда Сејфрид
    Аманда Сејфрид
    rnrn
    Бен Афлек
    Бен Афлек
    rnrn
    Блејк Лајвли
    Блејк Лајвли
    rnrn
    Мадона
    Мадона
    rnrn
    Кристен Стјуарт
    Кристен Стјуарт
    rnrn
    Зои Дешанел
    Зои Дешанел
    rnrn
    Кристина Агилера
    Кристина Агилера
    rnrn
    Леа Мишел
    Леа Мишел
    rnrn
    Сандра Булок
    Сандра Булок
    rnrn
    Пинк
    Пинк
    rnrn
    Рејчел МекАдамс
    Рејчел МекАдамс
    rnrn
    Ријана
    Ријана
    rnrn
    Селена Гомез
    Селена Гомез
    rnrn
    Џулија Стајлс
    Џулија Стајлс
    rnrn
    Џејсон Сигел
    Џејсон Сигел
    rnrn
    Џеси Џеј
    Џеси Џеј
    rnrn
    Џенифер Гарнер
    Џенифер Гарнер
    rnrn
    Џим Кери
    Џим Кери
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите во ретро изданија

    Познатите во ретро изданија

    Навикнати сме да ги гледаме познатите како ја следат модата и на себе ги имаат најновите брендирани парчиња облека. Но некогаш знаат да се вратат назад во времето и да ја донесат модата од минатото. Некои од нив имаат препознатлив ретро стил, останатите одвреме-навреме се појавуваат во некакво ретро издание. Ова се дел од ретро изданијата на познатите жени.rn

    Бијонсе

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Скарлет Јохансон

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Лана Дел Реј

    rnПознатите во ретро изданијаПознатите во ретро изданијаrn

    Гвен Стефани

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Џеси Џеј

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Ванеса Хаџенс

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Пенелопе Круз

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Соланж Ноулс

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Шерил Коул

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Рита Ора

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Кристина Агилера

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Елен Помпео и Дита Вон

    rnПознатите во ретро изданијаrn

    Ким Кардашијан и Кети Пери

    rnПознатите во ретро изданија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја Џеси Џеј

    Запознајте ја Џеси Џеј

    Џесика Елен Корниш, позната како Џеси Џеј е 23-годишна британска R&B, поп рок и соул пејачка, која полека го освои светот со нејзиниот неверојатно моќен глас и уникатна појава. Џеси Џеј плени со својата дрска, но истовремено нежна појава, ангелско-ѓаволски глас, секси рокерска облека, креативно дизајнирани нокти, интересна фризура со рамни шишки и голема самоувереност. Во врска со нејзиниот уникатен стил, таа вели: „Имав обичај да си цртам по моето лице и ја имам боено косата во 15 различни бои. Отсекогаш сум се изразувала себеси преку мојот стил.“ Самата таа има удел но нејзиниот целокупен сценски имиџ и не дозволува некој да ја натера да си ја смени фризурата.Запознајте ја Џеси ЏејИ покрај тоа што Џеси Џеј е нова пејачка на музичкото небо, таа не е тотална нова на поп сцената. Има напишано многу песни за познати музички ѕвезди, како Мајли Сајрус („Party in the USA“), за Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Крис Браун… Во нејзината биографија таа е опишана: „Помешајте малку од Ријана со Гвен Стефани и додадете ја харизмата на Пинк и ќе почнете да добивате идеја за тоа каков тип девојка е Џеси Џеј.“ Со други зборови, таа е совршен материјал за да биде вистинска музичка икона и МТВ поп-ѕвезда. Во врска со нејзиното пишување песни, Џеси вели: „Јас сум пола артист, пола терапевт“. Татко ù е социјален работник и Џеси смета дека советите кои тој ù ги дава имаат огромно влијание во нејзиното пишување психолошки текстови за песните.rnrnТаа вели дека од поодамна се обидувала да склучи договор со некоја музичка куќа, за да почне да се занимава со пеење, но никој не сакал да ја земе. „Не верувам дека не им се допаѓаше тоа што го правам, но тогаш актуелни во индустријата беа Дафи, Ејми Вајнхаус, Габриела Килми и мислам дека едноставно си ја пропуштив шансата.“ Потоа решила дека треба да отпатува за Америка и таму да си ја проба среќата. Таму успеала да склучи договор со музичката куќа Ајленд Рекордс и да стане она што е денес.rnrnЏеси има две постари сестри кои секогаш биле одлични ученички. За разлика од нив, Џеси има изјавено дека никогаш не била толку добра во нешто. Во училиште, базирајќи се на нејзиното презиме, сите очекувале дека ќе биде исто толку успешна колку нејзините сестри. „Дајте ми нешто да нацртам, да изберам облека за некого, да направам фризура, шминка, да глумам или да напишам песна, со тоа сум сосема ОК, но не нешто што е поврзано со резултати. Таа никогаш не ја базирала нејзината интелигенција на резултатите кои ги имала на тестовите. Секогаш умеела добро да пее и вели дека тоа е „нејзината ствар“. Како и да е, таа била отстранета од училишниот хор, бидејќи била премногу гласна. „Бев во хорот еден ден и некои од родителите почнаа да се бунат дека нивните деца биле вознемирени затоа што сум била премногу добра. Имав 11 години, можете да замислите? Срцето ми се скрши.“Запознајте ја Џеси ЏејЏеси имала нерамномерни отчукувања на срцето уште од 11 години и преживеала мал срцев удар на 18-годишна возраст. Како резултат на тоа, таа не пие и не пуши.rnrnЦеси Џеј е отворена хомосексуалка. Таа признала дека има излегувано и со мажи и со жени, но не гледа причина зошто треба да се крева „галама“ околу тоа. „Не се плашам да кажам дека мене ми е сосема удобно да бидам тоа што сум и да го сакам, оној кој ќе решам да го сакам“.rn.rn

    Jessie J – Nobody’s Perfect

    rn

    rn

    Преслушајте ја оваа песна и во акустична варијанта, каде може да се почувствува волшебниот глас на Џеси.rn.

    rn

    Jessie J – Who You Are

    rnПесната „Who You Are“ е најгордото музичко парче на Џеси, за кого вели дека има за цел да им даде позитивен пример на младите луѓе. Погледнете како оваа патриотка со британско знаме нацртано на ноктите, се промовира на Тајм Сквер во Њујорк. (За почеток на песната премотајте до 30-та секунда).rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Do It Like A Dude

    rnПрвиот сингл на Џеси „Do It Like a Dude“ го напишала таа, но не за себе, туку за Ријана. Во тој период популарна била „Rude Boy“ на Ријана, поради што Џеси добила инспириција да ја напише оваа песна. Но, нејзината продукција ù рекла дека песната е неверојатна и треба да ја задржи за себе и да биде нејзина деби-песна. Преслушајте ја и интересната акустична варијанта.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Acoustic Price Tag

    rn„Price Tag“ најпрво изгледа како да зборува за неприфаќање на материјализмот, но симболизмот во видео записот ù дава на песната подлабоко значење: музичката индустрија повеќе не е наменета за правење пари, туку настојува да му наметне на светот определени сфаќања, верувања и начини на однесување.rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Who’s Laughing Now

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Stand Up

    rn

    rn.

    rn

    Jessie J – Mamma Knows Best

    rnПогледнете како публиката реагира на Џеси Џеј кога таа „грми“ на сцена. :)rn

    rn

    rn

    Првиот и единствен албум на Џеси Џеј „Who You Are“ бил пуштен во продажба во февруари 2011, за кој Џеси признала дека ù биле потребни 6 години за целосно да го комплетира. Во него е вклучена и песната „Big White Room“, која ја има напишано на 10 години, во болница, кога малечко момче кое билo во истата соба со неа, починало.

    rn

    Посетете го каналот на Јутјуб на Џеси Џеј, кој има над 170.000 следачи и вкупно над 218 милиони посети на видеата.

    rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.