КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џенифер Анистон

  • 10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

    10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

    Актерката годинава го прослави својот 52-ри роденден, но сепак изгледа младолико, а нејзината главна тајна се сјајната енергија и неверојатната смисла за хумор. Во продолжение ќе ги прочитате најимпресивните цитати од Џенифер Анистон за љубовта, животот, медитацијата и интуицијата.rnrn10-те најдобри цитати на Џенифер Анистонrn

    „Вистинската љубов менува сè. Оставате огледало да стои пред вас секој ден.“

    rn

    „Јас секогаш велам – не работи на планови, туку на опции.“

    rn

    „Никој не мисли за себе дека е секси. Има денови кога мислите: ‘Еј, па денес не сум толку лош.’ Но, ако се обидувате да бидете секси, никогаш нема да бидете секси.“

    rn

    „Ми рекоа да се откажам од глумата поради одбивање. Ми рекоа: ‘Зарем не сакате да имате нормална работа и нормално семејство?’ Претпоставувам дека тоа е добар совет за некои луѓе, но јас сакав да глумам.“

    rn

    „Нема жалење во животот, само лекции.“

    rn

    „Бракот ги вади на виделина сите оние работи што ги турнав во еден агол – стравови, недоверба, сомнежи, несигурности. Тоа е како да ја отворате Пандорината кутија.“

    rn

    „Кога некој ве следи до продавница и ве гледа како купувате ролна тоалетна хартија, знаете дека животот ви се сменил.“

    rn

    „Кога еднаш ќе сфатиш кој си и што сакаш кај себе, мислам дека сè ќе си дојде на свое место.“

    rn

    „Колку е поголем вашиот капацитет за љубов, толку е поголем вашиот капацитет за чувство на болка.“

    rn

    „Ако не сте среќни, можете да бидете среќни. Среќата е прашање на избор.“

    rnПрочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.

  • Дали знаете сè за познатите личности? Овие факти може да ве изненадат!

    Дали знаете сè за познатите личности? Овие факти може да ве изненадат!

    За познатите личности секојдневно читаме во весниците, на интернет порталите и на разни други места, но сепак постојат неколку интересни факти кои можеби досега не сте ги знаеле за нив. Кога ќе ги видите можеби помислувате дека се од друга планета, но и тие се луѓе како нас, луѓе кои имаат вистинска љубов, летување со пријателите, секојдневни навики. Ова се 13 интересни факти за нив.rnrn"The Model As Muse: Embodying Fashion" Costume Institute Gala - Arrivalsrnrn1. Оливија Вајлд во еден момент била принцеза. Всушност, симпатичната актерка била во брак со италијанскиот принц Тао Русполија.rnrn2. Бабата на Кара Делавињ била дворска дама на англиската принцеза Маргарет, а познатата актерка Џоан Колинс е нејзина кума.rnrn3. Рајан Гослинг и Сандра Булок, пред 13 години, биле во врска една година. Рајан покасно изјавил дека таа можеби била најдобрата врска што ја имал дотогаш, покрај онаа со Рејчел Мекадамс.rnrn4. Тејлор Свифт напишала роман од 350 страници, но никогаш не го објавила.rnrn5. Џенифер Гарнер не смеела да носи шминка ниту бикини сè додека не наполнила 16 години.rnrn6. Природната боја на коса на Кристен Стујард е руса. За потребите на серијалот „Самрак“ таа ја бојадисала косата во костенлива.rnrn7. Викторија Бекам собира кристали и има обичај да ги поставува низ домот и канцеларијата за да создаде позитивна енергија.rnrn8. Вистинското име на Натали Портман е Натали Хершлаг.rnrn9. Ким Кардашијан го прославила својот 14-ти роденден на имотот „Неверленд“ кој му припаѓаше на Мајкл Џексон.rnrn10. Вера Ванг е тетка на актерката Еми Росум.rnrn11. Гвен Стефани пред да се омажи за Гавин Росдал, имала само една врска и тоа со колегата од бендот „No Doubt“, Тони Канал.rnrn12. Вистинското име на Џенифер Анистон е Џенифер Анатасакис.rnrn13. Ана Винтур својата препознатлива боб фризура ја носи од својата 14-та година. Ако правилно пресметате, ќе сфатите дека истата фризура ја носи скоро 50 години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познати жени кои блескаат во своите 40-ти години

    Познати жени кои блескаат во своите 40-ти години

    Добриот изглед е задолжителен кај познатите жени од шоу-бизнисот, дури и во нивните подоцнежни години, после неколку родени деца. Овие моќни жени дефинитивно блескаат и покрај тоа што веќе одамна се влезени во „зрелите“ години.rnrn

    Познати жени кои блескаат во своите 40 ти години
    Хали Бери
    rnrn rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите на својата матурска вечер

    Познатите на својата матурска вечер

    Матурската вечер е многу важен настан за сите тинејџери. Тоа е прослава кога сите девојки се обидуваат да изгледаат како принцези во своите фустани, а момчињата како вистински мажи во кошули и одела. Но, поради преголемиот труд околу оваа вечер, неколку години подоцна, разгледувајќи ги старите фотографии, речиси секој се кае за модниот избор којшто го направил. Дури ни познатите не се имуни на овој мал, личен кошмар. Засрамувачките матурски фотографии се чуваат вечно, но радувајте се што барем вашите не се расфрлани по целиот интернет. :)rnrn

    Познатите на својата матурска вечер
    Блејк Лајвли
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бред Пит
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бритни Спирс
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бруно Марс
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џенифер Анистон
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џесика Алба
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ештон Качер
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ферги
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Лејди Гага
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Мишел Обама
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Натали Портман
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ријана
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Рис Витерспун
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Сандра Булок
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Телјор Свифт
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ашер

  • Новиот дом на Џенифер Анистон

    Новиот дом на Џенифер Анистон

    Воопшто не е невообичаено холивудските ѕвезди да купуваат и да продаваат имоти, па така и во оваа 2012 година овој тренд сигурно ќе продолжи. Според веб-сајтот „TMZ“, познатата актерка Џенифер Анистон веќе купила нов имот, вреден 21 милион американски долари. Вилата се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија, на познатите ридови Бел Ер.Новиот дом на Џенифер АнистонПрвичната цена на имотот била 24,9 милиони американски долари, но изгледа добитничката на Еми награда, која претходно го продаде својот имот во Беверли Хилс, се спогодила за солидно намалување. Вилата е изградена во 1965 година, а имотот е со големина од 800 квадратни метри. Карактеристични за овој дом се стаклените ѕидови кои нудат фантастичен поглед кон градот и океанот. Покрај фантастичната куќа, Анистон на својот нов имот ќе има приватно езерце, голем базен, гостинска куќичка, а во задниот дел од дворот лозови насади.Новиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер Анистон
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Филм за лагите и за тоа кога е вистинско време да престанеш со нив и да ја кажеш вистината… како едно „Пинокио“ патешествие може да ти разјасни некои работи и да ти донесе позитивна животна промена rnrnСамо продолжи со тоа (Just go with it) Режија: Денис ДуганrnrnУлоги: Адам Сендлер, Џенифер Анистон, Никол КидманrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 февруари 2011rnrnЖанр: романтична комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: : [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnАмериканските романтични комедии се прават по рецепт. Не треба да си филозоф или огромен креативец за да измешаш малку хумор со малку непризнаени и негирани љубовни чувства и на сето тоа да му додадеш среќен крај. Уште подобро ако се појавуваат популарни глумци како во случајот, Адам Сендлер, Џенифер Анистон и Никол Кидман – тогаш имаш сигурен хит на кино благајните. Овие филмови не се паметат засекогаш, не влегуваат во 100-те најдобри, но си ја играат својата јасна улога во кинематографскиот свет, односно нè забавуваат и притоа ни ги собираат парите. Сепак, во купот американски комедии се издвојува по некоја со подобар хумор и симпатична приказна. Таков тип е филмчето „Само продолжи со тоа”.rn———————————————————————————————————————————————————————–rnrn

    rnПриказна: Дени (Адам Сендлер) е пластичен хирург кој откако останува повреден од девојката со која требал да се земе, љубовниот живот му се состои од низа „едновечерни средби“ со убави жени. И тој е сосема среќен со тоа, сé додека не сретне девојка за која решава дека треба да се потруди и со која најверојатно сака да остане. Сепак, уште на стартот, една непромислена лага го втурнува сé  подлабоко и подлабоко во лажната приказна во која ги вклучува и неговата асистентка Кетрин (Џенифер Анистон) и нејзините две деца. Да, дејствието е клише, но сепак има забавни хумористични сцени, не само со Сендлер туку и со одличниот комичар Ник Свардон кој го глуми Еди, помалку чудниот и баксузен во љубовта братучед на Дени. Само продолжи со тоа (Just go with it)Кога станува збор за хуморот на Адам Сендлер изгледа дека нема средина – или го сакаш или го мразиш. Сепак, во овој филм дури и тој се појавува во малку посмирена варијанта, со шеги прифатливи за поголем број луѓе. Нема да наоѓате хумор како на пример во „Зохан“. Тука сè е посмирено и нежно со оглед дека станува збор за романтична комедија.rnrnЏенифер Анистон, пак, изгледа дека е родена за ваквите улоги, и не само тоа, туку и таа е свесна дека најмногу ја бива за тоа па не се ни обидува нешто претерано во другите жанрови. Така што нема утка за Анистон, таа е стара коска во ваков тип филмови.rnrnИзненадувачки е што тука ја наоѓаме Никол Кидман која ја игра вечната непријателка на Кетрин, Девелин. По нејзиниот последен проект, драмата „Зајачка дупка“ во кој маестрално портретира жена која го загубила детето, на големото платно се појавува со овој, за неа, претерано лесен проект. Дали станува збор за едноставно полнење на буџетот што најверојатно не ù е ни потребно или пак за лесно оддржување на актерската кондиција, не се знае. Сепак, Кидман, и тука професионално си ја завршува работата. Само продолжи со тоа (Just go with it)Музика: Музиката е како што ù доликува на една нова романтична комедија, од Umbrella на Rihanna до Chasing Cars на Snow Patrol или Beggin’ на Madcon. Сепак влегуваат и постари, но популарни песни и тоа најчесто од The Police. Така саундракот е брз и преполн со препознатливи нумери кои најчесто не ви дозволуваат да не потцупнете со ногата. Половина од дејствието во филмот се одвива на Хаваи, па ваквиот тип хитовска музика комплетно си се поклопува со амбиентот. Само продолжи со тоа (Just go with it) Кога и како да го гледате: во кое било време од денот и во која било комбинација. Нормално дека главен предуслов е да сте љубител на романтични комедии затоа што „Само продолжи со тоа“ е токму тоа. Сепак, со оглед дека момците (стереотипно гледано) не се секогаш на страната на овој филмски жанр, можеби е подобро да го прескокнат, а девојките да го погледнат во друштво со своите другарки.Само продолжи со тоа (Just go with it) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.