КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џејмс Бонд

  • Сите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?

    Сите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?

    На сите ни е позната приказната за тајниот агент 007. Дамите овие филмови ги паметат по незаборавните улоги на Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан и Даниел Крејг. Но, припадниците на машкиот пол сигурно не можат да ги заборават многуте прекрасни Бонд девојки без кои филмовите едноставно не би биле целосни. Наредната година, ќе има изминато точно 55 години од првиот филм за Џејмс Бонд. Во таа чест, ние ги собравме сите Бонд девојки на едно место од првиот, па сѐ до последниот филм. Погледнете ги убавиците со кои се дружеше тајниот агент низ годините и уживајте…rn

    1962 – Урсула Андрес како Хани Рајдер

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rn

    1963 – Даниела Бјанки како Татјана Романова

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rn

    1964 – Ширли Итон како Џил Мастерсон

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rn

    1965 – Клодин Оже како Домино Дервал

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rn

    1967 – Мие Хама како Киси Сузуки

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rn

    1969 – Дајана Риг како Тереза ди Виченцо

    rnСите убавици на едно место: Како изгледале Бонд девојките во филмовите за најпознатиот таен агент?rnrnПродолжете на следната страница за останатите Бонд девојки…rnrn

  • Нашминкајте се како прекрасната нова Бонд девојка

    Нашминкајте се како прекрасната нова Бонд девојка

    Сите сме добро запознаени со одличните мејкап туторијали на Мишел Пан. Овој пат нејзината инспирација доаѓа од сексапилната и сензуална Бонд девојка од најновиот филм во овој серијал наречен „Skyfall.“ Мистериозниот, но сензуален изглед на Беренис Марло не остави никого рамнодушен и доколку сакате и вие на тој начин да привлечете неколку погледи кон себе погледнете го наредново видео во кое покрај шминката, Мишел објаснува и за нејзиниот стил…Нашминкајте се како прекрасната нова Бонд девојкаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Имате 70 секунди да го отклучите 007 во вас!

    Имате 70 секунди да го отклучите 007 во вас!

    „Coke Zero“ им поставил необични предизвици на неколку случајни минувачи покрај железничка станица. Од нив се барало да го отклучат 007 во себе и да се обидат за 70 секунди да стигнат до 6-тата платформа каде што ги чекале бесплатни ексклузвни карти за новиот филм од серијата Џејмс Бонд – „Skyfall.“Имате 70 секунди да го отклучите 007 во вас!Ви звучи едноставно? Погледнете го наредново видео и видете со што се соочуваа тие за да ги добијат своите карти…rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс Бонд

    Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс Бонд

    Компилацијата е создадена за да се одбележат 50 години од излегувањето на првиот филм за агентот Џејмс Бонд. Првиот филм „Dr. No“ својата премиера ја имал на 5 октомври 1962 година, а главната улога ја толкувал Шон Конери. Оттогаш до денеска се снимени 23 продолженија, а честа да го глумат овој лик ја имале 6 актери, Шон Конери, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег. Последниот филм за тајниот агент „Skyfall“ својата премиера ја имаше на 23 октомври 2012 година во Лондон.Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс БондОваа компилација е составена од најдобрите моменти во филмовите за британскиот агент Џејмс Бонд, неговите најдобри цитати, исечоци од главните песни за филмот, неговите прекрасни девојки, исечоци од акциони сцени, неговите моќни автомобили и сѐ друго што го претставува овој легендарен лик.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

    Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

    По повод 50-годишнината од појавувањето на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ова се најпопуларните автомобили на тајниот агент 007, препознатливи по својата брзина и неверојатните додатоци. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Бентли Марк 4 во филмот „Од Русија со љубов“ (1963)

    rnАвтомобилот Бентли Марк 4 е исто толку легендарен колку и Астон Мартин ДБ 5; тој се појавува во многу романи на Флеминг. Но, за жал, овој автомобил е фиктивен исто како и неговиот сопственик, Џејмс Бонд. Ваков модел на Бентли всушност никогаш не е произведен. Возилото во филмот „Од Русија со љубов“ е кабриолет со кој Шон Конери ќе ја заведе Силвија Тренч. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин ДБ 5 во филмот „Голдфингер“ (1964)

    rnЕден од најпознатите автомобили на тајниот агент 007, без сомнение е Астон Мартин ДБ 5. Овој уникатен автомобил веднаш стана заштитен знак на серијалот филмови за Џејмс Бонд. Дизајнот на Астон Мартин ДБ 5 вклучува автоматски пушки, стакла отпорни на куршуми, ротирачки регистарски таблички и фамозното седиште за исфрлување. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Тојота 2000 ГТ во филмот „Само двапати се живее“ (1967)

    rnКон крајот на 60-тите години, многумина сметаа дека Тојота 2000 ГТ е само уште еден футуристички автомобил. Но, се покажа дека не е така. Тојота произведе 350 возила од овој модел и секој од овие автомобили поседуваше напредни инженерски техники, тркалезни сопирачки на секое тркало, 6-цилиндричен мотор, видео монитор, безжичен телефон и стерео систем со гласовна контрола – додатоци кои во тоа време не биле стандардни. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Форд Мустанг Мак 1 во филмот „Дијамантите се вечни“ (1971)

    rnОткако веќе ги покори злобните организатори, Советскиот Сојуз и заводничките, беше само прашање на време кога Џејмс Бонд ќе го освои и американскиот Форд Мустанг. Во една од многуте спектакуларни акробатски сцени, Џејмс Бонд (Шон Конери) го вози Мустангот во една тесна уличка само на две тркала. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    АМЦ Матадор Купе во филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974)

    rnНајдобриот автомобилски трик во серијалот филмови за Џејмс Бонд е дефинитивно автомобилот кој се претвора во авион. Франциско Скарамана и Ник Нек го користат овој автомобил за да ја киднапираат Мери Гуднајт и за да го реализираат планираното бегство. Трансформацијата се случува кога крилјата, опашката и пропелерот биле прикачени на вистинскиот автомобил кој, пак, ја имал функцијата на трупот на авионот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Лотус Есприт во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ (1977)

    rnУште една сензационална трансформација на автомобилот на Џејмс Бонд беше претставена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Во моментот кога Бонд (Роџер Мур) излета во Средоземното Море, неговиот автомобил веднаш се претвори во вистинска подморница вооружена со проектили земја–воздух и торпеда. Лотус Есприт беше толку популарен што си обезбеди место и во следниот филм „Само за твоите очи“. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Цитроен 2 ЦВ во филмот „Само за твоите очи“ (1981)

    rnНеверојатно е како автомобилот на Џејмс Бонд, Цитроен 2 ЦВ, за време на една потера помина низ два автомобила Пежо 504. Тоа што го прави овој автомобил посебен е фактот дека секој дел од оригиналниот Цитроен бил заменет со елементи со високи перформанси, инаку веројатно брзо би се распаднал. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Рускиот тенк Т – 55 во филмот „Златно око“ (1995)

    rnИако официјалниот автомобил на Џејмс Бонд во филмот „Златно око“ е БМВ, рускиот тенк Т-55 со својата тежина од 40 тони, вооружен со 100-милиметарски топ, две автоматски пушки и мотор со 580 коњски сили, го надминува БМВ-то. Со помош на овој тенк, Бонд (Пирс Броснан) поминува преку автомобили, низ згради и пука во воз на патот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    БМВ 750 ИЛ во филмот „Утрото никогаш не умира“ (1997)

    rnИако во споредба со другите автомобили на Џејмс Бонд, БМВ 750 ИЛ е помалку спортски, но не и помалку спектакуларен автомобил. Тој е опремен со неколку предвидливи подобрувања, како ракетни лансери, засилени гуми и секачи на жици. Едно од позначајните подобрувања беше можноста агентот да управува со возилото користејќи го мобилниот телефон. Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин В 12 во филмот „Умри друг ден“ (2002)

    rnКон крајот на 1990-тите години БМВ беше заштитен знак на Џејмс Бонд сè до 2002 година, кога во филмот „Умри друг ден“ тајниот агент му се врати на британскиот производител Астон Мартин. Моделот Астон Мартин В 12 беше опремен со веќе познатата опрема (седиште за исфрлање, ракетни лансери, митралези, зашилени гуми за возење по мраз, како и со уред кој го прави автомобилот невидлив). Најпознатите автомобили на Џејмс Бондrn

    Астон Мартин ДБС во филмот „Казино Ројал“ (2006)

    rnПочетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик. Во однос на опремата, Астон Мартин ДБС е скромен, поседувајќи само полуавтоматски пиштол со придушувач, медицински комплет и компјутерски линк до МИ6. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни филмски реплики

    Незаборавни филмски реплики

    За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

    „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

    rn

    „Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

    rn

    „Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

    rn

    „Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

    rn

    „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

    rn

    „Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

    rn

    rn

     „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

    rn

    „Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

    rn

    „Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

    rn

    „Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

    rn

    „Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

    rn

    rn

    „Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

    rn

    „И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

    rn

    „Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

    rn

    „Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

    rn

    „Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

    rn

    rn

    „Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

    rn

    „Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

    rn

    „Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

    rn

    „Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

    rn

    „Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

    rn

    rn

    „Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

    rn

    „Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

    rn

    „Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

    rn

    „Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

    rn

    „Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

    rn

    rn

    „Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

    rn

    „Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

    rn

    „Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

    rn

    „Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

    rn

    „Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

    rn

    „Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Автор: Ели РадескаrnrnБонд девојка (анг. Bond Girl) е главната женска улога во филмовите за Џејмс Бонд, познатиот англиски агент 007. Бонд девојките се атрактивни и убави, познати по нивниот впечатлив изглед. Тие се менуваат скоро во секое продолжение на филмот, за разлика од актерите кои го толкуваат Бонд во неколку продолженија. Имињата на Бонд девојките се интригантни, двосмислени и провокативни. Ова се поголемиот дел од нив.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд1. Урсула Андрес е првата Бонд девојка која ја толкува главната женска улога во „Доктор Но“ (Dr. No), Хани Рајдер. Воедно ова е првиот филм за Џејмс Бонд прикажан во 1962 година, каде Шон Конери ја има улогата на агентот 007. Незаборавен момент од филмот е кога Хани Рајдер излегува од вода во бело бикини пеејќи „Под манго дрвото“ (Underneath the Mango Tree). Таа поставува стандард за идните Бонд девојки, а се појавува и во пародијата за Џејмс Бонд во 1967 насловена како „Казино Ројал“ (Casino Royale).Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд2. Блекмен во улога на Пуси Галор e една од најпознатите Бонд девојки која во „Голдфингер“ (Goldfinger) од 1964-та толкува улога на негативец, но подоцна му помага на Бонд да го спречи злобниот план на Голдфингер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд3. Мие Хама ја толкува улогата на Киси Сузуки од „Само двапати се живее“ (You only live twice) од 1967 година. Оваа Бонд девојка е прекрасна Јапонка која заработува нуркајќи и барајќи школки, но она што никој не го знае е дека таа работи за тајните служби. Таа дури и ќе се омажи со Бонд, но само поради потребите на нивната заедничка мисија.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд4. Дијана Риг во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ (On her Majesty’s secret service) од 1969 година ја одигра улогата на Трејси ди Виченцо. Таа е една од најсилните Бонд девојки и неговата единствена вистинска љубов со која стапува во брак.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд5. Џил Џонс ја игра улогата на Тифани Кејс во „Дијамантите се вечни“ (Diamonds are forever) од 1971 година. Во филмот, Тифани е шверцер на скапоцени камења, а самата тврди дека името ѝ е дадено според престижната продавница „Тифани“, каде нејзината мајка се породила купувајќи свршенички прстен.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд6. Барбара Бах ја толкуваше улогата на девојката Ања Амасова во „Шпиунот кој ме сакаше“ (The spy who loved me), продолжението од 1977. Таа е руски агент со кодирано име XXX и влегува во тимот на Бонд успешно толкувајќи двојна улога.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд7. Мелина Хевлок е името на оваа Бонд девојка одиграна од страна на Керол Буке во „Само за твоите очи“ (For your eyes only) од 1981-та. Таа му се придружува на Бонд во една од неговите мисии со цел да ја одмазди смртта на нејзините родители, а во една пригода ќе му го спаси животот на агентот 007.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд8. Октопуси играна од страна на Мод Адамс во истоименото продолжение „Октопуси“ (Octopussy) во 1983 година –  Мод Адамс претходно се појавува во „Човекот со златниот пиштол“ од 1974 каде ја толкува улогата на придружничка на негативецот Скараманга.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд9. Ким Бејсингер во улога на Домино Петачи во „Никогаш не вели никогаш“ (Never say never again) од 1983 година – Ова е всушност првата голема улога за Ким Бејсингер. Таа е љубовница на негативецот Ларго, но ќе го предаде откако ќе ја дознае вистината за смртта на нејзиниот брат.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд10. Тања Робертс е Стејси Сутон во продолжението од 1985 година насловено како „Поглед на убиство“ (A view to a kill). Стејси е геолог и му помага на Бонд да го разоткрие страшниот план на Зорин.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд11. Марјам Д’Або ја има улогата на Кара Милови во „Здивот на смртта“ (The living daylights) од 1987 година. Таа е позната виолончелистка која е спасена благодарение на инстинктите на Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд12. Кери Лоуел во улога на Пем Буливер во „Дозвола за убиство“ (Licence to kill) од 1989 година – Од оваа девојка Бонд ги добива потребните информации и разоткрива цела дилерска организација.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд13. Наталија Симонова – оваа улога ја има Изабела Скорупко. Таа е руски компјутерски програмер. Наталија му помага на Бонд да ја најде трагата на неговиот непријател во „Златно око“ (Golden eye) од 1995 година.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд14. Фемке Џенсен во улога на Ксенија Онатоп е уште една девојка во „Златно око“ (Golden eye), но не е одраз на женственост, таа ги убива нејзините жртви кршејќи ги со силните колкови.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд15. Веј Лин е улогата на Мишел Јео, одлична Бонд девојка од „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies). Таа е агент од Кина која многу добро знае карате. На почетокот, водејќи иста мисија со Бонд, тие се противници, но на крај се здружуваат за да го уништат Карвер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд16. Парис Карвер – оваа улога ја толкува Тери Хачер, уште една Бонд девојка во „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies) од 1997 година. Оваа Бонд девојка е убиена од страна на нејзиниот сопруг поради аферата со Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд17. Џинкс – Во ова продолжение насловено како „Умри друг ден“ (Die another day), Џинкс е жена-лидер во НАСА чија љубопитност ја доведува до многу неволји, но се разбира Бонд е секогаш тука да ја извлече.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд18. Улогата на Веспер Лунд ја толкува убавата актерка Ева Грин во „Казино Ројал“ (Casino Royale) од 2006 година. Таа крие многу тајни во текот на нејзината мисија со Бонд и преминува од позитивен лик во негативен. Откривајќи ја женската моќ за лаги и интриги, Бонд вели дека после неа нема да верува во ниедна друга жена.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд19. Стробери Филдс чија улога ја има Гемма Артертон, е агент во MI6 чија задача е да го врати Бонд во Ла Паз, Боливија. И покрај тоа што нејзиното име не е нагласено во текот на филмот „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace) од 2008 година, во листата на улоги е наведена како Стробери.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд20. Камил – улогата ја има Олга Куриленко, исто така во продолжението „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace). Таа е член на тајната служба во Боливија, а подоцна се приклучува кон мисијата на Бонд поради сопствени мотиви.Девојките на агентот 007 - Џејмс БондМислите дека Бонд ги заведува сите овие девојки? Или агентот 007 е тој кој паѓа на шармот на убавата жена? Останува да видиме што ќе ни донесат девојките од 23-то продолжение „Скајфал“(Skyfall).rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новата Бонд девојка

    Новата Бонд девојка

    Беренис Марло е најновата во редот секси Бонд девојки, бидејќи таа е одбрана да се појави во најновиот дел на Џејмс Бонд, насловен како „Skyfall“. Таа е француски модел, а родена е во 1980 година. За нејзината убавина нема потреба да се зборува, бидејќи со самото тоа што е одбрана да глуми ваква улога ù е дадено големо признание. Досега ваква улога играле Олга Куриленко, Хали Бери, Ева Грин, Мишел Јео, Розамунд Пајк, Џејн Симор, Софи Марсо, Урсула Андрес и Денис Ричардс.Новата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаНовата Бонд девојкаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Одморалиштето „Златно око“ во Јамајка

    Ако појдете во Јамајка и го посетите одморалиштето „Златно око“, очекувајте дека тоа ќе биде почеток на вашата нова љубовна врска… со самото место. Ова одморалиште е поранешен дом на креаторот на Џејмс Бонд – 007, Јан Флеминг, кое во 1976 година го купи основачот на  Island Records, Крис Блеквел.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето неодамна беше реновирано и сега се состои од 22 единици, вклучително 9 куќи покрај плажа, 8 лагунa-куќички, оригиналната вила на Флеминг и 4 куќи изградени од страна на Блеквел. Куќата која некогаш му припаѓаше на Флеминг, се состои од 3 спални соби и една главна соба со поглед кон море.Одморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во ЈамајкаОдморалиштето „Златно око“ во Јамајка
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn