КАФЕ ПАУЗА

Tag: Џастин Тимберлејк

  • Најдобрите песни од Џастин Тимберлејк за создавање романтична, но и сексуална атмосфера

    Најдобрите песни од Џастин Тимберлејк за создавање романтична, но и сексуална атмосфера

    Не постои девојка што во одреден момент од нејзиниот живот немала симпатии кон талентираниот пејач, па токму затоа и можете да ги искористите неговите песни за да го освоите нејзиното срце, но и да создадете романтично-сексуална атмосфера со чија помош ќе завршите помеѓу чаршафите. Да не должиме, во продолжение следуваат песните што имаат најголема моќ врз жените!rnrnНајдобрите песни од Џастин Тимберлејк за создавање романтична, но и сексуална атмосфераrn

    „SexyBack“

    rnОваа песна како да зрачи со сексуална привлечност. Додека ја слушате, а девојката се наоѓа во вашите прегратки, едноставно нема да можете да не почувствувате како таа почнува да се движи по секси ритамот и сè што сака да направи е да се раскомоти така што ќе ја тргне вишокот облека од нејзиното тело.rnrnrn

    „Mirrors“

    rn8! Толку минути трае оваа богата приказна за двајца љубовници. А исто толку пати и таа ја преслушува оваа песна на неделно ниво. И додека ја слуша, барем 8 пати во текот на времетраењето на песната помислува на свадба. Станува збор за најдобрата песна што може да ви овозможи атмосфера за топли прегратки и слатки бакнежи. А стиховите, тие се чиста поезија.rnrnrn

    „Señorita“

    rnСо оваа песна Џастин Тимберлејк воведува малку латино зачин во својот прв соло албум. Таа го освојува вниманието и зрачи со огнена страст, бидејќи додека ја слушате едноставно можете да се замислите како танцувате во клуб додека се обидувате да го привлечете вниманието на личноста што ве привлекува.rnrnrn

    „My Love“

    rnУште една поп комбинација од две песни, слична на „SexyBack“, со чија помош Џастин го освојува срцето и душата на секоја девојка ширум светот. Таа има стабилно темпо, но може да биде категоризирана како романтична бавна песна што е совршена за почетокот на жестока вечер. Без разлика дали сте сингл или во долга врска, оваа љубовна песна може да ви донесе многу акција.rnrnrn

    „Can’t Stop The Feeling!“

    rnЕдноставно не постои шанса да не се размрдате додека ја слушате оваа позитивна песна. Комбинацијата од поп и диско ќе ве расположи скоро инстантно и ќе ве наполни со енергија, додека пак истовремено ќе се стопите покрај гласот на Џастин и ќе посакате никогаш да не престанете да танцувате со личноста која во моментот е покрај вас. Вие ќе добиете толку многу енергија што единствениот начин да ја исфрлите од себе, ќе биде преку спалната соба.rnrn

  • 20 цитати за озборувањето

    20 цитати за озборувањето

    Сите озборуваат, сите се озборувани и сите знаат дека озборувањето не чини. И покрај тоа, една од омилените активности на секоја кафе пауза е токму тоа. Ако сакате да избегнете ваков муабет следниот пат, дискутирајте за следните цитати кои се обидуваат да ја доловат токму вистината за „трачарењето“.rnrn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Огнот и мечот се бавни средства за уништување во споредба со јазикот на озборувачот.“ – Ричард Стил

    rn

    „Гласината се вика гласина затоа што не е секогаш вистина.“ – Џастин Тимберлејк

    rn

    „Озборувањето е уметност со која не се кажува ништо на начин што ништо не останува некажано.“ – Волтер Винчел

    rn

    „Гласината е радиото на ѓаволот.“ – Џорџ Харисон

    rn

    „Озборувањето е опиум за потиснатите.“ – Ерика Јонг

    rn

    „Не губете време во објаснување. Луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат.“ – Пауло Коелјо

    rn

    „Гласините брзо се шират, но не опстануваат долго како вистината.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Не е важно што правиш и како го правиш тоа, соседите секако ќе озборуваат.“ – Фелдер Рашинг

    rn

    „Оној што озборува со тебе, ќе озборува и за тебе.“ – Шпанска поговорка

    rn

    „Денешната гласина е утрешен наслов во медиумите.“ – Волтер Винчел

    rn20 цитати за озборувањето
    rn

    „Гласината не мора да е лажна за да биде лоша. Има многу вистини кои не треба да бидат кажани.“ – Френк А. Кларк

    rn

    „Озборувањето меѓу мажите и меѓу жените звучи различно. Жените зборуваат поживописно, кажуваат повеќе детали и добиваат фидбек.“ – Кејт Фокс

    rn

    „Ако ја задржам тајната во мене, тогаш таа е мој затвореник. Ако допуштам таа да ми се лизне од јазикот, тогаш јас ќе бидам нејзин затвореник.“ – Артур Шопенхауер

    rn

    „Гласината е некаква вест која истрчала пред самата себе во убав црвен фустан.“ – Лиз Смит

    rn

    „Никој не кажува дека сака да озборува, но сите уживаат во тоа.“ – Џозеф Конрад

    rn

    „Озборување е кога ќе слушнеш нешто што ти се допаѓа за некој што не ти се допаѓа.“ – Ерл Вилсон

    rn

    „Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта.“ – Лоренс Ловасик

    rn

    „Луѓето не го сакаат озборувањето само кога се однесува на нив.“ – Вил Роџерс

    rn

    „Тројца можат да чуваат тајна само ако двајца од нив се мртви.“ – Бенџамин Френклин

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.

    rn
    rn

    Еминем  – „The Marshall Mathers LP“ (2000)

    rnДодека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ауткаст – „Stankonia“ (2000)

    rnИмагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)

    rn„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)

    rnОва дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)

    rnПреку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)

    rnОна што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)

    rnЕден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)

    rnЛејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Адел –  „21“ (2011)

    rnМоќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден. Покрај нивната авторска музика, талентираните момци од овој бенд, фантастично препејуваат многу светски хитови, во кои успеваат да зазвучат и подобро, или во најмала рака, посекси од оригиналните изведувачи.rnrnБојс Авенју е бенд од Флорида, познат по својата акустична основа и мелодичен алтернативен поп рок звук. Составен е од тројца браќа Алехандро, Фабијан и Даниел Манцано. Името на бендот е конструирано од комбинација на имиња на две улици, на кои браќата живееле додека биле деца.rnrnБраќата за првпат се соединиле како бенд во 2004 година откако Алехандро (водечки вокал, гитарист и пијанист), Фабијан (гитарист и вокал) и нивниот постар брат Даниел (бас, вокал и ударни инструменти) ги постигнале своите поединечни цели за образование. И покрај тоа што музиката била секогаш дел од нивните животи, а и нивна колективна цел, сепак стекнување високо образование било исто така важно за браќата. Откако дипломирал право на Харвард, најстариот брат Даниел се преселил во Флорида кај неговите браќа Фабијан и Алехандро, кои тогаш посетувале настава на Универзитетот во Флорида. Тогаш, браќата продолжиле да создаваат музика и да одржуваат локални „тезги“, со што ги направиле првите чекори кон постанување вистински бенд.Препеви на познати песни, кои ќе ви ги разбудат емоциитеВо 2007, со цел да ја споделат нивната музика и идеи со светот, Бојс Авенју започнаа да снимаат и постираат музички видеа на Јутјуб  од нивните песни, како и препеви на денешни и постари хитови од други изведувачи. Некои од првите видеа кои тие ги постираа, вклучително и акустични препеви на Џастин Тимберлејк – Лавстоунд, Ријана – Амбрела и Колдплеј – Вива ла Вида, веднаш беа кликани од посетители на Јутјуб.rnrnВо периодот од 2007 до 2008 година, песните на Бојс Авенју беа погледнати милиони пати, а на нивниот Јутјуб канал собраа 100.000 следачи. Денес, бендот има вкупно над 310.560.748 гледања на Јутјуб, а бројот на следачи на нивниот канал изнесува над 649.000, што го прави светски популарен Јутјуб-канал. Во текот на овој период бендот продолжи да создава оригинална музика, која прерасна во деби албум издаден во 2008, а насловен „All You’re Meant To Be“. Нивниот втор албум насловен „All We Have Left“, излезе на 15 јуни 2010.rnrnОвој бенд се прослави со препевите на познати песни од Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Ју ту, Џастин Тимберлејк, Леона Левис, Лејди Гага, Бритни Спирс, Пинк, Кети Пери, Трејси Чепман, Мајкл Џексон и други. Сега тие одржуваат турнеи низ државите на САД и Европа.rnrnУживајте во нашата селекција препеви од Бојс Авенју:rn
    rn

    Perfect – Pink

    rn

    rn

    Only Girl in the World – Rihanna

    rn

    rn

    Lovestoned – Justin Timberlake

    rn

    rn

    Teenage Dream – Katy Perry

    rn

    rn

    Just Can’t Get Enough – Black Eyed Peas

    rn

    rn

    Grenade – Bruno Mars

    rn

    rn

    Дуети

    rn
    rn

    With Or Without You – U2 (Boyce Avenue & Kina Grannis)

    rn

    rn

    Airplanes – BoB & Hayley Williams (Boyce Avenue & DeStorm)

    rn

    rn

    Мешавина од две песни

    rn
    rn

    What Goes Around/Rehab – Justin Timberlake/Rihanna

    rn

    rn

    Circus / Just Dance – Britney Spears/Lady Gaga

    rn

    rnДоколку сакате да ги слушнете оригиналните песни на Бојс Авенју, како и други нивни препеви, посетете го нивниот популарен Јутјуб-канал и почувствувајте ја музиката со вашето срце.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn