КАФЕ ПАУЗА

Tag: движења

  • Говор на тело: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите

    Говор на тело: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другите

    Преку говорот на нашето тело откриваме некои свои страни од личноста, кои можеби не сакаме да ги кажеме на глас. Преку еден потег, едно движење, кое можеби ви изгледа како ситница, откриваме колку ни се важни луѓето кои се околу нас, односно колку сме емпатични. Говорот на телото е еден вид невербална комуникација, којашто вклучува несвесно имитирање на движења, начин на говорење и однесување. Многумина го имитираат говорот на телото на други луѓе, а за тоа воопшто не се свесни и таквото однесување често проаѓа незабележано.rnrn(1) Говор на телото: Ситни детали кои откриваат колку се грижите за другитеrnrnНа пример, кога сте на кафе со пријателката која ви раскажува како ја прекинала врската со момчето и во еден момент ќе се почеша по главата или ќе ги прекрсти нозете, и вие несвесно ќе го сторите тоа. Најверојатно, ниту вие, ниту вашата пријателка ќе забележите дека го имитирате говорот на нејзиното тело. Но, експертите по тоа прашање и тоа како умеат да ги забележат таквите движења и да оценат што точно значат. Имитирањето туѓ говор на телото открива дека станува збор за емпатична личност, односно личност која сочувствува со другите. Правејќи ги истите движења како својот соговорник, сака да создаде интимност и така да му даде до знаење дека се обидува да замисли дека е на негово место. Од друга страна, луѓето кои не го имитираат говорот на телото на другите се сметаат за посебични и помалку емпатични.

  • Најсилното женско оружје: 5 нешта кои сите мажи ги забележуваат за време на сексот

    Најсилното женско оружје: 5 нешта кои сите мажи ги забележуваат за време на сексот

    Додека жените се трудат нивната коса и шминка да изгледаат беспрекорно, мозокот на мажите функционира малку поинаку и тие забележуваат нешта кои на жените ниту на крај памет не би им паднале. Па, ако сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, насочете го вашето внимание кон овие 5 детали кои се првите нешта кои секој маж ги забележува кај жените за време на сексот…rnrnНајсилното женско оружје: 5 нешта кои сите мажи ги забележуваат за време на сексотrn

    1. Вашата иницијатива

    rnНе постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажите на која тие едноставно не можат да одолеат. Освен што ги прави жените посексапилни и позаводливи во нивните очи, тие ја сметаат опуштеноста за време на сексот како и преземањето иницијатива за силна желба да бидете со нив и да уживате во нивното друштво. Мажите обожаваат кога жените знаат што сакаат и не се плашат да го споделат тоа.rn

    2. Вашите движења

    rnДвижењата се едно од најсилните женски оружја, започнувајќи од самото одење, флертување преку говорот на телото, однесувањето во друштвото, па сè до движењата во креветот. Женското тело само по себе им е многу привлечно на момците, но кога се вклучуваат и секси движења кои откриваат страст и заведување, ниту еден маж во тој момент нема да може да остане рамнодушен. Опуштете се, спојте го вашето тело со неговото и освојте ги сите негови сетила.rn

    3. Вашите погледи

    rnПогледот може да биде многу сензуално и страсно оружје на кое „паѓа“ секој маж. Тој покажува сигурност, висока самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Со погледите за време на бакнежите, како и со погледите насочени кон неговото голо тело вие инстантно ќе ја зголемите неговата страст и желба за сексуален однос.rn

    4. Вашите воздишки

    rnЗа време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жените кои можат силно да влијаат врз возбудата на мажот. Со помош на овие воздишки тие знаат кога се на вистинскиот пат и на нив гледаат како на мали докази кои им укажуваат дека уживате во нивните допири и бакнежи. Едноставно препуштете ѝ се на страста и не се плашете да му покажете на вашиот партнер што навистина чувствувате за време на водењето љубов.rn

    5. Вашиот труд

    rnАко мислите дека момците не обрнуваат внимание на вашата долна облека или пак, на уредувањето на интимната зона, вие многу грешите. Иако се целосно „загреани“ за вашето тело, тие веднаш го забележуваат и вашиот труд да ги импресионирате. Токму затоа не грижете се доколку изгубите повеќе време на дотерување, тоа со сигурност ќе бидете ценето од нивна страна…

  • 10 ситуации кои ја зголемуваат привлечноста на момците за 100%

    10 ситуации кои ја зголемуваат привлечноста на момците за 100%

    Високата самодоверба може да предизвика секој маж да изгледа поатрактивно, без разлика на физичкиот изглед. Тоа е нешто што се гради постепено и со години. Но, врз привлечноста на мажите понекогаш делуваат и некои сосема „необјасниви“ нешта кои имаат моќ за една секунда да претворат симпатичен дечко во најпожелен фраер на планетата. Кој може да им одолее на овие непланирани движења?rnrn10 ситуации кои ја зголемуваат привлечноста на момците за 100%rnrn1. Кога тој ќе ги подвитка ракавите на кошулата до лакти. Постојат многу научни истражувања кои покажале дека на жените им се исклучително привлечни голите лакти на мажите.rnrn2. Кога ќе ја опушти краватата по напорниот ден на работа. Токму тоа е и еден вид невербален знак кој жените го гледаат на ист начин и како целосното соблекување на мажот.rnrn3. Кога ќе облече одело. Особено ако поголемиот дел од времето го поминува во фармерки и/или тренерки. Тој во одело одеднаш добива сосема нова слика во очите на девојките.rnrn4. Кога е галантен без посебна причина. Има нешто неверојатно привлечно кај момците кои самоиницијативно го отстапуваат своето место на трудница или мајка со деца во јавниот превоз или пак, без размислување ја држат вратата отворена за девојка која не ја ни познаваат.rnrn5. Кога не се плаши да ги покаже своите емоции. Па, можеби дури и да пушти некоја солза. Чувствителните момци кои во целост ги доживуваат своите емоции се едни од најпосакуваните мажи во очите на жените.rnrn6. Кога во своите раце нежно ќе подигне мало кутре, маче или било кое друго животно во минијатурна форма. Девојките во оваа ситуација веднаш почнуваат да го замислуваат со бебе во неговите раце и на тој начин тој автоматски добива попривлечен статус во нивните очи.rnrn7. Кога со само еден потег ќе ја соблече маицата. И ќе го покаже своето добро дефинирано тело!rnrn8. Кога целосно ќе се соблече. Зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrn9. Кога косата му е мокра. И неколку прамени му паѓаат врз лицето, создавајќи бушав изглед кој ги полудува сите жени.rnrn10. Кога користи лосион по бричење кој одлично мириса. Во оваа ситуација миризбата едноставно ги привлекува жените да се доближат поблизу до него и да го бакнат во врат.

  • 3 едноставни вежби за тело без целулит

    3 едноставни вежби за тело без целулит

    Целулитот во никоја ситуација не помага да изгледате атрактивно, но постојат неколку начини на кои можете брзо да се справите со него. Постојат голем број студии кои тврдат дека појавата на целулитот настанува од лошата циркулација, а еден од најдобрите начини да ја подобрите вашата циркулација е валјакот направен од сунѓер. Тој влијае на истегнување на мускулите и отстранување на јазлите што резултира со подобра циркулација ширум целото тело. Па, доколку сакате брзо да го отстраните целулитот од вашето тело, почнете да ги практикувате овие 3 вежби:rn

    1. Масажа на бутините

    rn(1) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ги намали наслагите во горните области на нозете. Седнете на подот, подигнете го задникот и поставете го пенестиот валјак зад горниот дел од бутините. Ставете ги рацете на подот како поддршка и подигнете го вашето тело. Почнете да туркате нагоре – надолу така што валјакот ќе се движи по вашите бутини. Повторете 10 пати.rn

    2. Вртење на колковите

    rn(2) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ви помогне да го тргнете целулитот од областа кај колковите. Легнете на вашата десна страна и поставете го пенестиот валјак под вашиот десен колк, притоа задржувајќи ја вашата десна нога исправено. Свиткајте го левото колено и ставете ја левата нога на подот за поддршка. Исправете ја десната рака и почнете со подигнување на вашето торзо. Повторете 10 пати, а потоа сменете ја ногата.rn

    3. Затегнат задник

    rn(3) 3 едноставни вежби за тело без целулитrnrnОваа вежба ќе ви помогне да го отстраните целулитот од вашиот задник. Седнете на пенестиот валјак, ставете ги рацете зад телото за да одржувате рамнотежа и поставете ги петите на подот. Свртете ги колената на десната страна, а потоа почнете да се движите со колковите и колената кон лево. Повторете од 8 до 10 пати.rnrnПокрај овие вежби, можете да користите и третмани со кокосово масло со цел да го забрзате процесот на отстранување целулит. Исто така, многу е важно да внимавате на исхраната, да имате правилна хидратација на телото и редовно да вежбате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

    4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

    Доколку страдате од редовни главоболки или мигрени, тогаш дефинитивно би требало да се обидете да се справите со нив со помош на јогата. Различни студии покажале дека таа може да има неверојатни придобивки за вашето здравје во секое време. Што се однесува до главоболките, доколку ги практикувате овие 4 пози, тие веднаш ќе исчезнат и ќе можете подобро да се фокусирате на вашата работа.rn

    1. Странично истегнување во седечка позиција

    rnОваа јога поза е одличен лек за мигрените или главоболките кои настануваат како резултат на стрес и тензија. Таа е многу едноставна, но и доста ефективна.rnrn(1) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Наместете се на работ од вашето столче и поставете ги стапалата во ширина на вашите колкови.
    • rn011

    • Исправете го грбот и одржувајте ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Започнете да ги подигнувате рацете странично од вашата глава.
    • rn011

    • Со помош на десната рака, држете го левиот зглоб.
    • rn011

    • Истегнете се на десната страна.
    • rn011

    • Држејќи го левиот зглоб со вашата десна рака, повлечете ја левата рака во истегнувањето.
    • rn011

    • Не го подигнувајте вашиот задник од столицата.
    • rn011

    • Задржете го здивот 10 секунди.
    • rn011

    • Вратете се на основната позиција и свртете се на другата страна.
    • rn011

    • Повторете по 3 пати на секоја страна, наизменично.
    • rn

    rn

    2. Едноставно вртење во седечка позиција

    rnОва е уште една одлична и едноставна јога поза која може да ви помогне да се ослободите од главоболката. Таа исто така е и добра за зацврстување на вашиот абдомен.rnrn(2) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Поместете се на работ од вашата столица.
    • rn011

    • Исправете го ‘рбетот и притиснете ги вашите стапала цврсто на подот.
    • rn011

    • Не го подигнувајте вашиот задник од столчето.
    • rn011

    • Подигнете ја десната нога и вкрстете ја над вашето лево колено.
    • rn011

    • Поставете ја вашата десна рака на задниот дел од столицата, а левата рака на вашето десно колено.
    • rn011

    • Потоа почнете да го движите вашето торзо кон десно.
    • rn011

    • Задржете ја позицијата на околу 10-15 секунди.
    • rn011

    • Вратете се на основната позиција и променете ја страната.
    • rn011

    • Повторете 3 пати на секоја страна.
    • rn

    rn

    3. Задржување на спротивниот лакт

    rnНе само што оваа јога поза ќе ја намали вашата главоболка, туку и ќе ви помогне да го подобрите дишењето и да се справите со растечениот нос. Доколку носот е причина за вашата главоболка, оваа вежба е совршена за вас.rnrn(3) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Поставете ги нозете на иста оддалеченост како вашите колкови.
    • rn011

    • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Подигнете ги вашите раце и допрете ги лактите зад вашиот грб.
    • rn011

    • Доколку ова ви е премногу лесно, обидете се да ги поставите дланките заедно со прстите насочени кон надвор.
    • rn011

    • Одржувајте ја оваа позиција од 10 до 15 секунди.
    • rn011

    • Вратете се во основната положба и повторете 3 пати.
    • rn

    rn

    4. Раце зад грбот

    rnОваа модификувана јога поза е многу ефективна при справување со главоболката. Таа исто така ви помага да ги зајакнете мускулите на вашите раце, и ја подобрува вашата флексибилност. Можно е да ви треба јога каиш за да можете целосно да ја изработите.rnrn(4) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Застанете со нозете во ширина на вашите колкови.
    • rn011

    • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Подигнете ја вашата лева рака и превиткајте го лактот.
    • rn011

    • Левата рака треба да ви се движи по вашето лице и зад вашето десно уво.
    • rn011

    • Потоа свиткајте го десниот лакт и поместете ја десната рака накај вашето рамо.
    • rn011

    • Дланката треба да ви биде насочена кон вашиот грб.
    • rn011

    • Обидете се да ги допрете и задржите вашите дланки заедно.
    • rn011

    • Доколку вашите рамена се премногу затегнати или имате потешкотии при нејзиното завршување, врзете јога каиш со цел да ја направите поедноставна.
    • rn011

    • Откако вашите раце ќе бидат споени, држете ја позата околу 10 секунди.
    • rn011

    • Вратете се во основната положба и повторете на спротивната страна.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер Марио во вистинскиот живот

    Супер Марио во вистинскиот живот

    Зад вештачките мустаќи на ова видео се кријат лицата на Кристијан Расел и Рони Шалвис, љубители на паркурот.Супер Марио во вистинскиот животМодерните Марио и Луиџи, направиле многу интересна комбинација на култната видеоигра и нивните фантастични движења. Уживајте во нивната изведба.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фристајл со велосипед на едно тркало

    Фристајл со велосипед на едно тркало

    На ова видео ќе можете да ги погледнете фантастичните фристајл движења на момците Кевин Картчнер, Колби Томас и останатите нивни другари. Целата дружина е навистина неверојатна. Пред извесно време Кевин го освои четвртото место на Светскиот шампионат во улични фристајл движења, кој се одржа во Италија.Фристајл со велосипед на едно тркалоВидеото е снимено со „Canon 5D Mark III“ и  „Glidecam HD 4000“, а негов креатор е Девин.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момче кое ѝ пркоси на гравитацијата

    Момче кое ѝ пркоси на гравитацијата

    Момчето Brandon McCuien, познато под псевдонимот „Lil B“ живее во Арканзас, САД. Тој во вистинска смисла на зборот успева да ѝ пркоси на гравитацијата, правејќи неверојатни движења во скок.Момче кое и пркоси на гравитацијатаОва видео е направено во 2011 година на кампот „Loopkicks“ каде што голем број луѓе можеле да се уверат во неговите феноменални вештини и да уживаат во неговиот перформанс.rn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Разиграна абецеда

    Разиграна абецеда

    Графичката дизајнерка и илустраторка Тиен-Мин Лијао изработила интересна анимација за промоција на абецедата. Таа на нејзините раце нацртала линии со мастило, кои кога гестикулира се претвораат во јасни букви. Ова е нејзин личен типографски експеримент, преку кој ги истражува односите помеѓу големите и малите букви. Со лесни и едноставни движења на рацете, тие се трансформираат од едни во други. За дечињата кои одбиваат да го научат писмото, можеби решението лежи токму во концептот на младата дизајнерка.Разиграна абецедаРазиграна абецеда
    rn

    „Направив 26 комбинации, кои со мастило ги нацртав на моите раце. Секоја комбинација значи некоја голема и мала буква, на пример А и а. Исто така, создадов и италик стил и некои нови фонтови“, вели Лијао.

    rnРазиграна абецедаРазиграна абецедаРазиграна абецедаrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јапонско денс лудило

    Јапонско денс лудило

    Страшен тимски настап и синергија на јапонските танчери од групата Wrecking Crew Orchestra… Танцуваат во специјално дизјанирани светлечки одела, инспирирани од Трон, кои трепкаат во ритамот на музиката. Изгледаат како да се телепортираат на сцената.Јапонско денс лудилоПогледнете што се случува кога некому ќе му „светне“ идеја. 🙂 Уживајте!rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.