КАФЕ ПАУЗА

Tag: двајца

  • 3 хороскопски знаци што може да сакаат повеќе партнери истовремено

    3 хороскопски знаци што може да сакаат повеќе партнери истовремено

    Замислете да треба да изберете дали да го поминете животот заедно со љубовта на вашиот живот или со другата љубов на вашиот живот. Според експертите, вљубувањето во две личности одеднаш е можно и тоа значи дека сте отворени за истражување на вашите чувства и на емоционалната поврзаност. Додека некои хороскопски знаци, како Бикот или Скорпијата, ја вложуваат целата своја енергија во една личност и ќе направат сè за да останат заедно, други се многу неодлучни кога станува збор за љубовните врски. Прочитајте кои хороскопски знаци спаѓаат во втората група.rnrn3 хороскопски знаци што може да сакаат повеќе партнери истовременоrn

    1. Близнаци

    rnБлизнаците се претставени од близнаци, што значи дека имаат најмалку две страни на својата личност. Овој воздушен знак избира да истражува повеќе врски истовремено затоа што секој партнер му дава можност да активира различни аспекти од неговата личност. На пример, во една врска, тие може да нурнат подлабоко во интроспективната верзија на самите себеси, а во друга, во нивната екстровертна верзија. Додека оваа дволичност може емоционално да уништи некои личности, Близнаците сметаат дека тоа е забавно.rn

    2. Вага

    rnУправувана од Венера, за Вагата се карактеристични љубовта, сензуалноста и романсата. Припадниците на овој хороскопски знак ќе сторат сè што можат за да направат партнерот да се чувствува посебно. Но, тие имаат огромна количина љубов што ќе ги натера да опсипуваат со љубов две личности истовремено. Овие личности знаат како да флертуваат и лесно ги шармираат другите. Кога две личности ќе им посветат внимание, тие не можат да си помогнат, па ќе се заљубат во двете истовремено. Вагите се неодлучни, па во нив ќе се одвива внатрешен конфликт за да одлучат кого да го изберат.rn

    3. Риби

    rnРибите можат да се вљубат во речиси секоја личност што ќе ја сретнат. Бидејќи се управувани од Нептун, планетата на соништата и на фантазијата, за нив е лесно да си замислат романса со секој привлечен странец што ќе го сретнат. Овие личности може да одат секој ден во истото кафуле затоа што веруваат дека симпатичниот шанкер е нивната сродна душа, иако едвај разменуваат по некој збор. Бидејќи Рибите се во склад со сопствените емоции, тие се подготвени да истражуваат подлабоки емоционални врски со повеќе луѓе одеднаш. Поради тоа, заљубувањето во две лица истовремено за нив е многу лесно, но тие, исто така, имаат тенденција да останат во една врска подолго време. Освен тоа, овие личности може да се заљубат во нов партнер додека сè уште се заљубени во бившиот.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци постојано ги осудуваат своите партнери.

  • За танго се потребни двајца

    За танго се потребни двајца

    „Во тангото телата мора да создадат поле со спротивни набои. Раката мора да биде цврста но не и да турка. Нозете се во контакт, но не смеат меѓусебно да се ограничуваат, ниту да си пречат во движењата…“rnrnКнигата чии последни неколку страници ги завртев пред некој ден, ме поттикна да размислувам на мошне интересна тема. Нели тангото е како љубовните врски? Сите сме ја чуле онаа реченица: „Танцот е вертикално изразување на хоризонталните желби.“ И тоа е добро кажано.rnrnЗа танго се потребни двајцаrnrnМоите мисли ме одведоа до таму што дури по гледањето куп клипови на интернет, пробав да го изиграм сама. Едно време знаев, земав часови по танц. Па претпоставувам проблемот е или во тоа што поминало доста време откако последен пат сум го играла, или пак бидејќи играв сама?rnrnЗаклучив дека тангото не само што наликува, туку и на некој начин претставува цела дефиниција за љубовта. Прво, мора да танцуваш со повеќе партнери дур не најдеш таков со кого чекорите просто ќе ти одат лесно како вода и со кого ќе почувствуваш дека сте родени да танцувате заедно. Вие двајца ќе бидете навидум спротивни но ќе научите да си давате простор. И баш кога ќе ви се причини дека партнерот ќе ви се излизга од рака, тој ќе ве повлече кон себе. При несогласувања ќе мора да научите да балансирате и да си давате рамнотежа.rnrnЗа да се танцува, како и за да се љуби, мора да најдете партнер кој ќе ве разбира, ќе знае да ви ги прочита мислите и емоциите преку движењата, да ви го наслушне пулсот на срцето и да ве придржи за да не паднете. Тангото зрачи со сензуалност, две навидум спротивни енергии толку блиску една до друга. Неговата мажественост и нејзината женственост. И кога ќе се спојат настанува вистинска експлозија. Телесен и љубовен дијалог. На секое движење другата страна ќе одговори соодветно. Ѝ пркоси на математика. Тоа се двајца кои стануваат една целина. Тоа е танго. И доста се преокупирате да му ја најдете смислата, само танцувајте.rnrnНајважно од сè, танцот, како и љубовта, не е теорија туку пракса.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сонувај за двајца

    Сонувај за двајца

    Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnСонувај за двајцаrnrnКажи ми, си се обидел ли некогаш да сонуваш? Не сам за себе. Да сонуваш во пар. Да сонуваш за двајца? Две половинки. Мали безначајни. А кога ќе ги споиш добиваш приказна поразлична од сè останато.rnrnЗнаеш ли да сонуваш во пар?! И тоа не само да сонуваш, туку и да пробаш да ги оствариш тие соништа. Цврсто да ги зариеш ноктите држејќи се за своите цели и идеали, без разлика на тоа кој што ти зборува. Злобниците секогаш ќе зборуваат. Ќе се обидат прво да ти го скршат сонот, а потоа ќе ги соберат парчињата и ќе си направат нешто за себе, гордо покажувајќи го на светот како нивно дело. А твое дело е. Ваше дело. Твое и нејзино.rnrnНе е лесно да сонуваш за двајца. Пат со дупки и кривини, болка на сите страни. Но кога ќе ги собереш сите среќни моменти кои допрва треба да дојдат, некако како да ти даваат сила да се кренеш од прашината и да продолжиш понатаму.rnrnЦелта ги оправдува средствата, нели?! Тогаш зошто ти е гајле кој што ќе рече, ако на крајот вие сте среќни?! Обиди се. Сонувај за себе. Сонувај за двајца. Верувај, крајниот резултат е она за што сонуваат сите, а го постигнуваат само најупорните.