Автор: Сања СтојковскаrnrnОвој апартман е дизајниран од шведската компанија за недвижности и внатрешно уредување „Alvhem“. Апартманот се наоѓа во шведскиот град Гетеборг, распослан е на 132 метри квадратни и има дури три спални соби.
Големината на овој стан била совршена за да се создаде еден амбиент за идилично живеење, каде што секоја од додадените суптилни бои прави идеален контраст со белите ѕидови и белиот под. Дневната соба е во главниот фокус на овој стан, а три големи прозорци водат кон терасата која е создадена за уживање во летните денови.
„Alvhem“ имаат изградено свој специфичен стил и препознатлив дизајн, што изобилува со посебен шарм, поради што се една од водечките скандинавски дизајнерски компании. Ве оставаме да уживате во фотографиите, па можеби ќе добиете некоја идеја за вашето живеалиште.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn












–