Џ. К. Роулинг во 2011 година била дел од најбогатите личности во светот, но од тогаш, нејзиното богатство се намалува, при што таа повеќе не е милијардер. Форбс ја објавил својата годишна листа на милијардери во светот, но името на авторката на Хари Потер, не било таму. Таа била една од 129-те луѓе кои се отстранети од листата оваа година, но нејзината причина е малку поинаква од онаа на останатите. Заминувањето од листата на оваа 51-годишна авторка се должи на нејзините големи донации за добротворни цели, како и на големите британски даноци кои таа треба да ги плати.rnrn
rn
Добротворната работа на Џ. К. Роулинг
rnФорбс, кој составува листа на милијардери повеќе од 20 години, вели дека намалувањето на богатството на Роулинг главно е поврзано со нејзината хуманитарна дејност, која значајно ја намалила нејзината банкарска сметка. Многу луѓе би биле тажни кога би го загубиле статусот на милијардер, но Џ. К. Роулинг не жали за нејзините одлуки, напротив, таа е многу горда за нејзиниот избор.rn
„Вие имате морална одговорност кога ви е дадено повеќе отколку што ви треба, да направите мудри работи со тоа и да давате паметно“, вели Роулинг.
rnНејзините зборови се инспиративни и многу луѓе имаат почит кон оваа талентирана авторка. Таа е една од ретките личности која може да биде блиска со оние кои се борат со финансиски проблеми, како да е во слична позиција. Пред да биде објавен Хари Потер, оваа авторка се борела едвај да сврзе крај со крај. Истовремено таа се соочила со развод, но сепак, не се откажала и продолжила да ги остварува своите соништа. Во еден момент, таа Хари Потер го пишувала на салфетки во кафулиња. На крајот, нејзината одлучност се исплатела, а таа брзо се претворила од невработена самохрана мајка во првата авторка милијардер на сите времиња. Ова може да има влијание врз нејзината одлука да донира многу пари во добротворни цели.rnrn
rnrnНејзините главни корисници се добротворни организации кои им помагаат на семејствата со еден родител, нудат објекти за бесплатни згрижувања и им помагаат на самохраните родители да се вработат или да се образуваат. Таа исто така дава и на други добротворни организации кои се поврзани со децата, неписменоста, сиромаштијата и мултиплекс склерозата. Џ. К. Роулинг има напишано и три книги за добротворни цели. Поради нејзината добротворна работа, таа сега е милионер, наместо милијардер. Па, не може повеќе да се наоѓа на листата на Форбс, но нејзината дарежливост им го смени животот на илјадници луѓе. Таа е инспирација за сите, а ако секој биде како неа, тогаш светот би бил многу подобро место за живеење. Ти благодариме, Џ. К. Роулинг!

rnrnКога бил млад, на Хенсон му била дијагностицирана неврофиброматоза, генетска состојба која предизвикува тумор на оптичкиот нерв што резултира со сериозна загуба на видот. Додека одел на хемотерапија, тој започнал со терапевтско хоби кое со тек на време прераснало во успешен бизнис. Од својата 19-та година па наваму, тој собрал над 1.000.000 долари за филантропски цели.rnrn
rnrnКако Хенсон успева да ги создаде сите овие дела? Како и многу други 












Нивната цел е со овој календар да соберат 100.000 евра. Доколку успеат да си ја постигнат целта, тоа ќе значи дека од 2008 година кога го направија нивниот прв календар до денеска, успеале да соберат 700.000 евра наменети за добротворни цели. Фотосесијата е направена на Крит, а календарот може да се купи од веб сајтовите на „














Сите деца кои учествувале во изработката на овој проект, доброволно ја „донирале“ својата енергија и слободното време за тој успешно да биде завршен. Ова се дел од неговите завршени фотографии и неколку од процесот на работа на проектот. 





rn