Одбирањето градник кој му прилега на вашето тело, не само што ќе направи да се чувствувате удобно, туку и поздраво. Градник кој е премногу мал или премногу голем предизвикува болка во грбот, ја иритира кожата, и генерално, прави да се чувствувате непријатно и неудобно. Затоа, следејќи ги овие кратки совети ќе научите како да купите градник кој ви прилега вас, без оглед на вашите димензии.
rn
Измерете ги вашите димензии
rnВашите димензии можат да се променат од година во година, па затоа секој пат кога ќе одите да купувате градник, измерете ги повторно. Промена на телесната тежина, нивото на хормони (бременост, менопауза, доење) се причини за варирање на димензиите на вашите гради. Измерете се под градите и околу градите. Првиот број ја означува големината на градите, а второто мерење го означува обемот (B, C, D).rn
Носете маичка кога купувате
rnВака, ќе можете да видите како изгледате под тенка маичка.rn
Сами воочите ги недостатоците на градникот
rnКога ќе го пробувате градникот во гардеробата:rn
rn011
- ако градите ви излегуваат од корпите – премногу мал
rn011
- ако има многу празен простор во корпата – премногу голем
rn
rnПроверете дали прерамките на градникот може да се прилагодат (има градници на кои прерамките се фиксни). Тие не треба да ви паѓаат на рамениците или да се премногу стегнати. Видете дали можете сами да ја прилагодите големината со запчаниците на градникот (ако не можете, градникот ви е мал). Една од важните работи на кои треба да внимавате е „мостот“ на градникот. Тој треба да биде припиен кон вашето тело.rn
Инвестирајте во квалитетен градник
rn
И градникот има рок на траење. Тој треба да се користи од шест месеци до една година. Многу е важно да се инвестира во квалитетен градник. Затоа, купете два до три квалитетни градници во различни дезени.