Живописниот пат низ пеколот…rnrn
Режија: Кевин Гец, Мајкл ГецrnrnУлоги: Џош Духамел, Дени ФоглерrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 август 2013rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnМичел и Картер (Џош Духамел и Ден Фоглер) се долгогодишни пријатели кои веќе не одржуваат интензивен контакт. Тишината меѓу себе ја прекинуваат со патување кон место кое за гледачите останува непознато, а за да стигнат дотаму не го избираат вообичаениот автопат, туку живописниот пат низ калифорниската пустина.
Обидот за авантуристички излет надвор од нивната секојдневна рутина завршува во моментот кога се расипува автомобилот на Картер. Остануваат заглавени во жешката пустина, без храна и без вода. Тоа создава нервоза кај Мичел, која се интензивира кога Картер ќе признае дека намерно го предизвикал дефектот со отстранување на една жица за да добие време да си поразговара со стариот пријател. Подоцнежниот обид да се поправи дефектот е неуспешен така што навистина остануваат сами во пустината. Но таму, во ситуација кога можат да се потпрат само еден на друг, старите пријатели влегуваат од конфликт во конфликт кој носи неизвесен резултат.
Ретко поминуваат други автомобили по нивниот живописен пат. Во филмот сè на сè се појавуваат вкупно седум ликови, а речиси сите дијалози се меѓу двата главни лика. Тие всушност се целиот филм. Гледањето на овој филм значи внимателно следење на одлични дијалози кои откриваат дел по дел од личноста на Мичел и Картер. Преку нив дознаваме дека ова е всушност приказна за двајца пријатели кои некогаш имале големи соништа, а денес се соочуваат со дилемите за тоа кој пат требало да го следат. Едниот од нив се откажал од можна кариера како правник со цел да стане писател, додека другиот е талентиран музичар кој игра на сигурно и се вработува во голема компанија.
Дел од мислите кои си ги разменуваат додека се соочени со суровата пустина се преточуваат во дискусија за вредностите во животот, дел се караници поради исти или слични теми. Не е тип филм кој може да привлече широка публика и да ја забавува, туку е таков што секој ќе го доживее различно. Ако ве интересираат вакви филмови, тогаш овој со сигурност ќе ви го направи ќеифот. Не е многу долг, трае само 87 минути, а е доста интересно патување.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



Во овој трет дел тие веќе неколку години се во брак, имаат и две ќерки, а Џеси се обидува да го задржи контактот со својот син од претходната сопруга. Селин несебично го поддржува во тоа, а истовремено е сконцентрирана на нејзината кариера. Гледачот тоа лесно ќе го разбере само преку нивните разговори, затоа што тука нема настани кои се редат еден по друг и сочинуваат некакво дејство. rnrnОвој филм нема класично развивање на приказна која почнува со вовед и заплет по што постепено ќе се расплетува. „Пред полноќ“ е збир на прекрасни дијалози кои ја сочинуваат неговата магија. Располага со многу малку сцени, но во сите нив има многу зборување. Се зборува за животот, за љубовта, за бракот, за кариерата…
Тоа се извонредно развиени дијалози. Веднаш го привлекуваат целото внимание на гледачот и целосно го вовлекуваат во филмот. Напишани се од режисерот и сценарист на сите три филма, Ричард Линклатер, во соработка со двајцата главни актери. Штом режисерот и главните ликови се автори на сценариото, јасно е дека меѓу Џеси и Селин има хемија и дека тие целосно се внесуваат во ликовите нудејќи исклучително добра глума, секако со по малку импровизација. Човек може да помисли дека Итан Хоук и Џули Делпи навистина се во брак и само си дискутираат пред камера за убавините и проблемите во нивниот живот. А тоа го прават толку добро што ќе посакате нивниот разговор никогаш да не престане.
Сцените се снимани во шармантниот рустичен амбиент на Пелопонез, најчесто во времето кога зајдисонцето додава топли бои на опкружувањето. Тоа му дава дополнителен романтичен амбиент на филмот, којшто веројатно би недостасувал ако сè остане само на сценариото, затоа што „Пред полноќ“ не е класична романтична драма. rnrnОвој филм не е холивудска бајка која завршува кога романсата е во полн сјај токму пред да почнат проблемите на заедничкиот живот, туку во центарот на вниманието става брачен пар со неколку години брак зад себе и со многу проблеми. Од неговите дијалози не можат да се извлечат романтични цитати како од повеќето холивудски романси затоа што љубовната врска меѓу Џеси и Селин е претставена како некоја која не е совршена и има свои мани. „Пред полноќ“ не ја прикажува љубовта како нешто што треба да биде совршено, туку како збир од добри и лоши моменти.
Сценариото и глумата го носат овој филм и заслужуваат највисока оценка. За подобро да ги разберете ви препорачуваме прво да ги изгледате претходните два дела затоа што, како што рековме, ова е филм за љубовна врска кој се развивала низ годините, па и покрај долгите деветгодишни паузи меѓу секој од деловите, тие перфектно се надоврзуваат еден на друг и сочинуваат комплетна слика за таа љубов.
rnrn
Тој: Тука си во некој полусвет, во некој полусон.rnТаа: Ти никогаш ни тоа не си го имал.rnТој: Зарем можев да го имам?rnТаа: Можеше.rnТој: Без тебе?rnТаа: Без нас.rnТој: Немав ништо, знаеш и ти.rnТаа: Никогаш не си ми кажал.rnТој: Еве сега знаеш.rnТаа: Знам за празнината твоја.rnТој: Jас за твојата половина која не е цела.rnТаа: Со празнина не можеш да ја пополниш.rnТој: Кога замина, само тоа остана.rnТаа: Не се обиде да ме запреш.rnТој: Не сакав да бидам виновникот кој ќе ти го менува животот.rnТаа: Сега си.rnТој: Зарем ќе останеше?rnТаа: Не е важно сега тоа.rnТој: Никогаш и не било.rnТаа: Паметиш врнеше?rnТој: Tи сакаше дожд.rnТаа: Tи ги криеше твоите солзи.rnТој: Дождот беше посилен и од твоите.rnТаа: Секогаш ќе биде.rnТој: Никогаш повеќе, оти нема веќе солзи.rnТаа: Дождот секогаш ќе ги има капките.rnТој: Заборави.rnТаа: Види паѓа дожд.rnТој: Дојди со мене.rnТаа: Не можам, морам да заминам по мојот пат.rnТој: Земи го и дождот.rnТаа: Ќе оставам дел кај тебе, засекогаш да ги крие нашите солзи.rnТој: Чао.rnТаа: Немам време за тоа повеќе.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на 


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn