Оваа по малку морбидна торта е во реална големина на популарниот сериски убиец, Декстер Морган (Мајкл Хол). Долга е 178 сантиметри и тешка 105 кг, а нејзин креатор е талентираната Annabel de Vetten.Тортата е направена за прослава на последната сезона од фантастичната серија, а за крајниот резултат на Анабел ѝ биле потребни цели 100 часа. Па, дали сте за едно парче? 🙂 rnrn
Утринската рутина на популарниот сериски убиец Декстер Морган (Мајкл Хол), прикажана преку слатко кученце… Видеото е во режија и продукција на Роб Мекфарленд. Ако сте фан на ТВ серијата „Декстер“, лесно ќе ве освои и „Догстер“. Задолжително погледнете го.rn
ТВ серија за убиствата, правдата и семејствотоrnrnrnrnГлавни ликови: Мајкл С. Хол, Џенифер Карпентер, Лорен Велез, Дејвид Зајас, Џули БензrnrnКреатор: Џејмс Манос ЏуниорrnrnЖанр: криминал, драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 55 мин.rnrnДатум на прво прикажување: 1 октомври 2006rnrnЈазик: англиски и шпанскиrnrnБрој на сезони: 4 (x 12 епизоди)rnrnСледна епизода: 26 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.sho.com/site/dexterrnrnНаша оценка: 10/10rnrn_________________________________________________________________________________ Што се наоѓа помеѓу убивањето и казните? Освен со мерките на полицијата и законите, постои ли друг начин престапниците да си го добијат своето? Декстер се грижи тоа да биде така. Без разлика зошто и како го прави тоа, тој го одржува балансот помеѓу доброто и злото, помеѓу правдата и криминалот, а и самиот е некаде помеѓу. Кон која страна натегнува повеќе, одлучете сами. _________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Декстер Морган е форензичар во полициската станица во Мајами каде работи како експерт за анализа на шаблони во распрскување на крв. Извршувајќи ги своите дневни обврски кон работата и посветувајќи им го секогаш потребното внимание на своите најблиски, навечер сепак наоѓа време да живее сосема поинаков живот – живот на сериски убиец.rn
rnНо, Декстер Морган не е таков убиец кој ќе го мразите и презирате. Напротив, тој може да стане ваш херој. Тој ги следи оние кои го прекршиле законот и некому нанеле зло, но некако успеале да и избегаат на затворската казна. Тој работи според однапред утврден ред и правила. Не остава ништо на случајноста. Ладнокрвен е и искрен кон себеси, свесен е дека е монструм, но сепак игра итро за да не биде фатен.rn
rnСекоја сезона е посебно заокружување, но токму кога ќе помислите дека веќе нема што да се случи, приказната добива нов тек, уште подобар и понеочекуван од претходниот.rnrnСеријата Декстер се базира на две новели од Џеф Линдзи „Нежно посветениот Декстер“ и „Мрачните соништа на Декстер“.rn
rnИнтересни податоци: Играјќи ги братот и сестрата во серијата, Мајкл С. Хол (Декстер) и Џенифер Карпентер (Дебра Морган) се земаа на 31ви декември 2008 година.rn.rn
Дебра: „Зошто никогаш не правиме муабет како брат и сестра?“rnДекстер: „Нашиот татко беше полицаец, ти си полицаец, јас работам за полицајците… за нас, ова е муабет за брат и сестра.“
rnИмето на главниот лик Декстер е во релација со значењето на зборот dexterity (вештина, спретност). Овој збор се дефинира како ментална способност или брзина, подготвеност и грациозност во физичка активност, особено вештина и леснотија за користење на рацете.rn
rnКога и како да ја гледате? Веројатно ако се одлучите за ваква серија, вашето срце може да ја издржи возбудата и исчекувањето кои со неа доаѓаат. Според тоа, за вас е сеедно кога ќе ја гледате, но најдобро правете го тоа кога сте сами и во темница. Така, нивото на адреналинот во вашиот организам ќе се покачува и ќе си дозволите вистинско доживување на неочекуваното.rn.rn
Живеев во темнина долго време. Со годините моите очи се прилагодија додека темнината не стана мојот свет и можев да гледам.
rnСлични серии: „Закон и ред“, „Моќ“, „Менталист“, „Бројки“rnrn